ХороскопНеделен хороскоп за 7-14 декември 2020 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник , 7-14. .декември 2020 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканИлија Срдановиќ разговарал со претседателот на Европскиот совет: на Србија местото ѝ е во ЕУ Претседателот на Европскиот совет, Антонио Коста, денеска разговараше со лидерот на листата Студентска листа - Студентите победуваат, Илија Срдановиќ, на кого му ја честиташе победата на листата на парламентарните избори во Србија.„Приоритет сега е да се конституира парламент и да се формира нова влада без одложување, преку мирна транзиција и со целосно почитување на резултатите од изборите. Србија има место во Европската унија“, напиша Коста на мрежата X, наведувајќи дека имал добар разговор со Срдановиќ, додавајќи: „Подготвени сме да го поддржиме нејзиниот европски пат, со јасен фокус на реформите што ги побара српскиот народ: владеење на правото, борба против корупцијата и слобода на медиумите.“ I just had a good phone conversation with Dr Ilija Srdanović. I congratulated him on the Student List’s election victory in Serbia. The priority now is to establish Parliament and the new government without delay, through a peaceful transition and in full respect of the election results. Serbia’s place is in the European Union. We stand ready to support its European path, with a clear focus on the reforms the Serbian people have called for: the rule of law, the fight against corruption and media freedom. — António Costa (@eucopresident) October 27, 2026 На парламентарните избори одржани во неделата во Србија, листата Студентска листа - Студентите победуваат освои 141 место со 53 проценти од гласовите, додека листата Александар Вучиќ - Обединета Србија беше втора со 38,8 проценти од гласовите, или 103 места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
ЗабаваХоландија се откажа од учество на Евросонг 2027. (ВИДЕО)Холандија нема да учествува на Евровизискиот натпревар за песна во 2027 година. Холандскиот јавен радиодифузен сервис NPO одлучи да ја повлече апликацијата откако некои радиодифузери и вработени се спротивставија на учеството. NPO изјави дека во моментов немаат доволна поддршка за враќање на натпреварот. Не успеаја да постигнат договор Претседателот на одборот на NPO, Јет де Раниц, објасни дека разговарале со издавачите, но не можеле да најдат решение што ќе ги задоволи сите. Иако на почетокот се чинеше дека има поддршка за учество, на крајот се покажа дека не е така. „Затоа, заклучивме дека е сè уште рано да се вратиме на Евровизискиот натпревар за песна 2027. Со оглед на чувствителноста на темите што се дискутираат, веруваме дека е најдобро засега да се откажеме од учеството“, рече Де Раниц, пренесува холандскиот RTL. Прво го најавија своето враќање, а сега се откажаа Одлуката дојде како изненадување бидејќи NPO на крајот на септември објави дека Холандија ќе се врати на Евровизискиот натпревар по едногодишна пауза. Промената се случи откако телевизиската компанија AVROTROS, која со години беше задолжена за настапот на Холандија на Евровизискиот натпревар, ја предаде организацијата на NPO кон крајот на август. AVROTROS се спротивстави на враќањето на натпреварот, првенствено поради вмешаноста на Израел и војната во Газа. NPO потоа, и покрај овие приговори, одлучи да ја регистрира Холандија, сметајќи дека Евровизија може да биде можност за поврзување на луѓето преку музика. Но, по новите разговори со издавачите, одлуката беше променета. „Мораме заедно да ја преземеме одговорноста“ Директорот на програмата на NPO, Јуре Босман, рече дека разбира зошто учеството на Израел предизвикува дебата и поделби. „Сакаме да испраќаме изведувачи и нивните тимови на Евровизискиот натпревар само ако барем еден издавач цврсто стои зад нив. Ова е единствениот начин тие соодветно да ги претставуваат вредностите на музиката, културата, различноста и заедништвото“, рече тој. Тој нагласи дека одговорноста за учеството не може да лежи само кај изведувачите. „Мораме заедно да ја преземеме таа одговорност. Затоа, по разговорите со Советот на издавачи, одлучивме дека Холандија нема да учествува на Евросонг во 2027 година“, додаде тој. Иако нема да испратат свој претставник, Холандија сепак ќе го емитува Евровизискиот натпревар. Како и досега, NOS ќе биде задолжена за телевизиското емитување.Тагови: Евросонг Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветДизелот од Русија плови кон Америка- три танкери веќе се во океанот, четвртиот се подготвува Руските компании се подготвуваат да испратат четврти танкер со дизел гориво од Русија во САД, кој треба да исплови на 28 октомври, изјави денес рускиот вицепремиер Александар Новак.„Во моментов, три брода се на пат кон САД. Очекуваме четвртиот танкер да исплови на 28 октомври“, изјави Новак за новинарите на маргините на 28-от министерски состанок на Форумот на земјите извознички на гас (GECF), објави Интерфакс. Тој истакна дека општите договори меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп се спроведуваат и покрај притисокот од демократите во врска со овие договори. „Ставот на демократите, кои зборуваат или дури дејствуваат спротивно на интересите на народот на САД, е изненадувачки“, рече Новак. Демократските сенатори и членовите на Претставничкиот дом на САД претходно испратија писма до поединечни банки и морски пристаништа, барајќи од нив да ја зачуваат документацијата за трансакциите со Русија поради евентуална истрага за договорот за снабдување со дизел од Русија. Во писмата се наведува дека договорот за снабдување со дизел од Русија може да претставува ризик за националната безбедност на САД.Тагови: Дизел Танкери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook