ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија
1ВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенија
2МАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во Албанија
3Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
ХороскопНеделен хороскоп за 19.-26. јануари 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 19. до 26. јануари 2026 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повечето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, иозборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени напитоци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: 23 октомври не потсетува дека Македонија е наследство од предците, одговорност на сегашноста и аманет за идните поколенијаНа 23 октомври 1893 година, во тешки и неизвесни времиња, се роди Македонската револуционерна организација, која низ годините дејствувала под различни имиња, но со еден единствен код – ВМРО. Таа е сопатник и главен организатор на македонската револуционерна борба, обединувајќи ги стремежите на македонскиот народ за слобода, автономија и национално достоинство. Преку својата дејност, Организацијата е длабок белег во македонската историја и симбол на непокорот, пожртвуваноста и вековниот стремеж за сопствена држава. Македонските револуционери ги поставија темелите на борбата за слобода, национално достоинство и право македонскиот народ сам да ја гради својата иднина, слободно да ги чува и негува своите традиции, јазик, култура и национална посебност, достоинствено и рамо до рамо со европските народи. Овој ден е сведоштво за непокорот на еден народ, за силата на една идеја и за вековниот стремеж на Македонците да живеат слободни, свои на своето, во сопствена држава. Денес, со гордост и почит, се сеќаваме на македонските револуционери, на нивната храброст, самопрегор и непоколеблива верба во правдата. Нивната жртва не смее да биде заборавена. Денешната слобода и македонската државност се обврска што ја носиме пред сите генерации што се бореле, страдале и верувале во Македонија. Наше е да ја градиме државата со чесност, знаење, труд и одговорност, да се стремиме кон правда, демократија и просперитет, да создаваме општество во кое младите ќе имаат причина да останат, да учат, да работат и да ја остваруваат својата иднина во сопствената татковина. Нека 23 Октомври биде потсетник дека единството не значи сите да размислуваме исто, туку да знаеме дека љубовта кон татковината, почитта кон нашата историја и грижата за идните поколенија се вредности што нè обединуваат. Ова е наследството што треба достоинствено да им го предадеме на идните генерации. Да го чуваме она за што се бореле нашите предци, да го почитуваме она што сме и да ја градиме Македонија каква што ја посакувале генерациите пред нас, слободна, достоинствена, просперитетна. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!,се наведува во честитката. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМАЕИ со честитка по повод 23 Октомври: Почит за македонските револуционери и придонесот на Македонците во АлбанијаМакедонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот.Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, упати честитка до Македонците во Република Албанија, во Македонија и ширум светот, како и до сите граѓани кои ги почитуваат слободата, човечкото достоинство, солидарноста и правото на секој народ да го зачува својот национален идентитет. Во честитката, потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски, се истакнува историското значење на овој датум, кој потсетува на храброста, пожртвуваноста и истрајноста на македонските револуционери во борбата за слобода, правда, достоинство и подобра иднина. „Нивната борба е дел од историското наследство на Македонија и потсетник дека слободата и човековите права се вредности што бараат постојана грижа, одговорност и посветеност“, се наведува во честитката на МАЕИ. Посебен акцент е ставен на придонесот на македонските села кои денес се наоѓаат на територијата на Република Албанија. Македонското население од Преспа, Голо Брдо, Врбник, Поле и другите краишта имало свое место во револуционерното движење и во историските настани поврзани со Илинденското востание од 1903 година. Преку учеството на востаници, поддршката на македонската револуционерна организација и солидарноста со борбата за слобода, жителите на овие села придонеле за зачувувањето на идеалите за слободна Македонија. Од МАЕИ нагласуваат дека нивниот придонес претставува важен дел од историското наследство на Македонците во Албанија и заслужува да биде зачуван и пренесуван на идните генерации. Во честитката се истакнува и дека македонската заедница во Албанија и денес продолжува да го чува и развива своето историско, јазично и културно наследство, истовремено придонесувајќи за демократското општество, меѓуетничкото разбирање и соживотот во Република Албанија. Според МАЕИ, одбележувањето на 23 Октомври не е само потсетување на историските настани и жртвите на македонските револуционери, туку и повик за одговорно градење на иднината – општество во кое различностите се почитуваат, малцинските права се гарантираат, а секој човек има можност слободно да го изразува својот идентитет и да придонесува за заедничкиот напредок. „Со длабока почит им оддаваме признание на сите кои се бореле за слободата и достоинството на македонскиот народ. Нивната посветеност нека биде инспирација за единство, меѓусебно почитување, солидарност и истрајност во зачувувањето на нашето историско и културно наследство“, се наведува во честитката потпишана од претседателот на МАЕИ, Васил Стерјовски. Од Македонската алијанса за европска интеграција упатија порака за зачувување на македонската историја, јазик, култура и традиции, како и за градење иднина заснована врз мир, слобода, еднаквост, меѓусебно почитување и достоинство. „Нека ни е честит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба!“, порачуваат од МАЕИ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борбаПартизаните и ние, нивните потомци, не случајно се повикуваме на Илинденското востание и на комититите. Впрочем, не можеме да говориме за ослободувањето на татковината, а да ја премолчиме или да ја занемариме саможртвата на оние што со натчовечки напор се обиделе, но не успеале да го остварат сонот за национална држава. Не можеме да ја чествуваме државноста, а да ја заборавиме пожртвуваноста на поколенијата што ги удриле нејзините темели и ги вградиле животите во нив. Зарем можеме да ја разбереме сегашноста ако не ги познаваме и не ги почитуваме идеалите, надежите и историските чекори низ коишто се формирала нашата национална самосвест? Токму затоа, 23 Октомври има особено место во македонската историја. Со основањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, најсвесните македонски дејци ја преточиле вековната жед и желба за слобода во организирано дело, а стремежот кон самобитност во решителна битка на смрт за сопствена држава. Во бурните историски времиња и тешки околности, водени од македонскиот непокор и од насушната потреба од пристоен човечки живот, тие го трасирале патот на македонската револуционерна борба. Но, што значи чествувањето на нивното дело ако не ги негуваме вредностите за кои се бореле? Пиететот кон предците има смисла само кога нивните високи и благородни идеали ги преточуваме во праведност, солидарност и посветеност на општото добро. Историското завештание не е само причина за гордост, туку и морална обврска да ја унапредуваме државата, да го штитиме човечкото достоинство и да создаваме општество во кое правото, правдата и моралот ќе бидат не само темелни вредности, туку и реалност. Ако револуционерниот порив некогаш се потврдувал со себежртвување за високи национални цели, денес се докажува со одлучно и чесно работење, интелектуална смелост и решителност за нужни реформи. Повторно сме пред историски испит во ова време-невреме, да го продолжиме стремежот на претходниците за просперитетна македонска држава. Нашиот долг кон предците е да го чествуваме споменот за нив, оддавајќи им должно признание, кон современиците да постапуваме со одговорност кон надлежностите и работните обврски, а кон идните поколенија – како гарантори на нивната сигурна иднина. Нека ни е честит и вековит 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба! д-р Гордана Сиљановска-ДавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба08:59
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05