ХороскопНеделен хороскоп за 25. август до 1. септември 2025 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 25. август до 1. септември 2025 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Шоу бизU2 ги изненади граѓаните на Даблин со ненајавен концерт на улица (ВИДЕО)Ирскиот рок бенд U2 се вратија во своите корени во Даблин во петокот на изненаден концерт по повод 50-годишнината, вклучително и во средното училиште каде што се сретнаа членовите на бендот. U2 настапија во училиштето Маунт Темпл пред неколку стотици ученици и наставници. Собир пред кафулето Oriental на Bewley Обожавателите потоа се собраа во центарот на Даблин по гласините за изненаден концерт во кафулето Oriental на Bewley, кое се наоѓа на една од високите улици во градот, каде што се собраа повеќе од илјада и заедно ја пееја „Happy Birthday U2“. Толпата реагираше воодушевено кога бендот се појави на балконот на познатото кафуле и свиреше цел час. Концертот го отворија со хитот „Ќе следам“ од 1980-тите, а изведоа и класици како „Со или без тебе“ и „Надвор од контрола“. Најава за нов албум и дует со Доли Партон U2 го изведоа и својот нов сингл „Silencio“ од албумот „Carnaval de Luz“, кој беше најавен во пресрет на 50-годишнината на бендот. Албумот треба да излезе на 13 ноември, а ќе има дует меѓу фронтменот на U2 Боно и кантри ѕвездата Доли Партон, која почина минатиот месец во САД. „Беше неверојатно да се биде таму“, рече Катрин Шанц, 50-годишна обожавателка која отпатува од Германија во ирската престолнина на 50-годишнината на бендот. U2 ја одржаа својата прва проба на 25 септември 1976 година и го објавија својот деби албум четири години подоцна, станувајќи еден од водечките рок бендови во 1980-тите и 1990-тите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59Мицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
СветТрамп укина 810 милиони долари што ги одобри Конгресот Американскиот претседател Доналд Трамп откажа 810 милиони долари од трошоците одобрени од Конгресот, објави денес Белата куќа.Администрацијата намали 567 милиони долари за услуги за бегалци, баратели на азил и други мигранти преку Министерството за здравство и човечки услуги, како и 50 милиони долари за програми за помош на имигранти и странци, 70 милиони долари за меѓународни образовни програми и 56 милиони долари за програми за домување и урбан развој, објави CBS. Белата куќа соопшти дека Трамп сака да ги искористи сите достапни механизми за да го намали она што го нарече „расипничко и штетно трошење на владата“. Овој потег е спроведен преку таканареченото „откажување од џеб“, во кое претседателот го известува Конгресот кон крајот на фискалната година дека нема да ги користи средствата што ги одобрил. Фискалната година завршува во среда. Републиканската сенаторка Сузан Колинс изјави дека пратениците биле информирани за одлуката без претходна консултација и оцениле дека станува збор за нелегално откажување на средствата одобрени со закон. Таа, исто така, истакна дека Канцеларијата за одговорност на владата претходно ја означила таквата практика како нелегална. Администрацијата на Трамп ја користеше истата постапка минатата година за да откаже 4,9 милијарди долари странска помош. Врховниот суд ѝ дозволи на администрацијата да ги откаже средствата, но не донесе конечна одлука за суштината на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИнспекторка за храна е фатена со мито од 250 евра- обвинителството бара притвор Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна.Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп според член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничената 42-годишна вработена во Агенцијата за храна и ветеринарство, како службено лице – инспектор за храна, во периодот од 17 до 25 септември, побарала и примила поткуп во износ од 250 евра од управител на правно лице за да изготви записник со кој ќе констатира дека извршила инспекциски надзор и дека нема неправилности во работата на објектот, односно дека тој ги почитува сите потребни процедури за работа. Поради ризикот од бегство, опасноста осомничената да влијае врз оштетениот и неговиот исказ, како и можноста од позиција на службено лице- инспектор да го повтори дејствието кое не смеела да го изврши, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, соопштуваат од Обвинителството.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook