ХороскопНеделен хороскоп за 30.март до 6. април 2020 годинаНеделен хороскоп за периодот од 30. март до 6. април 2020 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се уште се сами ќе се двоумат дали да останат дома , каде се чувствуваат заштитено и добро.Сепак , ако се решат да излезат , ќе увидат дека таму ќе се чуствуваат уште подобро. Затоа, би било штета да се пропушти шанса за ново познанство. Кариера Ќе испробате различни опции на работење што би можеле да доведат до заработувачка.Некои дури и ќе експериментираат. Оваа игра ќе им донесе и радост , зашто нема да биде здодевно. Сепак , важно е да се штеди силата , зашто ќе ви недостига енергија. Здравје и совет Ќе поработите на својот стил и внатрешната состојба. Бик 21.4- 20.5. Љубов Како што ќе минува неделата , ќе добивате се повеќе покани за излегување и забава, па и покани за љубов. Веројатно ќе бидете добредојден гостин , а вие самите ќе се трудите да не пропуштите ништо. Било во врска или сами , добро ќе си поминувате. Кариера Во темите поврзани со вложувања, спонзорства или недвижности ќе дојде до мала затегнатост , а вие ќе мора да ги согледате, анализирате и донесете одлуки што ќе го насочат натамошниот тек на развој. Обидете се да бидете објективни и не брзајте. Здравје и совет Не заборавајте да се одморите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многу убави љубовни шанси ќе се нижат во вашиот приватен живот, така што нема да знаете што би избрале. Концентрирајте се на она што го сакате , па ќе знаете исправно да се поставите кон секого. Кариера Можноста креативно да се изразите ќе биде најдобриот дел од целата работа оваа недела. Се другом ќе биде поврзано со стрес или мали борби во кои ќе согорувате. Ќе успеете да поставите некои работи , но на крај ќе бидете многу заморени. Здравје и совет Наспијте се . Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас се денови во кои ќе имате можност да тренирате толерантност и трпение. Токму од тие ваши особини ќе зависи квалитетот на вашиот љубовен живот. Ако сакате да бидете задоволни препуштете и на другата страна и таа да води во нешто. Кариера Со задоволство би сакале да го смените својот систем на проценка на луѓето. Ќе поработите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки , а ќе ги следи и вашата поголема отвореност кон другите. Само преку јасна комуникација , ќе направите подобри одлуки во работењето. Здравје и совет Се менувате на добро. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе бидете загатка за другите , а во душа подготвени за љубов. Многумина ќе ја откријат својата еротичност. Ако сте веќе во врска , таа би требало да се подобри , а партнерот повторно ќе се заљуби во вас. Самите ќе бидат повикани во друштво , но на дискретен начин. Кариера Ќе се активирате во обновување на деловните контакти и ќе се обидете да оживеете некои претходни проекти за кои верувате дека се добри. Ќе балансирате меѓу отворен пристап и дискреција. Некои работи сепак ќе зачувате за себеси. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Девица 23.8.-23.9. Љубов Оние во подолги врски , ќе имаат се поголема потреба за интимност , па најверојатно ќе се повлечат дома , за да уживаат заедно.Оние кои уште бараат сродна душа , би можеле да ја сретнат на обични секојдневни места. Кариера Следуваат денови кога ќе бидете вешти во извршување на работите , но неспретни во изразувањето. Би можело погрешно да ве разберат . Затоа , потрудете се да бидете што појасни или не објаснувајте ништо ако не морате. Здравје и совет Телесно сте во добра форма. Вага 24.9.-23.10. Љубов Планетите ви се наклонети кога станува збор за љубов.Оние во врска сепак нека бидат малку потолерантни . Оние осамените ќе излегуваат и ќе се забавуваат до крајни граници. Ќе им одговараат големи друштва и бучни места.Ќе бидат радосни. Кариера Време е за средување на ситните работи. И оние познатите , но не преамбициозни лесно ќе ги извршите. Ако сакате да се впуштите во нешто поголемо , поатрактивно и покомплицирано , ова не се погодни денови. Подобро е да ги сумирате резултатите. Здравје и совет Уживајте во природа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете желни за забава и настани , а нема да има доволно за да ве задоволат. Имајте на ум дека ова е преоден период, па не треба да му придавате преголемо значење. Од друга страна , ако сте во долга врска , работите се развиваат сосема добро. Кариера Ќе комуницирате со соработниците за помали задачи, што ќе ги одработите беспрекорно. Понекогаш ќе ви недостигаат вистински предизвици , зашто оние кои секојдневно ги доживувате , ќе бидат помалку атрактивни. Здравје и совет Ќе уживате во секаков вид спорт. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се убави љубовни денови, во кои ќе има многу шанси за зближување. Вашиот друштвен живот ќе станува секој ден се побогат , а вие порадосни. Не седете дома, излезете меѓу луѓе и уживајте. Кариера Не сте свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни. Потрудете се и одработете го она што морате , а потоа посветете се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Здравје и совет Некои размислуваат за одење на козметичар. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете расположени за љубов , но другата страна ќе се држи резервирано. Не се откажувајте , издржете. Младите полесно ќе се поврзуваат , а забава нема да изостане. Кариера Пред вас се некои нови можности. Доаѓаат одговорите на претходно поставени прашања.Тоа ве насочува кон натамошна работа во која ќе се појават вашите мали таленти и знаењето.И натаму одржувате бројни контакти , кои ве поттикнуваат. Здравје и совет Ве чекаат нови сознанија . Водолија 21.1.-19.2. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување во вашиот приватен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина ќе ја обноват својата врска со излегување на убаво место. Самите повторно ќе излегуваат почесто. Кариера Разновивидна работна недела . Од една страна со нетрпение ќе очекувате да се изразите и покажете колку можете, а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве ќе излегувате поретко и ќе се концентрирате на своето заедничко секојдневие. Нема да ви биде потребна поголема атракција. Ќе ви биде доволно да останете дома со саканата личност или да заминете на место каде ќе бидете сами. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви биде јасно дека вашите работни планови се развиваат доста добро. Ова сознание ќе ве исполни со мир и задоволство. Ќе бидете подготвени и за секаква соработка. Лесно ќе ги рушите предрасудите. Здравје и совет Некои ќе ги освежат старите спомени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаРасте бројот на жртвите во трагедијата во Шпанија, земјата завиена во црно Бројот на жртви од судирот меѓу два брзи воза во близина на Урда, во шпанската покраина Толедо, се искачи на 74, според Комисијата за истрага на железнички несреќи (CIAF), додека спасувачките екипи продолжуваат да работат на местото на настанот.Прелиминарните наоди укажуваат дека технички дефект, проследен со низа човечки грешки, довел до несреќата во Шпанија, објави весникот „Ел Диарио“. Проблемите започнале околу 8:30 часот наутро во среда, кога софтверски проблем предизвикал системот за контрола на сообраќајот на LZB да престане да работи. И покрај ова, контролниот центар му наредил на машиновозачот на возот „Ренфе АВЕ“ да продолжи со нормална брзина, што, според медиумските извештаи, било спротивно на протоколите за безбедност на железницата, кои во такви околности бараат возење со брзина прилагодена на видливоста, не повеќе од 40 километри на час. Слични инструкции му биле дадени и на машиновозачот на возот „Ирјо“, но таа подоцна, во 8:48 часот, го информирала контролниот центар дека нејзиниот воз сè уште е запрен на пругата и не успеал да продолжи да се движи. Според достапните информации, во тој момент не е забележан друг воз што се движи со голема брзина кон запрениот воз Ирјо. Истрагата треба да утврди зошто патувањето продолжило под нормални услови и покрај тоа што безбедносниот систем не функционирал, како и зошто возот Ирјо не се движел од местото каде што бил запрен. Кога системот LZB не работи, управувањето со сообраќајот се префрла на класична сигнализација покрај пругата, додека системот за автоматско сопирање ASFA обезбедува дополнителна заштита. Во такви околности, според железничките правила наведени во извештајот, машиновозачот мора да ја прилагоди брзината за да може да го запре возот ако види пречка. Истрагата за причините за несреќата е во тек.Тагови: жртви Шпанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Силна поддршка за Стојанчо Радичевски во Брвеница!Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ.Во Брвеница се одржа состанок на Извршниот одбор во проширен состав на Општинската организација на Движење ЗНАМ, на кој присуствуваа генералниот секретар на ЗНАМ, Горан Минчев, потпретседателот Павле Арсоски, претседавачот на Централниот одбор Игор Филков, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, како и кандидатот за градоначалник на Општина Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски. На состанокот беше потврдена силната поддршка на Движење ЗНАМ за кандидатурата на Радичевски. Со координација, меѓусебна поддршка и заедничка посветеност, продолжуваме да придонесуваме кон остварување на приоритетите за развој на Брвеница и подобар живот на граѓаните. Заедно за Брвеница и за граѓаните! Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЕвропаЧетиригодишен брат и неговата двегодишна сестра починаа во сон, истрагата е прекината (ВИДЕО)Брат и сестра, на возраст од четири и две години, починале од вдишување чад додека спиеле, пишува „Романски обсерватор“.Електричен апарат, оставен вклучен за да ја загрее собата, наводно го запалил душекот на креветот, кој потоа почнал да тлее, објави Обсерватор. Мајката на децата исто така била во куќата, но во друга соба, и ја открила трагедијата предоцна. Она што е особено шокантно е што жената претходно била жртва на семејно насилство и самата се грижела за децата. Трагедијата се случила синоќа во градот Талмациу, во округот Сибиу. Околу 19:30 часот, службата за итни случаи 112 добила повик дека една соба во куќата е исполнета со чад. Двегодишно девојче и четиригодишно момче спиеле во собата Во собата работел електричен грејач. Од сè уште непознати причини, неколку парчиња ткаенина паднале врз жешкиот апарат, се запалиле и зафатиле дел од душекот на креветот. „Децата си играа и врескаа, викаа. После тоа, кога влегов во куќата, јадев и погледнав низ прозорецот, видов дека пристигнала спасувачката екипа на SMURD“, рекоа мештаните. Спасувачите кои пристигнаа на местото на настанот ги пронајдоа децата во несвест, со симптоми на вдишување чад. „Ги слушнав пред малку, си играа во дворот.“ „Ќорбан, неколку чаршафи, не знам, можеби се запали од електричен грејач“, рекоа мештаните. „Децата беа пронајдени во кардиореспираторен застој поради вдишување чад. Мерките за реанимација беа применети околу еден час“, рече Елена Ангелика Бутанеску, лекар специјалист во Општата болница во Сибиу. За жал, децата не реагираа, па лекарите беа принудени да ги прогласат за мртви. „За жал, вечерва се случи трагедија во градот Талмаци. Се надевам дека ова ќе биде предупредување за сите оние кои користат различни извори на греење во текот на студените месеци“, рече градоначалникот на Талмаци, Јоан Оанца. Децата биле одгледувани само од нивната мајка Децата живееле со нивната мајка во изнајмената куќа каде што се случила трагедијата. Жената претходно била жртва на семејно насилство и била вклучена во програма за заштита до јуни. После тоа, таа била оставена сама и продолжила да се грижи за децата. Кога душекот почнал да тлее, мајката била во куќата, но во друга соба. Според извештајот, таа сфатила што се случува предоцна. „Секако дека биле под надзор. Таа била со нив цело време. Кога излегла низ портата, ги држела за раце за да не им пречат“, рекле мештаните. „Причината за пожарот се утврдува“, изјави Андреа Стефан, портпаролка на Инспекторатот за вонредни состојби на округот Сибиу. „Полицијата презема соодветни мерки за да ги утврди околностите под кои се случил овој настан“, изјави Влад Теодосиу, портпарол на полицијата на округот Сибиу. Телата на децата се преземени од страна на службата за судска медицина, каде што ќе се изврши обдукција. Полицијата отвори кривична постапка под сомнение за предизвикување смрт од небрежност.Тагови: брат сестра Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter