Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
1Во Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите!
2Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството
3Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 26. јуни до 3. јули 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 26.јуни до 3.јули 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Сѐ повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого. Кариера Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите. Здравје и совет Можна е посета на непријатни роднини. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие. Кариера Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил. Здравје и совет Немојте да бидете прескромни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите. Здравје и совет Не влегувајте во расправија со надредените. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни. Кариера Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете. Здравје и совет Одморајте се редовно и спијте повеќе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Кариера Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер. Кариера Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција. Кариера Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите. Здравје и совет Немојте да живеете на стара слава. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи. Кариера Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат. Кариера Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања. Здравје и совет Помалку јадете и движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки. Кариера Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа. Здравје и совет Мали проблеми со младите .Насмејте ги. Бик 21.4- 20.5. Љубов Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало. Кариера До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција. Здравје и совет Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни. Кариера Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот. Здравје и совет Поработете на својата кондиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо Милано, луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите! Луксузните брендови „Шанел“, „Тифани“, „Версаче“ и „Диор“ ги тргаат своите производи од излозите! Премиерката Мелони испраќа 500 војници на улиците во Милано.Загрижени поради од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“. Италијанската влада планира да испрати дополнителни 500 војници во Милано, по дводневните насилни протести за време на кои демонстрантите се судрија со полицијата, ограбуваа продавници и уништуваа имот. Поради страв од нови немири, продавниците во центарот на градот затвораат порано, додека луксузните модни брендови ја тргаат стоката од излозите и поставуваат заштитни бариери, пренесува британски „Гардијан“. Италијанскиот заменик-премиер Матео Салвини најави распоредување дополнителни воени сили, наведувајќи дека целта е да се заштити градот. Луксузните продавници ги празнат излозите, полиција патролира по улиците. На познатата шопинг-улица „Виа Монтенаполеоне“ во Милано, каде што се наоѓаат луксузни брендови како „Шанел“, „Тифани“ и „Диор“, повеќето трговци, како мерка на претпазливост, ги отстранија скапите производи од своите излози. Полициски патроли се движат низ овој дел од градот, додека некои продавници се целосно затворени, а нивните излози се заштитени со дрвени панели. Во текот на викендот, неколку стотици демонстранти со качулки, од кои многу се проценува дека се малолетници, запалија контејнери, кршеа излози и ограбуваа продавници во центарот на Милано. Насилството избувна по протестот во саботата, кој започна мирно, а чии учесници изразија незадоволство од зголемувањето на трошоците за живот и влошувањето на јавните услуги. Демонстрантите ги нападнаа продавниците на спортските брендови Decathlon и Arkterix, како и филијалите на телекомуникациската компанија Vodafone. Брендовите Levi's, Under Armour и Decathlon ги заштитија своите прозорци со картон и дрвени штици за да спречат понатамошни оштетувања. Мелони најавува построги мерки против малолетничкото насилство Италијанскиот премиер Џорџо Мелони го осуди насилството и во понеделник одржа итен состанок со министрите и претставниците на безбедносните служби. Нејзината влада, која се соочува со парламентарни избори следната година, размислува за понатамошно заострување на законот за да спречи понатамошни немири. Министерот за надворешни работи Антонио Тајани изјави дека властите решително ќе одговорат на насилството. „Владата решително ќе одговори на овие напади врз државата, вклучително и мерки насочени кон ограничување на малолетничкото насилство“, напиша Тајани на социјалната мрежа X. Според италијанскиот весник „Кориере дела сера“, меѓу предложените мерки е продолжување на превентивниот притвор за малолетници, како и поодлучно сузбивање на малолетничките банди. Исто така, се разгледува и можноста за забрзано стапување во сила на одредени одредби од законот за безбедност, кој во моментов е во собраниска процедура. Полицијата приведе 271 млади лица; немирите се проширија и во други градови. Според италијанската полиција, 271 млади лица биле приведени за време на немирите во неделата во Милано. Насилството не се ограничи само на Милано. Судири меѓу демонстрантите и полицијата избија и во други градови во северна Италија, вклучувајќи ги Болоња, Бреша, Бергамо и Торино. Според податоците на полицијата, во Торино биле уапсени 28 демонстранти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Шоу бизСинди Крафорд се прости од својот син со трогателни зборовиСлавната американска манекенка Синди Крафорд се прости од својот син, Пресли Вокер Гербер, кој почина на 27-годишна возраст, преку емотивна порака на Инстаграм. Скршена од загубата, таа изјави дека семејството секогаш ќе го сака и ќе го чува споменот за него. „Неизмерно сме скршени од загубата на нашиот сакан син и брат. Се чувствуваме благословени што го имавме Пресли во нашите животи 27 години. Тој беше нежна и прекрасна душа, која сакаше и беше сакана – сега и засекогаш“, напиша манекенката. Таа додаде дека се горди на начинот на кој нејзиниот син се однесувал кон светот – со добрина и ранливост – и дека се благодарни за огромната поддршка што ја добиваат. „Благодарни сме за љубовта и поддршката што ни ја покажаа многумина кои го познаваат и сакаат нашето семејство, како и целосни непознати луѓе кои ја споделуваат нашата болка. Додека повторно не се сретнеме, наше мило момче. Ќе те сакаме засекогаш“, напишаа мама, тато и Каја во објава на Инстаграм. На крајот од објавата, Синди му се заблагодари на фотографот Себастијан Фаена, кој ја направил фотографијата што таа ја избра за да се прости од својот син. „Ти благодарам, Себастијан Фаена, што ја направи оваа прекрасна фотографија“, напиша таа. Инаку, Пресли Вокер Гербер, синот на Синди Крафорд и бизнисменот Ренди Гербер, почина на 20 септември 2026 година, на 27-годишна возраст. Тој беше помлад брат на манекенката Каја Гербер. Семејството сега се прости од него со емотивна порака, нагласувајќи дека засекогаш ќе го чуваат споменот на него.Тагови: синди крафорд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16Мицкоски од Чешиново-Облешево: Развојот на секоја општина значи подобра иднина за граѓаните11:52
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Шоу бизФото: Ирина Шајк скоро гола на забава Руската манекенка Ирина Шајк се појави на забавата по модна ревија скоро гола. Манекенката во блуза и проѕирни хеланки ја шокираше јавноста.Во интервју за „Вог“, руската убавица Ирина Шајк го опиша своето искуство на модната ревија како спој на сексапил, лудило и убавина. https://www.instagram.com/reel/DeqIp-PSXka/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=loading Сексапилната Ирина го покажа своето затегнато тело по ревијата на „ангелите“ на „Викторијас сикрет“, кога се појави во Лос Анџелес во провокативна комбинација што привлече внимание. 40-годишната Ирина одлучила да ја продолжи забавата по модната ревија, па за излегувањето избрала црн градник и проѕирни црвени хеланки, под кои ѝ се гледале гаќичките. Изгледот го заокружила со сребрено ланче со крст и високи потпетици, додека долгата, темна коса ја оставила слободно да паѓа. Насмеаната Ирина пристигна сама во еден клуб во Лос Анџелес, а подоцна беше видена како го напушта приватниот клуб и влегува во црно такси. Истиот ден, манекенката прошета на пистата на модната ревија на „Викторијас сикрет“ (Victoria's Secret), каде што претстави неколку впечатливи комбинации. Во една од нив, таа носеше бел корсет, црни чорапи и соодветни гаќички, додека во друга носеше розов чипкаст градник, преку кој имаше облечено краток топ во истата нијанса. Тагови: ирина шајк Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter