ХороскопНеделен хороскоп за 2.- 9. февруари 2026 годинаНеделен хороскоп з апериодот од понеделник, 2.- 9. февруари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканАЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделникОткако Народната банка на Србија ноќеска ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај. „Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“ „Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката. Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеБројот на жртви од ебола во Конго надмина 5.000, стапката на смртност изнесува 48,6 отстоБројот на потврдени смртни случаи од ебола во Демократска Република Конго (ДР Конго) надмина 5.000, при што се регистрирани вкупно повеќе од 10.350 потврдени случаи, соопшти Министерството за јавно здравје, хигиена и социјална заштита. Во соопштението се наведува дека, од почетокот на епидемијата, во ДР Конго се евидентирани вкупно 10.351 потврден случај и 5.026 смртни случаи, што претставува стапка на смртност од 48,6 отсто. Тековната епидемија на ебола започна на 15 мај во ДР Конго и Уганда. На 28 јули, властите во Уганда објавија дека епидемијата во нивната земја е завршена. Светската здравствена организација го потврди ова на 25 август. Во соседна Кенија, првиот случај на ебола беше потврден на 6 октомври, пренесува ТАСС. Пациентот бил државјанин на Кенија кој претходно живеел во ДР Конго. Тој пристигнал во Најроби преку Уганда на 3 октомври, а починал на 5 октомври. До 19 октомври, во Кенија биле откриени вкупно осум случаи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37