ХороскопНеделен хороскоп за 31. октомври до 7. ноември 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 31. октомври до 7. ноември 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот деновиве ќе се врти околу вашите пријатели. Како да сте заборавиле дека може да бидете во двојка и целосно ќе се предадете во дружење во група. Вашата најдрага личност би можела да ви забележи за тоа и да се чувствува запоставено. Кариера За да го поправите она што го работите , морате дасе отворите и повеќе да соработувате со други. Ставот дека некој кој самиот по себе е доминантен , не е добар, а особено не кога тоа го мислите за себе. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно , а тогаш и полесно. Здравје и совет Добро е да се занимавате со спорт. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе ви се присторува како љубовта да ви бега за милиметар. Тоа ќе ве нервира и натажува. Треба да разберете дека не е се во вашиот настап , туку и дека другата страбна има свои права. Некои не сакаат да бидат искористувани , па меѓу нив и вашиот љубовен партнер. Кариера На некои ќе им биде понудено да ја водат целата работа и во тоа ќе може да се снајдат повеќе од добро. Затоа не се мислете , туку искористете ја можноста најдобро што можете. Ќе треба само да подготвите некои детали. Приберете се на време. Здравје и совет Водете сметка за своите критериуми во секоја област. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе имате добар ветар во грбот кога станува збор за љубовта. Ќе ви се отовраат многу врати полесно отколку вообичаено , ќе бидете позитивни на интересни дружења и на интересни места. Ако сте сами , прифатете ги поканите и тргнете меѓу луѓе. Тие ве очекуваат. Кариера Соработката со угледни или влијателни луѓе полека доаѓа во прв план . Вие ќе станете важна фигура во целата игра. Затоа , немојте да бидете премногу скромни , туку дозволете си себеси да ги покажете послободно сопствените амбиции. Ортворете се и бидете она што сте. Здравје и совет Повремено направете пауза и опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Заситени од излегувањата и забавите, ќе побарате мир и повлекување. најдобро ќе се чувствувате дома , а ако саканата личност е со вас, уште подобро.Оние кои се сами , сепак повеќе време ќе минуваат во друштво, а истовремено како нивната фантазија да нема граници. Кариера За да го поправите она што го работите , ќе мора дас е отворите и повеќе да соработувате. Не треба да имате став дека на некого работите ќе му паднат од небо заедно со заслугите. Поработете на сопствената анализа и ќе ви биде појасно. Здравје и совет Одете на излет во природа. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе увидите дека понекогаш се потребни и мали чекори за да се дојде до нечие срце. На тој начин дискретно ќе освојувате. Ќе бидете речиси невидливи, а киога ќе се покажат резултатите , на другата страна ќе и стане јасно дека токму вие сте личноста што ја барала. Издржете. Кариера Можеби ќе ви изгледа како да ве притискаат од сите страни , но всушност станува збор за предизвици на кои треба да одговорите за да дојдете до што подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во која ќе треба да се покажете како борец. Здравје и совет Уживајте во љубовта и во животот . Овен 21.3-20.4. Љубов Искрени совети од добри луѓе ќе ви помогнат за да го поминете овој за вас здодевен љубовен период. Многумикна ќе побараат книга со совети за својот приватен живот. Ќе ги употребат советите дури подоцна кога ќе бидат во врска. Кариера Веројатно ви претстои поголема материјална добивка , која ќе ве засили и ќе ве поттикне даработите уште повредно. ценете го трудот на секого , но она што сега ќе се постигне ќе го сметате за исклучиво сопствена заслуга. Сепак , најдете налчин како да ги наградите и соработниците. Здравје и совет Не е злато се што сјае. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои би можеле да минуваат низ искушение на тајна еротска љубовна врска или да ја кријат својата наклонетост кон некого , зашто така одредуваат правилата бна однесување. Во сејкој случај , не е многу типично за вас. Моралните двоумења ќе ве следат во текот на целата недела. Кариера Пред вас е се повеќе отворен пат за развој на професионален план . кај некои ќе се покаже како се подобро поврзување или соработка со луѓе од браншата или со странци.Ќе има и такви кои ќе заминат на службено патување. Здравје и совет Чувајте си ја енергијата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови со добри но не големи љубовни шанси. искористете ги така што ќе ја зајакнете довербата меѓув ас и партнерот. Исто така е потреббно да примените самоконтрола , зашто повремено ќе реагирате како што не треба.Размислете за сето ова. Кариера Следува поддршка од други за она што го работите , а со тоа ќе дојде и потребата за да се направите малку важни. Нема потреба за тоа . Подобро само работете , а подоцна пуштете ги другите само да ве фалат . Така ќе биде поуверливо. Здравје и совет Уживајте во спортот и во животот. Рак 22.6-22.7. Љубов Овие денови ќе ве следат убави љубовни шанси . Искористете го тоа за да уживате или некому да искажете љубов. Некои пшовремено ќе чувствуваат недостиг на привлечност , па ќе смислуваат настани за кои нема реална основа. Ако не ви е здодевно , помогнете му на некого. Кариера Доста работни задачи доаѓаат до својот крај . Подгответе се за анализа или за затворање на деловните фази. Ќе има и такви кои поради околностите ќе заминат порано на годишен одмор. Некои ќе продолжат да работат од дома и во тоа ќе наоѓаат повеќе смисол отколку да работат од работното место. Здравје и совет Секој ден најдете пет минути мир само за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе им бидете интересни на другите, заводливи , шармантни и елоквентни. Сите тие се особини со кои може да остварите пријатни познанаства , а можеби и многу повеќе. Немојте да останете сами , зашто ова се денови кога имате зголемени шанси да најдете вистински партнер. Кариера На дневен ред доаѓаат амбициите . Ќе има и такви кои дефинитивно ќе доведат до крај една фаза од работењето. Нови очекувања се пред вас , но за нивното остварување ќе треба да биде поставена и нова основа. Здравје и совет Излезете на сонце и во природа. ќе ве освежи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ако сакате да освоите некого , бидете подискретни. Ако сте во врска премолчете ја критиката кон партнерот. Другиот дел на неделата ви носи подобри љубовни шанси , но се уште нес е такви за да може да се размавтате. Одете чекор по чекор , па резултатите ќе бидат потрајни. Кариера Со задоволство ќе покажете што знаете , но чувствувате дека се уште не е време за тоа. Во право сте. некои работи подобро ќе дојдат до израз доколку почекате уште само малку. Затоа сега оставете ги скриени , па дури и ако истрпите и мала фрустрација. Здравје и совет Ви претстои долг пат. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Ќе имате право, но овие денови би можеле да ви донесат задоволство ако успеете да ги дефинирате своите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и спроведете мала лична анализа. Преиспитајте се малку подлабоко. Кариера Оние кои искрено се преиспитале , знаат што треба да прават и ќе тргнат во таа насока. Оние кои уште не размислиле за себе , веројатно ќе се соочат со последиците на сопствените амбиции и дури сега ќе увидат каде згрешиле. Тоа е чекор напред. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРусокосата Дилета повторно предизвика вистински хаос на интернет сега од своето работно местоЕдна од најубавите спортски новинарки на светот, италијанската новинарка Дилета Леота повторно привлече внимание со својот изглед на социјалните мрежи, откако се јави од студиото за време на еден натпревар минатиот викенд. Таа објави фотографии од своето работно место, а како и обично, беше во провокативна модна комбинација. За известување од една средба атрактивната Дилета одбрала црна, проѕирна комбинација, под која јасно се гледаше црн градник, истакнувајќи го нејзиниот буен биста. Со ова издание, таа уште еднаш ги израдува своите повеќе од 9 милиони следбеници, па така не недостигаа коментари и комплименти. https://www.instagram.com/reel/DepXu-Usoih/?utm_source=ig_embed Многумина се фалеа дека „направиле зум на фотографијата“, а други ѝ велеа: „Стануваш сè поубава и поубава...“, „Какво чудо...“ и слично. Дилета Леота во последните години е заштитно лице на британската компанија DAZN во Италија, а откако во мај годинава се породи по вторпат, нејзиниот изглед е постојано под лупа на јавноста и во центарот на медиумското внимание, бидејќи неверојатно брзо ја врати својата совршена линија. Дилета и нејзиниот сопруг, германскиот голман Лорис Кариус, имаат две деца. Првото дете, ќерката Арија, го добија на 16 август 2023 година, а интересно е тоа што Арија се роди на истиот ден кога е роденден на Дилета. Второто дете, синот Леонард, го роди на 9 мај 2026 година. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
ЖивотАјкулата Буканги тврдоглаво одбива да си замине: Повторно се врати во каналотАјкула по име Буканги, која вчера беше насочена кон излезот откако помина повеќе од еден месец во канал во јужнокорејскиот град Бусан, се вратила во каналот, објави новинската агенција Јонхап. Утринава, на 22 октомври, ајкулата била забележана како плива во тесен простор помеѓу пловечка платформа – поставена близу излезот од каналот – и заштитна мрежа. Според набљудувачите, можно е ајкулата да се вратила пливајќи под платформата. Буканги првпат била забележана во каналот на 18 септември. Оттогаш, блискиот парк стана голема атракција, привлекувајќи повеќе од 1,6 милиони посетители заклучно со неделата, пренесува Танјуг. По два неуспешни обиди ајкулата да се насочи кон отворено море, градските власти и крајбрежната стража вчера успеаја да ја упатат кон излезот користејќи мрежа прикачена на понтон. Околу 18:00 часот, ајкулата била забележана близу пристаниште надвор од каналот, иако сè уште не била на отворено море. Некои посетители пријавиле дека ја виделе ајкулата како се враќа во каналот синоќа, околу 23:00 часот. Властите претходно изразија загриженост дека животното би можело да угине доколку температурата на водата дополнително опадне.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
МакедонијаЈП Водовод и канализација – Скопје-Известувањето за неработен ден 23.10.2026 година ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок) шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат.ЈП Водовод и канализација – Скопје ги известува корисниците на своите услуги дека на ден 23.10.2026 година (петок), по повод државниот празник Ден на македонската револуционерна борба, шалтерите за наплата и рекламации во Дирекцијата на претпријатието нема да работат. Со редовно работно време ќе се продолжи од 24.10.2026 година (сабота). Воедно, ги повикуваме корисниците да ги користат електронските сервиси на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои овозможуваат брз и едноставен пристап до услугите. Повеќе информации се достапни на www.vodovod-skopje.com.mk и пристап до електронските сервиси е овозможен преку e.vodovod-skopje.com.mkКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter