Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
2 Евтина намирница која вреди да се внесе во исхраната – Одличен извор на влакна и протеини, а помага и во снижувањето на холестеролот
ХороскопНеделен хороскоп за 7-14 февруари 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од 7-14. февруари 2022 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10. Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
ТенисТалон Грикспор: „Вие сте медиокритети“: Тешко на тенисот по Ѓоковиќ – сега тоа им е јасно на сите!Холандскиот тенисер Талон Грикспор упати критики кон финалето на УС Опен, оценувајќи ги играчите како просечни, медиокритетни. Како возраста и повредите на Новак Ѓоковиќ влијаат врз тениската сцена? Па, да речеме само дека тоа веќе не е истиот спорт. Германецот Саша Зверев го победи Бен Шелтон во финалето на УС Опен во 2026 година – меч што љубителите на тенисот очигледно не сакаа да го видат, иако со години се зборуваше дека сакаат „нови лица“. Сега, кога Новак Ѓоковиќ е далеку од формата потребна за финале на Грен слем, а Карлос Алкараз и Јаник Синер се повредени и не се на своето највисоко ниво, станува очигледно колку остатокот од тениската турнеја е незанимлив за гледање. Токму на ова укажа холандскиот тенисер Талон Грикспор, познат по својот остар јазик, тој упати остри критики кон своите колеги кои не одиграа особено квалитетен меч во Њујорк, иако Зверев сепак беше малку подобар и ја освои втората Грен слем титула во кариерата. „Мислам дека финалето на Ју-Ес Опен беше прилично просечно, одиграа како медиокритети“, изјави Грикспор за холандскиот весник „Телеграф“ по не толку интересното финале во Њујорк: „Шелтон беше многу непостојан и подаруваше по два или три поена во секој гем.“ „Во исто време се одржуваа и други спортски настани, а мене едноставно ми е тешко да го гледам Зверев. Особено на овој турнир, каде што го удираше топчето од подлогата по 400 пати пред секој сервис. Тоа беше навистина екстремно, но очигледно му помогна. Можеби и јас треба да го правам истото“, рече Грикспор, кој беше елиминиран од турнирот од страна на Бен Шелтон (3:1) и смета дека Американецот имал среќа што бил подобар од Алкараз: „Карлитос требаше да го победи Шелтон во четвртфиналето, но одигра ужасен тај-брејк во петтиот сет.“ „Ниту една влакно на мојата глава не верува дека Зверев ќе ја заврши годината како светски број еден“, заклучи тој. Талон Грикспор (30) досега има освоено три титули во кариерата, а најдобриот пласман му е 21-то место на АТП-листата. Моментално е 56-ти во светот и настапува за холандската репрезентација во Дејвис купот против Колумбија, па споменатите изјави беа дадени пред тие мечеви, во малку поопуштен тон со „домашни“ новинари. Инаку, тој доживеа голем подем во 2023 година и влезе во најдобрите 100, а тогаш и Ѓоковиќ пофално зборуваше за него: „Има многу силни удари во својата игра. Има одличен сервис и форхенд, а тоа му се омилените удари. Се обидува да го диктира темпото на поените од основната линија и знаев дека морам да ја ’преземам’ таа позиција за да го победам.“-изјавил тогаш Ѓоковиќ.Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветКорпусот на гардата на исламската револуција погоди танкер за нафта во Ормускиот ТеснецПоморските сили на Корпусот на гардата на исламската револуција (ИРГЦ) соопштија дека танкерот за нафта „Тренд“, кој плови под знамето на Того, бил погоден и запрен откако на него избувнал пожар додека се обидувал да помине низ Ормускиот Теснец.Во соопштението објавено во четвртокот вечерта, контраадмиралот Али Азмаеи, командант во поморските сили на ИРГЦ, изјави дека танкерот се обидел да помине низ овој стратешки воден пат „по поттик и преку измама на американската војска што убива деца“. Според ИРГЦ, танкерот се обидел да помине низ Ормускиот Теснец без дозвола, што ги натерало иранските сили да интервенираат. „Храбрите воини на исламот и одлучните морнари од морнарицата на ИРГЦ продолжуваат цврсто да ја одржуваат контролата врз виталниот воден пат на Ормускиот Теснец и не дозволуваат ниту еден агресор да помине низ него“, се наведува во соопштението. Морнарицата на ИРГЦ соопшти дека бродот „Тренд“ бил „погоден и запрен откако на него избувнал пожар“. Иранските сили го повторија своето предупредување дека – како што тврдат – секој обид за нелегално минување низ Ормускиот Теснец би резултирал со „ништо друго освен уништување на бродот што го прекршил правилото“.Тагови: Иран нафта Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВучиќ на покана на Зеленски на важен состанок во УкраинаСрпскиот претседател, Александар Вучиќ, преку социјалните мрежи се огласи утрово во 7:00 часот од Украина со порака за граѓаните.Во објавата на официјалниот профил на Вучиќ на Инстаграм се вели: „Денес, на покана на претседателот Зеленски, присуствувам на состанок на Иницијативата за карпатска интеграција, важен проект за економско, транспортно и инфраструктурно поврзување на земјите од поширокиот карпатски регион. Сето ова го правам за дополнително да обезбедам стабилност и мир за нашите граѓани и за Србија“. https://www.instagram.com/reel/DdaoMGcug45/?utm_source=ig_embedТагови: Александар Вучиќ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29