Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
ХороскопНеделен хороскоп за 25.јануари-1. февруари 2021 година Дневен хороскоп за периодот од понеделник, 25. јануари до 1. февруари 2021 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Малку е веројатно дека ќе ги отпуштите кочниците. Опуштањето е она што во овој момент добро би ви дошло , но вие цело време сакате нешто по секоја цена , па дури и на сила Кога малку би се олабавиле , се би изгледало поинаку , а и вам би ви било полесно. Кариера Утврдени се нови правила за работа и сега постапувате по нив. Тоа што е напорно , е напорно и намате каде.Прифатете ги новите предизвици и носете се со нив со помош на подобра организација. Така ќе бидете поефективни. Здравје и совет Добро би ви дошло да повежбате . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Пред вас се убави љубовни денови , во кои ќе има многу шанси за зближување. вашиот социјален живот и натаму ќе биде богат ,а вие среќни и задоволни. Ако сте уште сами, немојте да седите дома. Одете меѓу луѓе , ве очекуваат. Кариера Вашите финансии постепено се стабилизираат . Истовремено ќе се отвори нова мрежа за деловна соработка, а некои од нив навистина ќе ви се допаднат. Поврзете се со можните колеги и соработувајте со секого кој за тоа ќе покаже интерес. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од времето ќе се снаоѓате како што знаете . Еден ден ќе биде одлично , а другиот никако. Најдобро е оној другиот ден да останете дома. Не влегувајте во расправии , зашто лошо ќе завршат. Она убаво време меѓу вас и саканата личност , поминете го во љубов. Кариера Моментално не сте во најдобра форма за работа. Не само што не ви се работи , туку и ситуацијата не дава поттици. Недостатокот на мотивација ќе биде природна последица на ваквата состојба. Главно ќе го одработувате она што ви е обврска без премногу прашања. Здравје и совет Престојувајте во природа за да се освежите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повременета оддалеченост , што ќе ја забележувате во личните односи , понекогаш ќе ве загрижува.Прифатете ја како шанса за да поработите на својата лична анализа. Ова е преодна фаза низ која полесно поминувате со хумор. Кариера Работата ќе ви изгледа се полесна. Сепак , тоа е само вашиот агол на гледање. Сега имате доволно причини безгрижно да работите , но напорот ќе ве стигне. Затоа организирајте се подобро. Понекогаш ќе треба да направите пауза. Здравје и совет Вежбајте техники за релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас е недела исполнета со интензивни излегувања и бројни шанси за љубов. Вашиот социјален живот ќе оживее и ќе стане толку богат , што во прв момент можеби нема да се снајдете. Прифаќајте ги поканите, дотерајте се и излегувајте меѓу луѓе. Кариера Излезете и во пресрет на една личност , која не е сигурна како да ја заврши работата. Бидете отворени , зашто на крајот ќе стане збор за заеднички резултати , што ќе дојдат нешто подоцна. Благодарноста што ќе дојде , ќе ви биде добар мотив за понатамошната работа. Здравје и совет Прифатете ги луѓето околу вас. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите грижи во приватниот живот ќе ги компензирате со добрите аспекти во другите сфери на животот. Многумина ќе бараат излез во својата работа или во друшттво на пријатели и таму ќе останат додека не најдат нешто што ќе ги привлече емоционално. Многу ќе разговарате со сите. Кариера Ќе се замислите над својата иднина , а посебно над своите таленти. Ќе увидите дека тие не се до крај изразени и искористени. Ќе барате начин како да ги вклопите во работата , а некои ќе се впуштат и во дополнителна работа надвор од работното место. Здравје и совет Бидете свесни за себе. Лав 23.7-22.8. Љубов Деновиве ќе мешате два приватни стила- едниот е разновиден , атрактивен и со многу луѓе , а другиот е тивок , повлечен , обичен, секојдневен. Некогаш ќе бидете главна цел на додворување , а другиот ден обична личност што ја забележуваат само пријателите. Ќе се чувствувате добро. Кариера Можете повеќе отколку што мислите. Угледни луѓе ќе ве поддржат , но не стигнуваат потребните заслуги. Поради сето тоа ќе ви биде потребно трпение. И натаму ќе работите без премногу прашања , зашто наскоро ќе го добиете очекуваното. Бидете професионални и сериозни. Здравје и совет Вежбајте ја концентрацијата. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во текот на наредните денови ќе знаете да се опуштите. Ќе почнат да ве интересирата најразлични теми , за кои ќе сакате да комуницирате со личности од спротивниот пол. Саканата личност ќе ја забележи оваа дистанца ,а за да не ве сфати погрешно , повеќе разговарајте со неа. Кариера Соработката меѓу вас и колегите ќе се обнови со помош на нови информации , кои ги очекувавте. Се ќе биде поставено на нови основи , а вие ќе треба да се најдете во нова улога. Ќе ви треба некое време за да се приспособите. Не треба да брзате. Здравје и совет Игнорирајте ги предрасудите и бидете поотворени. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе забележите дека вашите лични односи особено се подобруваат. Секој ден вие ќе станувате поподготвени за да споделувате со другите. Саканата личност повторно ќе биде отворена кон вас. Ќе ве освежи интересен излет или патување. Кариера Информациите што ви беа потребни , пристигнуваат. Поради чекањето доволно се нервиравте , па немојте повторно. Едноставно прифатете ги новите насоки и направете се што можете. Бидете реални во очекувањата.Резултатите ќе дојдат. Здравје и совет Бидете трпеливи и немојте да ги нервирате луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на оваа недела вашите односи ќе напредуваат во позитивна насока , а вие ќе стануваат поотворени и порасположени за љубов. Саканата личност повторно ќе ве опсипува со нежности , а вие еднакво ќе и враќате. Самците ќе имаат се повеќе додворувачи. Кариера Неделава ќе ги добиете потребните информации , па затоа ќе работите со одредено олеснување. Мали напори ќе бидат поврзани со комуникациите , но се полесно ќе излегувате на крај и со овие проблеми. Ќе покажете дека сте дораснати на задачите. На некои ќе им бидете пример. Здравје и совет Најдете си ја вистинската мерка во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Фантазијата и реалноста речиси секојдневно ќе ви се мешаат во љубовниот живот. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност , припишувајќи и особини , кои ги нема во реалноста или ќе барате нешто невозможно. Треба да се симнете на земја. Тоа е здраво. Кариера Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и повремено ќе се однесувате како диктатор , иако не сте такви. Гледате дека вредело што сте се потрудиле и сега мирно може да продолжите. Посебно добро ќе им оди на оние кои во работата ја користат својата интуиција или треба да се борат. Здравје и совет Задржете некои работи за себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве привлекуваат многу скриени работи. Некои ќе се измачуваат со искушение од тајна љубовна врска. Страста нема да ви даде мир и во себе ќе водите силна битка меѓу разумот и чувствата. Би било подобро да тргнете по разумот. Преиспитајте се. Кариера Работата од сенка ќе ви биде најрпријатната опција . Она што го работите, ќе го извршувате мирно без премногу стрес. Ќе уживате да истражувате непознати работи , но и во детали. некои своите амбиции ќе ги сведат на реална мерка и тоа ќе им одговара. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на кошмарните соништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизКрис Џенер ги откри резултатите од затегнувањето на лицето: Го платила 100.000 долариКрис Џенер (70) се појави на свеченото отворање на Музејот за наративна уметност „Лукас“ во Лос Анџелес во саботата, а нејзиниот изглед повторно привлече големо внимание.Мајката на семејството Кардашијан-Џенер на црвениот тепих ги покажа резултатите од затегнувањето на лицето – процедура која, според извештаите на американските медиуми, ја чинела 100.000 долари. Таа пристигна на настанот придружувана од нејзиниот долгогодишен партнер, Кори Гембл (45). Двојката заедно позираше пред фотографите; нивната врска со години го привлекува вниманието на јавноста. За оваа пригода, Џенер избра темно-син сатенски фустан и соодветно палто со светки. Изгледот го надополни со чевли што имаа голема машна на петата и носеше само сребрени обетки. Гембл носеше темно-син костум и светло-сина кошула на риги. Џенер и Гембл првпат беа поврзани во 2014 година, откако се запознаа на забава организирана од модниот дизајнер Рикардо Тиши. Иако не се во брак, тие се заедно повеќе од една деценија, а Гембл често се појавува покрај семејството Кардашијан-Џенер на јавни настани. Крис Џенер за Кори: „Мојот животен партнер“ Иако генерално ја држат својата врска подалеку од очите на јавноста, Крис Џенер неколку пати зборувала за тоа колку ѝ значи Кори Гембл. Во серијата „The Kardashians“, таа го опиша како нејзин „животен партнер“ и рече дека нивната врска ѝ носи голема радост. „Кори е мојот животен партнер и секогаш се забавувам со него“, рече Џенер, додавајќи дека не очекувала повторно да најде таква поврзаност. Таа зборуваше и за разликата во годините меѓу нив, со оглед на тоа што Гембл е 25 години помлад од неа. Џенер призна дека на почетокот тоа ѝ изгледало необично, но на крајот сфатила дека годините не се пречка кога постои вистинска поврзаност. „Не можам да ја објаснам хемијата или зошто луѓето се вљубуваат, но изминатите десетина години беа неверојатни и одлично си поминуваме заедно“, изјави таа. Отворено зборуваше за затегнувањето на лицето Во мај 2025 година, нејзиниот портпарол потврди дека Џенер се подложила на процедура извршена од пластичниот хирург д-р Стивен М. Левин, кого „Page Six“ во тоа време го опиша како „маестро за затегнување на лицето“. Кон крајот на минатата година, во една епизода од серијата „The Kardashians“, Џенер ѝ откри на својата ќерка Ким дека, по бројните козметички зафати, носот е единствениот дел од нејзиното лице што останал природен. „Носот веројатно е единствената вистинска работа на моето лице“, призна таа. Таа исто така зборуваше за зафатот за затегнување на лицето во интервју за „Vogue Arabia“ во август 2025 година. Објасни дека првиот зафат го направила пред околу 15 години и дека одлучила повторно да се подложи на операција бидејќи сакала да го освежи својот изглед. „Одлучив да го направам овој зафат бидејќи сакам да бидам најдобрата верзија од себе, а тоа ме прави среќна“, рече Џенер. Таа додаде дека смета оти стареењето не значи дека човек мора да се откаже од грижата за себе. „Тоа што стареете не значи дека треба да се запуштите. Ако се чувствувате пријатно во сопствената кожа и сакате да стареете природно – односно не сакате никакви естетски корекции – тогаш слободно направете го тоа. Но, за мене, ова е стареење со достоинство. Ова е мојата верзија за тоа“, изјави таа. За време на гостувањето во подкастот на нејзината ќерка Клои Кардашијан претходно оваа година, Џенер ги отфрли шпекулациите дека е незадоволна од резултатите на зафатот, како и гласините дека ефектот од нејзината операција за затегнување на лицето, која чинела 100.000 долари, „почнува да исчезнува“. Извор: Индекс.хрТагови: Крис Џенер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00
АвтомобилизамДастер стана пикап и кампер (ФОТО)Нов Дастер пикап, цена од 37.900 евра со погон на сите тркала (4x4).Француската компанија „Borel“, во соработка со специјализираната работилница за каросерии „Romturingia“, разви пикап-верзија на актуелниот Дастер. Достапни се две варијанти: модел со четири седишта (два реда седишта во кабината) и модел со две седишта и продолжен товарен простор. Верзијата со четири седишта чини 38.900 евра, додека цената на верзијата со две седишта изнесува околу 37.900 евра. Двете верзии се приближно 30 проценти поскапи од стандардниот Дастер со ниво на опременост „Journey“, пренесува „Revija HAK“. За верзијата со две седишта достапен е и модул за кампување што може да се вади. Со подигнат покрив, возилото е високо 2,10 метри; опремата вклучува кревет со димензии 150 x 190 см, фрижидер од 25 литри, шпорет и мијалник со резервоар за вода од 32 литри и бојлер од шест литри. Исто така, вклучува и хемиски тоалет, греење на гас, маса, две столчиња, надворешно осветлување и дополнителен простор за складирање. Верзијата со две седишта е особено привлечна за занаетчии и други деловни корисници. Товарниот простор е долг 1,65 метри, а возилото има максимална носивост од 430 килограми. Под хаубата се наоѓа 1,2-литарски „благ“ хибриден мотор со 150 коњски сили, поврзан со погон на сите тркала. Засега, овој Дастер пикап е достапен само на францускиот пазар. Извор: Б92Тагови: Дастер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаДали имате „iPhone“? Можеби имате и бесплатен пристап до „Apple TV“ – еве како да проверите„Apple TV“ е сервис за стриминг сличен на „Netflix“ или „HBO“, а неодамна стана достапен. Одредени корисници го добиваат бесплатно – прочитајте понатаму за да видите дали спаѓате во оваа категорија.Корисниците кои плаќаат барем за основниот пакет на „iCloud“ добија посебни поволности: бесплатен пристап до сервисот за стриминг „Apple TV“ и до гејминг-сервисот „Apple Arcade“. За појаснување: „iCloud“ е сервис што „Apple “го нуди на сите корисници; во суштина, тоа е простор за складирање податоци во „облак“ (cloud), сличен на „Google Drive“. Повеќето корисници на „iPhone“ се соочуваат со проблем околу просторот за складирање – порано или подоцна, меморијата на телефонот се полни, главно со фотографии и видеа. Поради тоа, многумина одлучуваат да плаќаат за „iCloud“ услугите, со пакети што започнуваат од само 1 евро месечно за 50 GB дополнителен простор. Како да добиете пристап до „Apple TV“? Од минатата недела, доколку плаќате дури и за најмалиот „iCloud“ пакет – или за некој поскап – добивате и бесплатен пристап до сервисот „Apple TV“ за гледање серии и филмови (наслови како „Severance“, „Slow Horses“ и „Silo“ се меѓу најпопуларните продукции на „Apple TV“). Сè што треба да направите е да ја преземете апликацијата „Apple TV“ од „App Store“ (доколку веќе ја немате). Кога ќе се обидете да се најавите, телефонот автоматски ќе ви предложи да го користите сервисот бесплатно, поврзан со вашата „iCloud“ сметка. Ако не плаќате за „iCloud“, а сепак сакате да го користите „Apple TV“, можете да платите месечна претплата, иако таа чини 15 долари месечно. Извор: Б92Тагови: Apple TV Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата, дизелот поскап за 5,5 а бензините за 1,5 денари за литар18:25РКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00