Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
1Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопНеделен хороскоп за 27. декември 2021. до 3. јануари 2022 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 27. декември 2021 година до 3. јануари 2022 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНапнати избори во Бразил- Лула и Болсонаро си разменуваа навреди на завршната дебата Бразилскиот сенатор Флавио Болсонаро и претседателот Луиз Инасио Лула да Силва вчера, за време на последното претседателско соочување пред вториот круг од изборите, се судрија околу трошоците за живот и разменија лични напади, пишува Ројтерс.Во неизвесна трка, двајцата кандидати се обидоа да ги освојат неодлучните гласачи. Болсонаро, син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, беше пред Лула во првиот круг од изборите претходно овој месец, но анкетите на јавното мислење покажуваат дека двајцата кандидати се изедначени оваа недела. За време на соочувањето што траеше повеќе од два часа на Globo TV, најгледаниот канал во Бразил, Болсонаро и Лула ги повторија своите предлози за кампањата со акцент на теми како што се трошоците за живот, социјалната помош и безбедноста, обвинувајќи се меѓусебно за корупција. Обвинувања и навреди Лула, кој се кандидира за четврти мандат откако повторно ја освои претседателската функција во 2022 година, ја бранеше одлуката на неговата влада да ја зголеми минималната плата над стапката на инфлација. Тој истакна дека неговата администрација им помогнала на милиони Бразилци да избегаат од глад. Претседателот рече дека помладиот Болсонаро е „како студент што учи за приемни испити на универзитет - може да се сети на работи, но не може да ги научи“. Тој исто така додаде дека „во оградената населба каде што живее Болсонаро, луѓето не гладуваат“. Болсонаро возврати тврдејќи дека цените на храната за Бразилците се зголемиле за време на администрацијата на Лула и ја критикуваше даночната реформа одобрена од сегашната влада, предвидувајќи дека новите правила ќе го зголемат даночниот товар врз потрошувачите. „Лула дури и не се сеќава кога последен пат отишол на шопинг, бидејќи сега живее во луксузен дворец“. Во првите неколку блока од дискусијата, двајцата кандидати главно останаа во рамките на дадените теми и ги ублажија личните напади што ја карактеризираа нивната единствена претходна конфронтација во оваа кампања. Жешка дебата Во еден момент, Болсонаро му се извини на Лула откако изјави дека претседателот им дава на Бразилците со едната рака, а „зема со девет прсти“. Имено, Лула го изгуби малиот прст од левата рака во несреќа додека работеше како стругар во фабрика. „Нема да дозволам некој богат човек со исклучително сомнителна политичка практика да ме нарече „девет прсти““, рече сегашниот претседател, барајќи повлекување на таа изјава. „Лула, ако те навредив нарекувајќи те „девет прсти“, искрено се извинувам, искрено се извинувам“, рече Болсонаро. Но, тој веднаш додаде: „Дали ќе им се извинуваш на Бразилците кои страдаат поради несигурност... и кои се во долгови?“ Дебатата се вжешти во последните минути од дебатата, кога на кандидатите им беше дозволено да се соочат еден со друг без ограничувања од модераторот, обидувајќи се да се поврзат со измамата поврзана со банката Банко Мастер. Лула го притисна Болсонаро за наводните врски со затворениот банкар на банката, Даниел Воркар, додека Болсонаро го праша Лула за обвинувањата поврзани со неговиот син и измамата со пензискиот фонд. Оваа дебата беше еден од последните настани во кампањата откако бразилскиот изборен закон им забранува на кандидатите да емитуваат реклами на радио и телевизија почнувајќи од саботата.Тагови: Болсонаро Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветАмериканскиот министер за одбрана: Кина се инфилтрира во умовите на нашите студенти Министерството за одбрана на САД ги прогласи културните центри финансирани од Кина на универзитетските кампуси, познати како Институти Конфучие, за закана за националната безбедност на САД, изјави министерот за одбрана Пит Хегсет.Вашингтон долго време ги обвинува Институтите Конфучие дека служат како алатки за кинеската пропаганда и презеде чекори за ограничување на нивните активности. Хегсет: Нивната цел е да крадат интелектуална сопственост и да инфилтрираат студенти Во видео објавено на социјалните мрежи, Хегсет тврди дека Институтите Конфучие на американските универзитети работеле тајно и дека Пентагон ги вклучил на списокот на институции што ја загрозуваат националната безбедност на САД. „Се испостави дека на 30 универзитети се појавиле 80 нови пропагандни ќелии, користејќи различни имиња и статути, но со иста цел: да крадат интелектуална сопственост и да се инфилтрираат во умовите на американските студенти“, рече Хегсет. Во текот на изминатите два месеци, Министерството за одбрана „систематски ги разби секоја од овие организации“, додаде тој. Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.Тагови: Кина студенти Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрчки гигант за брза храна проневерил 150 милиони евра- во измамата учествувале над 120 лицаГрчката Дирекција за борба против организиран криминал разби голема мрежа за даночна евазија во познатиот синџир за брза храна „Пица Фан“. Во голема операција спроведена во Атина и Солун, уапсени се 23 лица - вклучувајќи го сопственикот и раководителите на компанијата - додека кривичните обвиненија опфаќаат вкупно повеќе од 120 лица,објави Зугла. Снигата работела од најмалку 2016 година. Измамата се базирала на манипулирање со централен систем за нарачки: на вработените им се нудела опција за „посластица“ за одредени нарачки преку посебен алгоритам. Парите би се собирале од клиентот, но никогаш не би се издавала фискална сметка. Во исто време, системот чувал тајна, паралелни сметководствени евиденции за да се евидентира реалниот промет и „црните“ пари. Заработката им била предавана во готово на водачите на групата на месечни состаноци во трговски центар. За да се покрие трагата на парите, водачите префрлиле 99,99% од сопственоста на домашната компанија на офшор компанија во странство. При претресот на деловни и приватни простории, запленети се над 1.280.000 евра во готово (од кои околу 1,17 милиони евра се пронајдени во таен сеф во вилата на сопственикот на компанијата), 92 луксузни часовници (Rolex, Patek Philippe, Audemars Piguet) и скап дијамантски накит, шест луксузни автомобили и три мотоцикли, како и 52 компјутери, хард дискови и обемна електронска опрема. Штетата предизвикана на грчкиот буџет се проценува на повеќе од 35 милиони евра неплатен ДДВ и данок на добивка, додека скриената даночна основа надминува 150 милиони евра. Покрената е постапка за замрзнување на сите средства на сите осомничени и поврзани компании.Тагови: брза храна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСамо уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38