Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
1Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопНеделен хороскоп за 20. до 27. јуни 2022 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 20. до 27. јуни 2022 година . Рак 22.6-22.7. Љубов Се повеќе ќе се занимавате со вашите внатрешни аспекти , иако нема да го запоставите ниту друштвото. Сепак ,што се однесува до емоциите , ќе проработи вашата интровертна страна , што навистина е реткост. Некои љубоморно ќе ја чуваат својата љубов и нема да ја покажуваат пред никого. Кариера Се подобро ќе се поврзувате со луѓето од истата професија , кои не живеат во вашето место. Некои ќе добијат големо количество информации низ кои ќе ги прошируваат своите знаења и ќе воспостават нови потенцијални соработки. Ќе бидете соработник отворен за сите. Здравје и совет Можна е посета на непријатни роднини. Лав 23.7-22.8. Љубов Доколку копнеете за љубов , малку подобро погледнете ги лицата од вашата работна околина. Еден Меил или телефонски повик би можел да ви донесе многу пријатно познанство , а подоцна и нешто повеќе. Оние кои се во врска , ќе уживаат во своето секојдневие. Кариера Не сте потполно свесни за своите можности. Од вас се очекува повеќе и подобро зашто сте способни за тоа. Потрудете се да го одработите она што морате , а тогаш посветете му се на она што го сакате. Така ќе напредувате на стабилен и сигурен начин. Тоа е вашиот стил. Здравје и совет Немојте да бидете прескромни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Деновиве ќе им бидете многу интересни на другите , па во секој момент ќе бидете подготвени на разговори. многумина ќе ја развиваат својата друштвена способност. Ако сте веќе во врска , би требало да ја подобрите , а партнерот ќе биде подготвен уште повеќе да се врзе за вас. Осамените често ќе излегуваат. Кариера Како што ќе минува неделата , ќе ви станува се појасно дека вашите работи почнуваат долгорочно да се стабилизираат. Ова сознание ќе ве поттикне на развој на нови планови. Сепак, ќе ви недостига енергија за веднаш да ги остварите. Здравје и совет Не влегувајте во расправија со надредените. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе бидете активни во создавање контакти , па доколку сте осамени , би можеле некого значаен да запознаете. Или само за пријатен разговор со кафе. Некои ќе потрошат повеќе од планираното за да ја импресионираат саканата личност. Сепак , кога ќе пресметате , нема зошто да сте незадоволни. Кариера Ќе увидите дека лесно се заморувате, односно ви е потребно двојно повеќе време за да извршите некоја работа што претходно лесно сте ја правеле. Затоа треба внимателно да ги пресметате работните часови и да не ја расфрлате својата сила. Тоа добро го знаете. Здравје и совет Одморајте се редовно и спијте повеќе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот љубовен живот ќе продолжи добро да се развива. Ќе бидете задоволни со постигнатото. Оние кои сеуште се сами , ќе излегуваат без притисок дека нешто мора да се случи. Ќе има забави , како и убави доживувања во домашна атмосфера. Една опуштена емотивна недела. Кариера Работната недела ќе биде шарена. Од една страна едвај ќе дочекате за да се изразите и да покажњете што можете , а од друга страна за некои теми ќе биде подобро да молчите или да ги одложите. Најдобро ќе поминат оние кои ќе знаат да балансираат. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во текот на наредните денови ќе влезете во малку подискретна љубовна фаза. Ќе се засили потребата за повлекување. Оние кои се сами нема да инсистираат на излегувања , додека оние во врска се повеќе време ќе минуваат дома заедно со својот партнер. Кариера Ќе биде можно напредување во кариерата , но тоа за вас ќе биде напорно. Потребна е подобра организација , како на плановите , така и при извршувањето на работата. Во тоа вие ќе бидете во предност , зашто во моментов имате доволно енергија. Ќе ги поттикнувате и другите да работат. Здравје и совет Вежбајте јога. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Секојдневните страсти и емоции ќе бидат обележје на вашиот приватен живот. Постојано ќе ви се случува нешто убаво и пријатно. Многумина ќе ги запаметат овие денови по добро. Лицата од спротивниот пол со задоволство ќе ве канат во друштво. Со одредена дискреција. Кариера Кој и да се обиде да ви противречи, вие ќе имате одговор. Не е идеално , но некогаш нема да можете да си помогнете. Оние кои им се шефови на други , ќе бидат во големо искушение. Оние , пак кои имаат шефови ќе имаат помалку стрес. Ќе биде подобро да се воздржите. Здравје и совет Немојте да живеете на стара слава. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од слободното време ќе го минувате во сонување и осаменост. Доколку веќе сте во врска, поради нешто ќе бидете отуѓени. Шансите за љубов едноставно ќе ве одминуваат . Немојте да тагувате , зашто оваа фаза набргу ќе помине. Бидете трпеливи. Кариера Откако ќе ги добиете потребните информации , ќе тргнете уште поупорно во акција. Ова веројатно е вашито подем , кога почнувате да ги остварувате повеќето од вашите планови. Нема да заборавите ниту еден детал , а ќе треба и напор за да успеете. Здравје и совет Одете чекор по чекор. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе станете незаинтересирани , зашто малку работи ќе ги исполнуваат вашите љубовни очекувања. Не се разочарувајте , со смиреност и хумор може да одржувате добра рамнотежа во вашиот љубовен однос. Бидете дипломат. Кариера Понекогаш ќе ви се чини дека околу вас има премногу луѓе со кои мора да комуницирате за неважни работи. направете селекција и одредете што ви е приоритет. Така нема да ви се случи да имате чувство дека сте изгубиле време на непотребни разгледувања. Здравје и совет Помалку јадете и движете се повеќе. Овен 21.3-20.4. Љубов Во љубовниот живот ќе бидете фокусирани на секојдневието. Нема да имате големи барања , туку напротив , ќе бидете поскромни од вообичаено. Оние кои се сами , љубов ќе побараат на скромни места и без притисок дека мора да ја најдат. Тоа ќе биде релаксирачки. Кариера Резултатите од вашите напори полека излегуваат на виделина , но има уште нешта што треба да се направат. Сепак , се повеќе има задоволство , па и напредувања.Оние кои имаат менаџерска работа , ќе бидат пофалени. Сите ќе имаат желба за работа. Здравје и совет Мали проблеми со младите .Насмејте ги. Бик 21.4- 20.5. Љубов Може да очекувате квалитетни љубовни денови . Ако има мала пречка меѓу вас и партнерот , сега и двајцата ќе се отворите и повторно ќе најдете заеднички јазик. Ќе има уште малку несоодветни однесувања , но тоа ќе биде занемарливо во споредба на она што поминало. Кариера До неодамна само фантазиравте за некои деловни потези , а сега ќе имате време сето тоа да го осмислите и разработите . Истовремено , малку повеќе ќе се занимавате со прашањето за вложувања. Ќе најдете начин да затворите една финансиска конструкција. Здравје и совет Мали потешкотии со документите. Не се нервирајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете подготвени за нови лица и нови познанаства , но и натаму има можност за провокации , па и распарви кои нема да ви се допаднат. Станува збор дека треба да внимавате како комуницирате.Затоа не се залетувајте. Бидете тактични и внимателни. Кариера Ќе продолжите со тивката дипломатска стратегија , а она што ќе го договорите , веднаш ќе го спроведете во дело. Така ќе примените два стила во работењето- еден потивок , а другиот динамичен. Вие без проблеми ќе се прилагодувате малку кон едниот и малку кон другиот. Здравје и совет Поработете на својата кондиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00
„Свои на своето!“ - Свечена академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври12:21
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
ЕкономијаГоривата во Европа уриваат рекорди- дизелот и бензинот поскапеа и до 42% Цените на горивата и мазивата за патнички автомобили во Европската Унија во септември беа за 31,4 проценти повисоки отколку во истиот месец во 2025 година, објави Евростат.Растот на цените се забрзува од месец во месец. За споредба, зголемувањето на годишно ниво во јули изнесуваше 16,9 проценти, додека во август достигна 23,8 проценти. Според Европската статистичка служба, растот во септември беше поголем отколку во јули и август во дури 26 земји-членки на ЕУ (во споредба со 2025 година), објави Кликс. Најголем скок во три европски земји Во споредба со септември минатата година, цените на горивата скокнаа за повеќе од 40 проценти во три земји: • Бугарија: 42,2% • Естонија: 40,6% • Литванија: 40,2% Уште 12 земји-членки забележаа раст од повеќе од 30 проценти - од 37,5 проценти во Чешка до 30,3 проценти во Португалија. Од друга страна, најмал годишен пораст е забележан во Унгарија (6,9%), по што следат Ирска (17,7%) и Шведска (19,9%). Месечно зголемување на цените на дизелот и бензинот На месечна основа (септември во споредба со август), цените на дизелот во ЕУ се зголемија во просек за 5,9%, а цените на бензинот за 6,7%. Еден месец претходно, цените на дизелот се зголемија за 8,3% во споредба со јули, додека цените на бензинот се зголемија за 3,3%. Дизел: Цените се зголемија во 26 земји помеѓу август и септември. Најголеми зголемувања се забележани во Шведска (12,8%), Латвија (10,3%) и Полска (9,7%), а најниски во Шпанија (2,4%), Хрватска (2,5%) и Романија (3%). Бензин: Зголемувања се забележани и во 26 земји-членки. Највисок месечен раст е забележан во Шведска (13,8%), Полска (9,7%) и Естонија (9,5%), додека најнизок е во Кипар (3,8%), Романија (4,2%) и Словенија (4,6%). Немаше промена само во Малта, каде што цените на дизелот и бензинот се фиксни од 2020 година.Тагови: горивата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамВолво и Енвидија развиваат целосно автономни автомобили Волво и Енвидија ја прошируваат својата соработка што ќе овозможи развој на целосно автономни автомобили, способни за независно возење од точката на поаѓање до дестинацијата, вклучувајќи ги автопатите и градските сообраќајни метежи.Двете компании соработуваат од 2017 година, а во иднина Волво ќе го имплементира софтверскиот пакет Alpamayo на Енвидија, оперативниот систем Halos и сензорската и компјутерска архитектура Hyperion. Волво вели дека оваа технологија ќе овозможи систем со кој „возењето ќе биде полесно и поедноставно за клиентите“. Првиот чекор во оваа насока ќе биде воведување на систем за автономно возење кој не бара постојан надзор на возачот, таканаречен систем „очи-тргнување“. Ваквите технологии, класифицирани како Ниво 3, ги развиваат и други компании како што се Форд и Џенерал Моторс. Иако Мерцедес-Бенц и БМВ добија европски одобренија за своите системи претходно оваа година, неодамна привремено го запреа нивниот понатамошен развој. Тие ги наведоа високите трошоци и нискиот интерес на клиентите како причини. Волво, исто така, се стреми кон автономија „погледни-тргнувај“ Волво нема намера да застане на технологијата „погледни-тргнувај“. Шведскиот производител на автомобили планира постепено да воведува системи „одвлекување на вниманието“, каде што возачот повеќе нема да мора ментално да се занимава со возење. Компанијата не го откри точниот временски рок, но потврди дека еден од моделите од следната генерација ќе биде првиот што ќе го добие најновиот софтвер и хардвер на Nvidia. Алвин Бакенес, раководител на одделот за развој на софтвер на Volvo, за TechCrunch изјави дека ова ќе се случи во текот на оваа деценија. „Volvo е синоним за безбедност во автомобилската индустрија речиси 100 години“, рече претседателот и извршен директор на Volvo, Хакан Самуелсон. „Со партнерство со Nvidia, комбинираме два докажани квалитети: нашата водечка експертиза за безбедност и нивната најсовремена технологија за вештачка интелигенција. Оваа комбинација ни дава единствена можност да создадеме побезбедни и попривлечни автомобили за клиентите.“ Логичко расудување слично на човекот Технологијата Alpamayo на Nvidia се базира на системи за вештачка интелигенција кои се развиени за роботакси и автономни возила и се способни за логично расудување. Клучната карактеристика на системот е тоа што не само што реагира на визуелни стимули, туку може логично да ја процени ситуацијата и да ги објасни своите постапки, со што се приближува кон начинот на кој размислува човечкиот возач. Покрај автономната навигација од адреса до адреса, технологијата нуди и можност за целосно независно паркирање. Новиот Mercedes-Benz CLA е првиот автомобил на пазарот со пакетот Alpamayo, но користи само мал дел од своите реални можности.Тагови: Волво Енвидија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Имам право повторно да се кандидирам за претседател, зашто ме измамија (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека верува оти има право повторно да се кандидира за претседател на Соединетите Американски Држави бидејќи, како што тврди, демократите му ја украле победата на изборите во 2020 година. На предизборниот митинг одржан вчера во Сиу Сити, Ајова, тој призна дека Уставот на САД му забранува да служи трет мандат, но повтори дека ги добил сите три претседателски избори на кои учествувал. „Не знам кој ќе биде вашиот следен претседател и мислам дека законот вели дека не можам повторно да се кандидирам. Долго време го проучував тој израз“, им рече Трамп на насобраните. „Мислам дека имам право повторно да се кандидирам“ Потоа, американскиот претседател се врати на изборите во 2020 година, каде што загуби од демократскиот кандидат Џо Бајден, повторно изнесувајќи неосновани тврдења за изборна измама. „Едно е различно. Нè измамија на вторите избори. И победивме три пати. Мислам дека имам право повторно да се кандидирам затоа што измамија“, рече Трамп. Тој додаде дека сака признание за неговата победа на сите три избори, но не и за последиците од неговиот пораз во 2020 година, по што Бајден помина четири години во Белата куќа. Трамп ги доби претседателските избори во 2016 и 2024 година. Неговите тврдења дека победил во 2020 година не се поткрепени со докази, а обидите за оспорување на резултатите од изборите не го променија официјалниот исход од изборите. Trump: I don't know who's gonna be your next president, and I think the law says I'm not allowed to run again. I studied that phrase forever. One thing is different. They cheated us on the second one. And we won three times. I think I have the right to run again because they cheated. I want three wins but I don't want the results of the second — Headquarters (@HQNewsNow) October 23, 2026 Тој повторно зборува за третиот мандат Трамп претходно јавно разговараше за можноста да остане на власт по завршувањето на неговиот втор мандат, иако во одредени прилики призна дека Уставот не му дозволува да го стори тоа. Во октомври 2025 година, тој изјави дека уставната забрана е јасна и дека не треба повторно да се кандидира. Но, тој продолжи повремено да зборува за трет мандат, прикажувајќи го својот пораз од 2020 година како победа што наводно му била одземена. Неговите последни изјави доаѓаат помалку од две недели пред конгресните избори на 3 ноември, на кои републиканците се обидуваат да го задржат своето мнозинство во Конгресот. Трамп одржа митинг во Ајова за да ги поддржи републиканските кандидати, вклучувајќи ја и Ешли Хинсон, кандидатка за Сенатот на САД. Што вели Уставот на САД? Дваесет и вториот амандман на Уставот на САД конкретно наведува дека никој не може да биде избран за претседател повеќе од двапати. Одредбата беше ратификувана во 1951 година, откако Франклин Д. Рузвелт победи на четири претседателски избори. Трамп веќе отслужи еден мандат, од 2017 до 2021 година, а неговиот втор започна во јануари 2025 година. Според сегашните уставни ограничувања, тој не може да биде повторно избран за претседател во 2028 година. Промената на оваа одредба би барала измена на Уставот, што бара двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот и потврда од три четвртини од американските држави.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook