Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
2Директорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓаните
ХороскопНеделен хороскоп за 30. декември 2019 до 6.јануари 2020 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник , 30. декември 2019 до 5. јануари 2020 година . Среќна и успешна Новата 2020 !!!Јарец 22.12.-20.1. Љубов Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома. Кариера На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера.Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа , а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите , а и колегите. Здравје и совет Недостигот на енергија надополнете го со добар план. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои имаат семејство , ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно .Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период , кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конечно ќе дојде до подобрување во врските , иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост , но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре. Кариера Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот , па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили. Здравје и совет Побарајте хармонија во нештата. Овен 21.3-20.4. Љубов Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случај , послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата , ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа , ќе работат неделава колку за да одработат. Здравје и совет Ќе го анализирате своето минато. Бик 21.4- 20.5. Љубов Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително , а се друго ќе наведува на незадоволство , расправии и кавги. Затоа разговарајте , но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди. Кариера Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа . Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки , а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри. Здравје и совет Не можете без патувања , па ниту сега. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радост поради луѓето кои ги сакате , пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени ,имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни. Кариера Не сакате да се занимавате со се и сешто , но заостанатата работа ќе мора да ја довршите.Станува збор за ситници , за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро. Здравје и совет Погледајте добар филм , најдобро комедија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има нешто помалку привлечност , но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата , а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами , би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања. Кариера Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите. Здравје и совет Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално , зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили , а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето. Кариера Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак , ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно. Здравје и совет Релаксацијата е најважна. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста , иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо . Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов. Кариера Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност , па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Полека влегувате во динамична фаза , кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт , што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате , но ќе бидете задоволни. Кариера Ви се отвора врата за соработка , што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани , но тоа е минливо. Здравје и совет Верувајте во подобро утре без оглед на се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами , ќе ја бараат личноста од соништата. Кариера Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност , а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете. Здравје и совет Релаксирајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами , би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето. Кариера Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија , кои им се допаѓаат.И тоа е некаков пат , но треба да се дојде до себеси и својата специфичност. Позанимавајте се таквата цел. Здравје и совет Полнете ги батериите со релаксација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОткриено е и санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површинаВо Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи.Денеска (30.10.2026), во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикан А.А.(50) од Скопје во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како машко лице со товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки истура градежен шут на зелена површина. По преземените мерки и активности, утврден е неговиот идентитетот, повикано е во полициска станица и со него е извршен службен разговор, по што заедно со инспекторат за животна средина при општина Карпош преземени се соодветни законски мерки. Тагови: камион Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДиректорот на БЈБ Јанев во посета на СВР Тетово: Зајакнување на оперативните капацитети и безбедноста на граѓанитеДиректорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска (30.10.2026), заедно со дел од раководителите на централните служби на БЈБ, оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Тетово.Во фокусот на средбата беше актуелната безбедносна состојба, со посебен акцент на претстојните предвремени локални избори во Општина Брвеница. Беше констатирано дека состојбата е стабилна и дека се преземаат сите неопходни оперативни и безбедносни мерки за непречено одвивање на изборниот процес, заштита на избирачкото право и безбеден транспорт на изборниот материјал. Директорот Јанев нагласи дека полицијата има обврска да обезбеди услови во кои секој граѓанин слободно и без притисоци ќе може да го оствари своето демократско право на глас, потенцирајќи дека нема да има толеранција за криминал, заплашување или каков било обид за нарушување на изборниот процес. На средбата се разговараше и за унапредување на оперативно-аналитичкото работење, размената на информации и координацијата меѓу централните и регионалните организациски единици, функционирањето на регионалниот интервентен тим, како и за соработката меѓу граничната полиција и СВР Тетово. Посебен акцент беше ставен и на активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога. Беа разгледани и условите за работа на полициските службеници и можностите за унапредување на ефикасноста преку примена на современи технологии и дигитални алатки, со цел подобро искористување на ресурсите и побрз одговор на безбедносните предизвици. Јанев истакна дека Бирото за јавна безбедност ќе продолжи со зајакнување на оперативните капацитети, непосредната координација и професионалното постапување, во интерес на безбедноста на граѓаните и доследното почитување на законите.Тагови: БЈБ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветХеликоптерска несреќа во Индија: Леталото исчезна од радаритеХеликоптер со шест лица исчезна за време на лет од Бадринат кон Дехрадун, во индиската држава Утараканд.Спасувачките екипи го пребаруваат непристапниот планински терен. Засега не е познато дали има преживеани. Спасувачите ја насочуваат потрагата во близина на Џошимат, во округот Чамоли во Утараканд, каде што се верува дека леталото се урнало. 🔺🇮🇳💥: An Indian helicopter in Uttarakhand crashed while 6 people onboard. The pilot was Ex-IAF Officer. https://t.co/2O54zqthTG — Tactical Tribune (@TacticalTribun) October 30, 2026 Според извештаите, хеликоптерот полетал од хиндуистичкото место Бадринат во петокот попладне, и покрај тоа што паѓал снег. Судбината на лицата во леталото останува непозната, а властите допрва треба да ја утврдат причината за несреќата. Во текот на денот во регионот биле забележани обилни дождови и слаба видливост. На сила е портокалово предупредување за временските услови, при што властите предупредуваат на можност за невреме со грмотевици и град. Утараканд е држава на Хималаите, која граничи со Кина и Непал, и во неа се наоѓаат некои од најсветите хиндуистички светилишта. Секоја година овој регион го посетуваат милиони верници, а сè поголем број од нив користат хеликоптери за патување меѓу храмовите. Во потрагата се вклучува и војската Главниот министер на Утараканд, Пушкар Синг Дами, изјави дека е во тек голема операција за пребарување, во која е вклучена и војската. A helicopter returning from Badrinath has crashed near Chai village. Six people, including the pilot, were on board. Bad weather and heavy snowfall are suspected to have caused the crash. https://t.co/fDqQ5r0ep9 — JF-17 Lover (@Armed_Update) October 30, 2026 „Внимателно ја следам ситуацијата“, рече тој. Локалните власти соопштија дека хеликоптер на компанијата „Trans Bharat Aviation“, со регистрациска ознака „VT-HCX“, летал од Бадринат кон Сахастрадара во Дехрадун. Полетал околу 13:14 часот, по што бил пријавен за исчезнат. Според извештаите, леталото ја изгубило комуникацијата додека летало над долината Џошимат. Во исто време, престанал да функционира и системот за следење, па затоа точната локација сè уште не е утврдена. Сите шест лица во хеликоптерот биле мажи. 🚨🇮🇳 #BREAKING : HELICOPTER CRASHES NEAR JOSHIMATH A Trans Bharat Aviation chopper carrying five passengers and a pilot crashed near Chayi village while returning from #Badrinath. Wreckage has been found in rugged terrain. All six aboard are feared dead. #Joshimath #India https://t.co/F9rIkm6LcC — GlobeUpdate (@Globupdate) October 30, 2026 Тагови: Индија хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06