Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
1Мицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидери
ХороскопНеделен хороскоп за 3. до 10. август 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 3. до 10. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе ви изгледа како жубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде буквално , зашто драгата личност ќе биде на пат. Посакувањето ќе се засили , а со тоа и чувството на осаменост. Некои ќе бараат утеха во разгорување на фантазијата и сонувањето. Кариера Шефовите би можеле да ја сменат тактиката и да кратат таму каде најмалку сте се надевале. Тоа тешко ќе ви падне. Сепак , ќе мора да го прифатите она што се нуди и да се прилагодите како знаете најдобро. Имајте на ум дека подоцна ќе биде полесно. Здравје и совет Релаксацијата е најважна. Девица 23.8.-23.9. Љубов Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста , иако и во реалниот живот нема да ви биде лошо . Некои затоа ќе живеат во фантазија , гледајќи љубовни филмови или ќе сонуваат на јаве. ќе има и такви кои ќе ги чувствуваат задоволствата што ги носи платонската љубов. Кариера Лесно ќе решавате се што ќе ви пречи во професионалната работа. Вашата вродена сериозност овој пат складно ќе биде измешана со лежерност , па многумина ќе се изненадат од смелоста со која ги водите работите. Ќе бидете успешни речиси во се. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Вага 24.9.-23.10 Љубов Полека влегувате во динамична фаза , кога љубовните настани ќе ве изненадуваат. Ако веќе сте во врска би можело да дојде до взаемен флерт , што ќе се претвори во фестивал од доблести. Понекогаш ќе претерувате , но ќе бидете задоволни. Кариера Ви се отвора врата за соработка , што финансиски ветува. Ќе бидете задоволни поради тоа. Ќе ги проанализирате сите можности и ќе почнете со разработка на добар план. Понекогаш ќе бидете збркани , но тоа е минливо. Здравје и совет Верувајте во подобро утре без оглед на се`. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Поврзаноста со саканата личност ќе биде силна во далечни и помалку егзотични теми. Пред вас се денови во кои ќе си разменувате идеи за се и сешто и тоа ќе ве исполнува. Оние кои се сами , ќе ја бараат личноста од соништата. Кариера Во деловните контакти и комуникација избегнувајте да покажете емоции. Едноставно зашто некој би можел да ве доживее како непрофесионална личност , а вие тоа навистина не сте. Внимателно проценете колку емоции треба да покажете. Здравје и совет Релаксирајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Добар развој на љубовниот и социјалниот живот ќе ве охрабри да одите понатаму. Многумина во својата врска ќе внесат свежина со одење на некое интересно место. Оние кои се уште сами , би морале да излегуваат надвор од дома. Ќе им биде подобро меѓу луѓето. Кариера Не сте сигурни во своите идеали.Затоа барате нови примери. Некои едноставно ќе почнат да ги имитираат луѓето од својата професија , кои им се допаѓаат.И тоа е некаков пат , но треба да се дојде до себеси ис војата специфичност. Позанимавајте се таквата цел. Здравје и совет Полнете ги батериите со релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Семејните предизвици во голем дел ќе го задржат ваашето внимание во приватниот живот. Оние во врскам ќе балансираат меѓу партнерот и семејството и на тој начин односот со саканата личност малку ќе кризира. Самите ќе остануваат дома. Кариера На работа се повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера.Вие веројатно ќе ги орасположувате другите кога ќе наидат потешки периоди. Некој ќе се жали дека има премногу работа , а вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате самите , а и колегите. Здравје и совет Недостигот на енергија надополнете го со добар план. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои имаат семејство , ќе сакаат деновите да ги минуваат заедно .Оние во двојки ќе минуваат низ преоден турбулентен период , кога ќе треба да покажат доста толеранција и самоконтрола. Нека не влегуваат во непотребни расправи. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека станувате се покреативни. Затоа ќе почнете да работите со поголемо задоволство. Вашите идеи добро ќе бидат прифатени од помладите. Некои ќе добијат ѓанса за настап или презентација пред публика. Здравје и совет Бидете она што сте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Конечно ќе дојде до подобрување во врските , иако се уште повремено доаѓате во искушение да се искарате. Ќе има поголема блискост , но и бризната со која ќе се натажите ќе биде присутна. Затоа контролирајте се и верувајте во подобро утре. Кариера Условите за развој на кариерата ќе бидат тесно поврзани со битка и стрес. Ваше е да си ја процените силата и онаа на противникот , па да постапите реално и паметно. Важно е да рационализирате со сите сили. Здравје и совет Побарајте хармонија во нештата. Овен 21.3-20.4. Љубов Некој од вашите познаници или пријатели би можело да ви се допадне. Можеби ќе се двоумите дали да го сочувате убавото пријателство или да се впуштите во страстна врска. Во секој случај , послушајте го срцето и нема да згрешите. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Среќета во домот оваа недела ќе ви биде преокупација. Работите во куќата , ситни поправки ќе се случуваат спонтано и организирано. Оние кои одат на работа , ќе работат неделава колку за да одработат. Здравје и совет Ќе го анализирате своето минато. Бик 21.4- 20.5. Љубов Интелектуалното ниво на личните односи ќе биде задоволително , а се друго ќе наведува на незадоволство , расправии и кавги. Затоа разговарајте , но не инсистирајте на прегратки. Тоа нека почека подобри времиња. Со трпение, се ќе се среди. Кариера Вашите финансии како –така конечно се стабилизираа . Истовремено се отовра нова мрежа за деловни соработки , а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со колегите и работете заедно. Така резултатите ќе бидат подобри. Здравје и совет Не можете без патувања , па ниту сега. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Радост поради луѓето кои ги сакате , пријатни забави без преголеми амбиции, опуштеност во секој момент на дружење – сето тоа може да го доживеете деновиве. Бидете отворени ,имајте доверба во оние кои ве сакаат и ќе бидете среќни. Кариера Не сакате да се занимавате со се и сешто , но заостанатата работа ќе мора да ја довршите.Станува збор за ситници , за кои не треба да се нервирате. Прифатете го како дел од работата низ кој треба да минете за да стигнете до нешто подобро. Здравје и совет Погледајте добар филм , најдобро комедија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има нешто помалку привлечност , но вашиот љубовен живот и натаму ќе биде квалитетен. Можно е да ги намалите излегувањата , а повеќе да уживате дома во друштво со најдрагата личност. Оние кои се сами , би можеле да најдат љубов на излегувања или патувања. Кариера Погледнете малку подобро околу себе и ќе најдете многу колеги кои едвај чекаат нешто да направат. Подобро е подобро да се поврзат и да осмислите подобар план на организација. Придвижете се себеси и другите. Здравје и совет Не дозволувајте било што да ве исфрли од такт.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЗабаваКим Кардашијан откри зошто често ја запира полицијата (ВИДЕО)Ким Кардашијан откри дека полицијата ја запрела „безброј пати“ поради пребрзо возење и непочитување на знак за стоп. Признанието дојде за време на разговор со колешките Сара Полсон, Наоми Вотс и Ниси Неш-Бетс на прес-турнејата за втората сезона на „All's Fair“ во Лос Анџелес. Разговор за навиките за возење Во видео објавено на TikTok, актерките разговараа за нивните навики за возење зад сцената. Сè започна кога Наоми Вотс спомена дека сонувала дека добила казна за пребрзо возење. На тоа, Сара Полсон изјави дека никогаш не била запрена од полицијата. „Никогаш? Никогаш не си била запрена?“ праша Кардашијан, а Ниси Неш-Бетс додаде: „Значи, дали воопшто возиш?“ @kimkardashian ALL’S FAIR S2 PRESS TOUR: LA #AllsFair ♬ original sound - Kim Kardashian Откако Полсон потврди дека вози, Кардашијан го призна сопствениот прекршок. „О, ме запреле толку многу пати“, рече таа. Полсон се прашуваше зошто. „Возејќи брзо. Или, да речеме, поминувајќи низ знак за стоп“, објасни Кардашијан, појаснувајќи дека мислела на забавување наместо целосно запирање. Потоа Ватс призна дека и таа била запрена, на што Полсон шегувајќи се рече: „Се обложувам дека си лош возач, нели?“ Ватс ѝ возврати: „Е*и се! Не сум лош возач. Возам навистина добро и ги почитувам правилата.“ View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Претходни прекршоци Возачките навики на Ким Кардашијан и претходно беа предмет на медиумско известување. Во ноември 2013 година, таа доби казна за пребрзо возење на автопатот 101 во Лос Анџелес, а потоа беше следена од папараците. „Лос Анџелес Тајмс“ објави дека сообраќајната полиција снимила најмалку тројца фотографи како возат помеѓу 130 и 135 км/ч. Неколку месеци претходно, TMZ објави дека таа била запрена во Калабасас затоа што имала затемнети стакла, но потоа се извлекла само со предупредување. Во ноември 2024 година, полицијата ја запрела додека возела во Малибу. Полицаецот ѝ наредил да го отстрани филмот од шофершајбната бидејќи било премногу темно. Возење во семејството Кардашијан Во рамките на семејството, Ким не е позната како најлош возач. Во епизодата од 15 октомври на „Кардашијан“, Кортни Кардашијан беше прогласена за најлоша. „Таа не вози добро“, рече Ким за нејзината постара сестра, според People. „Мислам дека е премногу опуштена и не обрнува внимание на патот“. Клое Кардашијан имаше средба со полицијата дури и пред да го положи возачкиот испит. Во нејзиниот подкаст од март 2025 година, таа раскажа како била запрена од полицијата на 15-годишна возраст додека го возела теренецот на Кејтлин Џенер. Кога ја прашале за нејзината лична карта, таа се обидела да се идентификува со името на Кортни и датумот на раѓање на Ким. „Секако, веднаш рекоа: „Лажеш, излези од колата“, рече таа. Втората сезона од „All's Fair“ започнува да се емитува на Hulu на 4 ноември. Првата сезона имаше 3,2 милиони прегледи во првите три дена, што, и покрај негативните критики, беше најуспешниот почеток на серија игри на таа платформа во последните три години.Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Македонија останува посветена на европскиот пат и на зајакнувањето на партнерствата со европските лидериСе испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Новинар: Премиере, во првата изјава што ја дадовте рековте дека очекувате силни и значајни пораки да бидат испратени на денешниот самит. Дали состанокот ги исполни вашите очекувања? Христијан Мицкоски: Па, генерално, да. Се испратија силни пораки и од канцеларот Мерц и од канцеларот Штокер, којшто ќе биде копретседавач на следниот самит којшто ќе се случи во делот на Берлинскиот процес. Исто така, можам да кажам дека и од останатите присутни на самиот работен дел од состанокот беше потврдена желбата, иницијативата, но и приоритетите дека Западен Балкан треба да биде дел од Европа и треба тоа да се случи многу бргу. Она коешто за нас како држава претставува важност е фактот дека ние веќе имаме усогласена надворешна и одбранбена политика со Европската Унија, дека сме многу напред во испорака кога станува збор за реформската агенда, дека буквално сѐ што се бара од нас, а е поврзано со принципот по испорака да се оценува напредокот, ние тоа го правиме и го испорачуваме. Очекувам – тоа и го кажав во работниот дел – очекувам сето ова за коешто зборувам да биде во многу скоро време валоризирано и да се даде шанса конечно да можеме да отпочнеме со процесот на преговори. Исто така, истакнав дека постепеното или градуално интегрирање претставува шанса и можност за сите нас, но тоа никако не смее да биде замена за полноправното членство во рамките на Европската Унија. Остварив неколку билатерални средби, разговарав со соговорниците за состојбата кај нас. Но, исто така она коешто морам да го кажам, а не можам да го исклучам од генералниот тек на оперативниот, односно на работниот дел од самиот самит, е предизвикот којшто денеска се случува насекаде во светот – посебно, би рекол, историската енергетска криза којашто во многу нешта влијае денеска да ни се случуваат немири во неколку главни градови во Европа, па и кај нас во регионот, но исто така и војната во Украина. Практично живееме во атмосфера на тивка Трета светска војна којашто ќе донесе големи предизвици врз човештвото. Она коешто беше кажано од страна на неколку од соговорниците коишто имаат, би рекол условно кажано, можеби повеќе информации од тоа што јас го имам, а тоа се високи претставници на самата Европска Унија, е дека следните две години ќе бидат исклучително, исклучително предизвикувачки и тешки и треба да се води многу внимателна грижа за она што подразбира трошење, но и за она што подразбира државна одговорност. Новинар: Уставните измени и натаму остануваат пречка за отпочнување на преговорите. Прво министерот Муцунски, потоа и вие ја потегнавте идејата за трето столче на преговарачката маса со Бугарија. Има ли шанси за дијалог во скоро време и што велат европските партнери, можат ли да помогнат некако во тој процес? Христијан Мицкоски: Уставните измени секогаш нас ќе нѐ потсетуваат на капитулантската политика на претходната влада на СДСМ и ДУИ, односно на тоа што тие го прифатија. И понекогаш се чудам кога ќе слушнам високи функционери од поранешната влада, посебно од СДСМ, коишто велат: „Добро, ние бевме влада, сега вие сте влада, до каде сте со европската интеграција и европскиот процес?“. Вие бевте влада, ни оставивте товар тежок еден тон на грбот којшто ние треба сега да го носиме и да го исправаме, и тие очекуваат дека ние преку ноќ тоа што со децении било создавано, а тие го распродадоа, преку ноќ ќе го исправиме и ќе го вратиме во некој нормален тек. Тоа така не оди, треба време. Ние се бориме, нема да отстапиме од борбата за македонските национални интереси, но исто така нема да отстапиме ниту од нашата стратешка цел да бидеме дел од европското семејство, онаму каде што припаѓаме. И за таа цел, за да ги видиме вистинските намери и цели на сите стекхолдери во процесот, ние велиме: добро, предуслов за сѐ, дури и утре да се случи промена на Уставот, е ајде најпрвин да го договориме акцискиот план за малцинствата, во којшто 26 земји-членки јасно велат дека немаат проблем, а една земја-членка вели дека има проблем. Ајде ние со таа земја-членка да седнеме и да договориме, да видиме, да го направиме тој документ да биде прифатлив за сите 27 земји-членки, па потоа во втора фаза да зборуваме што е тоа што ние како Влада го очекуваме, а што е тоа што треба ние како Влада да го испорачаме. Бидејќи овој документ, акцискиот план за малцинствата, е документ којшто е предуслов за да продолжиме во процесот на преговори. Така што ги отфрлам сите оние тези од опозицијата: „Добро, тие не се сега власт, ние сме“. Да, точно, ама кога бевте власт толку ја ограбивте и ја пониживте државата што ние во овие два-три-четири месеци не можеме сето тоа да го повратиме. Да, повративме дел од тоа, повраќаме, се бориме, жилави сме, упорни сме и ќе продолжиме да се бориме. Но сѐ тоа што тие го распродадоа, испокрадоа и уништија, ние за жал во овие два-три-четири месеци не можеме да го надоместиме. Но, она коешто за нас е цел – а тоа е она коешто го повторувам многу пати во моите изјави досега – е дека денеска Македонија е многу подобро место за живеење од тоа што беше пред три години, и тоа во услови на епска светска криза кога голем дел од државите во светот се борат за да преживеат, се наведува во соопштението од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаСилно невреме ја погоди Франција, најмалку три лица загинаа во поплавите (ВИДЕО)Обилните дождови што ја погодија јужна Франција предизвикаа големи поплави, при што се наведува дека три лица загинале, а илјадници домови останале без електрична енергија.Регионалните власти соопштија дека бурата предизвикала нивото на водата да се искачи на „невидени“ нивоа. Според извештаите, три лица загинале, а едно е повредено во бурата. Локалниот весник „Ла Прованс“ објави, повикувајќи се на властите, дека две жени, на возраст од 86 и 26 години, биле пронајдени во подрум во Ланкон-Прованс. 75-годишен маж, исто така, загинал во бурата во Сен-Митр-ле-Ремпар. Регионалните власти соопштија дека околу 250 луѓе од Арл и Сен-Мартен-де-Кроа се однесени во засолништа. ⛈️ Des orages diluviens frappent les Bouches-du-Rhône ce mardi matin avec des inondations, ici à Port-de-Bouc. Prudence ! 🌊 (© Angelana Cri via La Météo du 13) https://t.co/e7pgFyEHaE — Météo Express (@MeteoExpress) October 20, 2026 Oct 20_5⃣ Climate Awareness🚩 🇫🇷 Heavy rainfall has hit the south of #France, causing widespread flooding in the Bouches-du-Rhône, Hérault, and Gard departments, as well as on the of Corsica island In some areas 200+ mm of rain fell in 24 hours #ClimateCrisis #ClimateEmergency https://t.co/eHa1FnX71e — Irene (@irene_makarenko) October 21, 2026 Бурата, исто така, предизвикала голема материјална штета, а патиштата и железниците биле блокирани. Исто така, имало прекини во електричната енергија и телефонските линии. Severe flooding following torrential rainfall in Martigues, Bouches-du-Rhône, France 🇫🇷 (20.10.2026) #Anonymous #OpEarth 🌎 #BecauseItsOurHome #climatechange #ExtremeWeather https://t.co/FgU0p0SE7h — #Anonymous (@TheStripesGirl) October 22, 2026 Во меѓувреме, метеоролозите предупредуваат на повеќе проблеми. Бурата „Остин“ се очекува да ја погоди северозападна Франција подоцна вечерва, носејќи ветрови до 130 километри на час, високи бранови и обилни врнежи од дожд, со очекувани прекини во сообраќајот и ризик од паѓање дрвја.Тагови: поплави Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook