Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
2Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
3Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот
3Изградиле чудесен подземен систем под Токио- бетонскиот гигант со 59 столбови е одбрана од катастрофи (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 30.септември до 7.октомври 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 30. септември до 7. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСлушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО) Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“. Поставена е стапица во кафез Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда. Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното. Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот. Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот. Благодарност до учесниците во операцијата Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба. Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом. Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.Тагови: надгробен споменик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаУнгарија ги објави имињата на 60.000 соработници на комунистичката државна безбедност Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет.Унгарија објави дел од достапните податоци од архивите на поранешната комунистичка државна безбедност, благодарение на што ќе биде можно да се пребаруваат околу 60.000 имиња од овие досиеја преку интернет, изјави денес генералниот директор на Унгарскиот историски архив на Службите за државна безбедност, Герге Бендегуз Чех. Чех изјави за јавниот сервис Радио Кошут дека три вида документи - таканаречените „Досиеја 6“, или записи за регрутирање, ќе бидат достапни на веб-страницата Nyitottaktak.hu, пренесува MTI. Тој додаде дека базата на податоци може да се користи без регистрација и дека пребарувањата може да се вршат врз основа на имиња и други лични податоци. Тој нагласи дека самото присуство на име во записите не докажува дека лицето соработувало со службите за државна безбедност, туку дека податоците само укажуваат дека поединецот некако стапил во контакт со тајната служба, на пример во случаи кога обидот за регрутирање бил неуспешен или кога лицето одбило да соработува во рана фаза. Чех додаде дека ќе бидат потребни понатамошни истражувања и пристап до досиејата за регрутирање за да се утврди вистинската природа на односите и активностите на службите за државна безбедност. Досиејата достапни денес даваат детален увид во подготовките за регрутирање, следењето на дотичниот човек, притисоците што се вршат врз него, текот на соработката и нејзиното прекинување. Чех нагласи дека никој не треба да се оценува само врз основа на неговото име што се појавува во базата на податоци, туку дека архивата има за цел да помогне во толкувањето на документите со разјаснување на работењето на службите за државна безбедност, методите што се користат за регрутирање агенти и техничката терминологија што се користи во документите. Тој изјави дека лицата на кои се однесуваат податоците, како и нивните потомци, можат да поднесат корекции до архивата, како и документи што ги содржат нивните лични податоци и приказни. Коментирајќи ја изјавата доставена до архивата од поранешниот премиер Миклош Немет, која се однесува на минатото на поранешниот премиер Виктор Орбан, Чех рече дека Немет лично ја посетил оваа институција и доставил изјава што ја потпишал во присуство на неговите адвокати. Архивата го третира документот како мемоар и го става на располагање на истражувачите, но Чех нагласи дека содржината на изјавата не е поткрепена со никакви оригинални документи, докази или други извори и дека, според моменталните сознанија на архивата, „ниту еден друг доказ или документ не потврдува“ она што е опишано во неа. Орбан вчера објави на својата Фејсбук страница документи за кои тврди дека докажуваат дека тој, заедно со неговата сопруга, биле под надзор на членови на комунистичката државна партија. Унгарскиот премиер Петер Маѓар рече дека со објавувањето на досиејата на тајните служби од комунистичката ера, унгарската влада исправа пропуст што датира од демократската транзиција во 1990 година. Маѓар, во пренос во живо од подрумот на Историскиот архив на Службата за државна безбедност, рече дека по падот на комунизмот, многу земји од Централна Европа објавиле записи за регрутирање на информатори, како и имињата на оние што го одржувале режимот во живот, но дека Унгарија не го сторила тоа. Маѓар рече дека последователните влади во текот на изминатите 36 години го спречиле објавувањето на досиејата. Шефот на парламентарната група на унгарската опозициска партија Фидес, Јанош Бока, денес го критикуваше начинот на кој беа објавени досиејата на тајните служби од комунистичката ера. Во објава на Фејсбук, Бока изјави дека владејачката партија Тиса продолжува да ги лаже Унгарците бидејќи, според него, објавувањето на десетици илјади документи кои се „извадени од контекст и без никаква анализа“ не придонесува за разбирање на минатото на Унгарија „или за соочување со него“. Според него, објавувањето на овие документи служи само за предизвикување немири, поделба на унгарскиот народ и одвлекување на вниманието од вистинските проблеми на Унгарија. „Никогаш нема да знаеме со сигурност кој соработувал со комунистичкиот режим, зошто или како; многу од оние што учествувале повеќе не се живи, а некои документи исчезнале, биле уништени или останале доверливи до ден-денес“, рече Бока.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди Северна Кореја негираше дека стои зад најголемиот грабеж во историјата, откако 6,3 милијарди долари беа украдени од берзата за криптовалути Binance.Сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, Ким Јо Џонг, ги обвини САД за „сериозна политичка провокација“ со ширењето на она што таа го нарече „апсурдни тврдења“ што го поврзуваат Пјонгјанг со хакерскиот напад, објави Би-Би-Си. Федералното биро за истраги на САД (ФБИ), заедно со експерти за сајбер безбедност, соопшти дека Северна Кореја стои зад нападот, додека најголемата светска берза за криптовалути се обидува да ги врати украдените пари. „Ова не е прв пат САД да се обидат да шират лажна слика за ДНРК во меѓународната заедница, слепо поврзувајќи ја нашата земја со инциденти на „кибер криминал“ секогаш кога тие се случуваат на меѓународно ниво“, рече Ким Јо Џонг, според севернокорејските државни медиуми. North Korea denies being behind record $6.3bn Binance hack https://t.co/fsXal0MVDo — BBC News (World) (@BBCWorld) November 3, 2026 Нејзините изјави следеа по хакерскиот напад, а сето тоа доаѓа помалку од две недели пред американскиот претседател Доналд Трамп и Ким Џонг Ун да бидат во иста просторија за време на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC) во Кина. Како еден од најизолираните и најстрого санкционираните режими во светот, Северна Кореја се потпира на нелегални мрежи за да добие странска валута и да ја финансира својата нуклеарна програма. Хакирањето стана еден од најпрофитабилните начини за генерирање приходи. Според податоците од Elliptic, компанија за анализа на блокчејн технологија, режимот минатата година заработил 7,6 милијарди долари приходи. Нападот од минатата недела врз Binance далеку го надмина претходниот најголем грабеж во историјата на криптовалутите, кога 1,46 милијарди долари беа украдени од берзата Bybit во 2025 година. Сепак, таа сума е сè уште мала во споредба со најголемиот грабеж на физичка валута досега, кога семејството на ирачкиот диктатор Садам Хусеин украде 1 милијарда долари од Централната банка на Ирак во 2003 година. ФБИ соопшти дека нападот врз Binance, како и грабежот врз Bybit, биле извршени од севернокорејската хакерска група TraderTraitor, позната и како Lazarus Group. Ким Јо Џонг, исто така, ги обвини САД за измислување обвинувања за вмешаност на Северна Кореја во нападот врз Bybit. Таа рече дека обете обвинувања се „злокобен обид за оцрнување на меѓународниот углед на Северна Кореја“. Првичната истрага на Binance откри дека хакерите го компромитирале лаптопот на еден од нивните инженери околу 20 часот во четврток, добивајќи пристап до системот на компанијата и можност за вршење неовластени трансакции за повлекување. Според анализата на TRM Labs, поголемиот дел од парите биле украдени во првите 20 минути од нападот. Компанијата Elliptic, која го следи протокот на украдени пари, открила дека Северна Кореја користела 12.000 крипто паричници на 11 различни блокчејни за да ги испере парите до понеделник. Компанијата проценува дека само „занемарлив дел“ од средствата веројатно биле претворени во готовина. Покрај големата мрежа на хакери, Северна Кореја се потпира и на околу 100.000 ИТ специјалисти кои се претставуваат како легитимни професионалци за да се инфилтрираат во западните компании. Во текот на викендот, британскиот весник The Telegraph објави истрага за шемата, за која се верува дека носи дури 600 милиони фунти годишно за режимот. Иако таа сума е значително помала од приходите што Пјонгјанг ги генерира од хакирањето, таа е постојан извор на пари што ѝ помогна на Северна Кореја да ги подобри своите нуклеарни капацитети. Јужна Кореја проценува дека нуклеарниот арсенал на Северна Кореја денес би можел да брои дури 120 боеви глави.Тагови: милијарди Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00