ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
2ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
3Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
1Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ХороскопНеделен хороскоп за 15. - 22. август 2022 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник 15.- 23. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол. Кариера Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност. Здравје и совет Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат. Кариера Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа. Здравје и совет Не ги поместувајте границите по секоја цена . Вага 24.9.-23.10 Љубов Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение. Кариера Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци. Здравје и совет Не ги напуштајте новите идеи. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро. Кариера Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Oние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни. Здравје и совет Не го потценувајте здравиот и мирен сон. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм. Кариера Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта. Здравје и совет Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели. Кариера На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте. Здравје и совет Немојте да пиете студени пијалоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , не седете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни. Кариера Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор. Здравје и совет Би сакале да истражувате непознати места . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе организирате интересни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност. Кариера Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно. Здравје и совет Човек на човека е лек. Овен 21.3-20.4. Љубов Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства. Кариера Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција. Здравје и совет Не заборавајте на редовниот одмор и сон. Бик 21.4- 20.5. Љубов Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете. Кариера Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични. Здравје и совет Можете да поместувате планини. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии. Кариера Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш. Здравје и совет Занимавајте се со јога и медитација. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги. Кариера Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација. Здравје и совет Никаде не брзајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите.Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ и со сите преостанати сили се стави во служба на одбрана на нивните криминалци. Остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи за да ги спасат од кривична одговорност Венко Филипче, Зоран Заев и таквите како нив укинуваат пресуди, стопираат истраги, враќаат предмети на повторување на постапки. Зависно од предметот и што тоа му треба на ликот кој се гони или треба да се гони за одредено кривично дело. Така, за автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за кривична одговорност за Филипче нема. Тука е запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра. Сето ова не е случајност, затоа што ова е правосудниот систем воспоставен од СДС и ДУИ кој и ден денес ги штити нивните луѓе и интереси. Ова покажува дека СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа нивното последно упориште за одбрана на нивниот криминален систем што го создаваа со години. Малкумината остатоци на СДС и ДУИ бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица кои грчевито ги штитат од одговорност нивните поранешни државни функционери се ликови како Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска, Африм Фидани. Секогаш кога луѓе на СДС и ДУИ треба да одговараат пред лицето на правдата, тука се нивните инсталации во правосудството за предметите да се развлекуваат, истрагите да се затвораат, а пресудите да паѓаат. Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури и тоа е причината зошто граѓаните во правосудството имаат само 2% доверба. Затоа што правосудството, наместо да биде бастион и упориште на правдата, се претвори во бастион на СДС и ДУИ. Но, и СДС и ДУИ, и нивните корумпирани ликови, треба да знаат дека времето на недопирливите мора и ќе заврши, одговорност за секој според делото, ќе има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ТехнологијаПоранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“.Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“, велејќи дека времето за да се избегне таков исход можеби истекува. Јавната вознемиреност за потенцијалната опасност што ја претставува вештачката интелигенција расте, откако истражувачот Џејкоб Коксон, минатата недела изјави дека поднел оставка , делумно затоа што „луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат дека таа би можела да нè убие сите до крајот на деценијата“. Антропологот Еван Хубингер потоа одговори на коментарите на Коксон, велејќи дека тој е во право и дека верува оти постои поголема од 10% шанса вештачката интелигенција да ги убие сите луѓе во следната деценија. „Неодамна дадов отказ од „Google Deepmind“, каде што работев на истражување за безбедност и усогласување на вештачката интелигенција“, напиша Билал Чугтаи на X. „Искрено верувам дека вештачката интелигенција има потенцијал да нè убие сите и дека можеби ни истекува времето за да го избегнеме овој исход.“. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на темпото на развој на напредна вештачка интелигенција во текот на викендот, добивајќи ретка поддршка од илон маск од „Спејсикс“ и извршниот директор на „Опенаи“, Сем Алтман. Чугтаи, исто така, рече дека безбедното управување со вештачката интелигенција е можно, но ќе биде потребна координација „за да се избегне трката меѓу компаниите за вештачка интелигенција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17