Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
2Мајка, татко и син со измама краделе луксузни автомобили- пронајдени се возила вредни три милиони долари
ХороскопНеделен хороскоп за 24.април-1.мај 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 24. април до 1.мај 2023 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Кариера Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно. Здравје и совет Игнорирајте ги критичарите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Кариера Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Здравје и совет Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Здравје и совет Уживајте во животот. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена. Кариера Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале. Здравје и совет Не се заморувајте со ситници. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор. Кариера Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно. Здравје и совет Размислувајте долгорочно. Вага 24.9.-23.10. Љубов Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд . Кариера Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Здравје и совет Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине. Кариера Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе. Здравје и совет Не правете ништо со сила. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Кариера Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите. Здравје и совет Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за друѓтво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов. Кариера Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се. Здравје и совет Не се сомневајте во сопствените способности. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Кариера Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Здравје и совет Ќе размислувате за смислата на животот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Кариера Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро. Здравје и совет Бидете посмирени во однесувањето. Овен 21.3-20.4. Љубов Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите. Кариера На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Здравје и совет Ќе имате доволно сила и издржливост.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФентанил не веќе единствен проблем- на улиците на САД се појави нова опасна дрога Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции .Нов бран на синтетички дроги ја продлабочува кризата со зависност во Соединетите Американски Држави, каде што на пазарот се појавуваат сè поопасни мешавини од психоактивни супстанции кои го зголемуваат ризикот од фатални предозирања, објавува Би-Би-Си. Иако бројот на смртни случаи од предозирање во САД се намали од врвот од околу 110.000 во 2022 година на околу 70.000 минатата година, експертите предупредуваат дека кризата не е завршена, туку се менува поради зголемената преваленца на синтетички опиоиди и други хемиски супстанции. Тие не знаат кои супстанции ги земаат Фентанилот, синтетички опиоид кој е помеѓу 50 и 100 пати посилен од хероинот, често се меша со други супстанции, вклучувајќи синтетички седативи како што се ксилазин и медетомидин. Ваквите комбинации го отежнуваат уште повеќе лекувањето на предозирањата, бидејќи налоксонот, лек што се користи за враќање на ефектите на опиоидите, не делува на овие седативи. Според Би-Би-Си, последиците се особено видливи во градови како што се Колумбус, Охајо, и Чикаго, Илиноис, каде што корисниците на дрога честопати не знаат кои супстанции всушност ги земаат. Скот Сандерс, кој раководи со организација за поддршка на луѓе кои се опоравуваат од зависност во Колумбус, рече дека проблемот се проширил и на корисниците на стимуланси, вклучувајќи крек кокаин, кој може да се меша со фентанил без нивно знаење. Тој рече дека во округот Франклин, каде што се наоѓа Колумбус, 78 проценти од смртните случаи од предозирање во изминатите 12 месеци биле поврзани со стимуланси. Дополнителен предизвик за безбедносните служби Експертите, исто така, предупредуваат за појава на рани и сериозни оштетувања на кожата поврзани со употребата на ксилазин, додека комбинирањето на повеќе синтетички супстанции ја зголемува непредвидливоста на нивните ефекти. Новите начини за шверцување дрога претставуваат дополнителен предизвик за безбедносните служби. Затворот во округот Кук во Чикаго, еден од најголемите во Соединетите Американски Држави, забележа скок на смртните случаи во 2023 година поврзани со синтетички дроги доставени до затворениците вградени во страниците на книгите и писмата. Шерифот на округот Кук, Том Дарт, изјави дека затворските службеници морале да ги променат безбедносните процедури, а сега и да ја проверуваат поштата за влага за да откријат хартија натопена во недозволени супстанции. Дарт верува дека проблемот не може да се реши само со полициски мерки и пресретнување на поштата, туку дека е потребна многу поголема инвестиција во програми за лекување на зависност и закрепнување. Според него, ширењето на синтетичките дроги го отежнува уште повеќе справувањето со шверцот, бидејќи некои супстанции можат да се произведуваат во импровизирани лаборатории, без потреба од традиционални синџири на снабдување. Снабдувањето со дрога постојано се менува Претседателот на САД, Доналд Трамп, ги прогласи нарко-картелите за „терористи“ и ја означи дрогата фентанил, моќен синтетички опиоид, како „оружје за масовно уништување“. Сепак, снабдувањето со дрога се менува и постојано се дизајнираат нови смртоносни синтетички лекови, вклучувајќи моќен седатив за животни познат на улица како „транк“. Би-Би-Си известува дека кризата со дрогата во САД се променила во текот на децениите, од хероин и опиоиди на рецепт до фентанил и нови синтетички соединенија, додека експертите предупредуваат дека непредвидливиот состав на уличните дроги претставува зголемен ризик за корисниците. Покрај борбата против шверцот, организациите што работат со зависници ја нагласуваат важноста на достапниот третман, програмите за превенција и тестирањето за дрога, со цел да се намали бројот на предозирања и да се спасат животи.Тагови: дрога фентанил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
СветГолем глад во Авганистан- погодени се 20 милиони луѓе Се очекува речиси 19,2 милиони луѓе во Авганистан да се соочат со акутна несигурност во исхраната оваа зима поради недостаток на средства, предупреди Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања (OCHA).Помеѓу септември и октомври, 15,9 милиони луѓе, или речиси еден од тројца Авганистанци, се соочуваат со акутна несигурност во исхраната на кризно ниво или полошо, изјави Олга Черевко, портпаролка на OCHA во Авганистан, за новинарите во Женева. Оваа зима, рече таа, пет милиони луѓе би можеле да се соочат со вонредни нивоа на глад. „Се очекува повеќе од четири милиони деца на возраст од шест месеци до пет години да имаат потреба од третман за акутна неухранетост следната година, вклучувајќи речиси 1,1 милион деца со акутна неухранетост“, рече таа. 20 милиони луѓе се изложени на ризик Околу една третина од центрите за исхрана се затворени или прекинати со работа, делумно поради намалување на средствата. „Кога овие услуги ќе исчезнат, последиците можат да бидат неповратни, особено за децата“, предупреди Черевко. И покрај подобрите врнежи од дожд и зголеменото земјоделско производство, милиони луѓе сè уште не можат да си дозволат храна, а годините конфликт, суша и економски тешкотии ја ослабнаа способноста на семејствата да се справат со кризата, рече таа. „Но, една добра жетва по неколку години суша не може да ја поправи штетата“, додаде таа. Черевко, исто така, предупреди дека ограничувањата наметнати врз жените и девојчињата ја влошуваат кризата, повикувајќи се на проценките на УНИЦЕФ дека Авганистан би можел да изгуби до 20.000 наставнички и 5.400 здравствени работници до 2030 година ако продолжат сегашните ограничувања. Таа повика на итна хуманитарна помош пред зимата, со континуирани инвестиции во земјоделството, вработувањето, здравствената заштита и економските можности за жените.Тагови: Авганистан глад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook