Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
2Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопНеделен хороскоп за 28. февруари - 7. март 2022 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 28. февруари до 7. март 2022 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамФиат направи нов Папамобил- има црвен тепих и седиште на вртењеВо текот на протоколарните обврски при посетата на Уругвај, папата ќе вози во специјално адаптиран Фиат Титано, пикап кој до неодамна се склопувал во таа земја.Папата Лав XIV за време на неговата посета на Уругвај од 6 до 8 ноември, тој ќе користи специјално адаптиран Фиат Титано. Пикапот се претвора во папамобил со отворени страни, електрично склопливи скали и седиште кое може да се ротира и прилагодува по висина, пишува Motor1. За време на посетата, папата треба да ги посети Монтевидео, Пајсанду и Флорида. Возилото за неговиот транспорт се подготвува во објектите на Нордекс во Монтевидео, каде што специјализирани техничари и локални експерти вршат модификации според барањата на Ватикан. Бела кожа, црвен тепих и транспарентен покрив Отворените страни ќе им овозможат на собраните подобар поглед на папата. Покрај подвижното седиште, ќе бидат инсталирани уште две, а пристапот до задната платформа ќе биде олеснет со електрично склопливи скали. Седиштата и рачките ќе бидат покриени со бела кожа, додека подот ќе биде покриен со црвен тепих. За заштита од лоши временски услови е обезбеден транспарентен покрив. На предните страни од возилото ќе има знамиња на Ватикан, а на вратите грбот на Ватикан. Деталите на решетката на ладилникот, рамките на светлата за магла и делови од предниот и задниот браник исто така ќе бидат обоени во бело. Перформанси што не можат да се купат Папин Титано се разликува од серискиот модел по неговата единечна кабина. Ваквите перформанси не се достапни во ниту една јужноамериканска земја. Бразил, најголемиот пазар за овој модел, и Аргентина, каде што се произведува, нудат само верзија со двојна кабина. Интересно е и тоа што Титано воопшто не се продава во Уругвај. Нордекс го склопуваше таму до средината на 2025 година од делови увезени од Кина, но сродниот Рам Дакота се нуди на уругвајскиот пазар. Може да има дизел мотор со 200 КС Не е потврдено на која верзија е базиран идниот папамобил. Тркалата се совпаѓаат со оние на верзијата Volcano AT 4x4, која се продава во Бразил. Доколку тоа послужи како основа, Титаното на Папата ќе биде напојувано од 2,2-литарски турбодизел мотор со 200 КС и 450 Nm вртежен момент. Оваа верзија има осумстепен автоматски менувач и погон на сите четири тркала со автоматско вклучување и редуктор. Тагови: папамобил фиат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаСо „Ролс-ројс“ возел со 194 км/час на автопатот Гостивар- Тетово, гостиварецот е приведен Мобилната единица на МВР со полициски пресретнувач откри возач кој управувал „ролс-ројс“ со брзина од 194 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово.Вчера во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час. Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените сообраќајни контроли на територијата на целата држава, вклучително и со употреба на специјалните полициски возила – пресретнувачи, со цел навремено откривање и санкционирање на несовесните возачи, унапредување на безбедноста на патиштата и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Непочитувањето на ограничувањата на брзината претставува еден од главните фактори за предизвикување сообраќајни незгоди, кои неретко имаат сериозни последици по човечките животи, здравјето и имотот. Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност на патиштата, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
СветПет минути ужас во православната црква во Јордан – убиени се најмалку 7 верници (ВИДЕО)Сцени на паника во црква во регионот Карак во Јордан се снимени на видео од внатрешноста на зградата во моментот на вооружениот напад во кој загинаа седум лица, а најмалку 34 беа повредени, од кои некои сериозно.Видео снимката што е објавена во јавноста покажува толпа верници како трчаат во паника и бараат засолниште штом се слушнале првите истрели, објави Прототема. Најмалку едно лице се чини дека паѓа мртво од огненото оружје на напаѓачите, кои влегле во областа со оружје во рацете. Двајца вооружени лица (со трето лице) излегле од возило и отвориле оган за време на погреб во селото Хамуд во покраината Карак, соопштија јорданските власти. - Најмалку седум лица се убиени во пукотница во грчка православна црква во селото Хамуд, во покраината Карак. Дирекцијата за јавна безбедност соопшти во соопштение. Очевидец изјави за телевизиската мрежа Ал-Мамлака дека напаѓачите пукале пет минути пред да избегаат. Тој рече дека меѓу 150 и 200 луѓе биле присутни во и надвор од црквата во времето на пукотницата. A heinous terrorist attack against Saint George Greek Orthodox Church in Jordan has killed six people and injured many others. When an al-Qaeda commander is elevated to the presidency of a neighboring country, the consequences extend far beyond its borders. https://t.co/cxaHmFUUms — Greco-Levantines World Wide (@GrecoLevantines) October 23, 2026 Повеќето од жртвите биле на возраст меѓу 50 и 70 години. Во тек е истрага за идентификување и пронаоѓање на напаѓачите. Областа Карак, со население од околу 375.000 жители, е дом на голема христијанска заедница. Ваквите насилни напади не се вообичаени во Јордан, иако имало неколку крвави инциденти.Тагови: Јордан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook