Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)
2Прага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопНеделен хороскоп за 15. до 22. јуни 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 15. до 22. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамЈапонците расклопија BYD за да видат зошто кинеските автомобили се толку евтини Кинеските производители на електрични автомобили сè повеќе се натпреваруваат со европските и јапонските брендови, а цената е еден од нивните главни адути.За да откријат што стои зад пониските трошоци на BYD, јапонските експерти го расклопија и анализираа неговиот електричен модел Atto 3. Според анализата напишана од порталот Reporters, предноста на кинескиот производител не е само во пониските трошоци за работна сила. Важна улога игра сопственото производство на клучни делови и поврзувањето на неколку системи во една единица, што го поедноставува склопувањето на автомобилот. Тие сами ги произведуваат клучните делови Традиционалните производители на автомобили набавуваат голем број компоненти од надворешни добавувачи. Електрониката, батериите, механичките делови и опремата за ентериер можат да доаѓаат од различни компании, од кои секоја вклучува своја маржа во цената. BYD развива и произведува значителен број клучни компоненти во рамките на компанијата. Ова му овозможува да има поголема контрола врз трошоците и роковите и побрзо да го прилагоди производството. Батериите се особено важни, едни од најскапите компоненти на електричен автомобил. BYD ги произведува сам, со што се намалува зависноста од надворешни добавувачи и промените во синџирот на снабдување. Таквиот пристап, исто така, го намалува дел од логистичките трошоци што произлегуваат кога деловите пристигнуваат на производствената линија од неколку различни извори. Помалку одделни делови, поедноставно склопување При расклопувањето на моделот Atto 3, јапонските експерти забележаа дека BYD комбинира неколку клучни системи во една погонска единица. Ова го намалува бројот на одделни компоненти и ја поедноставува конструкцијата на возилото. Помалку делови значи помалку чекори на склопување, што дополнително ги намалува трошоците за производство. Обединувањето на развојот и производството во рамките на компанијата ѝ овозможува на BYD побрзо да донесува одлуки и да ги прилагодува производствените линии. Предизвик за постојните производители Анализата на моделот Atto 3 покажува дека ценовната конкурентност на кинеските автомобили зависи и од тоа како се дизајнирани и од тоа како се произведуваат. За јапонските и европските брендови, тоа е дополнителен предизвик. Покрај квалитетот и сигурноста на возилата, поедноставната конструкција, поефикасното склопување и контролата врз производството на најскапите компоненти играат сè поважна улога во конкуренцијата на пазарот.Тагови: BYD кинеските автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕкономијаУЈП испраќа известувања до граѓаните што имале приливи од странство во 2021 годинаУправата за јавни приходи започна со проверки на приливите од странство што граѓаните ги оствариле во текот на 2021 година, врз основа на податоци добиени од банките. До дел од граѓаните веќе се испратени персонализирани известувања со рок за исполнување на евентуалните даночни обврски. Од УЈП предупредуваат дека доколку обврските не бидат исполнети доброволно, Управата ќе преземе мерки во рамките на своите законски надлежности за утврдување на данокот. Сепак, од институцијата нагласуваат дека не секој прилив од странство подлежи на оданочување и дека добивањето известување не значи автоматски дека граѓанинот должи данок. Обврската за пријавување се однесува на доход од странство што е оданочив согласно Законот за данокот на личен доход. Тука спаѓаат плати, хонорари, приходи од фриленс и интелектуални услуги, издавање недвижности преку платформи како Airbnb и Booking, капитални добивки од продажба на имот, криптовалути и хартии од вредност, дивиденди, камати, авторски права и добивки од игри на среќа. Од друга страна, парите добиени како подарок, семејна поддршка или позајмица не претставуваат автоматски оданочив доход. Истото важи и за трансферите преку Western Union, Ria, Moneygram и слични сервиси, бидејќи начинот на кој се испратени парите сам по себе не ја определува даночната обврска. „Даночниот третман зависи од вистинскиот основ на приливот и од тоа дали станува збор за доход што подлежи на оданочување согласно законските одредби“, појаснуваат од УЈП.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПрага под опсада: Демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот, додека пратениците утрово гласаа до 4 часот (ВИДЕО)По целовечерната, исклучително напната седница обележана со инциденти и масовни протести пред зградата на парламентот, чешката владејачка коалиција (АНО, СПД и Возачи) усвои предлог за укинување на телевизиските и радио претплатничките такси.На предлог на претседателот на Парламентот, Томи Окамура (СПД), дебатата беше скратена, барањата на опозицијата за паузи и отфрлање на законот беа отфрлени, а гласањето се одржа во невообичаено време - во 4:36 часот наутро, објави Блеск. Седницата беше прекината во 5:03 часот наутро и одложена до 3 ноември, додека законот беше испратен до комисиите на разгледување. Додека седницата продолжуваше во салата со тропање по парламентарните клупи и свирчиња, стотици граѓани на Прага демонстрираа против оваа одлука на блискиот плоштад Малострански. Околу 21:00 часот, обезбедувањето мораше да придружи околу десетина граѓани од галеријата на парламентот поради свиркање и развевање на транспарентот „Слобода за медиумите“, а потоа неколку десетици демонстранти се обидоа насилно да влезат во зградата на парламентот, што полицијата го спречи. Полицијата потоа приведе едно лице кое, околу половина час по полноќ, се обиде да фрли калдрма кон зградата на парламентот. Neschvaluji násilí. Ani vůči poslancům, kteří vycházejí ze Sněmovny. Stejně tak ale nesouhlasím s tím, aby byli z veřejně přístupných prostor Sněmovny takto vytahováni lidé, kteří nic nekřičeli a jen ukázali transparent. Tohle je ta nová totalita. https://t.co/G31Z7hSHya — Matěj z Tetína (@matej_hlavaty) October 23, 2026 Опозицијата остро го осуди присилното гласање ноќе и начинот на кој беше прекината дебатата. Претседателот на ОДС, Мартин Купка, ги нарече настаните „тотални глупости“ и ја праша коалицијата: „Ќе гласаме за слободата и независноста на медиумите во 4:36 часот наутро. Прекрасно. Кој краде во темнина? Крадци на слободата и независноста на медиумите.“ Лидерот на движењето СТАН, Вит Ракушан, ги оцени постапките на владата како демонстрација на кукавичлук. - Под закрилата на темнината во 4:36 часот, кога повеќето луѓе во оваа земја сè уште спијат, вие го протуркавте ова... Ќе го запомнам овој пат: 4:36, 24.10. Во овој момент започна крајот на владата на Андреј Бабиш. Skupina lidí narušila jednání poslanecké sněmovny hlasitými projevy a ze strany předsedajícího jsme byli požádáni o zjednání nápravy, včetně vyvedení z galerie. Nejsme na té či oné straně, politické názory zůstávají ve službě stranou. Rozhodující je veřejný pořádek a bezpečnost. — Policie ČR (@PolicieCZ) October 23, 2026 Опозицискиот лидер Здењек Хржиб го нарече преминот кон буџетско финансирање „комунистичка национализација “, додека поранешниот министер Маријан Јуречка (KDU-ČSL) го критикуваше премиерот Бабиш за тоа што дискутирал за законот ноќе, споредувајќи го со методите на поранешната тајна служба StB. Од друга страна, премиерот Андреј Бабиш (ANO), кој не присуствуваше на утринското гласање, ги обвини лидерите на опозицијата за поттикнување немири. - Ја повикувам опозицијата да престане да ја ескалира ситуацијата во општеството. Не се води војна за независни медиуми. Нема борба за демократија, ниту пак се планира социјализација или национализација на медиумите.“ Министерот за култура Ото Клемпирц (во име на Возачите) нагласи дека преминот кон буџетско финансирање не ја загрозува независноста на медиумите и дека претставува легитимна европска практика, додека Томио Окамура (СПД) изјави дека јавниот сервис работи против народот. - Неверојатно е грубо и неморално да плаќам за нешто што не го користам, а кое работи против моите интереси, против интересите на мојата земја и мојот народ. Опозицијата најави продолжување на борбата против законот и поднесување на амандмани во второто и третото читање, како и во Сенатот.Тагови: Прага парламентот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57