Невообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“
1Невообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“
3Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопНеделен хороскоп за 26. јули до 2. август 2021 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник , 26. јули до 2. август 2021 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате во теретана . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНевообичаена одлука стапува на сила на денот на изборите: „Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“На денот на важните избори во Србија, на малите авиони им беше дозволено да полетуваат од одредени српски аеродроми надвор од нивното работно време.Во недела, на денот на парламентарните избори, Дирекцијата за цивилно воздухопловство на Република Србија објави дека им дозволила на малите авиони да полетуваат од одредени српски аеродроми надвор од нивното работно време, објави Нова.Хр. Невообичаената одлука, која се однесува на аеродромите во Ниш, Вршац, Краљево и Крагуевац, како и на аеродромите Поникве и Росуље во близина на Крушевац, ја коментираше и претседателот на Српската демократска партија, Срѓан Миливојевиќ. „Малите авиони можат да полетуваат од аеродромите во Ниш, Вршац, Краљево и Крагуевац, како и на аеродромите Поникве и Росуље во близина на Крушевац, дури и надвор од работното време, а на барање на корисникот, чита сопственикот на малите авиони. Кој се фалеше дека има флота од мали авиони?“ напиша Миливојевиќ на X. Nije vic, a nije ni šala: Javite Đuri da BLOKIRA AERODROME! Baš od danas, 25. oktobra, direktor Direktorata civilnog vazduhoplovstva Republike Srbije doneo je važnu odluku: -Mali avioni mogu poletati sa aerodroma u Nišu, Vršcu, Kraljevu i Kragujevcu, kao i sa aerodroma Ponikve i Rosulje kod Kruševca i van radnog vremena a na zahtev korisnika, čitaj vlasnika malih aviona. Ko se beše ono havlio da ima flotu malih aviona! Ova odluka nema nikakve veze sa pomeranjem sata! @novars @n1srbija @OnlineDanas @nasportal_info — Srđan Milivojević (@srdjanmil037) October 25, 2026 Иако директно не спомена никакви имиња, се претпоставува дека се осврнал на Жељко Митровиќ, кој има најголема флота на општа авијација во Србија. Митровиќ е исто така сопственик на ТВ Пинк и фабрика за борбени беспилотни летала за српската армија. Според „Слободна Далмација“, Жељко Митровиќ, кој е близок до Александар Вучиќ, се фалел со флота од 22 деловни авиони во 2023 година, но Ер Пинк подоцна ја променил својата сопственичка структура и име, па точниот број може да варира. Српскиот медиумски магнат ги поддржува Вучиќ и СНС со години, а за ова често пишуваат истражувачки новинари и организации кои го следат сопствеништвото на медиумите. Во еден момент, според Глобалната истражувачка мрежа за новинарство OCCRP и Српскиот центар за истражувачко новинарство (CINS), Вучиќ рекол: „Постои само една приватна телевизиска станица која ја поддржува работата на владата. Тоа е Пинк, и тие имаат целосно право да го сторат тоа“. Истражувањето, исто така, ги поврза финансиските придобивки што Пинк ги доби од државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
СудбинаСамонаречен „вражалец“ е осуден на доживотен затвор- роднините на жртвата го молеле да им ја открие вистината Повеќе од шест години откако Лејла Кавет исчезна во Флорида, човекот осуден за нејзиното убиство е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода.Повеќе од шест години откако Лејла Кавет исчезна во Флорида, човекот осуден за нејзиното убиство е осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода, додека нејзиното семејство продолжува да чека одговори за тоа што се случило со младата мајка. Шенон Рајан, која се самопрогласува за вражалец, е осуден во петок, 23 октомври, објавија CBS Miami, NBC 6 Miami и South Florida Sun-Sentinel. Поротата го прогласи за виновен за убиство од втор степен во септември. Кавет, кој имаше 21 година кога исчезна во јули 2020 година, никогаш не е пронајдена. За време на рочиштето за изрекување на пресудата во петок, роднините на Кавет го замолија Рајан да им каже што се случило, надевајќи се дека конечно ќе можат да ги донесат нејзините останки дома и да ѝ направат соодветен погреб, објави списанието People. „Мојата сестра беше многу повеќе од жртва. Таа беше ќерка, сестра и, најважно, мајка“, рече нејзината сестра Џина Кавет на суд, објави CBS Miami. Нејзиниот брат, Кертис Кавет Џуниор, исто така инсистираше Рајан да даде информации. „Ја сакам вистината. Сакам да знам што ѝ направивте на сестра ми. Сакам да знам каде е“, рече тој, објави CBS Miami. Синот на Кавет, Камдин, исто така беше застапуван на сослушувањето. Тој имаше само две години кога беше пронајден како шета по улиците на Мирамар, Флорида, кратко откако исчезна неговата мајка. Камдин, кој сега има осум години, и неговата изјава беа прочитани гласно на суд од претставник за поддршка на жртвите. „Не се сеќавам многу на мајка ми бидејќи бев многу мал“, рече тој во својата изјава, објави CBS Miami. „Сакам да беше тука за да можеме да одиме во Доливуд, да возиме ATV заедно и да јадеме суши.“ 44-годишниот Рајан одби да се појави на суд пред судијата да му ја изрече казната, објави медиумот. Тој планира да се жали на пресудата и има 30 дена да поднесе жалба. Кавет беше во јужна Флорида, каде што патуваше од Џорџија, кога исчезна. Последен пат беше видена на 25 јули 2020 година, а нејзиниот син беше пронајден сам следниот ден. Нејзиниот бел пикап „Шевролет“ подоцна беше пронајден на паркингот на „Волмарт“ во близина на границата помеѓу Мирамар и Холивуд, Флорида. Бидејќи телото не беше пронајдено, обвинителите се потпираа на индиректни докази и снимки од камери за надзор за да го изградат својот случај. Судските документи, кои беа цитирани од медиумите во претходните извештаи, опишуваат снимки на кои се гледа како Рајан носи голема кеса за ѓубре до контејнер на бензинска пумпа во близина на местото каде што последен пат е видена Кавет. Истражителите, исто така, рекоа дека тој купувал предмети како кеси за ѓубре и дезодоранс за теписи во времето на нејзиното исчезнување. Рајан има претходни пресуди за кривични дела во Алабама, вклучувајќи провала од трет степен и незаконско провала и влегување во возило. Неговите адвокати тврдеа дека тие пресуди не треба да се земат предвид при одредувањето на неговата казна, според судските документи разгледани од списанието „Пипл“.Тагови: доживотен затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканХаос на улиците на Тирана- демонстрантите се судрија со полицијата, има приведени (ВИДЕО)Во Тирана, за време на студентски протест, повторно избувнаа судири меѓу демонстрантите и полицијата пред канцеларијата на премиерот на плоштадот Скендербег.Инцидентот се случил кога демонстрантите почнале да фрлаат камења и бибер спреј кон полицијата, а полицијата одговорила со солзавец за да ги растера, објавува албански „Евроњуз“. Иако демонстрантите биле привремено растерани по интервенцијата, некои од нив подоцна се вратиле во областа и продолжиле да фрлаат камења и ракети кон полицијата. Исто така, се наведува дека некои демонстранти се уапсени, но не се наведува колкумина. Демонстрантите и полицијата сè уште се присутни на плоштадот. View this post on Instagram A post shared by Televizioni Alsat (@alsat.mk) Студентски протести се одржуваат во Албанија веќе 13-ти ден, со барање за промена на владата и оставка на премиерот Еди Рама.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро, излезноста над 61% до 17 часот18:20Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29