ХороскопНеделен хороскоп за 26. септември до 3. октомври 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 26. септември до 3. октомври 2022 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
СветЕУ го награди Меѓународниот кривичен суд- Трамп му воведе санкции (ВИДЕО)Европскиот парламент ја додели наградата Сахаров за слобода на мислата за оваа година на Меѓународниот кривичен суд (МКС). Одлуката е јасен одговор на американските санкции кои ја поткопуваат работата на судот. Наградата се доделува на поединци и организации кои ги бранат човековите права и основните слободи, а претходните добитници се јужноафриканскиот лидер Нелсон Мандела и рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, објави „Еуроњуз“. Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп објави санкции против МКС на 9 октомври. Овој потег дојде како одговор на судската наредба за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и истрага за однесувањето на американските трупи во Авганистан. The International Criminal Court and its officials have been awarded the European Parliament's 2026 Sakharov Prize for Freedom of Thought. Learn more about the laureate here ➡️ https://t.co/zst2LyCbu1 https://t.co/iE0UKp1bp0 — European Parliament (@Europarl_EN) October 22, 2026 „Ова е порака на надеж и отпор до Доналд Трамп. Ние не се откажуваме од владеењето на правото и меѓународната правда. Ќе стоиме зад МКС колку што е потребно“, рече француската европратеничка Клое Ридел, која го номинираше судот. Изборот на победник Лидерите на парламентарните групи го избраа МКС пред двајца други финалисти: танзаниската адвокатка Тунду Лису, која се соочува со политички прогон, и иранските сестри Таране и Ромина Рахими, номинирани во име на сите жртви на прогон од страна на иранските власти. Номинацијата на МКС и неговите службеници беше предложена од клубот на социјалисти и демократи (S&D), а на крајот беше поддржана од другите клубови. Одлуката ги изненади некои аналитичари, кои очекуваа Лиса да ја добие наградата. Just announced 🚨 The Sakharov Prize 2026 has been awarded by the European Parliament to the @IntlCrimCourt and its officials ⚖️ Download our illustrations of the International Criminal Court headquarters: https://t.co/QB4IlvaL4U https://t.co/M5REE4nynQ — European Parliament Audiovisual Service (@europarlAV) October 22, 2026 Притисок врз Европската комисија Минатата недела, претставници од неколку клубови ја повикаа претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, да го заштити судот, чие седиште е во Холандија, од американските санкции. Тие побараа примена на „сите инструменти што ни се на располагање“, а особено го истакнаа Европскиот закон за блокирање. Овој механизам ги штити компаниите и поединците од ЕУ од ефектите на одредени странски санкции. На 9 октомври, високата претставничка на ЕУ за надворешна политика, Каја Калас, изјави дека заканата со санкции против МКС е „неприфатлива“ и ја потврди посветеноста на Унијата на меѓународното право. И покрај ова, Европската Унија сè уште не презела конкретни чекори.Тагови: Меѓународниот кривичен суд санкции Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСудот ги ослободи од вина обвинетите за нападот врз Пендиков, немало етнички причини Основниот суд во Охрид донесе ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков.Основниот суд во Охрид донесе ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески, обвинети за физичкиот напад врз Христијан Пендиков, поранешен секретар на поранешен бугарскиот клуб во Охрид. Одлуката следува откако Апелациониот суд во Битола го врати предметот на повторно судење. Денешното рочиште завршило за околу 2 и пол часа, без изведување нови докази, објави Бугарската национална телевизија (БНТ). Судот оценил дека не е докажано оти двајцата обвинети го сториле кривичното дело што им се става на товар, како и дека не може да се докаже етнички мотив за нападот. Претходно, во првостепената постапка, Ангелов и Спасески беа осудени на по 8 месеци затвор за нанесување тешка телесна повреда. Адвокатот на Пендиков, Стефан Камишевски, изразил незадоволство од одлуката, оценувајќи дека судијата практично ја променил сопствената претходна пресуда. Во судницата во Охрид присуствувале и пратеници од Бугарија, кои дошле да му дадат поддршка на Пендиков. Нападот врз Пендиков во јануари 2023 година предизвика дипломатски реакции и дополнителни тензии во односите меѓу Скопје и Софија. Пендиков е поранешен секретар на здружението „Цар Борис Трети“, кое беше избришано од Централниот регистар на Македонија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамМерцедес судри бензински и електричен ЦЛА- резултатите и за двата автомобила се одлични (ВИДЕО)Безбедноста на автомобилите значително напредна, а Mercedes-Benz реши да ја покаже со ретко виден тест за судар. Компанијата се судри со бензински CLA Shooting Brake со целосно електричен CLA седан за да ја покаже безбедноста на моделот од новата генерација и да симулира класичен страничен судир на раскрсница. Со години, производителите на автомобили тестираат отпорност на страничен удар користејќи тешки колички кои играат улога на друго возило. Последниот тест на Мерцедес оди чекор подалеку и се вели дека е прв од ваков вид со два автомобили во движење, што дава прецизен увид во однесувањето на двата модели. Иако нарацијата во промотивното видео е малку претерана, компанијата потврдува дека сите тест-кукли поминале без снимени критични оптоварувања. За време на тестот двете возила се движеа со брзина од 56 km/h. Кога предниот дел на CLA Shooting Brake удри во седанот, неговата зона на стуткање апсорбира голем дел од енергијата, а предните и страничните воздушни перничиња веднаш се активираа во кабината. Вратата го презеде главниот удар на лимузината, прозорците беа напукнати, а воздушните перничиња беа активирани, вклучително и централното меѓу возачот и совозачот. Автоматски реакции на системот по судир Новиот CLA е опремен со рачки кои можат да се извлечат од телото. Тоа е истиот тип што е забранет во Кина и може да се соочи со истата судбина во Европа. Во овој случај, рачките на вратите се повлекле набргу по падот и страничните прозорци се отвориле автоматски. Mercedes-Benz исто така наведува дека високонапонската батерија на електричниот мотор автоматски се исклучува и се исклучува од погонскиот систем. На ист начин, системот за гориво во моделот Shooting Brake беше исклучен за да се спречи ризикот од пожар. За сите осум употребени тест-кукли, сите отчитувања останаа под биомеханичките граници, што укажува на низок ризик од сериозни повреди. Покрај тоа што го покажува однесувањето на возилото при страничен удар, тестот е интересен и затоа што открива што се случува кога автомобил со мотор со внатрешно согорување ќе се судри со електрично возило. Конечно, би било интересно да се видат на краш тест новиот теренец AMG GT и моделот CLA. Бидејќи AMG GT тежи дури 2.715 килограми...Тагови: мерцедес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter