3Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
ХороскопНеделен хороскоп за 26.јануари до 2. февруари 2026 годинаНеделен хороскоп за периодот од 26. јануари до 2. февруари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви се чини дека не е вистинско време за љубов . Ќе бидете во право, но овие денови може да ви донесат нешто повеќе доколку ги дефинирате вашите љубовни очекувања. Затоа фокусирајте се на себеси и направете една внатрешна анализа. Преиспитајте се малку подлабоко. Кариера Како што ќе минува неделата, се повеќе ќе сакате одмор , па дури и ќе заминете на годишен одмор. Оние кои нема да можат да заминат, веројартно ќе мора да се ангажираат околу некои заостанати должности , за кои мислеле дека одамна се завршени. Тоа малку ќе ги изнервира. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатнио малку ќе заборавите на љубовта или на барањата на другата страна. Таа нема добро да ве разбере , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. Најмногу затоа што ова е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите. Кариера Пред вас е добра шанса за развој на кариерата или за усовршување во професијата. Без оглед на надворешните околности , прифатете го она што ви се нуди и тргнете во освојување на нови искуства. Ќе си ги проширите хоризантите , а и нешто ќе заработите. Здравје и совет Малку намалете со спортувањето. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е се подалеку , наместо обратно. Тоа ќе ве изнервира и ќе ве растажи. Треба да разберете дека не е се во вашите раце , туку и дека и другата страна има свои права. Никој не сака да биде искористуван , па така ни вашиот љубовен партнер. Кариера Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат што повеќе да им помогнат на оние кои учат или сега почнуваат да работат. Трети ќе бараат место за работа некаде сосема далеку , па дури и на друг континент. Здравје и совет На крајот , секогаш подобро поминуваат оние кои се искрени. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања , зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. надминете го искушението за надмудрување. Бидете што е можно повеќе толерантни и духовити. Доколку партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа толку при срце. Тоа е минливо. Кариера Брзината со која ќе делувате на работното место ќе биде преголема за да може да ве следат. Тоа е последица на вашиот талент однапред да видите каде треба да се интервенира , па не губите време. Сепак, нешто треба да им објасните и на соработниците. Здравје и совет Отворете си ги добро очите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ве очекува допбар ветар во грбот , кога станува збор за љубовта. Ќе ви се чини како сите погледи да се свртени кон вас. Ќе излегувате со задоволство и ќе се покажувате пред другите. Оние во врска , ќе бидат многу расположени за нежности. Некои заедно ќе патуваат или ќе настапуваат во јавност. Кариера Вашите деловни интереси полека се пренасочуваат кон истражувања. Она што сте го постигнале , се гледа , но сега на дневен ред доаѓаат некои неиспитани и скриени работи. Некои ќе се обидат да ги достигнат своите сништа преку сосема необичен пат. Здравје и совет Поврзете се подобро со луѓето. Рак 22.6-22.7. Љубов Повремено ќе почувствувате мали незадоволства или преодни препреки во љубовта. Издржете ,а најмногу затоа што со трепението ќе увидите колкава сила имате и колкава ви е љубовта.Се ќе се стопи со време самото од себе, а ќе останат само добрините. Кариера Кога ви се чини дека сите ги губат илузиите , вие ќе бидете доволно луди да не подлегнете. Тоа овие денови ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без скршнување од патот. Вашите идеи се одлични и ќе донесат резултати. Здравје и совет Можете добро да се забавувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Поголемиот дел од неделата ќе го минете во интересни друштва , што навистина ќе ве освежи. Грижите и нервозите од другите подрачја на животот , лесно ќе ги надминувате заедно преку хумор и шеги. Оние кои и натаму се сами , ќе бидат отворени за нови луѓе што ќе бидат со задоволство прифатени. Кариера Ќе се покаже дека вашите потези довеле до нови деловни можности. Тоа ќе ви ја зголеми самодовербата , па ќе работите посветено и ќе правите похрабри потези. Некои во дејностите поврзани со недвижности ќе просперираат над очекувањата. Здравје и совет Поработете на кондицијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе имате добри можности кога станува збор за љубовта . Многу врати ќе ви се отворат полесно од вообичаено , ќе бидете повикувани на интересни дружби и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканите и измешајте се со луѓето. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , контруктивни, отворени и жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со оние кои не работат во исто место со вас. Здравје и совет Уживајте во животот. Вага 24.9.-23.10 Љубов Првите неколку дена од оваа недела ќе мора да издржите понекоја нервоза , а потоа веќе состојбата ќе се реши. Ќе станете посилни и имуни , па така и полесно ќе влегувате во партнерства. Некои ваши љубовни очекувања би можела делумно да бидат исполнети. Кариера Нема да занемарите ниту еден детал . Вашата прецизнот ќе биде пофалена. Деновиве ќе имате можност да покажете колку сте оригинални. Инвентивноста нема да ве разбуди само кај вас , туку и кај вашите колеги. Ќе размислувате за нов стил на работење. Здравје и совет Бидете подруштвени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Комуникативноста и отвореноста ќе бидат ваши адути за заведување на лица од спротивниот пол. Понекогаш ќе бидете недостижни за другите. Сепак , предадете му се на оној кого го сакате , а најмногу затоа подоцна да не зажалите. Кариера Се повеќе ќе се интересирате за новините во вашата професија . Некои ќе се поврзат со луѓето , кои се на чекор до интересни откритија , со кои може да се сменат работите. Ова ќе биде вашата мотивациска фаза , на која тешко ѓе и одолеете. Ги впивате информациите. Здравје и совет Повеќе време престојувајте на воздух. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Добар развој на љубовните случувања што не сте ги очекувале ,ќе ве охрабри за да организирате на некое интереснио место за себе и за саканата личност. Тоа ќе биде уживање како за вас , така и за другата страна. Оние кои сеуште се сами, ќе сретнат љубов на патување. Кариера Вашите надредени деновиве би можеле да одиграт важна улога во вашето напредување. Веројатно ќе решаваат за нешто што ќе има влијание токму на вас. Можно е да добиете шанса за напредување. Потрудете се и бидете професионални. Здравје и совет Игнорирајте ги ситниците и приговорите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Доколку и натаму сте сами , ќе бидете активни во барање на вашата сродна душа. Нема да вибиде тешко да заминете и на крајот на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои веќе се во врска, ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе станува се појасно дека вие имате способности и стручност што се бара од вас. Многумина ќе покажат кон вас и ќе кажат дека вие сте токму личноста што треба да се ангажира. Но , до тој ангажман нема да дојде лесно , зашто ќе треба да соработувате. Здравје и совет Бидете тактични.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАлександар Вучиќ предложен за претседател на СНССедницата на Главниот одбор на Српската напредна странка се одржа денес во „Белградска арена“.Вучиќ предложен за претседател на СНС – „Ќе има уште многу разочарувања за вас! На почетокот од своето обраќање, претседателот на СНС, Милош Вучевиќ, предложи да се донесе одлука за свикување вонредно собрание на СНС за 13 декември. – На кое ќе го избереме новото партиско раководство и партиските органи, и ќе ја подготвиме партијата за периодот што претстои. Сметам дека е праведно и демократски, во нашата куќа, во нашето семејство, да дадеме отчет за сработеното во претходниот период. И партијата, со нов оптимизам и сила – без оглед на тоа колку може да биде тешко – треба да биде подготвена за идните политички предизвици; СНС треба да ја предводи Србија во политичката борба против теророт – рече тој. Тој го предложи Александар Вучиќ за нов претседател на СНС, што присутните го поздравија со аплауз. – Ние сме бастион на демократијата и на зачувувањето на суверенитетот во Србија. Ви благодарам многу – рече Вучевиќ. Потоа, Вучиќ излезе на бината и рече дека вакви седници се одржувале многу пати и дека честопати тие претставувале подготовка за одредени важни активности. - Досега речиси секогаш сме победувале. Имаше тешки моменти, особено по првиот круг од претседателските избори во 2012 година. Се сеќавам, Јелена Мијатовиќ беше таму, беше 7 мај, кога луѓето беа сигурни дека Тадиќ победува и дека ние немаме никакви шанси. За среќа, се опоравивме, застанавме на нозе и оттогаш само продолживме да победуваме. Покажавме дека, и кога победуваме и кога губиме, се однесуваме достоинствено, одговорно и сериозно; се однесуваме во согласност со интересите на граѓаните на Србија. Никој од нас никогаш не сакал да ја доведе во прашање стабилноста на Србија – рече Вучиќ. Тој изјави дека изборниот пораз е дел од животот и дека е нормално да се губат натпревари.Тагови: Александар Вучиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалКиву : Ќе атакуваме на победа за прекинување на црна серија во дуелите против МиланПредводникот на италијанскиот фудбалски шампион Интер, Кристијан Киву има лоша статистика во градското дерби против Милан, која сака вечењрва да ја прекине на дуелот кој стартува во 20-45 часот. „Нераѕурите“ предводени од Киву имаа забележано два порази на двете градски пресметки против Милан, но негативната серија на Интер во пресметките со големиот ривал трае веќе подолго време. Интер не знае за победа на седум натпревари во низа против „росонерите“, а новинарите го прашаа Киву дали неговиот тим денеска ќе игра и за враќање на честа во градот. – Мораме да бидеме најдоброто издание од самите себе на секој натпревар, а секој знае дека мотивацијата на дербито секогаш е нешто посебно. Исто така, мораме да се запрашаме зошто немаме победа на последните седум дерби-натпревари. Се случуваа изолирани инциденти, моменти кои одеа во нивна полза, како на првиот натпревар минатата година. Мораме да се жртвуваме повеќе од тоа што го правевме лани за да го промениме текот на дерби пресметките во наша полза, – изјави Киву.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветТехеран со предупредување до Европа: „Сега е ваш ред да платите“Официјален Техеран остро реагираше на изјавите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за економските последици од војната, додека Берлин повикува на дипломатско решение на конфликтот.Иранскиот министер за надворешни работи Абас Аракчи предупреди дека нов напад врз Иран би можел да ја чини Европа многу повеќе од 100 милијарди евра, откако германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европската економија и потрошувачите веќе претрпеле многу дополнителни трошоци поради порастот на цените на енергенсите предизвикан од војната. Во објава на платформата „Икс“ (X), Аракчи потсети дека Мерц ги поздравил американско-израелските напади врз Иран минатата година, велејќи дека Израел ја врши „валканата работа за сите нас“. „Сто милијарди евра се ништо во споредба со разорниот удар што моќните вооружени сили на Иран ќе им го зададат на оние што ќе се осмелат да му наштетат на нашиот народ“, напиша Аракчи, додавајќи дека „црвените линии се минато“. Слична порака упати и секретарот на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, Мохсен Резаи, кој ги критикуваше европските влади поради нивната загриженост за економските последици од војната. Мерц вчера, за време на неговата посета на Сеул, изјави дека повисоките цени на енергенсите, поврзани со конфликтот во изминатите осум месеци, ја чинеле Европа повеќе од 100 милијарди евра. Тој рече дека Германија ги интензивира дипломатските напори за ставање крај на војната и оцени дека конфликтот „не може да се реши со воени средства“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook