ХороскопНеделен хороскоп за 28. јуни - 5. јули 2021 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 28. јуни до 5. јули 201 година . Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Вњеројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
НБАДури ни градоначалникот на Њујорк не може да си дозволи влезница за Никси?!Градоначалникот на Њујорк и голем навивач на НБА тимот „Никс“, Зохран Мамдани, нема да присуствува на историскиот натпревар поради високите цени на билетите. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, нема да биде на трибините во „Медисон Сквер Гарден“ на 20 октомври, кога „Њујорк Никс“ ќе го подигнат шампионскиот банер по повеќе од половина век чекање. Причината? Цената на билетите! На Мамдани, кој е голем навивач на „Никс“, му беше поставено прашање дали ќе присуствува на натпреварот против „Филаделфија 76ерс“, но неговиот одговор беше краток и многу директен. „Брат, немам подготвено 2.000 долари за таа влезница“, рече Мамдани во интервју за „NBC New York“. Q: "Will Knicks repeat?" NYC Mayor Zohran Mamdani: (crosses fingers) “Come on…" Q: "Will you be there when they raise the banner?" Mamdani: "Brother I do not have $2,000" https://t.co/YuIXeH2dQX — New York Basketball (@NBA_NewYork) September 19, 2026 Кога новинарот потоа му предложи дека може да седне на една од највисоките трибини, градоначалникот со насмевка одговори: „Па, токму за тоа зборувам!“ Претходно, Мамдани се осврна на прашањето дали „Никс“ можат да ја одбранат титулата. Тој ги вкрсти прстите и рече: „Ајде де, се надевам – но со поевтини влезници.“ А цените навистина предизвикаа бура меѓу навивачите. Според податоците објавени од „Ројтерс“, цената на најевтината влезница за отворањето на сезоната достигнала 1.251 долар, додека во еден момент изнесувала дури 1.408 долари. „TicketData“ забележала и претходен скок на 1.962 долари. Сепак, подоцна се случил целосен пресврт. Компанијата „Madison Square Garden Sports“ соопшти дека дошло до грешка во одредувањето на цените, поради што продажбата на поединечни влезници била привремено стопирана. Компанијата најави враќање на минатогодишните цени со просечно зголемување од 12 отсто, а на навивачите што веќе купиле влезници по повисока цена ќе им биде вратена разликата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотДедо Мраз гласаше на изборите за Руската думаВо Нижни Новгород – Дедо Мраз „Јушто Кугиза“ пристигна да гласа на изборите за Руската државна дума во својот роден крај во руската Република Мари, соопшти регионалната изборна комисија. „Својот избор го направија претставници на најнеочекувани професии. На пример, марискиот Дедо Мраз, Јушто Кугиза – име што на мариски јазик се преведува како ‚Ладен Дедо“. Тој не ја чекаше зимата и дојде лично да гласа“, изјавија од Изборната комисија на Република Мари, како што пренесе агенцијата РИА Новости. Резиденцијата на марискиот Дедо Мраз се наоѓа во селото Кукнур во областа Сернур – најсеверната точка на републиката – каде што тој живее со својата внука, Лумудир. „Јас, Јушто Кугиза, марискиот Дедо Мраз, денес лично дојдов на избирачкото место. Гласањето од далечина е добра работа, но личното присуство е нашиот начин – марискиот начин. Ве повикувам да ни се придружите, било лично или од далечина. Најважно е да го направите својот избор“, рече тој вчера во обраќањето до жителите на републиката. Заклучно со 1 јули 2026 година, бројот на гласачи во оваа руска република изнесува 520.714, а низ регионот се отворени 495 избирачки места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ФудбалТренерот на Севиља: Како Равиња не е меѓу номинираните за „Златната топка“?Капитенот на шпанскиот фудбалски шампион Барселона, Бразилецот, Рафиња е во неверојатна форма, но сепак неговото име изостана од списокот со 30 номинирани за „Златната топка“ (Ballon d'Or).Бразилецот во последно време е еден од најважните фудбалери на Барселона, што го потврди и со брилијантниот настап во победата од 3–1 над Севиља. Капитенот на Барселона постигна хет-трик, продолжувајќи ја сезоната во која речиси сè што ќе допре го претвора во гол. По натпреварот, тренерот на Севиља, Луис Гарсија, не го криеше своето чудење што Рафиња не е номиниран за оваа престижна награда. „Постојат работи во фудбалот што не ги разбирам. Конкретно, како е можно Рафиња да не е меѓу 30-те номинирани за ’Златната топка‘? Тоа ми изгледа апсурдно.“ 🚨🌕 OFFICIAL: BALLON D’OR 2026 — THE 30 NOMINEES. 🏴 Harry Kane 🇧🇷 Vinicius Jr 🇪🇸 Fabián Ruiz 🇵🇹 Vitinha 🇪🇸 Ferran Torres 🇫🇷 William Saliba 🇫🇷 Dayot Upamecano 🇵🇹 Bruno Fernandes 🇪🇸 Pau Cubarsí 🇪🇸 Marc Cucurella 🏴 Jude Bellingham 🇫🇷 Ousmane Dembélé 🇨🇴 Luis Diaz 🇪🇸 Lamine Yamal 🇳🇴 Erling Haaland 🇧🇷 Gabriel Magalhães 🇲🇦 Achraf Hakimi 🇬🇪 Khvicha Kvaratskhelia 🇦🇷 Lionel Messi 🇸🇳 Sadio Mané 🇧🇷 Marquinhos 🇦🇷 Lautaro Martínez 🇫🇷 Kylian Mbappé 🇵🇹 Nuno Mendes 🇵🇹 João Neves 🇫🇷 Michael Olise 🇪🇨 William Pacho 🇲🇽 Julián Quiñones 🇪🇸 Rodri 🏴 Declan Rice — Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 8, 2026 Рафиња постигна 12 гола на своите први седум првенствени натпревари оваа сезона, а додаде уште два во Лигата на шампионите. Вкупно, тој запиша 14 гола и три асистенции на осум натпревари. Веќе одигра три натпревари со најмалку два постигнати гола, а против Севиља го оствари својот втор последователен хет-трик. Интересно е што Бразилецот не се најде ниту на потесниот список од 30 кандидати за „Златната топка“, кој беше објавен на почетокот на септември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16