ХороскопНеделен хороскоп за 22.-29. март 2021 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 22. -29. март 2021 година . Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео: Сабаленка го воодушеви полниот „Сан Сиро“Втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, беше меѓу присутните на синоќешниот натпревар од Серија А меѓу Милан и Лече (3–0). Џери Кардинале, првиот човек на „росонерите“, беше домаќин на белоруската тенисерка. Клубот од Милано ѝ подари дрес со нејзиното име и бројот 1. Таа исто така имаше можност да се запознае со тренерот на Милан, Рубен Аморим. Како една од најголемите ѕвезди во светскиот тенис, оваа посебна гостинка на „Сан Сиро“ привлече големо внимание на трибините. Медиумите пренесуваат дека Арина носела луксузен ѓердан од американскиот бренд „Material Good“, чиј официјален амбасадор е таа. Ако се земат предвид и алките и часовниците што ги носела, вкупната вредност на накитот и другите модни додатоци надминува 100.000 евра. Тагови: Арина Сабаленка Милан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Божиновска зборува за рубини а граѓаните чекаат одговори за „Руднап“ и милионските бизнисиНа министерката Сања Божиновска многу ѝ се зборува за рубини. И таа како и Мицкоски се фокусира на националните богатства. Операцијата за распродажба на Македонија, водата, земјата, рудите е главен фокус на Мицкоски и кримналната банда. Македонија не е на распродажба а граѓаните кои стравуваат за сметките за струја чекаат Божиновска да проговори за „Руднап“, бизнис-мрежата на Мицкоски и новата зделка од 13,2 милиони евра за броила за српската фирма „METER&CONTROL“ . Божиновска е клучниот линк во оваа мрежа, била извршен директор во компании на „Rudnap Group“ во Централна и Источна Европа. „Руднап“ била во сопственичката структира, партнер е и со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“. Во оваа мрежа се појавува и Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул поставен од Мицкоски. Затоа Божиновска е поставена за министерка. Се е бизнис за Мицкоски. Граѓаните чекаат одговори! СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотАларм поради подморница од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дноАларм поради подморницата од Втората Светска војна, не смее да остане на морското дно, а никој не се осмелува да ја извлече.Норвешките власти се соочуваат со сериозен проблем на морското дно – од потонатата нацистичка подморница „У-864“ (U-864), која завршила на дното пред повеќе од 80 години, истекуваат дури 67 тони токсична жива, а експертите предупредуваат дека обидот за нејзино извлекување би можел да предизвика уште поголема еколошка катастрофа. Станува збор за германска подморница од типот IXD2, со ознака „У-864“, која била погодена со торпедо од британската подморница „ХМС Венчурер“ (HMS Venturer) во близина на островот Федје на 9 февруари 1945 година. Оттогаш, остатоците од подморницата лежат на длабочина од 149 метри, каде што нејзините 'рѓосани челични резервоари полека испуштаат отровна течна жива. Поради сè почестите повици за извлекување на подморницата со цел да се заштитат морскиот свет и локалната рибарска индустрија, Норвешката управа за крајбрежје во јуни испрати роботско возило до местото на потонувањето за да ја процени состојбата на терен. Резултатите се загрижувачки, од 22-та резервоари извадени за анализа, дури 80 проценти активно испуштале жива во морското дно, пренесува Večernji.hr. Врз основа на тие наоди, во извештајот објавен претходно овој месец се заклучува дека остатоците од подморницата и околниот простор треба да се покријат со заштитна обвивка за да се спречи понатамошно истекување. Официјалните лица тврдат дека самото подигнување на подморницата би било премногу ризично, бидејќи поместувањето на дотраениот и 'рѓосан труп би можело да предизвика пукање на резервоарите и дополнително, уште поконцентрирано ширење на жива. Норвешката влада досега потрошила повеќе од 400 милиони норвешки круни за разни студии за судбината на U-864 и, според „Мирор“, моментално ги разгледува наодите од најновиот извештај. Локалните активисти со години инсистираат на целосно отстранување на остатоците, плашејќи се дека нивното покривање би можело ненамерно да предизвика детонација на германските торпеда за кои се тврди дека сè уште се на бродот или да ги смачка преостанатите резервоари со жива. Весникот потсетува дека мисијата на подморницата U-864 била откриена благодарение на британските разузнавачки служби. Подморницата наводно превезувала материјали што Јапонија требало да ги искористи за изградба на напредни млазни ловци и ракети за одбрана на окупираните територии во Азија. Подморницата HMS Venturer испалила четири торпеда кон U-864, од кои последното ја погодило целта и ги усмртило сите 73 члена на екипажот. Според „Мирор“, ова е единствениот забележан случај во текот на целата Втора светска војна кога една подморница потопила друга подморница, додека сите други такви погодоци се случиле додека целта се наоѓала на површината на морето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16