3Хелен Мирен има 81 година и со децении вежба по 12 минути дневно- нејзината рутина нема врска со теретана
ХороскопНеделен хороскоп за 22.- 29. јули 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 22.- 29. јули 2024 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаХеројски потег: Возач на автобус спаси 35 деца од ужасен пожар во возилото (ВИДЕО)Огромни пламени го зафатија автобусот на Мерцедес, а пожарникарите не беа во можност да го спасат возилото.Сепак, вистинскиот херој стоеше настрана - возачот на автобусот успеа навреме да ги извлече сите 35 ученици од основно и средно училиште од возилото, пишува Bild.de. Автобусот се движел по Индустриштрасе во Хиршшајд, во округот Бамберг, во германската сојузна покраина Баварија, околу 7:20 часот утрово. „Децата на задниот дел од автобусот одеднаш почувствуваа мирис на чад. Веднаш го известија возачот“, изјави портпаролот на полицијата Александар Крап (49) за германскиот весник Bild. Како што додаде, возачот реагирал брзо, го запрел автобусот, ги отворил вратите и им помогнал на сите деца да излезат од возилото. #Bamberg (Bayern) – Riesige #Flammen verschlingen den Benz-#Bus . Die Feuerwehr hat keine Chance, irgendetwas zu retten. Der wahre Retter steht abseits der Szenerie. Der #Busfahrer holte 35 Grund- und Mittelschüler rechtzeitig aus dem Fahrzeug.#Held 🔗 https://t.co/tE5VtMOdI2 https://t.co/d6JKDyMzy2 — GoscheUff (@GoscheUff) October 16, 2026 Сите 35 ученици спасени од запалениот автобус Само неколку моменти подоцна, пламенот почнал да избувнува од задниот дел на автобусот, а потоа брзо се проширил на целото возило. Кога пожарникарите пристигнале на местото на настанот, автобусот на Мерцедес веќе бил целосно зафатен од пламен. Пожарникарите дозволиле возилото да изгори на контролиран начин. Материјалната штета е проценета на околу 20.000 евра. Децата биле однесени во училница во блиското основно училиште, каде што биле прегледани од лекар од итната помош. „За среќа, ниту едно од 35-те деца не е повредено“, заклучи портпаролот на полицијата Кр ап. Истрагата за причината за пожарот е во тек.Тагови: автобус возач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11
ЗабаваКим Кардашијан позира на Филипините во фустан направен од јажиња (ФОТО)Ким Кардашијан сподели серија фотографии на Инстаграм од нејзиното патување на Филипините, каде што замина пред својот 46-ти роденден, кој ќе го прослави следната недела.На сликите, кои таа ги опиша како „роденденска авантура“, се гледа како ужива во зајдисонце, романтична вечера, огномет и нуркање. View this post on Instagram A post shared by Kim Kardashian (@kimkardashian) Една објава особено привлекува внимание: на неа таа носи фустан направен целосно од јажиња што ѝ ги покриваат градите. Ова е само една од неколкуте провокативни комбинации што таа ги сподели со своите следбеници. Моменти поминати со нејзиното момче На некои од фотографиите од Филипините, таа е во друштво на своето момче, возачот во Формула 1, Луис Хамилтон. Парот беше заедно и минатата недела во Сингапур, каде што Кардашијан го бодреше Хамилтон на една трка. Таа беше фотографирана облечена во полупроѕирен розов фустан. Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаос во Италија: Учениците и студентите се судрија со полицијата (ВИДЕО)Антивладините протести на студенти и средношколци продолжија во голем број градови низ Италија, а за време на демонстрациите избувнаа неколку инциденти во кои незадоволните демонстранти се судрија со полицијата.Средношколци и студенти, кои бараат државата да издвои повеќе средства за училиштата и универзитетите, фрлаа камења, јајца и ракети кон полицијата во Торино, јавува агенцијата ANSA. Безбедносните сили активираа водни топови и солзавец, додека од градскиот плоштад одекнуваа скандирања „Сите ја мразат полицијата“. Полицијата ги потисна демонстрантите додека тие извикуваа слогани како „Пари за училишта, а не за војна“ и „Помалку оружје, повеќе права“. 🇮🇹 | TENSIÓN EN TURÍN, ITALIA: la Policía utilizó gases lacrimógenos y cañones de agua para dispersar una protesta estudiantil en las inmediaciones de Piazza Castello, en pleno centro de la ciudad. https://t.co/1UfIbZ6eG8 — Alerta en las Calles 🏙📢 (@AlertaArgNews) October 16, 2026 Објавени се и снимки на кои се гледа како демонстрантите фрлаат огномет кон зградата на Министерството за образование во Рим. Знамињата на Соединетите Американски Држави (САД) и Израел беа запалени за време на студентскиот протест во тој град. Меѓу демонстрантите во Рим, беа видени и демонстранти со качулки на главите, јавува агенцијата Adnkronos. Почнувајќи од Пјаца дел Ескилино, студентите кои маршираа низ Рим за протестот „Ден без Мелони“ стигнаа до Виале Трастевере, каде што се наоѓа Министерството за образование, меѓу петарди, димни бомби и сирени. Студентите пееја и извикуваа „Валдитара, отвори ги вратите!“, според Аднкронос. Протестниот марш во Болоња, во кој учествуваа околу илјада студенти, беше организиран на булеварите, со блокиран сообраќај на неколку места, а во близина на железничката станица, учесниците на протестот беа запрени од безбедносните сили во опрема за немири, објави италијанскиот јавен сервис РАИ. Europe's student riots spread to Italy as hooded protesters clash with cops sparking chaos in cities https://t.co/LkvFhoNJou — Daily Mail (@DailyMail) October 16, 2026 Студентите запалија димни бомби и фрлаа шишиња, по што дојде до краток судир кога полицајците ги потиснаа со штитови. По завршувањето на студентскиот протест во Милано, учесниците ја окупираа поранешната мртовечница на многу прометната Виа Франческо Сфорца, зад Државниот универзитет. Во Верона утрово, група бунтовни ученици запалија контејнери на улица до стручно училиште, а 10 студенти беа испрашувани за инцидентот. Околу 2.000 студенти се собраа во Фиренца на протест, развевајќи голем транспарент на кој пишуваше „Ако ни ја одземете иднината, ќе ви ја блокираме сегашноста“.Тагови: италија ученици Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42Мицкоски: Апсолутна лага е дека Михаилова и адвокатот границата ја минале легално15:00Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11Мицкоски на потпишување договор за нова инвестиција08:43
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди12:11