ХороскопНеделен хороскоп за 15. до 22. декември 2025 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 15. до 22. декември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се чувствувате како да не можете да се фатите за ништо што е сигурно. Во право сте, но размислете колку сте и самите одговорни за тоа. Партнерот ќе ви покаже како полесно да ги изразувате емоциите. Применете ги советите кои сметате дека се добри. Кариера Пред вас се нови предизвици , кои бараат паметен и обмислен пристап. Ќе треба и повеќе да соработувате со колегите , а неретко така да правите и прифаќате компромиси. Не сметајте дека тоа е лошо зашто повеќе очи подобро гледаат. Здравје и совет Најдете секој ден малку мир за себеси. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе дружење. На вашата најсакана личност тоа не мора да и се допадне , па потрудете се да ја понесете со себе или да и објасните дека имате потреба за друштвеност. Осамените лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Се повеќе ќе ви биде важно вашето знаење и стручноста во работењето.Многумина ќе добијат шанса за да ги покажат своите специфични таленти или нивната диплома ќе добие на тежина. Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагање на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Издржете како и секогаш. Ќе се исплатува. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ви изгледа како љубовта да е далеку од вас. Кај некои тоа ќе биде така и во реалноста , зашто саканата личност ќе биде во овој период отсутна. Копнежот ќе се засили, а со тоа и чувството за осаменост.Некои ќе најдат мир во активирање на фантазијата и на совите сништа. Кариера Ќе можете без никаков страв да се потпрете на своите претходни резултати. Некои тоа ќе го искористат за да отидат чекор понатаму , а ќе има и такви кои ќе живеат на старата слава колку што можат подолго. Главно , немојте да се успиете , работата напредува ,а со тоа и вие. Здравје и совет Обезбедете си повеќе време за сон. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Преокупираноста со другата страна ќе биде голема , а вие подготвени да се борите до крај за врската да успее. Оние во стабилна врска , ќе го обноват својот еротски живот на најдобар можен начин. Они , пак , кои бараат сродна душа ќе бидат упорни и ќе одат до крај со додворувањата. Кариера Работите се интензивираат , а се што работите добива претприемнички карактер. Многумина овие денови сериозно ќе се фатат за работа или од нив ќе се бара поголем ангажман на работното место. Оние кои бараат работа, исто така ќе бидат активни. Здравје и совет Не го занемарувајте редовниот сон. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате робар ветар во грбот , кога станува збор за љубовните прашања. Ќе ви се отвораат многу полесно вратите , ќе бидете повикувани на интересни забави и на уште поинтересни места. Доколку сте сами , прифатете ги поканете и измешајте се со луѓето. Тие ве очекуваат. Кариера За да го поправите она што го работите , морате да се отворите и повеќе да соработувате со колегите. Ставот дека сте незаменливи и единствени не е добар , а особено ако тоа го мислите за себеси. Поработете на сопствената анализа и се ќе ви биде појасно и полесно. Здравје и совет Одете на јога или на медитација за да се опуштите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е вашиот избор. Оние кои се во врска ќе минуваат низ период на заситеност , кога ќе им биде потребна голема трезвеност за да издражат. Тоа нема да трае уште долго , затоа поминете низ него. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви ја покажуваат својата наклонетост , додека други на ист начин ќе ви покажуваат дека не ве сакаат. Прифатете ги на мирен начин и едните и другите. Барем ќе знаете со кого имате работа. Држете се до зацртаните правила. Здравје и совет По прошетките на свеж воздух, добро наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку и натаму барате сродна душа, обрнете внимание на личностите од вашето работно место. Некој веројатно сака да биде со вас и чека тоа да го забележите . Доколку сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен , а двете страни задоволни и мирни. Кариера Можеби ќе ви се чини дека ве притискаат од сите страни , но всушност се работи за предизвиците на кои ќе треба да одговорите за да дојдете до подобри деловни резултати. Пред вас е мала борба во мкоја треба да покажете дека сте борец. Здравје и совет Внимавајте на пречувствителноста на промената на температурата. Рак 22.6-22.7. Љубов Со трпение и толеранција би можеле да го подобрите односот со саканата личност. Никаква расправија , а особено некоја мотивирана од љубомора нема да донесе резултати. Време е да играте со затворени карти , па бидете воздржани. Кариера Соработката со угледни и влијателни луѓе полека ќе избива во прв план. Вие ќе бидете тркалото , важно во целата постапка. Затоа немојте да бидете прескромни , туку дозволете си да ги изразите и своите амбиции. Одредете ја својата позиција , а уште повеќе шансата. Здравје и совет Не претерувајте со храна и пијалоци. Движете се повеќе. Лав 23.7-22.8. Љубов Ведрина , позитивен дух , смисол за хумор – сето тоа ќе биде нагласено деновиве во вашиот приватен живот. Затоа не треба да се трудите премногу , туку само држете ги очите отворени и реагирајте како што треба. Се ќе си дојде на место само по себе , а вие ќе уживате. Кариера Се наоѓате во период кога некои работи дефинитивно треба да ги приведете до крај. Токму оваа недела е карактеристична по тоа. Ќе завршите некои проекти и ќе свртите нов лист. Кај некои тоа ќе биде малку порадикално . Не брзајте , туку првин направете проценка. Здравје и совет Уживајте , но не претерувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Поголемиот дел од слободното време ќе го минувате во сосема обични активности , уживајќи во нечија наклонетост. Без голема помпа ќе знаете да ги цените малите работи , а саканата личност ќе ви врати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без поголеми барања. Кариера Почнува фазата во која вашето знаење ќе се цени се повеќе. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашаат за совет или да ви понудат тесно специјализирана работа. Здравје и совет Уживајте во животот и во природата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот копнеж ќе биде силен , а вие некако препуштени самите на себеси. Оние кои имаат добар пријател или пријателка , ќе се обидат да ги споделат своите фрустрации. Оние во врска ќе чувствуваат дистанца во односот , а некои ќе бидат во искушение за љубомора. Издржете. Кариера Вработените во услужните дејности ќе имаат многу работа , додека другите ќе бидат отворени за да им помогнат на колегите. Некои ќе се покажат како добри советници и своето знаење лесно ќе го применуваат во пракса. Малите недоразбирања во комуникациите ќе бидат минливи. Здравје и совет Повремени нервози и мали грижи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно че дадете се од себе за да се разубавите ,а ќе забележите и дека лицата од спротивниот пол постојано ве одмеруваат. Оние во врска ќе се обидат да го освежат односот , додека осамените ќе излегуваат често и ќе заведуваат. Отворете се и ќе бидете успешни. Кариера Што е готово , завршило. Немојте веќе тоа да го анализирате. Оставете времето нека работи за вас , а вие сконцентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не многу дефинирано. Бидете отворени. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаДевојче почина откако испи милкшејк од неиспран блендер- мајка ѝ испрати силна порака Мајката на 12-годишното девојче кое почина откако испило контаминиран милкшејк решила јавно да проговори за семејната трагедија!Миа Шеј Сент Хилер, која била алергична на јаткасти плодови, доживеала тешка алергиска реакција откако испила милкшејк направен во неизмиен блендер во кафулето Pop Inn во Лондон во август 2023 година, објави Пипл. Говорејќи во британската утринска емисија Добро утро Британија, мајката на детето, Шанел Спенс, им рекла на водителките Сузан Рид и Ед Бол дека нејзината ќерка „сфатила дека милкшејкот содржи јаткасти плодови по само две голтки“. Снимката од надзорната камера го снимила моментот кога тогашниот менаџер на кафулето, Барис Жисел, кој повеќе не е сопственик и не управува со објектот, подготвувал пијалок во блендер кој не бил измиен по претходна употреба. Судскиот совет потоа утврдил дека пијалокот бил „вкрстено контаминиран со остатоци од лешник“. Шанел Спенс и таткото на девојчето, Адријан Сент Хилер, претходно повикаа на специјален систем за оценување за да им помогне на потрошувачите да проценат како рестораните во Велика Британија управуваат со ризиците од алергија. Тој систем би постоел заедно со сегашниот систем на Агенцијата за стандарди за храна, која ја проценува хигиената на храната. Водителот ги прашал родителите на починатото девојче дали Миа, која сè уште не била тинејџерка, ќе знае да ги провери хигиенските оценки кога оди во ресторан или кафуле. Родителите одговориле дека таа е навикната на тоа, и дека претходно го посетувала тоа кафуле. „Тоа беше локација која таа ја посети една недела претходно. Во никој случај не беше непознато место“, рекла мајката на починатиот. Спенс рече дека семејството било изненадено кога за време на сослушувањето дознало дека управувањето со ризикот од алергија не е покриено со истиот систем како рејтингот за хигиена на храната. „Кога ќе видите дека продавницата има оценка со пет ѕвездички, се чувствувате како, знаете, дека сте безбедни“, рече таа, објаснувајќи зошто тие сакаат посебен систем за оценување кој би бил специфичен за алергиите. „Да постоеше таков систем, денес ќе зборувавме за поинаков исход и за сосема поинаква приказна“, додаде Сент Хилер. Зборувајќи за животот повеќе од три години по смртта на нејзината ќерка, Спенс рече дека тагата сè уште е голем дел од нивниот секојдневен живот. „Тоа навистина не менува ништо, знаете, таа е дел од нашиот секој ден“, рече таа. Адвокатот Анџела Бруно им се придружи на родителите на Миа на Добро утро Британија и рече дека загриженоста за кафулето била покрената пред смртта на девојчето. Според неа, при увидот во 2020 година, во кафулето не била пронајдена табела со информации за алергени, но и покрај тоа, локалот добил оцена со пет ѕвездички. Таа изјави и дека следната инспекција, планирана две години подоцна, била „пропуштена“. „Миа умира во 2023 година и тие се враќаат на инспекција. Сè уште нема табела за алергени, нема предупредувачки знаци за алерген и други проблеми со контаминација“, рече Бруно. Таа тврдеше и дека не е извршен увидот планиран за септември 2026 година. Mom of Girl, 12, Who Died After Drinking Milkshake Made in Unwashed Blender Speaks Out, Says She Grieves ‘Every Day’ https://t.co/3Mb6rhP7h1 — People (@people) October 14, 2026 Според веб-страницата на Агенцијата за стандарди за храна (FSA), кафулето последен пат добило хигиенска оцена со пет ѕвездички во 2024 година. Барис Жисел се изјасни за виновен во јануари 2025 година за шест прекршоци, вклучително и недавање или вклучување информации за алергени на потрошувачите, неуспехот да се справи со контаминацијата со алерген за време на процесот на производство на храна и сервирање храна што содржела алергенска состојка што не требало да биде присутна. Тој е казнет со 18.000 фунти и налог од 100 часа општествено корисна работа.Тагови: девојче блендер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05Мицкоски: Македонија е посветена на реформите, но неправедно блокирана на патот кон ЕУ15:00Мицкоски: Денеска сум во Црна Гора, каде се одржува Самитот на Берлинскиот процес13:23Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето на судијата во Апелацискиот суд, Ѓоко Ристов11:16Мицкоски учествува на Самитот на Берлински процес кој се одржува во Свети Стефан, Црна Гора 08:46
Мицкоски: Очекувам сработеното да биде валоризирано и конечно да го отпочнеме процесот на преговори18:05
Црна хроникаНа мајка ѝ се заканува смртна казна- се правда дека 18 месечните близнаци починале од вакцина Обвинител во американската држава Ајдахо ќе бара смртна казна за Андреа Шо, 23-годишна мајка обвинета за убиство на своите 18-месечни близнаци во 2025 година. Шо се изјасни за невина пред судот. Таа тврди дека децата се разболеле и починале откако примиле вакцини, вклучително и вакцини против грип, објавува CBS News. Обвинителството бара најстрога казна Големата порота ја обвини Шо во јули по две точки за убиство од прв степен, потврдуваат судските записи и официјалното полициско соопштение. Окружниот обвинител на округот Пајет, Мајк Дјук, во судските документи изјави дека обдукцијата покажала симптоми што се во согласност со задушување и напиша дека тоа е „единственото замисливо објаснување“ за смртта на децата. Заменик-обвинителката Рајон Сиручек го информираше судот минатата недела за својата намера да бара смртна казна. Во поднесокот, тој наведе дека државата ќе се обиде да докаже четири отежнувачки околности: дека е извршено повеќе од едно убиство, дека убиствата биле особено гнасни, сурови или ѕверски, дека обвинетата покажала „целосно непочитување“ кон човечкиот живот и дека таа веројатно претставува трајна закана за општеството. Одбраната тврди дека нема докази „Скандалозно е“, рече адвокатот на обвинетата, Џозеф Филичети. „Тие нема да можат да ја докажат основаноста на случајот надвор од разумно сомнение, па затоа нема шанси смртната казна воопшто да стане опција.“ Филичети побара од судот да го отфрли обвинението поради наводните неправилности пред големата порота. Тој изјави за KBOI-TV дека на големата порота не ѝ било кажано дека мртовечникот ја прогласил причината за смртта за неутврдена, но конзистентна со хипертермија или прегревање. Според него, патолозите кои ги прегледале телата на близнаците изјавиле дека причината за смртта е неутврдена. „Обвинителот има должност на искреност, што значи дека мора да ја каже вистината пред големата порота и да презентира ослободителни докази. Тоа се докази што ѝ даваат причина на поротата да верува дека лицето не е виновно или дека смртните случаи можеле да се случат од друга причина освен убиство. Обвинителот не го сторил тоа“, изјави Филичети за KBOI. Сомневање за убиство Обвинителството во документите наведува дека температурата во собата на близнаците често достигнувала 38 степени Целзиусови, но дека децата претходно преживеале високи температури и дека времето на смртта не се совпаѓало со највисоката температура од тој ден. „Тие немаат мотив, никаква позадинска приказна, никаква признание... Таа не го направила тоа и тие не можат да докажат спротивното“, додаде Филичети. Близнаците биле пронајдени мртви во нивниот заеднички кревет на 1 мај 2025 година. Тие биле вакцинирани осум дена претходно. Денот по вакцинацијата, Шо ги однела во одделот за итни случаи бидејќи биле летаргични и имале треска. Лекар ги дијагностицирал симптомите како реакција на вакцината, па на децата им биле дадени лекови за намалување на треската и биле пуштени. Откако биле пронајдени телата, полицијата соопшти дека се „сомневаат за насилна смрт и во моментов го истражуваат случајот како убиство“, но во тоа време не именувале осомничени. Врски против вакцинирање Неколку дена по смртта на близнаците, Шо се појави во онлајн емисија продуцирана од Children's Health Defense, антиваксерска група основана од сегашниот секретар за здравство Роберт Ф. Кенеди Џуниор. Тој не е поврзан со групата од декември 2024 година, кога поднесе оставка од функцијата претседател за да се приклучи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп. Медицинските експерти велат дека спорните детски вакцини - за хепатитис А, грип и DTaP - се безбедни и ефикасни. Шо е исто така тужителка во федерална тужба поднесена од Children's Health Defense и други против Американската академија за педијатрија (AAP). Тие ја обвинуваат организацијата за рекетирање и лажење за безбедноста на вакцините. AAP побара од судот да ја отфрли тужбата, нарекувајќи ја „најнов напад во кампањата против академијата“ и нејзината „употреба на докази засновани на наука во политиката за вакцинација“. Андреа Шо е притворена без кауција. Судењето е закажано за јануари.Тагови: близнаци мајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветГутереш: Состојбата на Западниот брег е целосно надвор од контрола Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола.Состојбата на окупираниот Западен Брег се влоши до тој степен што е целосно надвор од контрола, а интензивирањето на нападите има за цел протерување на палестинските заедници од нивната земја, предупреди денес генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш. „На окупираниот Западен Брег, Палестинците сè уште се изложени на напади од израелските доселеници на дневна основа. Јасна цел е да се протераат заедниците од нивната земја“, изјави Гутереш пред новинарите. Тој истакна дека ситуацијата на окупираните територии е целосно надвор од контрола и изјави дека новинарите и дипломатите се исто така мети на напади. Тој побара помош и повика на прекин на окупацијата Зборувајќи за Газа, генералниот секретар на ОН предупреди дека пристапот до основна хуманитарна помош останува строго ограничен пред зимата. Ова дополнително го комплицира спроведувањето на планот за решавање на конфликтот одобрен од Советот за безбедност на ОН. Гутереш нагласи дека Светската програма за храна итно има потреба од 450 милиони долари за да го нахрани населението низ Газа и Западниот Брег во следните шест месеци. Тој истакна дека оваа сума е еднаква на приближно 90 минути глобални воени трошоци. Тој ги повика меѓународните донатори да ја зголемат помошта, а во исто време апелираше за прекин на окупацијата со цел да се постигне одржливо решение за две држави.Тагови: Антонио Гутереш Западниот Брег Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter