Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопНеделен хороскоп за 28. декември 2020 - 4. јануари 2021 година Неделен хороскоп за периодот од 28. декември 2020 г. до 4. јануари 2021 година . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации. Кариера Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано. Здравје и совет Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат. Кариера Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите. Здравје и совет Немојте да се надмудрувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред. Кариера Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации. Здравје и совет Со хумор победете ги грижите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат. Кариера Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент. Здравје и совет Бидете она што сте и следете си го својот сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете. Кариера Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Верувајте му на своето шесто чуло. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат. Кариера Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале. Здравје и совет Ќе се релаксирате во топла купка. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами. Кариера Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока. Здравје и совет Ќе добиете добар совет од пријателите. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг. Кариера На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат. Здравје и совет Обновете го своето старо хоби. Девица 23.8.-23.9. Љубов Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте. Кариера Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Вага 24.9.-23.10. Љубов Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството. Кариера Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате. Здравје и совет Почнете да спортувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика. Кариера На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете. Здравје и совет Почнете да одите во теретана. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите. Кариера Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСообраќајот на државните патишта се одвива непреченоНа граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. РАБОТИ НА ПАТ: ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално. Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ сообраќај Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
МакедонијаСДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија - народот не се прашуваАнтимон. Дата-центри за провизии. За народот - загадена вода и скапа струја.Мицкоски договорил. Инвеститорот го знае. Локацијата ја знае. Знае кој ќе ја увезува струјата. Знае кој ќе го копа антимонот. Ги знае своите провизии. Народот не знае ништо. Единаесет недели граѓаните на Гостивар се без извештај за водата. Над педесет места во државата без јасен извештај со месеци. Месеци без име кој ги отру Лепенец и Вардар. Има нови случаи на починати од западнонилска треска поради неадекватна превенција. Извештаите за водата се кријат. Треската се игнорира. Човекот плаќа. Мицкоски со Адамовиќ, Лазаревиќ и Божиновска ја продаваат струјата и тераат бизниси со броила. Милиони од граѓаните во приватни џебови. Криминалот и корупцијата цветаат. Обвинителството не мрда со прст за труењата во Гостивар, за тепањето млади во Ново Село, за десетици пријави за криминални тендери. Работи по телефон на арамијата. Договорил приватни дата-центри. Хардвер за туѓа дигитализација. Струјата што тој ќе ја увезува ќе ја платат граѓаните поскапо отколку денеска. Цевка нема. Електрана на гас што би ги хранела серверите нема. Има увоз. Има сметка. Договорил рудник за антимон. Добил помалку отколку што дал за Дејвид Гета. Пет милиони долари за дупка. 5,53 милиони евра народни од Лотарија за диџеј. Земјата евтина. Концертот скап. Две недели екскурзија. Околу педесет души на народен грб. Платени лобистички куќи за состаноци за сликање. На Фејсбук објавува не постоечки средби со највисоки функционери - некој од придружбата снима од страна додека арамијата „случајно“ ги запознава во хотелски фоајеа. Ходник со Рубио го продава како самит. Раскопчан. Раце во џебови. Часовници од шеесет илјади евра и костими од десетина илјади евра. Народот не се прашува за ништо. Арамијата Мицкоски е „институција“ - сам одлучува за иднината на граѓаните. Водата ја крие. Струјата ја продава. Во буџетот нема пари, повторно ребаланс и нови задолжувања. Арамијата ја полни својата каса, сè се прелева. Ова не е влада туку распродажба. Земјата не е негова. Земјата е на народот. Доаѓа време кога ќе ја врати. И кога бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоДенес променливо облачно со сончеви периодиПроменливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена. До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook