3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопНеделен хороскоп за 7.10. до 14.10. 2019 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник , 7. октомври до 14. октомври 2019 година Вага 24.9.-23.10 Љубов Елоквенција и отвореност ќе бидат вашите адути за заведување на личност од спротивниот пол. Понекогаш за другите ќе бидете недостижни . Сепак , предајте му се на оној што го сакате , а најмногу за да не зажалите подоцна. Љубовта можеби е далеку , но вие сте тука. Кариера Главниот мотив за работа оваа недела ќе ви биде соработка и прифаќање на понекој компромис.Не терајте по свое зашто главниот збор засега го водат некои други. Бидете отворени и кооперативни , па се ќе тргне во добра насока. Здравје и совет Елиминирајте ги фрустрациите преку спорт. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се вљубени , ќе сакаат интензивно , а другата страна ќе им возвраќа помалку интензивно. Сепак , нека го прифатат она што го имаат , зашто сите не сме во двојка во иста фаза. Самците ќе освојуваат брзо и лесно. Деновите се добри за љубов и за друштвен живот. Кариера Погледнете подобро околу себе и ќе најдете многумина кои би сакале да соработуваат со вас.Потребно е подобро да се поврзете и да смислите поефикасен организационен план. Кога ќе го направите тоа , ви преостанува да постапувате според него. Вие тоа го можете. Здравје и совет Анализирајте ги своите ставови. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите кои ги среќавате на забави или на спортски приредби. Некому веројатно сте му привлечни и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие го имате потребното знаење и стручност , кое сега се бара.Многумина ќе покажуваат кон вас и ќе речат дека токму вие сте личноста што треба да се ангажира. Но , тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете трпеливи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Првиот дел од неделата ќе донесе убави љубовни настани , а од средината на неделата работите се забавуваат. Вашето љубовно расположение ќе се намалува, шансите за познанаства ќе бидат поретки , а оние во врска малку ќе се дистанцираат еден од друг. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности, прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе ги проширите хоризонтите , а нешто и ќе заработите. Здравје и совет Не треба да ги намалувате сопствените критериуми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви е во целост јасно дека сакате и сте сакани. Единаствено се прашувате до кога тоа ќе потрае. Ова прашање сега е непотребно, а вашите грижи само ја оптоваруваат хармонијата во која живеете.Од вас зависи дали ќе се свртите кон светлоста или кон темнината. Кариера Ќе ви изгледа камко се да е во рацете на накои други. Што е најлошо , ќе бидете во право. Во овој момент вие не можете многу да влијаете на работите , но тоа не значи дека нема да можете малку подоцна. За да го дочекате подготвени овој период, немојте да се нервирате. Соработувајте дипломатски. Здравје и совет Издржете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Без оглед на внатрешната сигурност , ќе правите грешки во чекори. Од вас и вашата способност за самоконтрола ќе зависи успехот во приватниот живот. Потрудете се и дајте се од себе , но при тоа бидете реални. Кариера Сите шематски работи сега ве попречуваат. Ќе бидете во ситуација да се прилагодувате кон нови програми и тоа најчесто такви што ги смислил некој друг. Немојте бурно да реагирате , туку поминете низ тоа. Ништо друго не ви преостанува. Ако ништо друго , уште повеќе ќе созреете. Здравје и совет Истражете ги сопствените таленти. Овен 21.3-20.4. Љубов Страста што ќе ја покажете кон другата страна понекогаш ќе ја плаши. Изгледа како точно дазнаете што сакате и очекувате да ви биде возвратено од саканата личност. Сепак , ќе треба малку повеќе такт и трпение за да се искристализираат ставовите. Бидете умерени. Кариера Ќе има денови кога ќе се затекнете во искушение од самозадоволство. Вашата проценка на сопствените можности треба да биде реална и зрела. Во секој ваш потег се гледа она што го носите во себе. Затоа препуштете им на другите да зборуваат за вашата работа. Така ќе биде поубедливо. Здравје и совет Мал пад на имунитетот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе се појави ново светло на вашето љубовно небо. Она што долго го чекавте се исполнува и нема дури да ви се верува дека се отвораат нови љубовни шанси. Дотерајте се и излезете надвор , меѓу луѓе. Сепак , не претерувајте со сопствената презентација. Кариера На работниото место ќе имате многу интересни содржини. Оние чиј карактер на работата е креативен , ќе имаат успех. Ќе биде нагласено поврзувањето со млади соработници. Вие самите ќе подготвувате нови , подобри услови за работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате дека можете повеќе и подобро. Потрудете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено онаа мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е за играње со затворени карти , па бидете воздржани. Ќе биде добро. Кариера Вработените во сите дејности поврзани со акција ќе можат ќе можат во својата работа да дојдат до израз повеќе од кога било. Многумина ќе бидат препознаени како талентирани или барем како квалитетни работници. Другите ќе им бидат интересни на соработниците. Здравје и совет Бидете она што сте и не се плашите. Рак 22.6-22.7. Љубов Императив во вашиот приватен живот ќе биде забавувањето. Нема да тежнеете кон сериозна врска , барем не по секоја цена, но доколку се случи , ќе ја прифатите. Оние кои се веќе во врска , ќе се поврзат со младо друштво, па заедно ќе се забавуваат. Ќе биде добро. Кариера Можно е да се најдете во ситуација кога најсериозно ќе се мерат вашите постигнувања. Критериумите би можеле да бидат строги , но не се плашите- ги имате сите квалитети за да добиете заслужено добра оценка.Тоа ќе покрене некои трансформации. Здравје и совет Помалку напрегање , повеќе одморање. Лав 23.7-22.8. Љубов Согледувате дека не треба омраза ниту кавга , зашто тоа не води никаде. Подобро е да се повлечете и да размислувате во тишина , па и за она што во моментов не ви се допаѓа. Потоа опуштете се и фокусирајте се на она што е добро во вашиот приватен живот. Ќе најдете нешто. Кариера Техниката со еден удар да се убијат две муви , овој пат нема сосема да се оствари, но вашата способност да работите две работи во исто време ќе биде успешна.Затоа одлучете се за ова второто. Работите во тишина се нагласени, а вие низ сето тоа се борите за своите идеи. Здравје и совет Наспијте се . Потребен ви е одмор. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако емотивно нема да го чувствувате она исполнување што сте го очекувале , вашиот позитивен и отворен став ќе ви носи некои љубовни поени. Партнерот ќе ја разбира вашата зголемена потреба за друштвеност. Некои ќе одат на забави со пријателите без план. Кариера Откако сте решиле еден проблем , од сега ќе работите со помалку напнатост и со поголемо задоволство. Сепак , од вас и натаму ќе се бара зголемен ангажман. Така ќе биде уште оваа недела. Затоа , засукајте ги ракавите и не поставувајте непотребни прашања. Здравје и совет Прошетајте се пред спиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37