3Во Собранието се расправа за законски измени за поголема финансиска независност на Народниот правобранител
ХороскопНеделен хороскоп за 3.-10. октомври 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 3.-10. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Шоу бизТом Круз добива награда за животно делоПризнание за исклучителен придонес за филмот, холивудската ѕвезда, актерот Том Круз добива награда за животно дело .Мегапопуларниот актер Том Круз е добитник на Наградата за животно дело на Американскиот филмски институт, која ќе му биде врачена во април следната година, соопштија денеска организаторите. Наградата е посветена на зачувувањето и промовирањето на филмот. „Како актер и продуцент, тој внесува извонредна посветеност во сè што прави. Она што особено го ценам е неговата длабока верба во филмовите и нивната моќ да ги зближуваат луѓето“, изјави Кетлин Кенеди, претседателка на Управниот одбор на Американскиот филмски институт. Меѓу претходните добитници на наградата на Институтот се Бети Дејвис, Џин Кели, Елизабет Тејлор и Том Хенкс. Круз бил номиниран три пати за наградата на Филмската академија, а минатата година доби почесен „Оскар“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕкономијаДимитриеска-Кочоска: Со ребалансот правиме корекции согласно реалните економски условиМинистерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година.Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска пред пратениците во Комисијата за финансирање и буџет го презентираше Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2026 година, со кој буџетските проекции се усогласуваат со новите економски услови, остварувањата во текот на годината и реалната динамика на реализација на расходите. Министерката во експозето истакна дека вториот ребаланс е навремена реакција на глобалната неизвесност, геополитичките тензии и нарушувањата на енергетските пазари, кои влијаат врз економските текови и буџетските приходи. „Со вториот ребаланс на Буџетот за 2026 година ги усогласуваме проекциите со реалните економски движења, досегашната реализација и ефектите од мерките преземени во текот на годината. Ова е одговорен пристап во услови на неизвесност, да ги коригираме проекциите таму каде што реалноста го бара тоа, да ги намалиме расходите каде што има простор за рационализација, но истовремено да ги зачуваме средствата за законските обврски, здравствените услуги, социјалната заштита и приоритетните развојни проекти“, истакна министерката. Со предложените измени, вкупните буџетски приходи се проектирани на 374,2 милијарди денари, што е за околу 5,3 милијарди денари помалку во однос на претходните проекции. Вкупните расходи се намалуваат за истиот износ и се планирани на 420,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит останува непроменет на 46,3 милијарди денари, односно 4,1% од БДП. Проекцијата за економскиот раст за 2026 година изнесува 3,5%. На приходната страна најизразено намалување има кај акцизите, од 34,1 на 30,4 милијарди денари, како резултат на мерките за намалување на акцизите на горивата. На расходната страна се предвидува рационализација и поефикасно користење на јавните средства. Капиталните расходи се намалуваат поради пролонгираната динамика на реализација на одредени проекти и пониската реализација на средствата од сопствени приходи, донации и заеми. Како што посочи министерката, корекциите се вршат таму каде што реализацијата го наложува тоа, без откажување од развојните приоритети. „Нашата цел е Буџетот да остане реален, одржлив и развоен. Буџетската дисциплина не значи откажување од развојот, туку подобро поставување приоритети, поголема одговорност во трошењето и усогласување на обврските со расположливите средства. Продолжуваме со инвестиции во патната и железничката инфраструктура, образованието, животната средина, земјоделството, енергетската ефикасност и модернизацијата на јавните финансии, со поддршка од домашни и меѓународни финансиски извори“, нагласи Димитриеска-Кочоска. Меѓу приоритетите остануваат патните проекти, вклучително и коридорите 8 и 10д и патот Скопје–Блаце, како и железничките делници Белјаковце–Крива Паланка и Табановце. Продолжуваат активностите за изградба и унапредување на системите за водоснабдување, канализација и управување со отпадот. Средства се насочуваат и кон енергетска ефикасност, образовна инфраструктура, реконструкција на студентските домови, земјоделството, локалните инфраструктурни проекти. Министерката посочи дека со предложениот ребаланс се обезбедува усогласување на буџетските проекции со реалните економски движења, редовно исполнување на законските обврски и продолжување на приоритетните развојни проекти, со одговорно управување со јавните финансии и задржување на планираниот буџетски дефицит. Расправата во Комисијата за финансирање и буџет по предложените измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година во рамки на Комисијата за финансирање и буџет трае најмногу 10 дена. Одделение за односи со јавностКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканХаос во Албанија: Тепачките од улиците се префрлија во парламентот- се степаа пратениците (ВИДЕО)Албанскиот парламент беше место на сериозни тензии и физичка пресметка меѓу пратениците од мнозинството и опозицијата за време на седницата, што доведе до општ хаос меѓу пратениците.Според достапните информации, пратеникот на Демократската партија (ДП) Фламур Нока се упатил кон мнозинскиот дел од салата за да ги земе своите картички за гласање, а му се придружиле и други пратеници, објави Топ Ченел. Ситуацијата брзо ескалирала кога пратеникот на Демократската партија Фидел Крека удрил гласачко ливче, а потоа го турнал поранешниот министер за внатрешни работи Ервин Хоџа. Овој потег предизвикал физичка пресметка меѓу двајцата. Други пратеници, и од мнозинската и од опозицијата, веднаш се вклучиле во конфликтот, што довело до масовна тепачка во собраниската сала. Тензиите за време на седницата ескалирале во физички пресметки меѓу пратениците, претворајќи ја парламентарната дебата во сцени на хаос. Во меѓувреме, голем број демонстранти се собрале пред парламентот на Албанија, каде што биле присутни и голем број полициски сили.Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter