2Од вирусот Западен Нил во Европа починале 130 лица- заразата се шири на север, состојбата е сериозна
Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
1Британците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата
ХороскопНеделен хороскоп за 24 јуни до 1. јули 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 24. јуни до 1. јули 2024 година. Рак 22.6. -22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатност убаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете консвојот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
БизарноВо мртовечница заборавиле покојник и веќе 14 години е во ладилник- случајно е откриена морничавата вистинаМишел Менар се сметал за осаменик во селото на југот на Франција каде што живеел. Официјално бил невработен и поголемиот дел од времето го поминувал во трошна вила опкружена со лозја. Неговата соседка го видела само кога поминувала покрај имотот. Потоа го забележала како неподвижно гледа низ прозорецот. Никој не ги известил властите Неговата смрт во 2012 година била подеднакво необична. Тогаш 58-годишен Французин бил пронајден во тоалетот на неговата вила, а неговото тело веќе било делумно распаднато. Се верувало дека бил мртов со недели, без никој да забележи. После тоа, ништо повеќе не се слушнало од него - до сега, објавува HLN. Имено, неговите останки биле пронајдени за време на инспекција на мртовечницата на Универзитетскиот медицински центар во Тулуз. Се покажало дека телото лежело во ладилник 14 години! Во тој период, ниту еден член на семејството не се јавил да го згрижи покојникот. Во мртовечницата, се чини, со години никој не ги известил властите за присуството на телото на Мишел Менар. Градоначалничката на градот каде што живеел, Вирџини Биспели-Беири, за француските медиуми изјави дека болницата ја контактирала уште во 2012 година. Во тоа време, прашале дали општината можеби знае за некој од неговите роднини кои би можеле да организираат погреб. „Мислевме дека има семејство и им ги пренесовме тие информации. После тоа, не слушнавме ништо повеќе. Затоа претпоставивме дека останките се предадени на семејството“, рече таа. „Бев без зборови од шок“ Сепак, тоа не се случи. Никој не се погрижи за телото на човекот, кое лежеше во мртовечницата. Случајот беше откриен претходно оваа година, кога француското судство започна истрага за сомнителни неправилности во работата на мртовечницата. Таму, наводно, во вреќа за ѓубре биле пронајдени останки од два фетуса и две бебиња. Истражителите отишле во објектот за да проверат што се случува таму. Тогаш го пронашле телото на Мишел Менар, кого француските медиуми го нарекоа „заборавениот починат“. Пред две недели, градоначалничката добила телефонски повик од полицијата и дознала дека неговото тело е пронајдено во ладилник. „Бев без зборови од шок. Некаде имало сериозна грешка, но каде? Кој ја направил грешката?“, рекла таа. Француското судство го истражува бизарниот случај. Универзитетскиот медицински центар во Тулуз, во кој се наоѓа мртовечницата, вели дека ќе ги почека резултатите од истрагата и дотогаш нема да коментира за случајот.Тагови: мртовечница покојник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИзраелскиот министер за одбрана е под истрага во Италија- осомничен е за измачување Италијанските обвинители објавија дека покренуваат истрага против израелскиот министер за одбрана Израел Кац и голем број високи воени, полициски и затворски службеници. Истрагата се однесува на третманот на активистите од флотилата во Газа. Ова ја прошири истрагата, која досега беше фокусирана само на Итамар Бен-Гвир, израелскиот министер за национална безбедност, објави Ројтерс. Канцеларијата на римскиот обвинител објави дека случајот се заснова на сомневања за тортура, киднапирање, нанесување телесни повреди, грабеж и штета. Горенаведените дела наводно се извршени во текот на 2025 и 2026 година, кога израелските сили пресретнале конвои со бродови на пат кон Газа. Assalto alla Flotilla, indagato a Roma anche il ministro della difesa Katz. Il pm di Roma: 'Sugli attivisti della Flotilla trattamenti degradanti. Mancato rispetto diritti basilari. I ministri Israele indagati per tortura e sequestro' #ANSA https://t.co/LEUdEr1YZE — Agenzia ANSA (@Agenzia_Ansa) October 16, 2026 Постапката е покрената врз основа на жалбите на 50 италијански граѓани. Тие беа приведени откако учествуваа во две мисии на Глобалната флотила Сумуд, едната помеѓу септември и октомври 2025 година, а другата помеѓу април и мај 2026 година. Кац сè уште не одговорил на барањето за коментар. Уште во јуни, Бен-Гвир ја отфрли веста за истрагата и рече дека „ќе продолжи гордо да стои со нашите борци“. Детали за жалбите против израелските сили Според обвинителството, активистите приведени по првата мисија пријавиле тепања, повреди, закани со смрт, навреди и обвинувања за тероризам. Учесниците во втората мисија, како што е наведено во соопштението за медиумите, пријавиле уште построг третман, што вклучувало тепања во темница и употреба на зашеметувачки пиштоли и гумени куршуми. Истражителите идентификувале повеќе лица од воениот и полицискиот команден ланец кои биле вклучени во тие операции. Покрај Кац и Бен-Гвир, обвинителството именувало уште 12 високи израелски функционери од воениот, полицискиот и затворскиот систем како осомничени. Началникот на Генералштабот Ејал Замир е меѓу нив. Flotilla, i pm di Roma: «Sugli attivisti trattamenti degradanti, tortura e sequestro di persona». Indagato anche il ministro della Difesa israeliano https://t.co/qFnQgRLGjC — Corriere della Sera (@Corriere) October 16, 2026 Меѓународна правна соработка Обвинителите потврдија дека во јуни испратиле барање до Израел за правна помош. Тие побарале информации потребни за реконструкција на настаните и утврдување на индивидуалната одговорност. Не е наведено дали израелските власти одговориле на барањето. Исто така, беше потврдено дека се водени разговори со Евроџаст, агенцијата на ЕУ за судска соработка. Причината е што слични истраги за истите две мисии се спроведуваат во други, неименувани европски земји. Италијанскиот закон дозволува злосторствата извршени во странство против италијански граѓани да бидат судени во Рим. Статусот на осомничен во Италија не значи признавање на вината, ниту автоматски води до судење. Меѓутоа, ако истрагата покаже дека обвинувањата се основани, обвинителите можат да поднесат формално барање за покренување судска постапка. Организаторите на флотилата нагласуваат дека целта на мисијата била да се пробие израелската блокада на Газа и да се достави хуманитарна помош. Израел, од друга страна, ја смета својата поморска блокада на Газа за легална.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотБританците забрануваат три вида екстремна порнографија: Опасната содржина ги загрозува жените и девојчињата Велика Британија ќе забрани порнографска содржина што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство .Велика Британија ќе забрани порнографија што прикажува давење или задушување, сексуални односи меѓу луѓе кои се во сродство или се преправаат дека се во сродство и возрасни кои лажно се претставуваат како деца под 16 години од 6 ноември, објави владата. Мерките беа објавени по меѓупартискиот притисок поради загриженоста за негативното влијание на таквата содржина врз жените и девојчињата, објави Скај њуз. „Владата има обврска“ Британските пратеници рекоа дека новите правила би можеле да доведат до тоа земјата да воведе некои од најстрогите прописи за интернет порнографија во светот. Министерката за правда на Велика Британија, Алекс Дејвис-Џонс, изјави дека владата има обврска да го преполови насилството врз жените и девојчињата во следните 10 години, нагласувајќи дека штетната порнографија сè уште е лесна за пристап преку интернет. Таа нагласи дека целта не е да се криминализира безопасно сексуално однесување, туку да се спречи ширењето на содржина што може да влијае на перцепциите за здрави врски, особено кај младите луѓе. „Може да ја замагли линијата...“ „Содржината што го нормализира или дури и го величи насилството врз жените е опасна и може да ја замагли линијата помеѓу она што е прифатливо во реалниот живот“, рече Дејвис-Џонс. Според студија од 2024 година на Институтот за давење, повеќе од една третина од возрасните на возраст од 16 до 34 години изјавиле дека доживеале давење или задушување барем еднаш за време на консензуален сексуален однос. Анкета спроведена од истата организација покажа дека 43 проценти од сексуално активните млади на возраст од 16 до 17 години изјавиле дека биле изложени на такво искуство.Тагови: порнографија девојчињата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11