ХороскопНеделен хороскоп за 28. септември до 5. октомври 2026 година Неделен хороскоп за педиодот од понеделник, 28. септември до 5. октомври 2026 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏејми Оливер најави дека се повлекува од телевизиитеПознатиот британски готвач Џејми Оливер, кој со децении подготвуваше оброци пред милионска публика, го објави своето пензионирање од телевизијата. Оливер вели дека има различни планови за иднината и сака да се врати на своите корени, пишува heute.at. На почетокот на својата кариера, Оливер сакал само да готви, но откако бил откриен од телевизијата, станал глобално познат. Сега, по речиси три децении, тој размислува за потивок живот. „Ме украдоа од кујната за да станам „Џејми Оливер““, рече 51-годишниот готвач во австриската радио емисија Ö3 „Појадок во мојата куќа“. Тој се сети како работел во лондонскиот ресторан „Ривер Кафе“ кога бил забележан од екипа на Би-Би-Си. Набрзо следела емисијата „Голиот готвач“, која му го променила животот. „Чувствувам дека би сакал да се повлечам од јавноста“, отворено рече тој во разговор со водителката Клаудија Стокл. View this post on Instagram A post shared by Jamie Oliver (@jamieoliver) Тој сака повторно да се врати на шпоретот Оливер има јасен план за иднината. „Во следните неколку години, имам намера да се повлечам од некои од улогите што ги имав, како што е телевизиската работа“, објави тој. Неговата цел е помалку телевизија и одговорност, а повеќе време за готвење. „Кога ќе наполнам 60 години, сакам да се вратам во кујната на ресторанот и да готвам за 50 луѓе“, објасни тој. Сепак, неговото заминување од јавноста нема да биде веднаш. Оваа година, тој го рестартираше својот синџир ресторани „Џејмис италијанец“, кој банкротираше во 2019 година, со нова локација во Лондон. Тој вели дека банкротот го научил на важни лекции за трошоците за кирија, управувањето со персоналот и важноста на одржливиот бизнис модел. Тагови: Џејми Оливер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД воведуваат нови санкции за Куба- реагираше Марко РубиоСоединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти.Соединетите Американски Држави воведоа нови санкции врз Куба, насочени кон десет субјекти, вклучувајќи членови на кубанската елита, мрежата за транспорт на сурова нафта, државни претпријатија одговорни за увоз и техничка поддршка и добавувачи на кубанската војска со седиште во Кина. „Владејачката елита во Куба ги присвојува енергетските, транспортните и технолошките ресурси на островот за сопствено збогатување, оставајќи го кубанскиот народ да се соочи со прекини на електричната енергија, недостиг и економска стагнација. Марксистичкиот режим во Хавана се потпира на мрежа од државни претпријатија, заеднички вложувања и офшор посредници за да го одржи овој систем во функција“, изјави американскиот државен секретар Марко Рубио во соопштението, објави Ројтерс. Како што оцени, Куба продолжува да служи како лансирна рампа за глобална коалиција од непријателски, антиамерикански актери кои се закануваат, шпионираат и заговараат против САД и нивните интереси. The United States will not tolerate subversive communist networks in our hemisphere. The Marxist Cuban regime relies on a web of state-owned enterprises, joint ventures, and offshore intermediaries to keep its systems running, and its foreign backers supply the military equipment that helps sustain the regime’s military forces and enables persistent threats to the American homeland. Today, I'm sanctioning eight entities and two individuals associated with the regime’s financial and shipping network, state-owned import and technical-support entities, and China-based suppliers of the regime's military forces. https://t.co/qDWCDAMtO8 — Secretary Marco Rubio (@SecRubio) November 5, 2026 Рубио додаде дека Министерството за финансии на САД донело одлука со која се овластува воведување економски санкции врз секој странски субјект кој работи или работел во електрониката, производството, поморството и технологијата на кубанската економија.Тагови: куба Марко Рубио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТенисРафаел Надал на новите снимки ги загрижи фановите: Не се препознава (ФОТО)Последните фотографии од Рафаел Надал (40) привлекоа големо внимание на социјалните мрежи, но овој пат причината не се неговите тениски успеси. Поранешниот шпански тенисер неодамна се фотографираше со навивачка во неговата академија на Мајорка, а се појави и на фотографија со Новак Ѓоковиќ. Многумина забележаа колку многу се променил неговиот изглед, најмногу поради неговата проретчена коса. Некогаш беше познат по својата долга, густа коса За време на неговата кариера, Надал беше препознатлив не само по својата игра, туку и по својата долга, темна коса, која ја држеше под контрола со потење на теренот. Оваа фризура ја носеше особено во првите години од кариерата, но со текот на времето косата почна да му се проретчува. Промените станаа повидливи како што се приближуваше кон триесеттата година. Косата на скалпот стана потенка, а бакенбардите поизразени. Таквото опаѓање на косата може да биде поврзано со андрогена алопеција, наследна форма на ќелавост, но Надал јавно не потврди дека му е дијагностицирана состојбата. Според извештаите, тој имал трансплантација на коса во 2016 година За да го реши проблемот со опаѓањето на косата, Надал наводно имал трансплантација во 2016 година во клиника во Мадрид. Според извештаите на медиумите во тоа време, постапката траела десет часа, а околу 4.500 фоликуларни единици му биле трансплантирани со методот FUE. Станува збор за постапка со која фоликулите на косата се земаат од областа каде што косата е погуста, најчесто од задниот дел на главата, и се трансплантираат во областите погодени од ќелавост. Наводно платил околу 9.000 евра за постапката. После тоа, неговата коса изгледала погуста некое време, што можело да се види на фотографии од 2017 и 2018 година. Сепак, трансплантацијата не спречува понатамошно губење на нетрансплантирана коса, па затоа проретчувањето може да продолжи. Последните фотографии предизвикаа бројни коментари На неодамнешните фотографии, косата на Надал е многу потенка, особено на темето и предниот дел од главата. Фотографиите со навивачката и Ѓоковиќ предизвикаа дискусија за неговиот изглед, а некои корисници на социјалните мрежи почнаа да му даваат совети. „Рафа брате, направи ја таа турска трансплантација на коса“, „Време е да ја прифатиш ќелавоста“ и „Избричи ја и ќе изгледаш многу подобро, како Џејсон Стејтам“, се некои од коментарите споделени на социјалните мрежи. Некои го споредија со Андре Агаси, уште една тениска легенда која се соочуваше со опаѓање на косата во текот на целата кариера. Агаси на крајот одлучи да ја избричи главата, и тој изглед на крајот стана негов нов заштитен знак.Тагови: Рафаел Надал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter