Десетици илјади студенти и средношколци излегоа на протести во Данска- причината се стипендиите (ВИДЕО)
2Десетици илјади студенти и средношколци излегоа на протести во Данска- причината се стипендиите (ВИДЕО)
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
2Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
1Најстарите остатоци од брод на светот се пронајдени кај Турција, влезе во Гинисовата книга на рекорди (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 28.октомври до 4. ноември 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 28. октомври до 4. ноември 2024 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАндреј Жерновски во „Само интервју“Почитувани, утре во Само Интервју ќе гостува Секретарот за меѓународна соработка и член на Извршниот одбор на СДСМ Андреј Жерновски.Еврокомесарката Кос ни порача дека и покрај подготвеноста, единствен начин да се излезе од ќорсокакот се уставните измени и дека топката е кај нас, возможен ли е и како до национален консензус? Дали и какви последици ќе почувствува Македонија од падот на Вучиќ? Можни ли се промени во владината коалиција по изборите во Брвеница? Утре Гоце Михајлоски во Само Интервју со Андреј Жерновски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
ЕвропаДесетици илјади студенти и средношколци излегоа на протести во Данска- причината се стипендиите (ВИДЕО)Десетици дански средношколци и студенти протестираа во Копенхаген и други градови против планот на владата за намалување или укинување на државните студентски стипендии за млади луѓе .Десетици дански средношколци и студенти протестираа во Копенхаген и други градови против планот на владата за намалување или укинување на државните студентски стипендии за млади луѓе чии родители имаат средни и повисоки приходи, а за кои властите сакаат да ослободат средства за зголемување на трошоците за одбрана. Според организаторите, околу 40.000 студенти и универзитетски студенти во 57 образовни институции учествувале во штрајкот, додека помеѓу 12.000 и 13.000 млади луѓе се придружиле на протестите. Претставници на 12 средношколски и студентски здруженија се собраа на плоштадот на Градското собрание во Копенхаген, од каде што маршираа до парламентот, носејќи транспарент со пораката „Доста е“. Демонстрантите, според „Еуроњуз“, извикувале слогани како „Помалку поддршка, помалку образовани“, „Прекршени ветувања“ и „Не ги лажете младите“, додека протестот бил мирен и под полициски надзор. „Бесна сум што конечно имаме наводно левичарска влада во Данска, со левичарски партии, а сепак има намалувања на социјалните бенефиции и финансиската поддршка за младите луѓе, додека во исто време се финансираат намалувања на даноците за компаниите и воените трошоци“, рече 23-годишната студентка Киран Хиндешо. Демонстрантката, средношколката Дагмар Демут, рече дека студентската помош им олеснува на младите луѓе да ги покријат своите дневни трошоци за време на образованието. Студентските здруженија изјавија дека се обиделе да воспостават дијалог со владата, но без успех. И покрај претходното противење на намалувањето на трошоците за образование, предлогот беше поддржан од некои партии во владејачката коалиција, вклучувајќи ја Социјалистичката народна партија и Социјал-либералната партија. Министерката за внатрешни работи и економија Пиа Олсен Дир, чија партија претходно вети дека нема да го допира системот за студентски стипендии, призна дека предлогот не потекнува од нејзината политичка партија, но нагласи дека го поддржува постигнатиот компромис. „Не е тајна дека оваа иницијатива не доаѓа од нас. Сепак, во оваа влада направивме компромиси и јас целосно ги поддржувам“, рече таа. Министерот за индустрија и лидер на Социјал-либералната партија, Мартин Лидегард, оцени дека ова е економски одговорна политика, иако призна дека одлуките за намалување на помошта не се пријатни. Предлог-буџетот предвидува укинување на студентскиот додаток за студенти кои живеат со родители чиј годишен вкупен приход надминува 700.000 дански круни, или околу 94.000 евра. На студентите чии родители заработуваат помеѓу 419.589 и 700.000 круни годишно, или помеѓу приближно 56.000 и 94.000 евра, ќе им се намали помошта. Според Министерството за високо образование на Данска, предложените мерки би довеле до укинување на стипендиите за околу 14.000 студенти, додека околу 8.000 од нив би добиле помала финансиска помош. Студентскиот додаток, кој постои од 1970 година, е еден од камен-темелниците на данскиот систем за високо образование и им овозможува на младите луѓе да студираат без оглед на финансиската состојба на нивните родители. Моментално, студентите што живеат со своите родители добиваат 1.154 круни месечно, или околу 154 евра, додека оние што живеат самостојно добиваат 7.426 круни, или околу 993 евра.Тагови: Данска студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00
СветХеликоптер падна во море во близина на плажа во Флорида- во тек е потрага по исчезнатите (ВИДЕО)Едно лице е исчезнато, а уште две се повредени откако хеликоптер се урна во водата кај Ки Бискејн, Флорида.Малото летало се урна во водата кај Ки Бискејн, во округот Мајами-Дејд, во среда, кратко пред 11:30 часот по локално време, објави Мирор. Противпожарната и спасувачка служба на округот Мајами-Дејд соопшти дека реагирала во 11:26 часот по локално време на пријава за пад на хеликоптер во близина на државниот парк Бил Богс. Се наведува дека вкупно три лица се повредени. Две лица се спасени и однесени во болница. Информациите за третото лице не беа веднаш достапни во тој момент. 🚨 HELICOPTER CRASHES OFF KEY BISCAYNE, MIAMI, FLORIDA Florida has been seeing quite a few aircraft coming down from the sky lately. Another helicopter has now crashed into the water off Key Biscayne in Miami. Those yellow objects you are seeing are the helicopter’s emergency landing skid floats. These inflatable safety devices help helicopters stay afloat during water landings or crashes. Since the helicopter flipped upside down on impact, the floats remained on the surface while the fuselage submerged. https://t.co/6JdmkGIdR7 — Aviation Reporter (@TripppleSeven7) November 4, 2026 Снимките снимени од хеликоптер од телевизиската станица 7Skyforce покажуваат нешто што изгледа како хеликоптер потопен во вода, со неговите жолти рампи за слетување во вода што лебдат над површината. Во неделата, Learjet 60 што леташе од Остин, Тексас, до Бахамите се урна во улица во близина на Гринакрес, во округот Палм Бич, Флорида, околу 75 милји северно од државниот парк Бил Богс. Девет лица загинаа во несреќата.Тагови: флорида хеликоптер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЉубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00Во Богданци пронајдени две мртви тела на 21 годишно момче и 17 годишна девојка14:19Фијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00
Љубовна драма меѓу двајца млади се претворила во трагедија во Богданци, пронајдени мртви тела на момче и девојка15:00