1Турција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори
3Огромна ајкула им се приближува на сурфери во Калифорнија- драматичната сцена е снимена со дрон (ВИДЕО)
ХороскопНеделен хороскоп за 23. февруари до 1. март 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 23. февруари до 1. март 2026 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Кариера Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро. Здравје и совет Бидете посмирени во однесувањето. Овен 21.3-20.4. Љубов Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите. Кариера На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Здравје и совет Ќе имате доволно сила и издржливост. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Кариера Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно. Здравје и совет Игнорирајте ги критичарите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Кариера Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Здравје и совет Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Здравје и совет Уживајте во животот. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена. Кариера Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале. Здравје и совет Не се заморувајте со ситници. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор. Кариера Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно. Здравје и совет Размислувајте долгорочно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд . Кариера Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Здравје и совет Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине. Кариера Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе. Здравје и совет Не правете ништо со сила. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Кариера Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите. Здравје и совет Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов вашата потреба за друѓтво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов. Кариера Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се. Здравје и совет Не се сомневајте во сопствените способности. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Кариера Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Здравје и совет Ќе размислувате за смислата на животот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноИм сервирале кучешко месо од украдени миленици на гостите- уапсени се четворица газди на виетнамски ресторани Четворица сопственици на ресторани кад есе служи кучешко месо уапсени се под сомнение дека купиле повеќе од 10 тони месо од банда што краде кучиња во Виетнам!Апсењата доаѓаат во време кога полицијата на градот Хо Ши Мин ја засилува борбата против кражбите на домашни миленици и оние што профитираат од продажба на украдени животни. Полицијата на градот Хо Ши Мин соопшти дека истражува банда за кражба на кучиња и мачки, наводно предводена од Нгуен Ба Лонг (29) од градот Донг Наи и неговиот партнер Нгуен Лонг Јен Ван (40), заедно со уште девет соучесници. Бандата наводно организирала кражба на домашни миленици за профит, ангажирајќи ги своите членови да користат автомобили за кражба на кучиња и мачки во градовите Нгија Тан, Ким Лонг, Нгаи Џао и околните области. Додека истражителите го следеле движењето на украдените животни низ синџирот на снабдување, тие идентификувале четири сопственици на ресторани за кучешко месо кои редовно купувале големи количини месо од лице по име Ван. Во овој случај, четири сопственици на ресторани што служат кучешко месо се обвинети и се задржани во притвор до судењето: Луонг Ти Тао (32), од Хаи Фонг; Дин Ван Тин (30), од Хунг Јен; Данг Ти То (38), од Нин Бин; и Нгуен Ти Нгок (41), од Ханој. Four dog meat eatery owners have been arrested for allegedly buying more than 10 tonnes of meat from a dog theft ring in Vietnam, as Ho Chi Minh City police step up their crackdown on pet theft networks and those who profit from stolen animals. Details: https://t.co/yfJcuea9A9 https://t.co/EkUocj4w3f — Tuoi Tre News (@VietNewsGateway) October 28, 2026 Полицијата соопшти дека четворицата продолжиле да го купуваат месото и покрај тоа што знаеле дека нема фактури, доказ за потекло или печати од ветеринарна инспекција. Месото, исто така, имало сомнителни траги што укажуваат на можна изложеност на електрични шокови и било продавано по цени пониски од пазарните. Записите за трансакциите покажале дека четворицата купувачи префрлиле повеќе од 860 милиони виетнамски донги (33.300 американски долари) на лице по име Ван за околу 10 тони кучешко месо. Според истражителите, за време на испрашувањето, сите четворица признале дека знаеле дека месото доаѓа од украдени кучиња, но сепак продолжиле да го купуваат за да го препродаваат и да остварат профит. Меѓу нив била и жена по име То, која водела ресторан за кучешко месо наречен Луат То во покраината Нин Бин. Таа признала дека потрошила 153 милиони виетнамски донги (5.900 американски долари) за месо за кое знаела дека е украдено. Таа призна дека нејзините купувања помогнале во одржувањето на криминална мрежа за кражба на кучиња и изрази жалење, повикувајќи ги другите да не тргуваат со кучешко месо од непознато потекло. Полицијата на градот Хо Ши Мин ја проширува акцијата Апсењата доаѓаат во време на поширока кампања на полицијата на градот Хо Ши Мин за справување со организираните мрежи за кражба на домашни миленици и бизнисите што купуваат украдени животни. Според податоците објавени на 20 октомври, полицијата од почетокот на 2026 година обработила 26 случаи на кражба на домашни миленици во кои учествувале 54 осомничени лица, вклучувајќи кражба на кучиња, мачки, украсни птици и желки. Од нив, 13 случаи во кои учествувале 33 осомничени резултирале со кривични постапки за кражба, објавија виетнамските медиуми. Властите сè повеќе ги гонат не само оние што директно крадат домашни миленици, туку и организаторите, собирачите и купувачите кои помагаат во одржувањето на нелегалната трговија. Истрагите открија софистицирани мрежи што работат преку покраинските граници, при што осомничените користат рачно изработени уреди за електрошок, возила со лажни регистарски таблички и одредени оперативни области за кражба на животни. Полицијата во градот Хо Ши Мин соопшти дека ќе продолжи да ги засилува патролите, да истражува пријави за кражби и да ги гони мрежите што стојат зад украдените домашни миленици, вклучувајќи ги и оние што ги собираат и продаваат животните. Властите нагласија дека иако домашните миленици може да имаат релативно скромна парична вредност, нивното емоционално значење за сопствениците честопати далеку ја надминува нивната пазарна цена.Тагови: домашни миленици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПризнание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
СудбинаМултимилионер и неговите ќерки застрелани, сопругата нападната со чекан- маскирани напаѓачи им влегле домаКанадски извршен директор за недвижности и неговите две ќерки беа застрелани и ранети, додека неговата сопруга беше удрена со чекан за време на вооружен грабеж на нивниот мултимилионски дом во луксузен кварт во Торонто.Дејвид Мортон, извршен директор на MAC Group, и неговото семејство беа нападнати кога тројца маскирани мажи влегоа во нивната затворена заедница во Бридл Пат околу 3:45 часот наутро, објави „Торонто Сан“. Осомничените, кои беа вооружени со пиштоли и чекан, влегоа во куќата со пет спални соби низ задна врата, изјави за новинарите инспекторот на полицијата во Торонто, Кристи Смит. Мортон, 75, и неговите ќерки Меги Зохил-Мортон и Кристина Зохил-Мортон беа соочени со неидентификувани натрапници кои носеа скијачки маски и дуксери, објави „Њујорк пост“. „За време на нападот, се случи физичка пресметка, за време на која осомничените испукаа повеќе истрели, а една жртва беше погодена со чекан“, рече Смит. Извори за медиумот изјавија дека тројца членови на семејството „се обидоа да се одбранат“ од напаѓачите кога беа застрелани. Мортон и една од неговите ќерки биле застрелани во ногата, додека другата ќерка претрпела прострелна рана под раката, објави медиумот. Сопругата на Мортон, Доријана Зохил-Мортон, која е и претседател на MAC Group, била нападната од еден од осомничените кој имал чекан. Двајца членови на семејството претрпеле „повреди што им го промениле животот“ и се уште се хоспитализирани, додека двајца други претрпеле повреди кои не се опасни по живот, рече Смит. Toronto CEO David Morton and his two adult daughters were shot inside their Bridle Path home, and his wife was hit with a hammer. Three masked men forced their way in at 3:43 AM and are still out there. https://t.co/l5HNUBu5hN — keep6ixsolid (@keep6ixsolid) October 29, 2026 Членовите на семејството не се идентификувани врз основа на нивните повреди. Опис на осомничените не е објавен, но официјалните лица изјавија дека избегале од местото на настанот со теренско возило. Сè уште не е познато дали е украдено нешто од домот за време на провалата. Мотивот за нападот не е објавен, но се верува дека крадците имале намера да го ограбат луксузниот имот на мултимилионерот. „Имаше насилен напад. Од жителите беше побарано да ги предадат вредните предмети што биле во домот. Во моментов не е познато дали успеале да земат нешто“, рече Смит. „Мотивот за овој тип напад би можел да биде фактот дека ова е богата област каде што луѓето поседуваат работи што се барани“, додаде таа. Куќата со пет спални соби и седум бањи е проценета на 2,1 милион долари. Има тениско игралиште, базен и приватни градини кои, според огласот, „придонесуваат за луксузен животен стил“. Блиската куќа на парцела од 1.000 квадратни метри исто така неодамна беше објавена за 8,45 милиони долари. Градоначалничката на Торонто, Оливија Чау, апелираше за информации за нападот и најави зголемено полициско присуство во областа. „Длабоко сум тажна поради насилниот упад во домот што се случи рано утрово во населбата Бридл Пат. Моите мисли се со семејството и нивните најблиски, кои минуваат низ нешто низ што ниедно семејство не треба да помине. Се молам за нивно целосно закрепнување“, напиша Чау на социјалните медиуми. MAC Group е семејна компанија со седиште во Торонто, со филијали специјализирани за недвижности, угостителство и корпоративно сместување. Мортон ги надгледува сите сектори на компанијата, а според нејзината веб-страница, таа има 30 години искуство во угостителството и индустријата за недвижности. Нивната ќерка, Кристина, е наведена како основач на „Зохил-Мортон Ло“, адвокатска фирма која нуди услуги од областа на канадското имиграциско право. Меги Зохил-Мортон е исто така вработена во MAC Group, каде што работи во различни сектори.Тагови: милионер напаѓачи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканТурција сериозно ги зголеми капацитетите- дури 62 проценти од струјата се добива од обновливи извори Климатските промени, предизвикани од високите емисии на CO2, брзо и сè повеќе го влечат светот во хаос, и тоа не само во однос на климата. Еден начин да се ублажат и забават овие промени е да се намалат емисиите на CO2 и, што е можно поскоро, да се достигнат нула емисии. Турција вложува сериозни напори во оваа област со зголемување на обновливите извори за производство на електрична енергија. Во пресрет на COP31, 31-та Конференција на Обединетите нации за климатски промени, која ќе се одржи во Анталија, Турција од 9 до 20 ноември, земјата работи на зголемување на производството на електрична енергија од обновливи извори, како и на развој на складирање на енергија и воспоставување домашен систем за тргување со емисии на јаглерод. Сето ова додека турската индустрија се подготвува за нови и построги климатски прописи. Како што објаснија вкупниот инсталиран капацитет (вкупната моќност на сите електрани што се изградени и поврзани со електроенергетскиот систем) за производство на електрична енергија во Турција достигна 127.355 мегавати (MW) на крајот на септември, од кои капацитетот на обновлива енергија беше 80.315 MW, или околу 62 проценти од вкупниот капацитет. Домашните извори на енергија учествуваа со 72,1 процент од инсталираниот капацитет. Инсталираниот капацитет на сончевите електрани и ветерните фарми достигна 43.762 MW, или 34,4 проценти од вкупниот капацитет за производство на електрична енергија во земјата. Турција генерираше 31,79 милијарди киловат-часови (kWh) електрична енергија во септември. Хидроенергијата беше најголемиот поединечен извор, со 8,27 милијарди kWh, или 26 проценти од вкупното производство. Сончевите електрани генерираа 4,32 милијарди kWh, што претставува 13,6 проценти од вкупното производство, додека ветерните фарми генерираа 3,84 милијарди kWh, или 12,1 процент. Заедно, сончевата и ветерната енергија генерираа 8,16 милијарди kWh електрична енергија во текот на месецот. Вкупното производство од обновливи извори достигна 18,10 милијарди kWh, или 56,9 проценти од вкупното производство. Домашното производство на електрична енергија изнесуваше 22,35 милијарди kWh, или 70,3 проценти од вкупното производство на електрична енергија. На крајот на септември, хидроенергијата сочинуваше 32.332 MW инсталиран капацитет, сончевата енергија 28.222 MW, природниот гас 25.009 MW, ветерот 15.540 MW, домашниот јаглен 11.565 MW, увезениот јаглен 10.466 MW, биомасата 2.423 MW и геотермалната енергија 1.798 MW. Но, постојат и проблеми со овој вид производство на електрична енергија. Кај хидроелектраните е дожд, кај сончевите електрани е недостаток на сончеви денови, кај ветерните турбини е недостаток на ветер... Сепак, според нашите домаќини, овие проблеми можат успешно да се решат со изградба на доволно електрани од сите видови за производство на електрична енергија од обновливи извори. И со таквата енергија сигурно може да се тргува... Вкупниот инсталиран капацитет за производство на електрична енергија во земјата на 10 октомври изнесувал околу 127,3 гигавати, при што обновливите извори, според овие податоци, сочинуваат околу 62 проценти од вкупниот капацитет. Таха Мели Арвас, извршен директор на EPİAŞ, рече дека следниот голем чекор е подобрување на можноста за складирање на електрична енергија произведена од обновливи извори. EPİAŞ, исто така, управува со системот YEK-G, кој издава, тргува и поништува сертификати за гаранција за потекло поврзани со производството на електрична енергија од обновливи извори. Овие сертификати им овозможуваат на компаниите да документираат дека купуваат електрична енергија од обновливи извори. Ова најдобро се објаснува со следниве зборови: Замислете дека соларна електрана во Турција произведува повеќе електрична енергија напладне отколку што нејзиниот сопственик може да потроши. Таа може да ја продаде оваа електрична енергија на пазарот, на пример на фабрика или добавувач кој потоа ја продава на своите клиенти. Цената, се разбира, зависи од понудата и побарувачката. Кога многу соларни електрани произведуваат електрична енергија во исто време, цената може значително да падне, па дури и да стане негативна. Навечер, кога сончевите електрани престануваат да произведуваат, побарувачката може да биде поголема од понудата и цената може да се зголеми. Затоа Турција работи на складирање на енергија во батерии - електричната енергија се купува или складира кога е евтина, а се користи или продава кога е поскапа, со трошоци за складирање и загуби. Тука влегуваат во игра сертификатите што потврдуваат дека електричната енергија доаѓа од обновливи извори. Ова е дел што EPİAŞ го разви специјално преку турскиот YEK-G систем. Имено, за секои 1 MWh електрична енергија произведена од регистриран обновлив извор, се издава електронски сертификат што го докажува неговото потекло. Сертификатите може да се купуваат и продаваат независно од самата електрична енергија. Секако, се поставува логичното прашање зошто фабриката би платила за тој сертификат? Па, затоа што клиентите, инвеститорите и регулаторите сè повеќе бараат доказ за „јаглеродниот отпечаток на производството“ (вкупната количина на стакленички гасови произведени за време на производството на производ или услуга). Компанијата што купува сертификати може да ја документира употребата на електрична енергија од обновливи извори и да ја вклучи во својот извештај за одржливост. Таквата компанија може да постигне разни придобивки, од предности при склучување идни договори (бидејќи покажува колку е „еколошки свесна“), до подобра конкурентност на извозните пазари, до разни други комерцијални и финансиски предности. Докажливата употреба на обновлива енергија може да помогне и во привлекувањето инвеститори, добивањето зелено финансирање или исполнувањето на барањата на одредени програми. Турција, исто така, најави воспоставување на национален систем за тргување со емисии, кој ќе им овозможи на компаниите опфатени со системот да тргуваат со единици за емисии поврзани со емисиите на стакленички гасови. Системот ќе биде во пилот-фаза во текот на 2026 и 2027 година. Според сегашните правила, 2026 година е година на следење, во која компаниите ќе мора да ги пријават своите емисии, но нема да бидат обврзани да ги предадат единиците за емисии. Механизмот за одредување цени на емисиите ќе започне да се спроведува во 2027 година. Мустафа Ајдин, заменик-генерален директор на EPİAŞ за пазари на животната средина и минерали, изјави дека индустриите што учествуваат во системот би можеле да ги користат приходите генерирани од неговата имплементација за финансирање на инвестиции во енергетската транзиција. Турција го развива системот за тргување со емисии во време кога нејзините извозници се подготвуваат за Механизмот за прекугранично прилагодување на јаглеродот (CBAM) на Европската унија. Овие правила се особено важни за Турција, чии производители извезуваат во голема мера на европските пазари. Компаниите што не се во можност да обезбедат сигурни податоци за емисиите или да докажат колку јаглерод е содржан во нивните производи би можеле да се соочат со повисоки трошоци за усогласување.Тагови: турција обновливи извори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook