ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
1ВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски
Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
1Наставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казна
ХороскопНеделен хороскоп за 28.септември до 5.октомври 2020 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник,28.септември до 5. октомври 2020 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни. Кариера Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете. Здравје и совет Одморајте се редовно и спијте повеќе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Кариера Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер. Кариера Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција. Кариера Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите. Здравје и совет Немојте да живеете на стара слава. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи. Кариера Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат. Кариера Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања. Здравје и совет Помалку јадете и движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки. Кариера Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа. Здравје и совет Мали проблеми со младите .Насмејте ги. Бик 21.4- 20.5. Љубов Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало. Кариера До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција. Здравје и совет Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни. Кариера Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот. Здравје и совет Поработете на својата кондиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого. Кариера Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите. Здравје и совет Можна е посета на непријатни роднини. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие. Кариера Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил. Здравје и совет Немојте да бидете прескромни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите. Здравје и совет Не влегувајте во расправија со надредените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
НБАВидео: Од 47 поени до операција – НБА ѕвездата Ентони Едвардс ќе отсуствува од терените дури два месеца! Ѕвездата на Минесота Тимбервулвс, Ентони Едвардс, ќе мора да се подложи на операција на десното колено, поради што би можел да биде надвор од терените и до два месеца, пренесува ESPN.И покрај проблемите со коленото, Едвардс одигра одличен натпревар против Кливленд, постигнувајќи 47 поени во поразот на неговиот тим по продолжение (127:125). Американскиот бек ја започна сезоната во извонредна форма, со просек од 33,3 поени, 4,8 скока и 3,5 асистенции на првите четири натпревари. Долгата пауза би можела да ги загрози неговите шанси за признанието МВП и за избор во идеалната петорка на НБА, за што е неопходно да се одиграат најмалку 65 натпревари. Едвардс и минатата сезона имаше проблеми со колената, поради што пропушти 21 натпревар. Неговото отсуство сега претставува голем удар за амбициите на Минесота во новата сезона.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНаставничка во Германија 17 години била на боледување а земала цела плата, и се заканува затворска казнаНаставничка од Дизбург, Германија, е под истрага на јавното обвинителство поради сомневање за измама, откако поминала речиси 17 години на непрекинато боледување, притоа примајќи целосна плата, пренесува *Welt*.Надлежното јавно обвинителство покрена постапка против неа откако било откриено дека, како државен службеник, таа речиси 17 години примала целосна плата, а во текот на целиот тој период не одржала ниту еден час настава. Како последица на тоа, регионалните власти наредија нејзино принудно пензионирање. Сепак, наставничката ја оспорува оваа одлука и поднесе тужба до Управниот суд во Дизелдорф. Нејзината цел е да продолжи да ја прима својата целосна плата (како да е активна во службата), наместо стандардна пензија – која, во нејзиниот случај, би изнесувала приближно 4.000 евра месечно. Обвинителството бара затворска казна, како и враќање на 248.000 евра, за кои постои сомневање дека биле противправно присвоени. Нејзините деловни активности ја прават состојбата на наставничката уште посложена . Имено, иако официјално била прогласена за целосно неспособна за работа, таа активно развивала козметички производи – за што дури добила и претприемачка награда. Овој случај исто така привлече значително внимание во јавноста поради пошироката ситуација во Дизбург. Градот со години се соочува со сериозен недостиг на наставен кадар во своите 128 училишта, кои опслужуваат околу 70.000 ученици. За да привлечат нови наставници, локалните власти покренаа посебни кампањи кои вклучуваат воведни обиколки на градот и стимулации, како што е привремено сместување без плаќање кирија.Тагови: Германија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на КовачевскиСо падот на Заев почнаа промените во Македонија, продолжија со дебаклот на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање на Филипче.Промените кои сега ги гледаме во европските држави, пред пет години почнаа токму од Македонија. Прво со падот и заминувањето од власт на Зоран Заев и Венко Филипче како негов министер и најблизок соработник. Потоа, пред две години, со нокаутот на СДС на парламентарните избори и падот на наследникот на Заев, Димитар Ковачевски, конечно, дојдоа промените и Македонија се ослободи од криминалната и предавничка власт. Народот доби надеж дека работите можат да бидат подобри и на избори избра достоинство, иднина, подобро утре и чесна работа. Затоа несфатлив е феноменот кој владее кај СДС по изборите во соседна Србија. Живеат во илузија и се уверени дека 1000 пати повторена лага или измислена приказна, ќе стане вистина. Го слават поразот на Александар Вучиќ, како тие да победиле на избори и како до вчера да не беа добри пријатели. Тие можеби сакаат да заборават и, веројатно мислат дека и народот има кратка меморија, па влегуваат во такви приказни, како едноставно кај нив Фројд да работи. И ние и граѓаните добро се сеќаваме како до пред некоја година кога Филипче и Заев беа власт, како го величаа и му се поклонуваа на Вучиќ, додека на граница им донираше ковид вакцини, затоа што нашите сакаа да ги украдат. Народот добро памети како до пред само некоја година, Заев и Филипче го шетаа Вучиќ по македонските винарии, му подаруваа македонски дресови и му се извинуваа ако во Македонија за него се кажело некаков лош збор. Додека, пак, негови блиски луѓе како Александар Обрадовиќ и Зоран Башановиќ, едниот близок соработник, а другиот кум на Вучиќ, веднаш по доаѓањето на СДС на власт, лично од Заев беа вдомени како советници во неговата влада. Наместо да се занимаваат и слават победа на избори на партија во друга држава, пожелно би било СДС и Венко Филипче да си го средат сопствениот двор, и ако веќе мислат дека се подготвени и само што не победиле, нека повелат и нека побараат избори. А, СДС и Филипче како ѓавол од темјан да бегаат од нив, заборавајќи дека во демократска Македонија на власт се доаѓа со победа на избори. И кога веќе СДС и Филипче прашуваат кој е следен, одговорот е едноставен. Следен е Венко, затоа што тој е од истата, стара и криминална структура на СДС, на кого му тежат 20% провизија од анексот за зголемувањето на цената за модуларните болници, жртвите од модуларната во Тетово, Стабри вакцините, златната виза, бизнисите и станот во Дубаи, акциите во индиската авиокомпанија и многу други. Едноставно кажано, со падот на Заев пред пет години почнаа промените во Македонија, продолжија со изборниот дебакл на СДС и заминувањето на Ковачевски, а финалето треба да биде политичкото пензионирање и заминувањето од политичката сцена на Венко Филипче. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39