Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
2Хакери ги објавија податоците на над 40.000 вработени во Министерството за внатрешна безбедност на САД
ХороскопНеделен хороскоп за 2.-9. март 2020 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 2. март до 9. март 2020 година Риби 20.2.- 20.3. Љубов Убедливоста со која ќе зрачите ќе ги привлекува дури и оние на кои не им се допаѓате. Ако барате сродна душа и уште сте сами , потпрете се во целост на вашата самодоверба. Дури и ако на почетокот не оди се како подмачкано , работите ќе се развиваат во ваша корист. Кариера Конечно некои други ќе се придвижат. Информациите што веќе некое време ги очекувавте од нив , ќе стигнат. Тоа ќе расчисти некои дилеми во оперативното ниво на работата, па ќе почнете да работите полесно , појасно и ќе се знае што е чија задача. Здравје Некои ќе уживаат со пријателите. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата потреба за сигурност ќе биде силна речиси целата оваа недела. Затоа многумина ќе се согласат и на компромиси. Сепак , во длабочината на душата ќе зачувате некои свои желби и нема да се откажете од нив. само нема да ги покажувате. Ќе имате верба во иднината. Кариера Следејќи го својот пат ќе дојдете до фаза кога треба да бидете на услуга на другите. Токму ваквата доблесна особина ќе дојде до израз овие денови и тоа најмногу зашто состојбата ќе се равие во таква насока. Ќе им помогнете на многумина околу себе. Здравје Ќе ви недостига енергија. Штедете се. Бик 21.4- 20.5. Љубов Некои ќе заминат на пократко патување или на излет , што би можел да им остане во незаборавно сеќавање и убав спомен. Други ќе дочекуваат роднини кои ќе ги поврзат со личност за која искрено чќе се заинтересираат. Сите ќе бидат меѓу луѓе и насмеани. Кариера Успехот ќе ви биде на дофат , но кога малку подобро ќе размислите , ќе сфатите дека на сето тоа му недостига вистинска содржина. Однадвор сјај , одвнатре празнина. Здравје Дефинирајте ги своите критериуми. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следните денови ќе имате бројни шанси за да ги подобрите односите со луѓето околу себе. Со малку поголема отвореност , се ќе излезе на подобро. Ваше е да се потрудите. Кариера Ќе барате нешто , а ни самите нема да бидете сигурни што е тоа. Поради тоа повремено ќе делувате збунето ,како себеси , така и на колегите. Застанете и размислете кои се вашите деловни цели и приоритети. Здравје Не заборавете да се опуштите. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновиве нема да дојде до значајна промена во вашите лични односи . Ќе имате навистина доволно мотивации , а особено за комуникација , па многумина со зборови ќе надоместиваат она што им недостиганна емотивен план. Ќе успаеат во тоа. Кариера Прегледот на минатиот период ви буди надеж во другите , но не ја подигнува вашата лична самодоверба.Сепак , овие денови ќе имате шанси за повеќе да се покажете и да ги докажете своите работни способности. затоа не се двоумете, туку засукајте ги ракавите и работете. Здравје Почнете да спортувате. Лав 23.7-22.8. Љубов Малку нов поттик во вашиот љубовен живот ќе ја освежи вашата врска. затоа дајте се од себе за да осигурате квалитетен однос со личноста која ви се допаѓа. Ќе има малку нервоза и недоразбирања , но не им придавајте значење. Кариера Пред вас се предизвици на креативност и храброст. Само со примена на такви вештини можете да успеете. Повлеченост или механичко одработување моментално не ви се добро поставени. Клучот на успехот за вас се наоѓа во прифаќање на предизвиците. Здравје Најдете содржини што ви се допаѓаат. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед на секогаш неповолните љубовни околности , вие ќе бидете оптимист. Затоа нема да бидете сами , туку ќе излегувате меѓу луѓе. Ќе бидете одлично прифатени поради позитивниот став. Така со сопственото однесување ќе си го подобрите интимниот живот. Кариера Се што ќе работите некако ќе оди во сенка . Сепак , поради тоа што сте свесни за своите претходни успеси, тоа што сега не сте во прв план , нема да ви пречи како што се случувало претходно. Не може сите коцкички во исто време да си дојдат на свое место. Здравје Имајте трпение во секој аспект од животот. Вага 24.9.-23.10. Љубов Саканата личност ќе зрачи многу повеќе од вас , па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови значително подобро ќе го осмисли вашето слободно време , отколку вас самите. Препуштете и се со доверба. Бидете како дете и уживајте во животот. Кариера Чекате други да дадат свое мислење за она што сте го сработиле со своите соработници. Тие ќе ве поддржат , а вие самите од себе ќе барате уште повеќе. Понекогаш вашите очекувања ќе бидат нереално високи. Бидете пореални и пољубезни. Здравје Внимавајте на квалитетот на исхраната. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои се во врска ќе се трудат уште повеќе да го зацврстат односот со саканата личност. Ќе ,,поработат” уште некои мали правила што ќе бидат основа за постабилни критериуми во меѓусебните односи. Оние кои уште се сами , нема премногу да излегуваат , но ќе бидат добро. Кариера Веројатно ќе имате зголемен обем на обврски , но бидејќи нивниот карактер во најголем дел ви е интересен , нема да ви биде тешко да работите. Проблемот ќе биде во недостиг на енергија , па подгответе подобар план и штедете си ја силата. Здравје Расте вашиот интерес за грижа за здравјето . Наспијте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се наоѓате во интересен љубовен период , во кој нема да недостига страст, како ниту опуштеност во односите со личноста која ја сакате. Некои со задоволство ќе излегуваат со пријатели. Главно , малкумина се оние кои ќе бидат сами. И тие ќе излегуваат меѓу луѓе. Кариера Можеби се уште чекате одговори на некои прашања. Како што тие засега изостануваат , ќе мора да се снајдете со она што го знаете и имате. Тоа за вас нема да биде голем проблем , но ќе има такви кои и натаму ќе треба да ги обучувате.Помогнете им со своето знаење. Здравје Потпрете се на блиските за да се чувствувате пријатно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Наредните денови ќе дојде до постепено подобрување на вашиот интимен живот. Луѓето повторно ќе станат поотворени кон вас и обратно. Многумина својата врска ќе ја обноват со излегување на некое убаво место. Осамените повторно ќе се разбудат и ќе излезат од дома. Кариера Можно е да излезе на виделина нешто што долго се очекувало. Тоа ќе предизвика нови поттици за вас и ќе ја придвижи работата во нова насока. Сите ќе се прилагодуваат. Вие ќе бидете личност од доверба. На некои ќе им бидете пример како треба да се работи. Здравје Ќе истражувате се околу себе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Богатството кое сега го живеете ќе се рефлектира на вашите лични односи на различни начини. Можете да бегате, можете да истрпите , може иронично да се смеете. Веројатно вие ќе ги поминете сите такви реакции , а силата ќе ја црпите од љубовта и меѓусебната доверба. Кариера Ќе има уште некои мали борби чиј резултати ќе зависат од вашата способност за соработка со другите. Ќе треба малку трпение , а тоа ќе ве нервира.Од вас зависи како ќе се носите со барањата што ви се доставени.Бидете професионални. Здравје Не може ништо да се постигне со сила.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОсуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби15:00Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
ЗабаваПијани гости им го „украдоа“ првиот танц на младенците во Сплит- снимката е урнебесна (ВИДЕО)Додека младенците беа на подиумот за танцување изведувајќи го својот прв танц, вниманието на гостите требаше да биде насочено исклучиво кон нив. Сепак, видео од свадба во Сплит покажа дека непланираните настани понекогаш можат да ја украдат претставата дури и од главните ѕвезди на вечерта, пишува „Слободна Далмација“. Имено, додека младенците уживаа во романтичен момент, во позадина се одвиваше сосема поинаква сцена. Двајца гости беа толку зафатени со атмосферата што во еден момент завршија на подот, каде што почнаа да се тркалаат и да се смеат, што предизвика воодушевување кај некои од присутните. Видеото го објави на социјалните мрежи Lex Band, со хумористичен натпис: „Како да го засените првиот танц“. Видеото брзо го привлече вниманието на корисниците, а многумина не можеа да не се насмеат кога видоа што се случува зад младенците. Коментарите беа полни со шеги за гостите, а некои забележаа дека тие станале главни ѕвезди на вечерта. Други истакнаа дека најзабавните моменти на свадбите често се оние што не биле планирани. Некои корисници признаа дека морале да го гледаат видеото неколку пати за да забележат што се случува во позадина. Додека младенците се обидуваа да ја зачуваат романтиката и елеганцијата на нивниот прв танц, двајца гости успеаја да го украдат целото нивно внимание, барем за кратко време.Тагови: младенците гости Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаУпаднале на фарма, пукале во сопственикот и се изживувале- му ги исекле ушите и се обиделе нешто одвратно (ВИДЕО)Јужноафриканец бил измачуван за време на грабеж на неговата фарма, при што му биле отсечени ушите.50-годишниот сточар Донован Маркс вчера бил сам дома откако неговата сопруга Луиз заминала на работа кога двајца мажи нападнале еден од неговите работници во шталата, објавува „Дејли меил“.. Фармерот бил врзан, а потоа насилно внесен во главната куќа на фармата, каде што Маркс бил застрелан и избоден во ногата. Додека лежел во локва крв, напаѓачите го исмејувале, потоа го држеле долу и му ги отсекле ушите, кои потоа ги исекле на мали парчиња. Неговиот сосед објавил на социјалните мрежи дека работникот успеал да се ослободи и да побара помош. Пристигнувањето на едно лице кое му дошло на помош ги спречило напаѓачите да му ги отсечат и гениталиите. Разбојниците не успеале да украдат вредни предмети од фармата во близина на Почефструм, туку избегале со автомобилот и приколката на Маркс. White farmer has his ears hacked off during horrific torture in South African farm robbery: 'The motive clearly isn't just to steal' https://t.co/n6HU2iNxmj — Daily Mail (@DailyMail) October 29, 2026 Повредениот човек бил итно префрлен во болницата Медиклиника Почефструм, каде што лекарите му пружиле помош. Според достапните информации, Маркс се бори за живот, а болницата објави дека неговата состојба е „критична, но стабилна“. Питер Стајн, зет на повредениот сточар, рече дека Маркс бил застрелан во рамото и избоден во ногата. „Не знаеме зошто бил мачен. Не можел да разговара со нас, а она што се случило уште еднаш покажува колку се брутални нападите врз фармите во Јужна Африка. Ваквите напади излегуваат од контрола“, рече Стајн. Тој додаде дека мотивот за нападот очигледно не бил само кражба. „Напаѓачите го врзале работникот на фармата, а потоа го мачеле Донован. Сепак, работникот успеал да се ослободи и да повика помош, која брзо пристигнала. Колку што знаеме, работникот не бил повреден“, рече Стајн. Полицијата пристигнала на местото на настанот кратко време по нападот, заедно со екипа на брза помош. Пратеникот на Демократската алијанса и претседател на парламентарниот комитет што ја надгледува работата на Јужноафриканската полициска служба, Иан Камерон, го осуди нападот. „Не секој напад на фарма вклучува тортура, но за намерната суровост што се случува во некои случаи мора отворено да се зборува. Двете жртви заслужуваат соодветна поддршка“, рече Камерон. This morning Donovan Marx was viciously attacked on his farm. Severely beaten. Ears cut off. This is the brutal reality facing our farmers. Stop waiting for someone else to protect you. Join your local safety structures now. Visit https://t.co/h54X5i83SK Look after yourself. Look after your family. @afriforum — Jacques Broodryk (@JacquesBroodryk) October 28, 2026 Тој рече дека лично присуствувал на истрагите на местото на нападите каде што жртвите биле подложени на тешка тортура. „Луѓето биле истурани со врела вода, некои дури и во грлото. Жртвите биле горени со пегли за облека, а на некои им биле дупчени дупки во рацете и нозете. Во некои случаи, луѓето биле држени во заробеништво со часови и мачени“, рече тој. Камерон рече дека планирањето за итни интервенции мора да го земе предвид времето што напаѓачите го поминуваат со жртвите, нивото на насилство и изолацијата на фармите. „Погрешно е да се потценуваат нападите на фармите споредувајќи ги со други насилни злосторства. Ниту еден политички лидер не треба да го одобрува или поддржува насилството врз земјоделците и работниците“, рече Камерон. Тој додаде дека полицијата на Северозападната покраина мора да обезбеди случајот да биде истражен од искусни истражители и дека доказите можат да се користат на суд. Портпаролот на полицијата на Северозападната покраина, капетанот Маџанг Скалки, рече дека полицијата сè уште собира информации за нападот и ќе даде повеќе детали подоцна. Нема апсења. Д-р Корнелиус Малдер, лидер на десничарската партија „Фронт на слободата“, исто така го осуди нападот. „Нападот врз г-дин Маркс беше исклучително брутален. Нашите мисли и молитви се со него и неговите најблиски“, рече Малдер. Тој рече дека неговата партија постојано предупредува дека нападите врз фармите често се придружени со екстремно насилство и тортура, поради што, рече тој, тие не треба да се третираат како обични злосторства. Малдер повторно го повика јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса да го признае обемот на убиствата и нападите врз земјоделците и да преземе конкретни мерки. Тој рече дека деталите за тоа што се случило со Маркс се толку шокантни што не треба да бидат објавени. Ова е втор напад врз фарма во северозападната провинција оваа недела. Претходно, сопругата на земјоделец беше претепана до смрт со метална шипка додека ја отвораше безбедносната порта на нивната фарма во градот Отсдал. Нејзиниот сопруг ја пронашол како лежи во локва крв. Таа починала на пат кон болница. Земјоделците во Јужна Африка велат дека властите ги игнорираат злосторствата против нив и дека нападите често се насочени и брутални. Тие веруваат дека ваквите злосторства не треба да се сведат на категоријата „обичен криминал“. Според текстот, помеѓу 40 и 72 земјоделци се убиени на фармите во земјата секоја година. Сепак, властите истакнуваат дека овој број е незначителен во споредба со приближно 75-те убиства што се извршуваат секој ден во целата земја. Демонстрантите велат дека нападите врз фармите се одликуваат со суровост, тортура и продолжено страдање на жртвите и дека затоа треба да се класифицираат одделно. Американскиот претседател Доналд Трамп постојано тврди дека Јужна Африка е подложена на „бел геноцид“, велејќи дека белите земјоделци се цел на напади и убиваат, а нивната земја е одземена. Соединетите Американски Држави ја променија својата политика за бегалци и азил за да им дадат поголем приоритет на белите Јужноафриканци кои сакаат да дојдат во САД, тврдејќи дека тие бегаат од прогон. Сепак, јужноафриканските власти инсистираат дека високата стапка на насилен криминал и напади врз фарми ги погодува граѓаните од сите раси и дека нема докази за геноцид врз белото население. Претседателот Рамафоса силно ги отфрли тврдењата дека белите земјоделци се издвојуваат како цели на насилни напади. Корисник на социјалните мрежи, кој рече дека е сосед и пријател на Маркс, ги опиша деталите од нападот. „Донован беше застрелан во грб, а куршумот му излезе од стомакот. Двете уши му беа отсечени“, напиша тој. Повредениот човек беше однесен во болница, рече тој, но лекарите сè уште не беа сигурни дали ќе можат да му ги реконструираат ушите, бидејќи напаѓачите ги исечеле на мали парчиња. „Тие се обидоа да му ги отсечат гениталиите, но за среќа наишол еден работник. Потоа двајцата избегале од фармата со неговиот пикап“, рече соседот на Маркс. Слични инциденти ја потресоа земјата и претходно Во 2021 година, седум вооружени напаѓачи поставија заседа врз сточарот Нил Бирман (47), неговата сопруга Соња (43) и нивните три мали синови на оддалечена фарма во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ги принудија да отворат сеф со пиштол. Кога откриле дека внатре нема ништо вредно, го ставиле шестгодишното момче во рерна и се заканиле дека ќе го испечат живо. Минатата година, сточарката Рол Ујс (70) преживеала брутален напад врз нејзината фарма во Каролина, исто така во покраината Мпумаланга. Напаѓачите ја држеле додека загревале вода во котел, а потоа ја мачеле повеќе од еден час, смеејќи се и загревајќи ја водата за да ја прелијат. Тие истуриле врела вода врз нејзината глава, ја удирале со чајник, ѝ ги врзале устата и лицето со селотејп, ја врзале со синџир, потоа фрлиле куп мебел врз неа и ја оставиле да умре. Во неверојатен пресврт на настаните, Ујс била пронајдена жива кога луѓето што дошле во куќата откриле што се случило. Таа преживеала и покрај критичните повреди и тешките изгореници на главата и лицето.Тагови: фарма Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаИлон Маск најави крај на парите- доларите ќе бидат заменети на два начина(ВИДЕО)Доларот и другите традиционални валути ќе станат целосно непотребни поради развојот на вештачката интелигенција и роботиката, а богатството наместо со пари ќе се мери во енергија и физички ресурси, изјави Илон Маск. Во разговор со биографот Волтер Исаксон на подкастот „Градителите“, Маск истакна дека идната валута може да се изрази преку основни физички мерни единици како вати и тони, особено кога цивилизацијата почнува да населува други планети и кога достапната енергија станува клучен ресурс за опстанок. Роботите како единствено решение за американскиот долг Маск верува дека масовната автоматизација е единствениот реален начин за рехабилитација на огромниот јавен долг на Америка. Неговата пресметка поаѓа од фактот дека роботите и напредните алгоритми драстично ќе го зголемат производството на стоки и услуги со значително помала човечка работа. Тој оценува дека финансиската криза не може да се реши со едноставно намалување на државната потрошувачка, пред се поради големиот политички отпор кон ваквите мерки. Зборувајќи за сопственото богатство, кое Блумберг го проценува на околу 921 милијарда долари, Маск очекува дека даночните закони во следните генерации значително ќе го намалат богатството на неговите наследници. Затоа тој планира неговата фондација да продолжи да инвестира во одржлива енергија и проширување на човештвото надвор од Земјата, а исто така ја објави својата намера да донира акции на SpaceX во вредност од повеќе од 10 милијарди долари на американските деца следната година.Тагови: Илон Маск пари Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter