Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
2Битиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска
3Анакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во Зрновци
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопНеделен хороскоп за 3.- 10. мај 2021 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 3.-10. мај 2021 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10. Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
КултураЕХО 17 започнува вечерва со приказната за светскиот рекорд во Врело и филмот за Том ФростВечерва во Кино „Фросина“ при Младинскиот културен центар започнува 17. издание на ЕХО – Фестивалот на планински филм.На отворањето, публиката ќе има можност да нурне во длабочините на подводната пештера Врело и да ја слушне приказната за експедицијата што ја истражи до рекордни 338 метри. За искуството, подготовките и предизвиците на ова истражување ќе зборуваат дел од нуркачите на Спелеонуркачкиот клуб „Врело“. По презентацијата ќе бидат доделени три фестивалски признанија. Со нив ЕХО оддава благодарност за активности што инспирираат повторно вљубување во Македонија, откривање и заштита на нејзините природни богатства и создавање нови генерации вљубеници во природата и планините. По паузата, во 20:30 часот, започнува Frost: The Story of a Lifetime – отворачкиот филм на фестивалската програма и последниот филм на вечерта. Документарецот е посветен на Том Фрост, легендарен алпинист и една од клучните личности во историјата на модерното качување. ЕХО 17 продолжува до 30 октомври со 49 филмови, презентации и средби со домашни и странски гости, посветени на планините, природата, авантурата и културата. Со почит, Тимот на ЕХОТагови: ЕХО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаБитиќи: Власта ветуваше Чебрен и Галиште, а денес нема ни финансиска конструкција – ќе ја поддржам интерпелацијата за Божиновска Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата.Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, ja обвини власта дека не сака да го искористи енергетскиот потенцијал на државата, додека домашните производители се соочуваат со откуп на струја по нула евра, а стратешките проекти „Чебрен“ и „Галиште“ остануваат без затворена финансиска конструкција. На собраниската седница на која се расправа за интерпелацијата за министерката за енергетика Сања Божиновска, Битиќи отвори прашања за пазарните бариери, сомнежите за привилегирање на компании со политички врски и доцнењето на реформите што треба да ја поврзат македонската енергетика со европскиот пазар. Во продолжение интегрален текст од обраќањето на Битиќи: Во Северна Македонија денес имаме необичен енергетски парадокс. Сонцето ни произведува електрична енергија. Инвеститорите вложуваат сопствен капитал, европскиот пазар бара чиста енергија, а нашата држава сè уште не успева да ги поврзе овие три можности во функционална економска политика, а сепак создадовме услови во кои произведената електрична енергија во одредени часови од денот практично да ја губи својата вредност. Додека институциите доцнат со правилата што треба да овозможат нејзина конкурентна продажба. Пред сè, низ оваа противречност сакам да ја оценам и работата на министерката Сања Божиновска. Како држава повеќе немаме право на институционална пасивност, особено во време кога енергетиката ја определува конкурентноста на цели економии. Почитувани, од 1 јануари 2026 година започна дефинитивната фаза за европскиот механизам за јаглеродно гранично приспособување, познат како СИБАМ. Станува збор за нова економска реалност која директно влијае врз конкурентноста на нашата електрична енергија и врз условите под кои домашните компании ќе настапуваат на европскиот пазар. Според Енергетската заедница, во првиот квартал од 2026 година комерцијално планираната размена на електрична енергија преку прекуграничните врски на Западен Балкан со Европската Унија се намалила за цели 25%. Истовремено, просечните цени на регионалните пазари биле околу 30 евра за мегават-час пониски од цените на соседните европски пазари. Практично, имаме електрична енергија што економски вреди повеќе на европскиот пазар, а регулаторните и пазарните бариери го ограничуваат пристапот на нашите производители до таа вредност. И, почитувана министерке Божиновска, Македонија требаше навремено да воспостави две паралелни оперативно разработени програми. Првата е националната програма за исполнување на условите за временски ограничено изземање на електричната енергија од СИБАМ. Тоа подразбира завршување на поврзувањето со европскиот пазар, функционален систем за мерење, известување и верификација на емисиите, постепено воспоставување на јаглеродна цена и целосно усогласување со европските енергетски правила. Втората е програмата за поддршка на индивидуалните производители од обновливи извори со јасни процедури за докажување на реалните емисии, договори за откуп на електрична енергија, часовно мерење и акредитирана верификација во согласност со европските услови. И денеска, по две години владеење, сè уште немаме јавно претставена целосно операционализирана рамка што ќе покаже како овие две задачи ќе бидат исполнети со конкретни рокови, одговорни институции и финансиски инструменти. И ќе бидам коректен. Отворен е внатрешниот пазар на електрична енергија, а започна и процесот на проверка на законското усогласување за поврзување со европскиот пазар. Тоа се позитивни чекори, но започнатата проверка не е завршена интеграција од која зависи можноста нашите производители конкурентно да ја продаваат електричната енергија. И овде, во просторот што го оставаат незавршените реформи, пазарните бариери и институционалната пасивност, се отвора сомнежот дека во македонската енергетика се создава своевиден посебен тарифен модел: 0 евра за оние што ја произведуваат струјата и повластена заработка за оние што имаат политички врски. Постојат информации за случаи кога во часовите на интензивно сончево производство на сопствениците на фотоволтаични електрани им се нуди откуп по нула евра за мегават-час, додека истата електрична енергија понатаму се продава на пазарот во соседна држава по цени од над 30 евра. Овие информации бараат проверка на конкретни договори и трансакции. Особено е важно да се утврди кој ја презема инвестициската одговорност, кој располага со пристап до пазарите и кај кого завршува економската вредност на произведената енергија. Јавноста има право да знае дали меѓу корисниците на вакви пазарни услови има компании и поединци кои деловно или политички се поврзани со функционери на ВМРО-ДПМНЕ и дали таквите врски имаат какво било влијание врз институционалното постапување или непостапување. Пазарната економија не подразбира државата да биде нем набљудувач на моќта и можната концентрација на профитот. Кога производителите се соочуваат со неповолни откупни услови, а институциите не обезбедуваат доволна транспарентност и ефективен надзор, неизбежно се отвора сомнеж за селективна заштита на економски интереси. Министерството има обврска да покаже дека правилата важат еднакво за сите, да ги испита можните поврзаности и да го забрза развојот на пазарната интеграција, батериските капацитети и системите за балансирање. Доаѓаме и до односот кон ЕВН, односно кон операторот на електродистрибутивниот систем. Законот предвидува недискриминаторски пристап, економско-технички оптимални приклучни точки и олеснување на поврзувањето на обновливите извори на електродистрибутивната мрежа. Меѓутоа, од инвеститорите пристигнуваат забелешки за долгите постапки, условите за приклучување и ограничувањето на мрежниот капацитет. Особено е сериозно што Државниот завод за ревизија во септември оваа година констатира дека не е информирана Комисијата за доделување овластувања за изградба на енергетски објекти, а не е ниту донесен потребниот подзаконски акт за критериумите за овластување. Тоа создава застој кај инвестициите од 1 мегават нагоре. Замислете ја институционалната апсурдност. Од инвеститорите се бараат капитал, проекти, дозволи и сериозна финансиска подготовка, а државата не успева навреме да формира комисија што треба да им овозможи да ја реализираат оваа инвестиција. Потребен е јавен увид во бројот на поднесени, решени и одбиени барања за приклучување, трошоците што им се наметнуваат на инвеститорите и причините за доцнењата. Ако операторот располага со доминантна позиција во мрежната инфраструктура, државата има уште поголема обврска да обезбеди еднакви и проверливи услови. Привилегијата на еден оператор не мора да биде запишана во закон. Таа се создава и кога институциите предолго не проверуваат дали правилата еднакво важат за сите. Почитувани колеги и колешки, постои уште еден пример што најдобро ја открива разликата меѓу политичката реторика и вистинската способност за развој на енергетскиот сектор. Тоа се хидроенергетските проекти Чебрен и Галиште. Во септември 2023 година Владата предводена од СДСМ избра најповолен понудувач за изградба на реверзибилната хидроцентрала Чебрен со предвидена инвестиција од речиси 1 милијарда евра. Тогашната опозиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, разви силна кампања на политички отпор во која економските и договорните прашања сè повеќе се претставуваа како прашање на националната припадност на инвеститорот и одбрана на националните ресурси. Во февруари 2024 година, како лидер на опозицијата, Христијан Мицкоски отиде дотаму што тогашната постапка ја нарече антинационална. Во тоа време патриотизмот околу Чебрен беше високонапонски. Денес, повеќе од две години подоцна, реализацијата сè уште е без напон и еве нè денес каде сме. Во мај 2025 година премиерот најави дека Чебрен и Галиште ќе се градат со средства од британскиот финансиски аранжман, со инвестиција од 1,2 до 1,3 милијарди евра. Во февруари 2026 година министерката Божиновска најави дека за еден до два месеца ќе биде појасен моделот на реализација. Во септември 2026 година премиерот веќе зборува за можност за финансирање преку Американската развојна финансиска корпорација ДФЦ. За три години ја променивте приказната за проектите Чебрен и Галиште. Сè уште немаат затворена финансиска конструкција и далеку се од започнување на изградбата. Уште поинтересно е што денес истата оваа Влада, која некогаш ја проблематизираше националноста на инвеститорот, бара меѓународно финансирање и разговори со странски финансиски институции, и тоа е сосема легитимно. Но легитимно е и да потсетиме дека патриотизмот не се мери според државата од која доаѓа инвеститорот. Се мери според тоа колку економска вредност државата успеала да создаде и да задржи за своите граѓани. И, почитувани, како социјалдемократ, за мене енергетската транзиција има и длабока општествена димензија. Нејзиниот успех се мери со сметките за струја на граѓаните, конкурентноста на компаниите и достоинството на работниците, а не само со бројот на нови мегавати. Оваа општествена димензија останува недоволно препознаена во политиките на Министерството со кое раководи почитуваната министерка Божиновска. Недостига јасна поврзаност меѓу инвестициите во енергетиката, намалувањето на енергетската сиромаштија, енергетската ефикасност и правичната распределба на економските придобивки. Можеме да имаме сè повеќе зелена енергија, а граѓаните да чувствуваат сè помалку од нејзините придобивки. Тоа е транзиција со економски потенцијал, но со недоволно споделена вредност. Нашата татковина има сонце, вода, капитал и луѓе подготвени да создаваат. Имаме сè што е потребно за енергетски развој, освен доволно функционални политики што ќе ги поврзат овие можности со европскиот пазар и со благосостојбата на граѓаните. Поради овие причини ќе ја поддржам интерпелацијата. Фатмир БитиќиТагови: Фатмир Битиќи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаАнакиев: Ништо од ветените проекти на градоначалникот Митев, граѓаните сè уште чекаат решенија за водата, инфраструктурата и спортот во ЗрновциДо кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња.Добар ден почитувани сограѓани на општина Зрновци, Денес сме овде на неколку дена пред исполнување на една година од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Зрновци од страна на Ванчо Митев, заедно со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ за да прашаме неколку работи. Дали градоначалникот ја прифати функцијата и ја доби довербата од граѓаните за како што вели онаа народната за „клати врата земај плата“. Еве безмалку една година од превземање на функцијата градоначалникот уште чекаме да објави истиот дали има нешто преземано во врска со подобрување на квалитетот на водата или само во последните два месеци добивме два негативни извештаи за забрана на вода за пиење од Центарот за јавно здравје и добивме само изготвување на договори и испумпување на општински и народни пари на неколку негови партиски активисти. Исто сакаме да прашаме дали нешто има преземано и од неговата стручна компетентност во делот на спорт или добивме згаснат фудбалски клуб и запуштено фудбалско игралиште кое беше реновирано и вратено во функција во претходните неколку години како и намалување на бројот на турнири во мал фудбал од три на еден во годината, а камоли пак да разговараме за инфраструктурни проекти во делот на спортот кои што беа ветувани како што се комплекс за млади со ролер парк и алпинистички ѕид, алпинистички план. До кога да чекаме да отпочне постапката за ветените проекти за кои не е потребно многу време за реализација како што се: оградување на кејот на река Зрновка, пешачка патека на кејот на река Зрновка, и стационар за кучиња. Иста е состојбата и во делот на културата од ветената „Културна револуција“ на о. Зрновци со голем број на концерти ветени и театарски настапи до сега добивме една голема нула. За другите ветени инфраструктурни проекти нема ниту да прашуваме ниту да споменуваме бидејќи се далеку од фаза на започнување односно не се изготвени ниту идејни решенија. А се она што е изградено до сега е доведено до степен на уништување. Затоа сакаме да порачаме дека народот, граѓаните на општина Зрновци немаат време за трпение и чекање за решавање на проблемите, доколку се нема визија за развој и напредок на о. Зрновци подобро да си каже градоначалникот Митев дека нема капацитет за работење. Виктор Анакиев, претседател на ОК Зрновци на ВМРО-ДПМНЕТагови: Виктор Анакиев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook