Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
2Борците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.
ХороскопНеделен хороскоп за 31. јули до 7. август 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 31. јули до 7. август 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што љубовното расположение понекогаш ќе опадне, во срцето ќе си најдете трошка задоволство. Можеби ќе нема толку атрактивни можности, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека ќе ве очекуваат мирни денови. Кариера Во соработката со помладите колеги или со нови соработници ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да ен изгледате непрофесионални. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема смиреност и успех. Здравје и совет Нема потреба за брзање. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е мила , а ќе забележите и дека други постојано ве меркаат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека самците ќе излегуваат и ќе заведуваат. Со многу добри резултати. Кариера Цела недела ќе бидете насочени на решавање на едно многу важно прашање на тема комуникации.Ќе се отвори можност за вложувања , распоредување на средства или кофинансирање. Но , овој пшат од тоа ќе зависат многу работи. Покажете што знаете. Здравје и совет Каде и да одите , ќе го ширите гласот на разумот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи оваа недела ќе се развиваат полесно и појасно. Ќе бидете повеќе опуштени и среќни поради тоа. Се што ве измачуваше , некако ќе се намали , па ќе ви се причинува дека ништо негативно не се случувало. Многу двојки ќе си го подобрат својот однос. Кариера Со мали чекори може да се помине исто растојание како и со големи. Тоа што во моментов нема возбуда, не значи дека работата не се одвива добро. Малата монотонија може дас е надмине со оригинални решенија и хумор. Здравје и совет Мал пад на имунитетот, опуштете се . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Не е лошо да се зборува , но немојте премногу , зашто на целата ситуација ќе и одземете од спонтаноста. Пуштете дас е развива вашата љубовна приказна , природно и без анализи. За нив ќе има време подоцна. Едноставно уживајте. Кариера Оваа недела за некои од вас би можела да донесе нешто ново во работата и кариерата. Нема да биде ниту лесно , ниту мазно. Цела недела ќе очекувате состојбата да се разјасни , а кон крајот на неделата ќе изгледа уште посложена. Сепак , брзо ќе увидите каде е причината. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои имаат семејства , деновиве ќе минуваат доста време со него. Оние во нови врски ќе минуваат низ мали кризи во кои ќе треба да покажат повеќе разбирање и толеранција кон другата страна. Со малку такт ќе ги надминете искушенијата. Кариера Целокупната состојба на работното место би можела да ви ги направи напорни овие денови. Цело време ќе имате чувство дека ја губите поткрепата или дека многу работи зависат од шефовите , а ништо од вас . Тоа е само привремено. Бидете отворени и соработувајте. Здравје и совет Сетете се на своите достигнувања. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на бројни можности за површни познанства без особени емоции. Добро е за забава. Затоа намалете ги љубовните очекувања. Не е лошо , но паметите и подобри времиња. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Се наоѓате во период во кој некои работи треба дефинитивно да ги доведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа би можело да биде малку порадикално. Не се брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Деновите пред вас ќе ги запаметите по засилениот копнеж и чувството на осаменост. Оние во врска ќе минуваат бниз искушение на тема доминација во односите.самците понекогаш ќе се избрзаат во додворувањата , зашто со нетрпение очекуваат да успеат. Полека. Кариера Ќе ви предлагаат многу работи , но вие самите нема да имете влијание. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте меѓу редови. Она што сега не се прави , ќе се прави подоцна. Здравје и совет Секој ден најдете нешто што ќе ве израдува. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен , а тоа ќе ви биде мило. Веќе се заситивте од вашите мечтаења , па подобрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе чувствува и вашата најсакана личност , па среќата нема да изостане. Кариера Истражувачите ќе добијат нов поттик. Ќе работат уште повредно. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати на работното место ќе покажуваат поголема креативност , а нивната интуиција ќе им биде најдобар водич. Здравје и совет Се буди вашиот интерес за алтернативни методи. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот вистински идеал и ќе тргнат во потрага по тој критериум. Понекогаш ќе бидат блиску , а понекогаш ќе го заборават. Во секој случај , нема да застанат додека не дојдат до обна што го замислиле. Кариера Држете се до она што ви е замислена цел и спроведете го тоа на дело , без компромиси. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Ќе бидете подготвени и на одредени промени за да постигнете подобри деловни резултати. Ќе се изборите за нив без одлагање. Здравје и совет Веројатно ќе споите забава со патување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е дека сте очекувале нешто подобро во споредба со она што ви се случува , но ако прифатите дека тоа е добра можност за созревање и развој , повторно ќе бидете во добивка. Од вашиот пристап ќе зависи како ќе се чувствувате во некој личен однос. Кариера Ќе бидете борбени и полни со енергија. Ќе станете пример за некои. Тоа е последица на фактот што сега точно знаете што сакате , па нема непотребно губење време на непотребни проценки. Сепак , понекогаш поработете и заедно со другите. Здравје и совет Во тимската работа треба да учествуваат најмалку двајца. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно сте очекувале нешто поинакво од она како живеете и што сега чувствувате , но тоа е само привремена и преодна збунетост со која треба да се соочите на паметен начин.Сеуште имате доволно енергија и заслуги за да ги доведете работите во ред. Ќе успеете. Кариера Занесеноста и вештината на однесување со другите ќе биде вашата главна особина што ќе ја покажњете на работното место. Во зависност од видот на работата , или ќе ве бараат или ќе ве сметаат за несериозни. Главно , држете се до својата професионалност и барањата од вас. Здравје и совет Некои сепак несвесно ќе ги живеат своите сништа. Рак 22.6-22.7. Љубов Првата половина на неделата ќе ви донесе мирно уживање во заедничката врска или дискретна портрага по сродна душа. Њубовта ќе стане страстна во вториот дел од неделата.Ќе има убави средби , но и нетрпеливост. Не се заморувајте со премногу прашања. Кариера Иако вашите надредени ќе покажуваат одредена наклонетост кон вас , тешко ќе наоѓате заеднички јазик.Проблемот е во тоа што и двете страни сакаат да доминираат , а во хиерархиските поставености на работите тоа не поминува.Прифатете го вашето место и така однесувајте се . Здравје и совет Вежбајте јога за да се смирите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваГвардиола одмора во Дубаи и гледа кошаркаЕден од најтрофејните тренери во светскиот фудбал, екс предводникот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, по напорните сезони на клупата на граѓаните е на заслужен одмор. Пеп во моментов одмора во Дубаи каде ја следи и кошаркарската Евролига. Шест месеци по заминувањето од Манчестер Сити – со кој освои 20 трофеи – тој денеска беше забележан во Дубаи, на натпреварот од Евролигата меѓу домашниот клуб Дубаи и Анадолу Ефес. Пред почетокот на натпреварот во „Кока-Кола Арена“, генералниот менаџер на клубот од Дубаи, Дејан Камењашевиќ, му врачи на Гвардиола клупски дрес на самиот терен со неоговото презиме и бројот четири – истиот број што прославениот тренер го носеше како фудбалер на Барселона во текот на 1990-тите години. На овој меч Пеп се сретна и со свoјот пријател и сонародник од Каталонија, стратегот на домаќините Чави Пасквал, тренерот кој со Барселона ја освои Евролигата во 2010 година – токму во периодот кога фудбалскиот тим на Гвардиола доминираше во Европа. Страста на Гвардиола кон врвната кошарка не е ништо ново. Ова е веќе негов втор натпревар во Евролигата во последниот месец, откако кон средината на октомври во Барселона го следеше дуелот Барселона и Олимпијакос, кој отиде во продолжение. Тој, исто така, беше на трибините во „Палау Блауграна“ во 2022 година на натпреварот против АСВЕЛ, а во 2015 година, како тренер на Баерн, го гледаше натпреварот меѓу минхенскиот клуб и Химки.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМексиканската претседателка му порача на Си дека сака поголема соработка со КинаМексиканската претседателка Клаудија Шеинбаум, во разговор со кинескиот претседател Си Џинпинг, изјави дека Мексико сака да ја зајакне соработката со Кина. Како области од посебен интерес таа ги издвои технологијата, земјоделството, управувањето со водните ресурси, здравството и туризмот, пренесува Ројтерс. Средбата се одржа во Шенжен – центар за технологија и производство во јужна Кина – во пресрет на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC). #SheinbaumLiderMundial 🚨 LLEGA LA NUEVA ERA MEXICO-CHINA Nuestra PresidentA @Claudiashein y toda la delegación Mexicana fueron recibidas en la Sala de Honor por el Presidente de China, Xi Jinping y su gabinete, en la que acordaron una nueva era de cooperación para impulsar el Desarrollo y el Comercio entre ambos países... — La Catrina Norteña (@catrina_nortena) November 17, 2026 Кинески предлози за соработка Кинеските државни медиуми објавија дека Си Џинпинг повикал на искрени односи и продлабочување на меѓусебната политичка доверба. Тој нагласи дека двете земји треба да промовираат пријателска соработка и да го зајакнат стратешкото усогласување. Reunión con el presidente Xi Jinping y su gabinete. Hablamos de una nueva era de cooperación para el desarrollo en las relaciones México-China. https://t.co/ucrYYb7BSe — Claudia Sheinbaum Pardo (@Claudiashein) November 17, 2026 Си додаде дека соработката треба да се продлабочи и во областите на инфраструктурата, технологијата, чистата енергија, културата и туризмот. Извор: Индекс.хрТагови: Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотБорците во рингот, браќата Нурмагомедов се пуштени од затвор Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилно однесување.Борците во рингот,браќата Умар и Усман Нурмагомедов се пуштени од затвор по насилничкото однесување во елитен хотел во Абу даби. Грузискиот УФЦ-борец и шампион, Мераб Двалишвили, бил физички нападнат од браќата Нурмагомедов, Усман и Умар. Тој тврди дека напаѓачите го изненадиле од зад грб додека тој и еден негов пријател извршувале медиумски обврски пред меч. Како што подоцна беше објавено, едно од лицата било осудено на шест месеци затвор поради тепачка во хотелско лоби во Абу Даби, во која учествувале непоразениот ПФЛ-шампион Усман Нурмагомедов и ММА-борецот Мераб Двалишвили. Властите во Абу Даби потврдија дека казната за осумтемина обвинети е променета – тие нема да издржуваат затворска казна, туку ќе треба да платат парична казна од 150.000 дирхами, односно 41.000 долари. Според информациите објавени во ММА медиумите и од извори блиски до случувањата, дошло до помирување меѓу грузиските и руските борци, бидејќи Мераб Двалишвили и неговиот пријател Саба Лазишвили не побарале кривично гонење на семејството Нурмагомедов. Целиот случај се одрази врз спортските планови на Умар Нурмагомедов, кој требаше да се бори против живата легенда на УФЦ, Јураја Фејбер. Full footage of Merab Dvalishvili and Usman Nurmagomedov brawling just dropped DAAAAMN 🤯 (via @RedCorner_MMA) https://t.co/fQhGhUH6Ws — Happy Punch (@HappyPunch) November 11, 2026 Неговиот настап беше откажан, а на негово место настапи Лазишвили. Браќата Нурмагомедов сега се на слобода, а останува да се види какви ќе бидат понатамошните последици од овој инцидент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter