Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
2Коперникус: Овој октомври бил најтопол во историјата- последиците за целиот свет би биле катастрофални
ХороскопНеделен хороскоп за 5.-12. август 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 5.-12. август 2024 година.Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе ви изгледа како жубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално , зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили , а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето. Кариера Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак , ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно. Здравје и совет Релаксацијата е најважна. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста , иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо . Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов. Кариера Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност , па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Полека влегувате во динамична фаза , кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт , што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате , но ќе бидете задоволни. Кариера Ви се отвора врата за соработка , што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани , но тоа е минливо. Здравје и совет Верувајте во подобро утре без оглед на се`. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами , ќе ја бараат личноста од соништата. Кариера Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност , а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете. Здравје и совет Релаксирајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами , би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето. Кариера Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија , кои им се допаѓаат.И тоа е некаков пат , но треба да се дојде до себеси ис војата специфичност. Позанимавајте се таквата цел. Здравје и совет Полнете ги батериите со релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома. Кариера На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера.Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа , а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите , а и колегите. Здравје и совет Недостигот на енергија надополнете го со добар план. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои имаат семејство , ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно .Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период , кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конечно ќе дојде до подобрување во врските , иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост , но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре. Кариера Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот , па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили. Здравје и совет Побарајте хармонија во нештата. Овен 21.3-20.4. Љубов Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случај , послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата , ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа , ќе работат неделава колку за да одработат. Здравје и совет Ќе го анализирате своето минато. Бик 21.4- 20.5. Љубов Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително , а се друго ќе наведува на незадоволство , расправии и кавги. Затоа разговарајте , но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди. Кариера Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа . Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки , а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри. Здравје и совет Не можете без патувања , па ниту сега. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радост поради луѓето кои ги сакате , пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени ,имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни. Кариера Не сакате да се занимавате со се и сешто , но заостанатата работа ќе мора да ја довршите.Станува збор за ситници , за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро. Здравје и совет Погледајте добар филм , најдобро комедија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има нешто помалку привлечност , но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата , а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами , би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања. Кариера Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите. Здравје и совет Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Судбина„Беше прекрасен татко, но падна во депресија по отказот“- мајка за сопругот кој ги уби нивните две деца Мајката на две деца чиј татко ги убил фрлајќи ги од покривот на гаража, а потоа извршил самоубиство, проговори за околностите околу нивната трагична смрт!Шестгодишната Каролин Линч и нејзиниот брат Џејмс Линч, на осум години, беа пронајдени во вторник, 3 ноември, пред општинска зграда во Маунт Либан, Пенсилванија, со повреди за кои се сомнева дека се предизвикани од падот, објави Пипл. Нивниот татко, Патрик Линч, исто така е пронајден со слични повреди. Сите тројца починаа во инцидент што полицијата го истражува како убиство-самоубиство, соопшти шерифската служба на округот Алегени. Според PennLive, Патрик ги фрлил децата од петкатна паркинг гаража. По убиствата, мајката на децата објави на Фејсбук дека Патрик бил депресивен откако неодамна ја изгубил работата. Mom of Kids Pushed to Death in Murder-Suicide Says Killer Was ‘Wonderful Dad’ Who Was ‘Depressed’ After Layoff https://t.co/DVaNxyQPEx — People (@people) November 5, 2026 На снимка од екранот од објавата, која ја споделија Daily Voice, WPXI TV и PennLive, Ана ДеМеј Линч напиша дека Патрик „донел неповратна одлука да ги убие нашите две деца и себеси“, додавајќи дека тој бил „прекрасен татко“. „Тој беше отпуштен во август и набргу потоа, стана депресивен“, додаде таа во објавата. На профилот на Патрик на LinkedIn е наведен како научник за податоци, кој работел на машинско учење и вештачка интелигенција, а неговата последна работа завршува во август. Ана во својата објава на Фејсбук напиша дека успеала да го убеди Патрик да оди на терапија и дека тој имал закажан преглед за следниот ден. „Еден ден предоцна“, напиша таа. „Никогаш не помислив дека нашата приказна ќе заврши вака“. За Ана е отворена страница GoFundMe додека се бори со загубата на Каролин и Џејмс и се подготвува за нивните погреби. Заедницата на Маунт Либан, исто така, се собира за да им оддаде почит на децата, за кои канцеларијата на медицинскиот испитувач соопшти дека починале од „повеќе повреди од тап предмет“. „Таа беше само мало снопче радост. Ги сакаше луѓето“, изјави Вики Хефелфингер, која го познаваше семејството Линч преку нивното учество во училиштето за пливање. „Секој пат кога ја гледавме, таа им мавташе на сите. Ги гледаше другите деца и беше едноставно толку храбро мало девојче“.Тагови: деца татко Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПознато е колку заработува Ламар Одом за една недела на OnlyFans (ВИДЕО)Поранешната НБА ѕвезда Ламар Одом би можела да заработи повеќе од 180.000 евра благодарение на својот нов профил на платформата OnlyFans. Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс заработил повеќе од 45.000 евра за само осум дена, изјавил извор за TMZ. Месечната претплата за пристап до неговите ексклузивни фотографии и видеа е околу 13,45 евра. Одом отвори профил на OnlyFans минатиот месец, што го прави првата поранешна НБА ѕвезда што се приклучила на платформата, според медиумските извештаи. Тој ја објасни својата одлука велејќи дека смета дека времето е вистинско за тоа. Призна дека во текот на својот живот поминал низ многу бурни периоди, но исто така рече дека подготвува уште неколку изненадувања за своите фанови. „Сите опции се отворени“ Поранешниот кошаркар на Лос Анџелес Клиперс објави дека на неговиот профил ќе има разновидна содржина, вклучувајќи изненадувања што неговите фанови можеби не ги очекуваат. „Сè уште нема да откривам премногу. Ќе мора да се претплатите за да дознаете. Само знајте дека сум искрен и сите опции се отворени“, рече тој. Одом рече дека во текот на целиот свој живот често донесувал непредвидливи одлуки и дека сè уште може да ја изненади јавноста. „Отсекогаш сум бил отворена книга, но има поглавја што луѓето сè уште не ги виделе“, изјави тој. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Неговата девојка Рејчел Бредли исто така отвори профил на OnlyFans. Извор близок до двојката откри за TMZ дека постои можност тие да објавуваат содржина заедно во иднина. Беше во брак со Клое Кардашијан Одом јавно ја потврди својата врска со Рејчел Бредли во април, кога објави видео на Инстаграм од нив како заедно влегуваат во Crypto.com Arena во Лос Анџелес. Неколку дена претходно, тие споделија и заедничка фотографија со актерот Тери Крус и неговата сопруга Ребека Кинг Крус. View this post on Instagram A post shared by Lamar Odom (@lamarodom) Пред врската со Бредли, Одом беше во долгогодишна врска со Лиза Моралес, со која има две деца, ќерката Дестини (28) и синот ЛЈ (24). Тој е особено познат на јавноста по бракот со ријалити ѕвездата Клое Кардашијан, со која се ожени во 2009 година. Нивниот брак западна во криза, а во 2013 година решија да се разделат. Разводот официјално беше финализиран во 2016 година.Тагови: OnlyFans Ламар Одом Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФицо тврди: Резултатите од референдумот за пристапување во ЕУ беа фалсификат Словачкиот премиер Роберт Фицо денес тврдеше дека референдумот за пристапување на земјата во Европската Унија бил наместен и дека немало да има пристапување доколку не било така.„Одржавме референдум кој, доколку не беше наместен, немаше да биде успешен. Тоа мора да се каже. Разликата беше толку мала што, според мене, беа направени одредени корекции за да се обезбеди дека исходот е онаков каков што беше потребен за Словачка да го одобри пристапувањето кон оваа организација“, изјави Фицо за телевизијата TA3. Зборувајќи за атмосферата во Словачка во 2004 година, кога земјата се приклучи кон ЕУ, Фицо оцени дека пристапувањето било проследено со голем ентузијазам од една страна, но дека од друга страна, резултатот од референдумот бил многу тесен. Референдумот за пристапување кон Европската Унија во Словачка се одржа во мај 2003 година, со излезност од 52 проценти, а мнозинството гласаше позитивно за пристапувањето. Словачка се приклучи кон Европската Унија во 2024 година.Тагови: Роберт Фицо Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28