ХороскопНеделен хороскоп за 26. август до 2. септември 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 26. август до 2. септември 2024 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЕден настап беше доволен за филмовите на Киану Ривс да исчезнат од Кина (ВИДЕО)Киану Ривс е познат како еден од најпопуларните актери во Холивуд со години, но во 2022 година се најде во центарот на контроверзност во Кина. По едно од неговите јавни појавувања, голем број филмови од неговата кариера почнаа да исчезнуваат од главните кинески платформи за стриминг, вклучувајќи ги и насловите од франшизите „Матрикс“ и „Џон Вик“. Поводот беше учеството на Ривс на виртуелниот добротворен концерт на Тибет Хаус САД во март 2022 година, каде што ја рецитираше поемата „Повлечи ја мојата маргаритка“. Организацијата се занимава со зачувување на тибетската култура и е основана во 1987 година на барање на Далај Лама. Учеството на Ривс предизвика критики од кинеските националисти поради политички чувствителното прашање за Тибет, кој Кина го смета за дел од својата територија, пишува списанието Far Out. Неговите филмови почнаа да исчезнуваат од стриминг услугите Реакцијата беше особено впечатлива бидејќи само неколку месеци претходно „The Matrix Resurrections“ пристигна во кинеските кина. По концертот, корисниците забележаа дека филмовите на Ривс повеќе не се достапни на некои од најголемите кинески платформи за стриминг. Ројтерс во тоа време објави дека отстранувањата ги вклучуваат филмовите „Матрикс“ и „Џон Вик“, како и акциониот блокбастер „Брзи и бесни“. „Лос Анџелес Тајмс“ откри дека само „Тенсент Видео“ отстранила најмалку 19 филмови на Ривс. Неговото име повеќе не се појавувало на некои платформи, а филмовите „Бил и Тед“ биле меѓу недостапните наслови. Не беше јасно дали отстранувањата биле директно нарачани од кинеските власти или самите платформи одлучиле да ја повлечат содржината. Приказната е вкоренета во долгогодишната чувствителност на кинеските власти кон јавната поддршка за Тибет и Далај Лама. Бројни западни ѕвезди претходно се соочија со проблеми на кинескиот пазар по слични изјави, а Ривс сега е на списокот на актери чии политички активности имале директно влијание врз достапноста на нивните филмови во земјата.Тагови: Киану Ривс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаСнимен е моментот кога украински дрон се забива во зграда во Русија (ВИДЕО)Едно лице загина, а четворица се повредени во рускиот Пермски регион откако украинскиот напад со дрон оштети станбена зграда, соопштија руските власти.Дмитриј Махонин, гувернерот на рускиот регион, во соопштението што го пренесе РИА Новости изјави дека силите за воздушна одбрана и мобилните противпожарни групи одбиле „масовен напад од непријателски беспилотни летала“. „Нападот оштетил станбена зграда. За жал, едно лице починало. Според прелиминарните информации, уште четири лица се повредени и добиваат сета потребна медицинска помош“, напиша Махонин. Погледнете го видеото: WATCH: Ukrainian drone hit a residential building in Perm, Russia roughly 1,600 km from Ukrainian-held territory, killing one person and injuring four. Russia says it intercepted 306 Ukrainian drones overnight across multiple regions. Ukrainian channels claimed the Lukoil… pic.twitter.com/k2JUkkhpn0 — Clash Report (@clashreport) September 7, 2026 Зеленски: Нападнавме три рафинерии Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека украинските беспилотни летала со долг дострел нападнале три рафинерии за нафта низ Русија. „Нашите војници продолжуваат праведно да одговараат на руските напади врз Украина. Рафинерија за нафта беше погодена во Рјазанскиот регион. Нашите сили со долг дострел нападнаа рафинерии за нафта во Пермскиот регион и Татарстан“, рече Зеленски во објава на социјалните медиуми. Тој додаде дека украинските беспилотни летала, исто така, погодиле место за лансирање и складирање на терористичките беспилотни летала во рускиот Курски регион и „една цел“ во Црното Море, но не даде дополнителни детали. Објавата на Зеленски дојде по извештаите на Телеграм, од кои некои содржеа податоци за геолокација, дека украинските беспилотни летала ја погодиле рафинеријата ЛУКОИЛ-Пермнефтеоргсинтез, една од најголемите руски рафинерии за нафта во Перм, на повеќе од 1.500 километри од Украина. Снимките објавени од украинскиот канал Егзиленова+ на Телеграм наводно прикажуваат украински беспилотни летала со долг дострел како летаат над Перм и чад што се издига од рафинеријата поради експлозиите.Тагови: дрон русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветНАТО со порака по погребот на Младиќ: Нема да дозволиме безбедносен вакуум Пресудата на Хашкиот суд против Ратко Младиќ помогна во зачувувањето на владеењето на правото и казнувањето на одговорните за воени злосторства, изјави денеска функционер на НАТО. Тој додаде дека Алијансата нема да дозволи повторно да се појави безбедносен вакуум во Западен Балкан. „Пресудата на Кривичниот суд на ОН против Ратко Младиќ помогна во одржувањето на владеењето на правото и во изведувањето пред лицето на правдата на одговорните за воени злосторства. Генералот Младиќ беше одговорен за ужасни злосторства против цивили, вклучително и убиствата на илјадници босански мажи и момчиња во Сребреница во 1995 година“, изјави функционер на НАТО. Осудениот воен злосторник Ратко Младиќ беше погребан денес во семејната гробница на гробиштата Топчидер во Белград, со црковни обреди и воени почести. Меѓу илјадниците луѓе на парадата и погребната поворка беа и некои министри на српската влада и функционери на Република Српска. Ставот на НАТО за стабилноста на Западен Балкан Функционерот на НАТО, кој сакаше да остане анонимен, не коментираше директно за погребот на Младиќ, но истакна дека „НАТО помогна да се заврши едно од најтемните поглавја во историјата на Европа и повеќе од дваесет години придонесува за градење трајна безбедност на Западен Балкан“. „Западен Балкан е регион од стратешко значење за нашата Алијанса. Нашата посветеност на регионалната стабилност е цврста и нема да дозволиме повторно да се појави безбедносен вакуум“, рече функционерот.Тагови: Ратко Младиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter