ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопНеделен хороскоп за 17.-24. ноември 2025 годинаНеделен хороскоп за периодот од понеделник, 17.-24. ноември 2025 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе бидете претприемливи и активни во барање на својата сродна душа , доколку сеуште сте сами. нема да ви биде тешкода заминете и на крај на светот за да го најдете она што го барате. Оние кои се веќе во врска , ќе ја изненадуваат саканата личност со предлози полни со активност и динамика. Кариера На работното место малку ќе се натпреварувате или надмудрувате. До израз ќе дојде вашиот борбен дух. Не стоите најдобро во овој период со авторитетите , па затоа внимавајте како со нов ќе соработувате. Не инсистирајте на своите идеи , зашто не е сега време за некои од нив да се остварат. Издржете. Здравје и совет Почнете да одите во теретана. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно по малку ќе бидете нерасположени за љубов или за барањата од другата страна. Нема најдобро да бидете разбрани , но не се обидувајте да објасните како се чувствувате. најмногу затоа што ова сепак е само преодна фаза. Бидете мирни и најдете начин да се прилагодите. Кариера Привилегиите на кои сте се надевале ќе бидат блиску , но вие нема да бидете во најдобра форма да ги искористите. Повеќе ќе изгледа како нешто да ви се нуди , зашто тоа е нечија задача или зашто такви се правилата на играта. Сепак држете се до поставените цели. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во вашите лични односи ќе владее опуштеност. Многу двојки ќе уживаат без притисок дека мора некаде да се излезе или некому нешто да докажуваат. Ќе има и такви кои ќе сакаат да се повлечат и да ги скријат емоциите , а тука се и мали провокации. Кариера Пречките кои вие ги гледате објективно се помали отколку што ви изгледаат.Ќе ги андминете со својата фантазија и способноста за прилагодување. Ќе ја покажете својата креативна особина. Тоа што целата работа ќе биде проследена со напор , е очекувано. Здравје и совет Имате доволно сила за се за што ќе ви биде потребна. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се чивствувате доволно сигурни во својата врска. ќе бидете подготвени на секакви лудувања , па и на ризик , зашто знаете дека саканата личносрт ве сака најмногу на светот. Дури и ако згрешите , ќе ви биде простено. Оние кои и натаму се сами, главно ќе фантазираат. Кариера Сетете се само колку сте постигнале во минатото , а најмногу за да се мотивирате самите за иднината. Кога ќе ви понудат нешто големо , а вие се сомневате дека тоа не е можно или вие тоа не го можете, самите на себе си правите затворен пат. Имајте повеќе доверба во другите. Здравје и совет Немојте да се надмудрувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно повеќе ќе размислувате за љубовта , отколку што ќе љубите. Некои повторно ќе бидат во искушение за тајна љубовна врска. Ќе има многу кои ќе ве бараат во нивно друштво, но нерма да бидете сигурни кој им е мотивот. Не морате се да знаете однапред. Кариера Ќе соработувате со сите околу себе и тоа многу ефективно. Многу очи ќе бидат насочени кон вас и од вас многу ќе се очекува. Некои ќе повлечат потези што ќе имаат влијание на сите на работното место. Ќе го направат тоа и повеќе од успешно. Ќе минувате низ одредени трансформации. Здравје и совет Со хумор победете ги грижите . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе успеете да одолеете на секое искушение. Ви знаете што барате и кон тоа ќе се држите. Ќе се покаже дека сте биле во право. Онаа личносдт која сега ќе ја освоите , ќе знае дека вашите намери се сериозни. Затоа ќе зсе зближите само со оние кои истото тоа го очекуваат. Кариера Некои ќе се свртат кон непознатото и тајното. Други ќе настојуваат да им помогнат на оние кои уште ја учат работата или кои сега полчнуваат да работат. Трети ќе бараат можности за работа некаде далеку , можеби и на друг континент. Здравје и совет Бидете она што сте и следете си го својот сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Се чини како да ви оди се подобро и подобро. Пред вас се убави љубовни шанси , средби со пријатни лица, довбри забави. Придвижете се и одете меѓу луѓето, а особено ако сте сеуште сами. Бидете мудри , отворени и смирени , како што само вбие знаете да бидете. Кариера Вашиот деловен интерес полека се поместува на финансиски вложувања. Иако имнате постигнато многу, сега на дневен ред доаѓаат некои нови и неиспитани работи. Можебе ќе се обидете да ги достигнете своите сништа на сосема неочекуван начин. Здравје и совет Верувајте му на своето шесто чуло. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Пред вас се денови кога ќе имате многу шанси за да ги зацврстите своите врски. На сите вас ќе ви порасне љубовната самодоверба , а доколку сеуште сте сами, пред личносттие од спротивниот пол ќе настапувате многу самоуверено. Ниту резултатите не би требало да изостанат. Кариера Вашиот деловен интерес полека се пренасочува во вложувања . Се гледа што сте постигнале до сега , но треба да почнете да работите некои нови работи и предизвици. Ќе се обидете да дојдете до она за што сте фантазирале. Здравје и совет Ќе се релаксирате во топла купка. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе уживате во мир двајцата со партнерот на познати места. Нема да ве привлекуваат места каде има многу луѓе , туку ќе го минувате времето во природа или дома. Оние кои се во потрага по сродна душа , исто така нема многу да излегуваат , па најверојатно ќе остануваат сами. Кариера Своите деловни планови полека ќе ги насочувате на ширење на хоризонтите , било како нови содржини или буквално – преку граница. Сега ќе се надминат некои законски пречки , така што можете да се свртите во таа насока. Здравје и совет Ќе добиете добар совет од пријателите. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашето движење меѓу луѓето ќе биде поинтензивно. Затоа ќе имате шанси за средби и запознавање на нови лица. Комуникацијата со лицата од спротивниот пол ќе биде поквалитетна , а вие ќе бидете шармантни. Оние во врска ќе бидат поотворени еден кон друг. Кариера На работното место ќе се случуваат различни работи , а задачите добиваат на тежина. Тоа е нешто што малку ве загрижува , па на работата ќе и се предадете без задршка и без резерва. Јасно е дека ќе изгорите , но затоа резултатите ќе ве задоволат. Здравје и совет Обновете го своето старо хоби. Девица 23.8.-23.9. Љубов Првиот ден од неделата ќе изгледа како љубовта да ве одминува , но од средината на неделата некои пречки едноставно ќе исчезнат. Од друга страна , ќе се појават интересни ситуации , кога ќе бидете во положба да реагирате на провокации. Немојте. Кариера Ги исполнивте резулатите над очекувањата и сега чувствувате потреба за одмор или барем пауза. Кој може , нека замине на пат. Кој останува на работа, и натаму вредно ќе работат , некои ќе менуваат колега , па ќе работат за двајца. Ќе издржите со насмевка. Здравје и совет Ви треба повеќе сон. Вага 24.9.-23.10 Љубов Се наоѓате во фаза на богат семеен живот . Речиси и да нема позначаен настан во кој нема да ги вовлечете членовите на семејството. Кај некои тоа ќер биде и поширокото семејство. Оние во врска ќе се обидуваат да ја поврзат саканата личносдт со членовите на семејството. Кариера Би можеле да се најдете во ситуација кога треба нешто да жртвувате или да се борите за ангажман , иако нема да бидете сигурни дали тоа се исплатува. Затоа преиспитајте ги сопствените критериуми и цели. Се ќе зависи од тоа што навистина сакате. Здравје и совет Почнете да спортувате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37