Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ХороскопНеделен хороскоп за 18 - 25 јануари 2021 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник,18 -25 јануари 2021 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе се чувствувате празно и незаинтересирано за некои љубовни активности. Тоа е последица на вашата заинтересираност за се друго освен за личниот живот. Внимавајте, саканата личност може да се почуствува запоставено. Мал подарок може да ја поправи работата. Кариера Доколку нешто треба да се менува , менувајте.наравете го тоа на мирен и постепен начин. Доколку ве критикуваат немојте да одговарате , туку продолжете и натаму да работите. важное да имате јасен план и доследно да го следите. Успехот е на чекор до вас. Здравје и совет Соработувајте повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Влијанието на љубовните планети врз вашиот љубовен живот деновиве ќе биде различно. Некогаш ќе ви изгледа како се да е можно, а некогаш ништо. Ќе ви биде потребна добра способност за прилагодување , за да ги издржите сите предизвици. Кариера Пред вас се работни денови полни со предизвици , со зголемена одговорност , како и контрола при работењето. Затоа бидете подготвени , потсетете се на она што до сега сте го постигнале и со полно право презентирајте ги своите способности. Здравје и совет Потребено ви е повеќе спиење. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро ќес е развиваат. Мали сомневања ќе имаат краткотраен карактер , па не им придавајте значење. Објективно , вратите на нечие срце ви се отворени. Не си го затворајте самите патот , туку одете таму каде што мислите дека припаѓате. Кариера Би биле најсреќни доколку се повлечете во своето работно катче и да работите нешто по свое. Некои овие влијанија ќе ги искористат за нови долгорочни планови , па ќе осмислат како да го подобрат она што го работат. Ќе има многу интересни идеи , па дури и повеќе. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе помислувате дека сте можеле повеќе да направите , но нема причина за незадоволство. Сега своите сили ќе ги насочите на зацврстување на она што сте го постигнале на личен план. Помалку филозофирање, повеќе интимност и се ќе ви оди како што треба. Кариера Ќе има се повеќе работа , а особено оние во дејноста услуги. Понекогаш нема да можете ниту да земете пауза , а најмногу ќе ве нервира што некои колеги илисоработници ќе функционираат и повеќе од немарно. Ќе се обидете да ги предупредите да работат посовесно. Здравје и совет Не заборавајте да се одморите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Состојбата во приватниот живот ќе се одвива добро. Саканата личност ќе ве поддржува, иако повремено ќе доаѓа до мали вербални недоразбирања. Истовремено ќе се појават бројни и многу убави љубовни шанси за оние кои се сами. Кариера Два чекора напред , па еден назад. Така деновиве би можела да се опише вашата работна недела. Сепак , кога ќе соберете пак сте во добивка. размислете за своите амбиции и планови. Дали се реални? Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе бидете се повеќе наклонети кон скривање на своите вистински чувства. Тоа понекогаш ќе предизвика недоразбирања во односите , зашто другата страна нема да биде подготвена. Внимавајте со ваквиот свој став да пропуштите добра љубовна шанса или некој друг да се откаже од додворување кон вас. Кариера Продолжувате да развивате се подобра деловна иднина. Остана уште малку време за да ги привршите подготовките. Неделава нема да биде се готово. Немојте тоа да ве изнервира , зашто на крај ќе видите дека се излегло подобро од очекуваното. Здравје и совет Игнорирајте ги малите грижи. Рак 22.6-22.7. Љубов Како што ќе минува неделата , ќе забележите дека важите љубовни односи се повеќе се подобруваат. Тоа ќе ве охрабри за да бидете уште поотворени и посигурно да им пристапувате на личностите кои ви се допаѓаат. Оние кои се во врска , ќе бидат уште поблиски со саканата личност. Кариера Не сте ни помислувале дека може да ви тргне толку на добро. Ќе се поврзувате со луѓе , меѓу кои и со нови соработници уште подобро отколку што сте претпоставувале. Идеите ќе ги разменувате поинтензивно , а нивната примена ќе биде возможна. Пред вас се динамични денови. Здравје и совет Штедете си ја силата. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своите лични односи ќе станете поотворени и поопуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што вие ќе имате доверба во партнерот , туку и обратно. Бидете свесни за тоа и чувајте го. Кариера Веројатно нема да излезете во прв план , но сепак ќе ви биде добро. На вас е да работите и да покажете што знаете. Ситуациите , луѓето и настануите ќе ви одат во полза , дури и кога на прв поглед состојбата нема да ви изгледа сјајна. Здравје и совет Не губете време на безначајни работи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Барањата што постојано ќе доаѓаат од други подрачја на животот, повремено ќе ви ги нарушуваат стабилните лични односи. Ако се обидете нешто да објасните , нема добро да поминете. Затоа бидете тивки и едниоставно сакајте. Така ќе биде најдобро. Кариера Ќе се засили кореспонденцијата со колеги кои не се од местото каде што работите. Ќе се поврзете со нив и ќе разменувате деловни искуства. Некои ќе заминат на службен пат. Тоа ќе ги освежи и ќе разбуди кај нив авантуристички идеи. Здравје и совет Вашите таленти чекаат да се истакнат. Развивајте ги. Вага 24.9.-23.10 Љубов Многу луѓе постојано ќе ве опкружуваат. Ќе бидете расположени , весели , подготвени се да споделите со нив , но без премногу обврски. Некои својата врска ќе ја стават во позиција на добро пријателство и ќе се откажат од поголеми интимности. Партнерот би можел да биде збунет. Кариера Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата зрелост и професионалноста. Овие денови уште ќе чекате на некои одговори од соработниците , што може да влијаат на натамошниот развој на работата , но општо земено , се е под контрола и добро се одвива. Здравје и совет Задоволни сте со самите себе. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Иако вашата врска одлично ќе напредува,вие самите ќе бидете склони кон чепкање по ситници , а особено во вашиот внатрешен свет. Со таков пристап ќе ја загрозите спонтаноста , па затоа не претерувајте. Опуштете се. Кариера Колку долго сонувавте за некои деловни потфати , толку сега имате шанса да го покажете своето знаење и умеење. Веројатно ќе се зголеми вашето влијание врз другите на работното место . Подготвени сте за такво нешто. Здравје и совет Ќе бидете отворени за секакви предлози. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Следните денови вие еднакво ќе уживате било како самец со пријателите или во врска со саканата личност. Нема да чувствувате притисок , па по секоја цена мора да се зближите со некого. Ќе бидете навидум незаинтересирани кон другите , но со смисол за хумор. Кариера Следните денови работата најверојатно ќе ви падне во втор план. Ќе размислувате за духовниот свет, или пак во својот дом ќе воведете некои измени. На работното место ќе функционирате рутински. Ќе го одработите она што морате и ќе бидете далеку со духот. Здравје и совет Одете во природа .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конциПоранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, заврши во болница откако бил нападнат од германски овчар додека го шетал своето куче. Додека бил во прошетка, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, бил нападнат од германски овчар, при што се здобил со сериозни повреди на ногата. Тој завршил во болница, каде што лекарите му ги санирале раните од каснувањата и му ставиле повеќе од 50 конци. Инцидентот се случил кога Пенант се обидел да го заштити своето куче, американска акита по име Кинг. Германскиот овчар прво го нападнал неговиот миленик, а поранешниот фудбалер веднаш реагирал за да го спречи судирот. Сепак, кучето потоа го нападнало него и го соборило на земја. Пенант им раскажа сè на британските медиуми, опишувајќи ги моментите што се претворија во вистински кошмар. Како што изјави, кучето му ја држело ногата во вилиците најмалку пет секунди, додека тој лежел на земја. „Беше навистина страшно. Другото куче го нападна Кинг, па јас скокнав да го заштитам. Во следниот момент, кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата во вилиците најмалку пет секунди“, рече Пенант, додавајќи дека нема намера да го пријави инцидентот во полиција. Фотографиите што ги сподели поранешниот фудбалер покажуваат сериозни повреди на десната потколеница. Лекарите санирале четири рани од каснување, но го предупредиле дека една особено тешка повреда можеби ќе бара хируршка интервенција. Во текот на својата кариера, Пенант настапуваше за повеќе англиски клубови, меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Бирмингем Сити, Лидс Јунајтед, Портсмут и Стоук Сити. Својата професионална кариера ја заврши во 2018 година, на 36-годишна возраст, по 17 години поминати во фудбалот. Во Премиер лигата забележа вкупно 231 настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook