ХороскопНеделен хороскоп за 22.-29. јануари 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 22. -29. јануари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПезешкијан: Иран никогаш нема да попушти пред претераните барања на САДИранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека Техеран никогаш нема да попушти пред, како што ги нарече, претераните барања на САД и дека ќе продолжи да се спротивставува на американскиот притисок.Пезешкијан ова го порача за време на виртуелен состанок посветен на разгледувањето на кандидатурата на Мехрдад Ахлаги Кетабчи за нов министер за одбрана на Иран, објавија иранските медиуми. Пезешкијан нагласи дека на иран сега, повеќе од кога било, му се потребни стручни кадри и посветени припадници на вооружените сили.Тој повтори дека техеран нема намера да нападне ниту една земја, тврдејќи дека иран не го сторил тоа ниту во изминатите два века.Тагови: Масуд Пезешкијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
Мицкоски: Бугарија може да стане прибежиште за криминалци,за случајот со Михаилова ќе разговараме со партнерите во НАТО и ЕУ 08:42
СветЗеленски: Русија нè нападна 76 пати откако Трамп најави примирјеРусија десетици пати го нападна енергетскиот сектор на Украина, како и нејзината нафтена и гасна индустрија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.Во текот на изминатата недела – откако американскиот претседател Доналд Трамп најави прекин на нападите врз енергетската инфраструктура – Русија десетици пати го нападна енергетскиот сектор на Украина, како и нејзината нафтена и гасна индустрија, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Откако американскиот претседател пред една недела најави ’енергетско примирје‘, Русија намерно го нападна енергетскиот сектор на Украина и нејзината нафтена и гасна индустрија 76 пати“, напиша Зеленски на социјалната мрежа „X“. Since the American President announced the energy ceasefire a week ago, Russia has deliberately attacked Ukraine’s energy and oil and gas sectors 76 times. Last night alone, there were strikes on substations in the Vinnytsia, Zhytomyr, Khmelnytskyi, and Odesa regions. Tens of thousands of families remain without power. Energy workers and repair crews are working virtually around the clock to restore electricity supply. Overnight, the Russians also struck residential buildings in our regions. As of now, 12 people have been reported injured, including two children. Two people have been killed. My condolences to their families and loved ones. This morning, there was a strike on an agricultural enterprise in Volyn. All necessary services are working at the site. In total, over this past week, the Russians have attacked Ukraine with almost 2,700 attack drones, 1,700 aerial bombs, and 66 missiles, most of them ballistic. The main targets of these strikes are energy facilities – the Russians are trying to cause a blackout. And America should see that Russia is not taking any reciprocal steps in response to sanctions relief or agreements. On the contrary, they take every signal of an opportunity to make money as proof that their bet on war is paying off and they can keep fighting. It is because of this position of Russia’s that the war continues, not because Ukraine is rightfully defending itself. It is Russia that must face pressure for peace to have a chance. Thank you to everyone who understands this and helps. — Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 18, 2026 Тој додаде дека во најновите напади биле погодени електрични потстаници во регионите Виница, Житомир, Хмелницки и Одеса. Ниту Киев, ниту Москва не го потврдија договорот за примирје што го најави Трамп. Пред една недела, Трамп изјави дека Украина и Русија се договориле за она што тој го нарече „енергетско примирје“. Во објава на социјалните мрежи, Трамп напиша дека енергетското примирје ќе стапи на сила веднаш, иако не даде дополнителни детали во врска со ова тврдење.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСтапката на самоубиства во Германија расте, особено кај постарите мажиБројот на самоубиства во Германија повторно расте, по долготраен пад. Според официјалните податоци за 2025 година, 11.334 лица си го одзеле животот – што претставува зголемување од 964 случаи, односно 9,3 отсто, во споредба со претходната година. Тоа значи дека, во просек, 28 луѓе дневно си го одземаат животот. Бројот на самоубиства во Германија го надминува вкупниот број на смртни случаи кои се последица на сообраќајни несреќи, насилство и употреба на нелегални дроги, пренесува „Дојче веле“. Анализата на податоците покажува дека најзасегната група се постарите мажи родени во 1960-тите години. Иако има случаи и меѓу младите луѓе кои тешко се справуваат со животните предизвици, најголем пораст на самоубиствата е забележан кај возрасната група од 55 до 65 години. По оваа возрасна граница бројот опаѓа, но повторно расте кај лицата на возраст од 80 до 90 години. Во сите возрасни групи, мажите почесто извршуваат самоубиство отколку жените. Минатата година, тие сочинуваа 69,2 отсто од сите случаи. Сепак, и бројот на самоубиства кај жените е во пораст во последните години. Повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година Бројот на самоубиства во Германија расте четврта година по ред и сочинува приближно 1,1 отсто од сите смртни случаи. Ова претставува пресврт на трендот што траеше речиси четири децении. Бројките постојано опаѓаа од рекордната 1981 година, кога беа забележани 18.825 случаи, сè до најниското ниво од 9.215 самоубиства во 2021 година. Според проценките на Националната програма за превенција од самоубиства, повеќе од 100.000 луѓе во Германија се обидуваат да извршат самоубиство секоја година. Фондацијата за помош при депресија наведува бројка од приближно 500 такви обиди дневно. Германското здружение за хуман начин на умирање објави дека 1.287 лица ги искористиле услугите за организирано потпомогнато умирање, што претставува 11,4 отсто од сите самоубиства во Германија. Ваквата помош останува предмет на дебата во земјата. „Ретко постои само една причина за самоубиство“ Правната основа за ова е одлуката на Сојузниот уставен суд од 2020 година, која на секој поединец му гарантира право да си го одземе животот, под услов тоа да биде чин на слободна волја – без надворешен притисок и да не е резултат на тешка депресија. Оваа одлука не дозволува друго лице да го одземе животот на некого, дури ни на барање на самото лице – практика која, до одреден степен, е можна во Холандија или Белгија. Во Германија, дозволено е само да се обезбедат средства и да се понуди помош, самиот чин мора да го изврши поединецот. Фондацијата за помош при депресија и превенција од самоубиства смета дека ваквите случаи се пречести, истакнувајќи дека нивниот број е зголемен за 32 отсто од донесувањето на судската одлука. Стручњаците посочуваат дека ретко постои само една причина за самоубиство. Речиси секогаш станува збор за комбинација од меѓусебно поврзани фактори. Ниту еден поединечен настан, ниту самото присуство на ментално заболување, не се единствениот одлучувачки фактор. Самоубиството е крајна точка на сложен кризен процес во кој поединецот повеќе не гледа излез и не е во состојба да прифати помош. Многумина веруваат дека никој не може да ги разбере Постојат бројни ситуации што можат да предизвикаат таква состојба: губење на работа, финансиска нестабилност, сиромаштија, трауматски искуства, губење на блиски лица, повлекување од општествениот живот и социјална изолација. Истражувањата покажуваат дека лицата кои извршиле самоубиство често барале медицинска помош, но немале чувство дека некој навистина може да им помогне. На многумина им е тешко отворено да му кажат на лекар или терапевт колку се блиску до точката на целосен слом. Самоубиството останува табу-тема, а луѓето често се плашат дека ќе бидат етикетирани како ментално болни, дека ќе бидат подложени на присилно лекување или дека ќе ги изгубат своите социјални врски. Како резултат на тоа, многумина веруваат дека никој не може да ги разбере. Германската фондација за помош при депресија нагласува дека секое спомнување на самоубиство мора да се сфати сериозно, а изјавите како „ништо веќе нема смисла“ можат да бидат знак дека некој е изложен на ризик. Кај постарите лица, чувството на бескорисност може да послужи како поттикнувач (тригер) Стручните лица ги советуваат пријателите и семејството да не се двоумат да поставуваат прашања, но истовремено предупредуваат да се избегнува давање премногу едноставни совети, како на пример: „работите ќе се подобрат“. Покорисни се пораки како: „Треба да знаеш дека си исклучително важен за мене“, „Се обидувам да разберам низ што поминуваш“ или „Заедно ќе го надминеме ова“. Општеството фокусирано на успех често ги занемарува оние што не можат да го следат тој чекор, пренесува „DW“. Луѓето од најблиското опкружување можат – па дури и мора – да обрнат внимание на лицето кое е во ризик. Светската здравствена организација проценува дека секое самоубиство директно погодува во просек шест лица блиски до поединецот, додека последиците ги чувствува и поширок круг луѓе – од колеги, преку медицински персонал, па сè до сведоци. Кај постарите лица, чувството на бескорисност – често наметнато од средината – може да делува како поттикнувач. Во такви случаи, дури и најмалиот гест на внимание може да помогне. Во август, германското Министерство за здравство претстави нацрт-закон за превенција од самоубиства, иако критичарите сметаат дека предложените мерки се недоволни. „Одвоените 1,4 милиони евра се далеку од она што е потребно“ Германската фондација за заштита на пациентите истакнува дека издвоените 1,4 милиони евра се далеку под потребните финансиски средства. Првата точка за контакт при барање помош е матичниот лекар, кој, доколку е потребно, може да го упати пациентот кај психотерапевт или психијатар. Извор: Индекс.хрТагови: Германија самоубиства Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter