ХороскопНеделен хороскоп за 27. јули до 2. август 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 27. јули до 2. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што љубовното расположение понекогаш ќе опадне, во срцето ќе си најдете трошка задоволство. Можеби ќе нема толку атрактивни можности, но она што до сега сте го изградиле е гаранција дека ќе ве очекуваат мирни денови. Кариера Во соработката со помладите колеги или со нови соработници ќе покажете повеќе емоции отколку што е потребно. Внимавајте да ен изгледате непрофесионални. Со подобра подготовка ќе дојдете до поголема смиреност и успех. Здравје и совет Нема потреба за брзање. Девица 23.8.-23.9. Љубов Веројатно ќе дадете се од себе да ја освоите личноста која ви е мила , а ќе забележите и дека други постојано ве меркаат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот, додека самците ќе излегуваат и ќе заведуваат. Со многу добри резултати. Кариера Цела недела ќе бидете насочени на решавање на едно многу важно прашање на тема комуникации.Ќе се отвори можност за вложувања , распоредување на средства или кофинансирање. Но , овој пшат од тоа ќе зависат многу работи. Покажете што знаете. Здравје и совет Каде и да одите , ќе го ширите гласот на разумот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашите лични односи оваа недела ќе се развиваат полесно и појасно. Ќе бидете повеќе опуштени и среќни поради тоа. Се што ве измачуваше , некако ќе се намали , па ќе ви се причинува дека ништо негативно не се случувало. Многу двојки ќе си го подобрат својот однос. Кариера Со мали чекори може да се помине исто растојание како и со големи. Тоа што во моментов нема возбуда, не значи дека работата не се одвива добро. Малата монотонија може дас е надмине со оригинални решенија и хумор. Здравје и совет Мал пад на имунитетот, опуштете се . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Не е лошо да се зборува , но немојте премногу , зашто на целата ситуација ќе и одземете од спонтаноста. Пуштете дас е развива вашата љубовна приказна , природно и без анализи. За нив ќе има време подоцна. Едноставно уживајте. Кариера Оваа недела за некои од вас би можела да донесе нешто ново во работата и кариерата. Нема да биде ниту лесно , ниту мазно. Цела недела ќе очекувате состојбата да се разјасни , а кон крајот на неделата ќе изгледа уште посложена. Сепак , брзо ќе увидите каде е причината. Здравје и совет Соработувајте со другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Оние кои имаат семејства , деновиве ќе минуваат доста време со него. Оние во нови врски ќе минуваат низ мали кризи во кои ќе треба да покажат повеќе разбирање и толеранција кон другата страна. Со малку такт ќе ги надминете искушенијата. Кариера Целокупната состојба на работното место би можела да ви ги направи напорни овие денови. Цело време ќе имате чувство дека ја губите поткрепата или дека многу работи зависат од шефовите , а ништо од вас . Тоа е само привремено. Бидете отворени и соработувајте. Здравје и совет Сетете се на своите достигнувања. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако излезете меѓу луѓе , ќе наидете на бројни можности за површни познанства без особени емоции. Добро е за забава. Затоа намалете ги љубовните очекувања. Не е лошо , но паметите и подобри времиња. Оние во врска ќе бидат добро. Кариера Се наоѓате во период во кој некои работи треба дефинитивно да ги доведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои приказни и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа би можело да биде малку порадикално. Не се брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Внимавајте на исхраната. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Деновите пред вас ќе ги запаметите по засилениот копнеж и чувството на осаменост. Оние во врска ќе минуваат бниз искушение на тема доминација во односите.самците понекогаш ќе се избрзаат во додворувањата , зашто со нетрпение очекуваат да успеат. Полека. Кариера Ќе ви предлагаат многу работи , но вие самите нема да имете влијание. Ќе се чувствувате како набљудувач на кого нешто му се нуди без вистински предизвик. Соработувајте и внимателно слушајте. Читајте меѓу редови. Она што сега не се прави , ќе се прави подоцна. Здравје и совет Секој ден најдете нешто што ќе ве израдува. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашиот друштвен и љубовен живот ќе стане малку поквалитетен , а тоа ќе ви биде мило. Веќе се заситивте од вашите мечтаења , па подобрата поврзаност со партнерот навистина ќе ве освежи. Слично ќе чувствува и вашата најсакана личност , па среќата нема да изостане. Кариера Истражувачите ќе добијат нов поттик. Ќе работат уште повредно. И уметниците ќе истражуваат нови начини на изразување. Сите останати на работното место ќе покажуваат поголема креативност , а нивната интуиција ќе им биде најдобар водич. Здравје и совет Се буди вашиот интерес за алтернативни методи. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина овие денови ќе откријат кој е нивниот вистински идеал и ќе тргнат во потрага по тој критериум. Понекогаш ќе бидат блиску , а понекогаш ќе го заборават. Во секој случај , нема да застанат додека не дојдат до обна што го замислиле. Кариера Држете се до она што ви е замислена цел и спроведете го тоа на дело , без компромиси. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Ќе бидете подготвени и на одредени промени за да постигнете подобри деловни резултати. Ќе се изборите за нив без одлагање. Здравје и совет Веројатно ќе споите забава со патување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е дека сте очекувале нешто подобро во споредба со она што ви се случува , но ако прифатите дека тоа е добра можност за созревање и развој , повторно ќе бидете во добивка. Од вашиот пристап ќе зависи како ќе се чувствувате во некој личен однос. Кариера Ќе бидете борбени и полни со енергија. Ќе станете пример за некои. Тоа е последица на фактот што сега точно знаете што сакате , па нема непотребно губење време на непотребни проценки. Сепак , понекогаш поработете и заедно со другите. Здравје и совет Во тимската работа треба да учествуваат најмалку двајца. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатбно сте очекувале нешто поинакво од она како живеете и што сега чувствувате , но тоа е само привремена и преодна збунетост со која треба да се соочите на паметен начин.Сеуште имате доволно енергија и заслуги за да ги доведете работите во ред. Ќе успеете. Кариера Занесеноста и вештината на однесување со другите ќе биде вашата главна особина што ќе ја покажњете на работното место. Во зависност од видот на работата , или ќе ве бараат или ќе ве сметаат за несериозни. Главно , држете се до својата професионалност и барањата од вас. Здравје и совет Некои сепак несвесно ќе ги живеат своите сништа. Рак 22.6-22.7. Љубов Првата половина на неделата ќе ви донесе мирно уживање во заедничката врска или дискретна портрага по сродна душа. Њубовта ќе стане страстна во вториот дел од неделата.Ќе има убави средби , но и нетрпеливост. Не се заморувајте со премногу прашања. Кариера Иако вашите надредени ќе покажуваат одредена наклонетост кон вас , тешко ќе наоѓате заеднички јазик.Проблемот е во тоа што и двете страни сакаат да доминираат , а во хиерархиските поставености на работите тоа не поминува.Прифатете го вашето место и така однесувајте се . Здравје и совет Вежбајте јога за да се смирите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАрмиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
БизарноПронашле змија меѓу лебот во супермаркет, експертите со предупредување: Луѓето не се свесни... Бројот на напуштени влекачи и други егзотични домашни миленици во Велика Британија е во пораст, според организацијата за спасување животни „Pet Encounter“.Експертите открија дека змија била пронајдена на полица за леб во супермаркет, а потоа била пренесена во ветеринарна клиника на преглед. Сопствениците во финансиска криза Не е познато дали змијата, со прекар „Трошка“, била напуштена или избегала, но „Pet Encounter“ вели дека кризата со трошоците за живот придонела за зголемување на бројот на сопственици кои предаваат змии за кои повеќе не можат да се грижат. Организацијата спасила 21 змија од почетокот на годината, а 14 биле спасени во целата 2025 година. Бен Николсон од организацијата истакнува дека грижата за змиите вклучува трошоци за опрема, грејни влошки и светилки, што е дополнителен финансиски товар во време на криза со трошоците за живот. Who's lost their snake? This baby corn snake (nicknamed Crumbs) was found in Heron Foods store in Maryport!! Pet Encounter believes that the cost of living crisis has contributed to a rise in pet snakes being handed over to them or abandoned. The group has rescued 21 snakes so… pic.twitter.com/0EhBcIjBke — 𝔾𝕣𝕚𝕗𝕥𝕪 (@TheGNPE) September 3, 2026 Недостаток на свест „Бевме создадени за едукација, но сега размислуваме за промена на нашиот бизнис модел и за да станеме добротворна организација за да можеме да добиеме финансиска поддршка“, рече Николсон. Тој рече дека недостатокот на свест за егзотичните животни и актуелните трендови, исто така, придонеле за зголемувањето на напуштањето на домашните миленици. Николсон предупредува дека луѓето често купуваат змии без да бидат свесни за количината на грижа и внимание што му е потребна на таквото животно.Тагови: змија леб Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТунижанец во авион сексуално нападнал онесвестена девојка, која седела до него Маж е обвинет за сексуален напад откако 22-годишна жена изјави дека маж што седел до неа ја допирал додека била во несвест на лет на „Рајанер“.Девојката летала од Малта до Нант на 19 јули кога изјавила дека 39-годишен Тунижанец што седел до неа наводно сексуално ја нападнал откако се онесвестила, објави Дејли Меил. Мажот бил уапсен на аеродромот Нант на 31 август откако слегол од лет од Тунис и бил обвинет пред судија во средата. Девојката, која имала главоболка, се онесвестила кратко по полетувањето и паднала напред на масата, а потоа на рамото на сопатникот. Кога се освестила, таа тврдела дека патникот што седел до неа ја бакнувал по вратот. Тој наводно продолжил да ја напаѓа со тоа што ја превртел на седиштето до прозорецот и ја притиснал со грбот кон себе, додека ги допирал нејзините гради под кошулата. Жената тврдела дека конечно успеала да се оддалечи кога тој ги ставил рацете под нејзините шорцеви и ја допрел по долната облека. По слетувањето, таа му кажала на своето семејство за наводниот напад, а потоа ја известила граничната полиција, според францускиот весник „Пари мач“. Female Ryanair passenger, 22, 'is sexually assaulted by man sitting next to her after passing out' https://t.co/n3fP8rZB5H — Daily Mail (@DailyMail) September 3, 2026 „Ранлива жена се смета за плен, дури и во авион“, наводно изјавила адвокатката на наводната жртва, Ан Бујон. Полицајците ја испитуваат облеката на 22-годишната девојка, а таа е подложена на преглед во одделот за судска медицина на Универзитетската болница во Нант. Според извештаите, „Рајанер“ е контактиран за детали за осомничениот, а „Дејли меил“ ја контактирал авиокомпанијата за коментар. Осомничениот, за кој се вели дека е бездомник, потоа бил додаден на листата на барани лица, што довело до негово апсење кога повторно влегол во Франција преку Нант по летот од Тунис. 39-годишниот маж се појавил пред судија во средата и бил обвинет за сексуален напад врз ранливо лице. Според јавниот обвинител на Нант, тој „потврдил дека бил патник што седел до жртвата“, според јавниот обвинител на Нант, Антоан Лерој, но ги негирал обвиненијата. Тој ќе биде подложен на психијатриска проценка, а судењето ќе продолжи на 28 октомври.Тагови: авион девојка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГерманија со осуда на ВИ снимката на израелски министер: Ова е ужасно и недозволиво (ВИДЕО)Германија остро ги осуди генерираните видеа од израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен-Гвир, на кои се прикажани палестински затвореници на транспортна лента. Критичарите ги споредија сцените со сцени од концентрациони логори, пренесува Анадолија. Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи, Мартин Гизе, им изјави на новинарите во Берлин дека го видел контроверзното видео. „Колку што знам, во меѓувреме е избришано, но тоа не го прави помалку ужасно. Секако, ова е целосно неприфатливо. Ужасно е“, рече Гизе. Тој нагласи дека Германија „јасно ги отфрла“ политиките и начинот на изразување на Итамар Бен-Гвир. „Нашиот став за ова е целосно јасен“, додаде тој. Отстранети видеа Бен-Гвир отстрани две видеа од своите профили на социјалните мрежи кои предизвикаа силни реакции поради начинот на кој го прикажуваат третманот на палестинските затвореници. Едно од видеата, објавено минатата недела, предизвика критики дека сцените потсетуваат на концентрациони логори. Israel's national security minister, Ben-Gvir, posted this AI video of Palestinians being sent into a slaughter house on an industrial conveyor belt. It reached 4 million views before he removed it.https://t.co/9CHVNCq32J pic.twitter.com/wDZZ95ftDP — Glenn Diesen (@Glenn_Diesen) September 2, 2026 Видеото прикажува заканувачки палестински затвореници во судница, со графички меурчиња за говор што сугерираат дека размислуваат за образование, храна или наргиле. Потоа, анимираниот лик на Бен-Гвир ги пробива тие меурчиња и притиска црвено копче, кое активира транспортерска лента што ги води затворениците низ вратата. Зад вратата, истите затвореници се прикажани како гладуваат, плачат и со наведнати глави.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook