3СДСМ: Резултати за градоначалник на Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%
ХороскопНеделен хороскоп за 18.-25. декември 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 18.- 25. декември 2023 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри. Кариера Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат. Здравје и совет Најдете секој ден малку мир за себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа. Кариера Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие. Здравје и совет Обезбедете си повеќе време за сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата. Кариера Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни. Здравје и совет Не го занемарувајте редовниот сон. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате робар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат. Кариера За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно. Здравје и совет Одете на јога или на медитација за да се опуштите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. Здравје и совет По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни. Кариера Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец. Здравје и совет Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани. Кариера Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата. Здравје и совет Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате. Кариера Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Уживајте , но не претерувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања. Кариера Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа. Здравје и совет Уживајте во животот и во природата. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете. Кариера Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи. Здравје и совет Повремени нервози и мали грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно че дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни. Кариера Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизБела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката. На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето. Вежбање, сауна и масажа Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби. На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа. Неодамна го прослави својот 30-ти роденден Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми. Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите. Ново поглавје во животот Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска. View this post on Instagram A post shared by Bella 🦋 (@bellahadid) Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“. Извор: Индекс.хрТагови: Бела Хадид топлес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблемиМинистерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.Тагови: Брвеница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36
СветКрст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“. Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите. Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал. Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА Terrible!! Tragedia en la iglesia Perpetuo Socorro, sur de Guayaquil. El sacerdote Patricio Sánchez falleció tras caerle encima una cruz mientras oficiaba una misa. El lamentable suceso causa gran conmoción entre los fieles y la comunidad católica. https://t.co/647JgyCrA5 — Emergencias Ec (@EmergenciasEc) October 18, 2026 Тагови: свештеник Крст Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter