3Стапуваат на сила нови правила во Париз: Полицијата воведува забрана за собири во близина на училишта и факултети
ХороскопНеделен хороскоп за 4.-11. септември 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 4. - 11. септември 2023 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Петрова немала информации дека ДАНС ѝ вршел притисок на МихаиловаЗа бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова Чамова останува мистерија од каде доаѓале информациите за наводни притисоци врз Ива Михаилова од страна на бугарската државна агенција за национална безбедност - ДАНС. Откако опозициската партија „Да, Бугарија“, се закани дека за случајот со обвинувањата за притисоци врз Михаилова ќе го информираат и Брисел, Петрова-Чамова изјави дека досега немало индиции за какви и да се притисоци врз михаилова –Како што можев да видам од изјавата на Ива Михаилова, таа самата тврди дека не била изложена на притисоци, па затоа за мене е мистерија од каде се појавија ваков тип на информации, до кои европски институции ќе пристигнат и што ќе им одговорат не сум многу сигурна, но досега немам видено таков случај,- -изјави Велислава Петрова-Чамова, министерка за надворешни работи на Бугарија. На Михаилова, која има и македонско и бугарско државјанство, во судот во Кочани и се суди за сообраќајна несреќа лани во која животот го загуби 33-годишниот Бесим Дурмиши од Скопје. Судењето се одвива во нејзино отсуство откако таа на 11 октомври под досега нерасчистени околности побегна од државата. Според адвокатот Драган Пешевски, одлуката на Михаилова да побегне во Бугарија, во време кгоа против неа се води активна судска постапка без пресуда, е неодговорна и нелогична. –. Така да, сметам дека оваа одлука, посебно по она што го слушаме во јавноста за притисоци од службите од соседната држава, сметам дека брзо и се одби од глава оваа одлука,- изјави адвокат Драган Пешевски. За потсетување, јутјуберот Станислав Цанов вчера објави аудиоснимки на кои наводно Михаилова тврди дека за време на лекувањето во Софија и бил поставен услов од вработен во ДАНС –да гостува кај новинарот Мартин Кабровски, кој добил однапред подготвени прашања, во спротивно ќе останела без средства за нејзиното лекување. Михаилова и самата се огласи на социјалните мрежи, отфрлајќи ги обвинувањата дека некој во Бугарија и вршел каков било притисок. Пристисок врз михаилова демантираше и бугарската државна агенција за национална безбедност -данс. Следно рочиште за судскиот процес против Михаилова во кочанскиот суд е најавено за 27 ноември. Тагови: ива михаилова Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНово намалување на цените на горивата: Бензините поевтинуваат за 2 денари, а дизелот за 2,5 денари Од ноќеска на полноќ, ново поевтинување на цените на гориватамалопродажните цени на еуросупер бс-95 и еуросупер бс-98 се намалуваат за два денари по литар. Бс-95 ќе се продава за 84 денари, а бс-98 за 86 денари за литар. Дизелот еуродизел поевтинува за 2,5 денари, па новата цена ќе изнесува 92 денари за литар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски во Брисел на форум за проширување на Европската унијаМакедонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст – нагласи претседателката на Европската комисија – Урсула фон дер Лајен на отворањето на Самитот за проширување на ЕУ во Брисел. Фон дер Лајен ја истакна земјава говорејќи за модернизацијата на начинот на кој земјите кандидатки можат да се приклучат на Унијата, поточно постепената интеграција преку исполнување на Планот за раст но и построги правила за идните земји членки. -Европа отвора сектори на единствениот пазар, за возврат, земјите од проширувањето спроведуваат клучни реформи, да се обезбеди дека имаме еднакви услови за игра со единствениот пазар на нашата Унија. Сето ова е комбинирано со значителни инвестиции. // На пример, Македонија е исклучително добра во користењето на Планот за раст. Принципот е едноставен - напредок во реформите што носи напредок во интеграцијата и нови пазари за двете страни,- - Урсула Фон Дер Лајен, Претседателка на европска комисија. Фон дер Лајен е децидна дека постои нов моментум на проширувањето - Црна Гора се приближува кон финишот на пристапните преговори, Албанија постигнува „импресивен„ напредок а низ целиот Западен Балкан, земјите преземаат важни чекори на својот пат кон членство, изјави таа. На Самитот ќе се обрати и премиерот Христијан Мицкоски на панелот посветен на реформите, инвестициите и растот. Претходно тој оствари и средба со директорот на Генералниот директорат за проширување и источно соседство на Европската комисија - Герт Јан Копман. -Нашата определба за членство во Европската Унија е јасна и недвосмислена. Македонија заслужува европска иднина, заснована на принципиелни односи, почитување и заштита на националните интереси, како и доследно спроведување на реформите во интерес на граѓаните,- - Христијан Мицкоски, претседател на влада. Само оваа година е постигнат повеќе напредок во проширувањето од последните 25 години, оцени ресорната еврокомесарка – Марта Кос, која додаде дека Русија би сакала да го спречи тој процес, наштетувајќи им на земјите-кандидатки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55