ХороскопНеделен хороскоп за 18.- 25.мај 2020 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник 18. мај до 25. мај 2020 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. Здравје и совет По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни. Кариера Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец. Здравје и совет Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани. Кариера Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата. Здравје и совет Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате. Кариера Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Уживајте , но не претерувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања. Кариера Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа. Здравје и совет Уживајте во животот и во природата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете. Кариера Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи. Здравје и совет Повремени нервози и мали грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни. Кариера Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри. Кариера Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат. Здравје и совет Најдете секој ден малку мир за себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа. Кариера Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие. Здравје и совет Обезбедете си повеќе време за сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата. Кариера Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни. Здравје и совет Не го занемарувајте редовниот сон. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате добар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат. Кариера За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно. Здравје и совет Одете на јога или на медитација за да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаВучиќ во телефонски разговор со Путин ја договорија цената на гасот Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор.Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, разговараше по телефон со претседателот на Руската Федерација, Владимир Владимирович Путин, и нагласи дека имале добар и суштински разговор, како и дека разговарале за продолжувањето на гасниот аранжман што истекува на 30 септември и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија (НИС), објави Телеграф. „Верувам дека, по денешниот разговор, тој (гасниот аранжман) ќе биде продолжен и дека ќе обезбедиме стабилно снабдување со гас. Граѓаните на Србија треба да знаат дека ќе продолжиме да имаме добра, ниска цена на гасот од 318 евра за 1.000 м3, наместо да плаќаме пазарна цена, која денес е 868 евра“, рече Вучиќ на Инстаграм buducnostsrbijeav. Тој рече дека за време на долгиот, едночасовен разговор, опфатиле голем број теми - билатералните односи, ситуацијата во регионот, конфликтот во Украина, како и сите други од значење за Србија и Русија. „Разговаравме и за прашањето на Нафтената индустрија на Србија, со надеж за решение што е добро за двете страни“, нагласи Вучиќ. View this post on Instagram A post shared by Aleksandar Vučić (@buducnostsrbijeav) Тој изрази благодарност до претседателот Путин за испраќањето помош во гаснењето на пожарите во Србија и со тоа спречување на поголеми штети. Тој додаде и дека го информирал Путин дека утре ќе поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. „Го информирав претседателот на Руската Федерација дека утре поднесувам оставка и изразив благодарност за досегашната соработка, која трае четиринаесет години, со надеж дека идните претседатели на Србија ќе знаат како одговорно да ја водат надворешната политика на нашата земја, одржувајќи некаков баланс кон сите фактори на меѓународната сцена“, рече Вучиќ.Тагови: Александар Вучиќ Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски на Генералното собрание на ОН: Правилото што важи денес не може да биде поинакво утре09:59Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
ЕвропаИлјадници демнонстранти во Мадрид бараат оставка од Санчез поради мигрантите на СеутаИлјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка.Илјадници луѓе, носејќи шпански знамиња, се собраа денес во центарот на Мадрид за да протестираат против начинот на кој левичарската влада на премиерот Педро Санчез ја управува ситуацијата во шпанската енклава Сеута во Северна Африка, каде што пред два месеци влегоа 72.000 мигранти од Мароко. Демонстрантите, собрани од конзервативната платформа Sociedad Civil Española под слоганот „За достоинство и одбрана на Шпанија“, побараа оставка од премиерот и распишување предвремени избори. Лидерите на десничарските опозициски партии Partido Popular (PP) и Vox учествуваа на состанокот. „Сеута е сè уште окупирана затоа што Санчез е сè уште марокански слуга“, рече шефот на Vox, Сантијаго Абаскал. Демонстрантите го поздравија со аплауз и извици „Претседател, претседателе!“. „Денес сме на улица заедно со граѓанското општество“, рече тој додека се обраќаше пред медиумите. Околу 8.300 мигранти се сместени во различни прифатни центри во Сеута Демонстрантите се упатија кон Триумфалната капија, која се наоѓа во близина на владината зграда. Маршот се одржа во време на заострена политичка и социјална дебата за ситуацијата во градот Сеута, каде што сè уште има голем број мигранти кои влегоа во градот за време на масовниот прилив на крајот на јули. Околу 8.300 мигранти се сместени во разни прифатни центри во Сеута, додека околу 4.000 сè уште живеат на улиците и плажите. На почетокот на септември, на официјалниот Ден на Сеута, илјадници луѓе учествуваа во протести низ цела Шпанија во поддршка на локалните жители. Тагови: Мадрид Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваРијана позира во црвена чипка од својата нова колекција на долна облека (ФОТО)Ријана продолжува да ја промовира својата линија долна облека Savage X Fenty. Пејачката и претприемачка објави серија нови фотографии на Инстаграм на кои позира во црвен чипкаст ансамбл од свој бренд. На фотографиите, таа носи црвен чипкаст градник и соодветни гаќички. Станува збор за модели во нијанса Timeless Red, а градникот е направен од еластична чипка, нема постава и има прилагодливи ремени и копче на задната страна. Колку чини комплетот? Цените на производите на Savage X Fenty варираат во зависност од членството и тековните промоции. Сличен црвен чипкаст модел од понудата на брендот, кој е означен и како „Rihanna's Pick“ на нивната страница, чини 56,95 евра за клиенти кои не се членови, додека новите членови моментално можат да го купат за 22,78 евра. View this post on Instagram A post shared by badgalriri (@badgalriri) Таа постојано ја промовира својата облека на Инстаграм Новите фотографии се само продолжение на промотивната стратегија на Ријана. Таа редовно ги претставува своите колекции долна облека лично, па неодамна објави фотографии во црно-бел сет со огрмушки, како и во жолто летно издание. Пред тоа, таа позираше во неглиже со животински принт и сет од три дела во корално црвена боја со цветен дезен. Нејзините објави редовно го привлекуваат вниманието на нејзините следбеници. „Токму тоа ни требаше“, е еден од коментарите. Други напишаа: „Го испуштив телефонот! Ни треба предупредување за оваа голема жештина!“ и „Кралицата се врати“.Тагови: Ријана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook