ХороскопНеделен хороскоп за 20. до 27. март 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 20. до 27. март 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10. Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВелешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Живот Исповеди на Редит: „Поради овие ситуации семејствата се откажале од децата“Семејството би требало да е место каде секогаш можеме да се вратиме, без оглед колку животот ни станал комплициран. Но, за жал, не е секогаш така.Двајца корисници на Редит, според Bored Panda, ги прашале родителите зошто се откажале од своите деца, а во расправата се вклучија бројни лица, некои и самите доживеале отфрлање, а другите раскажале за роднини и пријатели кои ги снашло истото. Сè измислила „Еднаш се гледав со девојка чии родители се откажале од неа. Искрено, да бев нејзин татко, веројатно и јас ќе се откажев. Таа ми кажа дека татко ѝ ја тепал и во неколку наврати ја допирал на несоодветен начин. Ги повикала социјалните служби и го пријавила. Тие ја извадиле од домот на родителите и ја сместиле во установа за привремено згрижување. Мајка ми практично ја посвои истиот ден. Беше со нас секој ден; ѝ купивме облека за да ја замениме онаа што ја изгубила, а таа поминуваше многу време кај нас. Нејзините родители постојано велеа дека лаже, дека не ја знаеме нејзината вистинска природа и дека наскоро ќе ја дознаеме. Неколку недели сè беше во ред. Потоа работите почнаа да се менуваат. Од установата се јавуваа за да разговараат со неа кога не беше кај нас, а таа им рекла дека е кај нас. Ние мислевме дека таа е таму. Излезе дека ноќе се искрадувала за да оди на забави и не се враќала. Потоа дознавме дека користи тешки дроги. Подоцна откривме дека ги продала работите што мајка ми ѝ ги купи за да набави алкохол. Ми украде „Нинтендо ДС“ (Nintendo DS) и го продаде за да купи уште дрога и алкохол. Постојано лажеше и генерално почна да се однесува токму онака како што нејзините родители нè предупредија дека ќе се однесува. Татко ѝ побара да разговараме насамо – „како маж со маж“. Се согласив. Ми кажа дека таа го прави ова постојано: наоѓа некој што може да го искористи, а потоа ќе се погрижи...“ ...да ја избркаат од дома за да може да се забавува и да си го уништува животот. Разговарав со нејзините браќа и сестри, сите рекоа дека родителите им се добри луѓе и дека сето тоа го измислила. На крајот, се соочив со неа, призна дека целата приказна ја измислила. Само сакала да си замине од дома и немала намера да се врати. Ја оставив и ѝ кажав на полицијата што знам. По истрагата, татко ѝ беше ослободен од обвиненијата, колку што знам јас. А, семејството никогаш не ја прими назад. „Подоцна слушнав дека забременила и дека не знаела кој е таткото, бидејќи купувала дрога за секс. Оттогаш не сум слушнал ништо за неа“, открил корисникот. Заборавеното дете Еден читател напишал: „Не знам дали ова се важи. Бев посвоен во петто одделение од пар што не можеше да има деца. Потоа, благодарение на нов вид третман, тие добија биолошки деца кога јас бев во прва година средно училиште. Потоа се преселија во друга сојузна држава – без мене. Средното училиште го завршив живеејќи во семејството на мојата шефица. Таа имаше сопруг и две ќерки на приближно иста возраст како мене.“ Враќање дома Се најде и ваков коментар: „Брат ми се гледаше со една девојка околу две години. На почетокот таа беше навистина мила, но потоа се промени и го покажа своето вистинско лице. Таа го навлече брат ми на Ксанакс, а еден ден тој ме претепа затоа што ѝ дадов премногу храна на нашата мачка. Раката ми крвареше откако ме фрли врз масичката во дневна. Се заклучив во собата на тато, но тој успеа да ја отвори бравата. Никогаш во животот не сум се чувствувал толку исплашено. Тато набргу се врати дома и ме спаси. Брат ми беше избркан од дома, а семејството се откажа од него. Тој раскина со таа луда девојка, си го среди животот и се врати дома по една година. Денес, нашиот однос е подобар од кога било.“ Верата пред семејството „Моите родители биле отфрлени од нивните сопствени родители. Родителите на мајка ми се откажале од неа кога одлучила да се омажи за црнец, иако таа е бела. Со години немале никаков контакт – сè додека не се роди сестра ми. Тогаш сфатија што пропуштале со тоа што не му дале шанса на татко ми. Баба ми ми кажа дека длабоко зажалила и одлучила да се смири со нив. Таа и дедо ми одвоија време да го запознаат татко ми и на крајот многу го засакаа. Таткото на татко ми се откажал од него бидејќи тој одбил да стане Јеховин сведок. Дедо ми бил крајно посветен на својата религија и го напуштил татко ми кога тој имал само седум години. Се виделе можеби вкупно пет пати. Кога татко ми почина, сестра ми и јас го посетивме дедо ми во домот за стари лица. Не разговаравме за тоа дали се кае за својата одлука или не; едноставно уживавме во времето поминато заедно. Тој не беше лош човек – едноставно беше неверојатно посветен на својата религија“, сподели еден читател. Преиспитување на верата Друга личност се вклучила во разговорот: „Братот на еден мој стар пријател беше отфрлен од своите родители бидејќи почнал да ја преиспитува Библијата. Не ги знам сите детали, но ситуацијата била таква што нивните многу строги правила и очекувања го натерале да се побуни. Признавам дека во средно училиште минуваше низ фаза кога беше прилично тежок, но колку што знам, неговото однесување беше типично за тинејџер – останување надвор до доцна, криење од родителите што прави со пријателите, сексуални односи со девојката, веројатно консумирање алкохол иако е малолетен, и слично. А, неговите родители беа луѓе кои сметаа дека е неприфатливо да се пропушти дури и една од трите миси на кои присуствуваа секоја недела. Се сеќавам како една моја пријателка – која исто така беше многу конзервативна, но сепак добра личност – ми кажа дека стравува оти нејзиниот брат отишол предалеку и дека за него нема спас, бидејќи рекол: 'Што ако Библијата е само обична книга?' Јас сум атеист и таа го знае тоа, па не можев баш да ѝ понудам сочувство од истата перспектива. Се обидов благо да ѝ објаснам дека преиспитувањето на религијата е дел од здравото растење, но таа едноставно не можеше да сфати како некој може да ги доведе во прашање учењата на Црквата“. Нема втора шанса „Не бев отфрлен, но ги прекинав врските со човекот кого општеството го нарекува мој ‚татко‘. Накратко, моето семејство се пресели овде од Порторико кога имав пет години. Тој одлучи дека има поважни работи за правење и си замина по својот пат. Ја остави мајка ми сама да се грижи за мене и за сестра ми. Поминавме низ многу тешкотии и, да не беа тетка ми и вујко ми, се сомневам дека ќе станев ова што сум денес. На мојот 18-ти роденден, тој се јави за да ми каже дека е горд на мене. Ми беше преку глава, па едноставно му реков: ако не сметаше дека сум доволно важен за да бидеш дел од мојот живот тогаш, не гледам причина да бидеш дел од него сега кога имам 18 години. Не чувствувам омраза, но нема шанси тукутака да се јави после сите тие години и да се преправа дека сè е совршено“, заклучи корисникот. Години на вина Имаше и еден ваков коментар: „Татко ми се откажа од мене кога имав 20 години бидејќи одбив да се оженам со неговата внука – ќерката на неговата сестра. Таму од каде што доаѓам, тоа е прилично вообичаено. Мајка ми се откажа од мене шест месеци претходно, бидејќи ѝ беше преку глава. Еден ден се вратив дома од училиште и немаше никој. Речиси десет години се обвинував себеси.“ Поставени се граници „Нашата посвоена ќерка, која сега е возрасна, почна да нè игнорира, да користи дрога, се врати кај своето биолошко семејство, забремени, се омажи за некој клошар и ширеше лаги за нас. Таа одбива да разговара со своите посвоени браќа и сестри. Ништо од она што го направивме не го оправдуваше таквото однесување кон нас. Таа едноставно е целосно надвор од контрола. Решив дека е доста, бидејќи нема повторно да го изложувам семејството на сето тоа“, откри еден читател во коментар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Познат психолог дава насоки за лечење скршено срцеВажно е да престанеме да ја храниме илузијата дека личноста кон која имаме невозвратени чувства сепак ќе се премисли.Кога ќе се заљубиме во некој што не го чувствува истото, се чини невозможно таа личност да ја исфрлиме од мислите. Секоја порака, спомен, случајна средба повторно ги буди истите чувства. Но дали навистина е можно да се ослободиме од товарот на невозвратената љубов? Психотерапевтот и писател Андреј Курпатов смета дека е можно, но потребно е „да се соочиме со горката вистина наместо да живееме во пријатната лага“. Прв чекор – Признајте си што навистина се случува Сè за што размислувате во врска со заедничката иднина постои само во вашите мисли. Прифаќањето на реалноста е прв чекор кон престанувањето да живеете во исчекување. Втор чекор – Издвојте ја реалната личност од претставата што сте ја создале Кога ни се допаѓа некој создаваме идеализирана верзија на личноста, ѝ припишуваме особини, чувства и намери кои можеби никогаш не ги покажала. Затоа е важно да се запрашаме: Дали ја сакам вистинската личност или сликата што ја создадов? Колку е помалку реален односот помеѓу двајца луѓе, толку поголема е можноста голем дел од таа заљубеност да е токму она што сме го замислиле. Трет чекор - Не претворајте ја желбата во факт Една од најголемите стапици на невозвратената љубов е надежта дека другата личност ќе се премисли. Природно е да посакувате љубов, но желбата некој да нè сака, не е доказ дека тоа навистина ќе се случи. Кога непрекинато бараме скриени знаци, секоја порака ја толкуваме и чекаме промена, ја продлабочуваме нашата мака. Со прифаќање на туѓите чувства не значи дека нашите се помалку вредни, тоа значи дека разбираме каде завршува нашата желба, а почнува туѓата слобода да се чувствува поинаку. Четврти чекор – Исполнете го вашиот сопствен живот Кога мислите непрекинато се насочени на една личност, потребно е сопствениот живот да се исполни со други содржини. Работа, пријатели, патувања, хоби, спорт, учење нешто ново или минувањето повеќе време со лицата што ги сакате, помага да го вратите вниманието на себе. Важно е да не се обидувате само да „не мислите“ на таа личност, туку да почнете да креирате ден кој има смисла и без таа личност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваСреде ММА борба ѝ испаднале градите, од тоа заработи богатство на OnlyFans (ВИДЕО)Мексиканската ММА борачка Лусеро Акоста (32) имаше инцидент за време на борбата против Канаѓанката Шенон Кларк на настанот од Лигата на професионални борци (PFL) одржан на 16 октомври во Чикаго. За време на третата рунда, нејзиниот спортски градник се помести, оставајќи ги нејзините гради накратко изложени на телевизиските камери. Видеото стана вирално на социјалните мрежи, а Акоста по борбата објави дека инцидентот ѝ донел дополнителен приход на OnlyFans. Акоста, позната по прекарот Ла Лоба, го имаше своето деби за организацијата PFL во Чикаго. Таа добро ја отвори борбата, но Кларк постепено ја презеде контролата. Во третата рунда, Канаѓанката ја собори противничката и почна да ја удира додека лежеше на подот. За време на таа размена на удари, горниот дел од спортската опрема на Акоста се исфрли, оставајќи ја едната нејзина града изложена. Боречката ја продолжи борбата, но судијата ја запре по една минута и 59 секунди од третата рунда, а победата ѝ беше доделена на Кларк со технички нокаут. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа откри дека инцидентот ѝ донел профит По борбата, Акоста се огласи на Инстаграм и објасни дека поради снимката што се прошири на интернет, интересот за нејзиниот профил на платформата OnlyFans, каде што објавува содржина за претплатници, се зголемил. „Дополнителна заработка на OnlyFans затоа што моите брадавици беа видливи за време на преносот во живо на PFL. Слатко. Официјален спонзор“, напиша мексиканската борачка. Во друга објава, таа ја наведе и бројката од 500.000, за која американските медиуми претпоставуваат дека се однесува на долари, или приближно 446.000 евра. Сепак, Акоста не објасни дали таа сума претставува вкупна заработка, дополнителен приход од претплатници или нешто друго. Таа дури и не понуди доказ за плаќање, па затоа наведената сума сè уште не е независно потврдена. View this post on Instagram A post shared by Loba Acosta | Pro Fighter (@loba_acosta_) Таа има повеќе од 500 илјади следбеници Пред да дојде во PFL, Акоста настапуваше во организацијата Combate Global, каде што стана препознатлива по својот агресивен начин на борба. Пред поразот од Кларк, таа имаше четири победи по ред помеѓу септември 2022 и април 2025 година. Поразот во Чикаго беше нејзин трет во професионалната кариера и прв со технички нокаут. Нејзиниот моментален сооднос е шест победи и три порази, додека Кларк со оваа победа достигна сооднос од 9:1. Мексиканката е популарна и надвор од ММА спортот. Таа има повеќе од 500.000 следбеници на Инстаграм, а претходно привлече внимание со видеа од подводен тренинг во бикини. Таа го користи OnlyFans како дополнителен извор на приход, а по последната борба тврди дека бројот на претплатници ѝ значително пораснал.Тагови: гради ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter