Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ХороскопНеделен хороскоп за 5.-12. февруари 2024 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 5.-12. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10. Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28