ХороскопНеделен хороскоп за 15.- 22. април 2024 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 15.- 22. април 2024 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Овие денови ќе имате променливо расположение што се однесува до љубовниот живот. Некои врати ќе се отвораат , но некои и ќе се затвораат. Дури и истовремено.Затоа, бидете максимално отворени и следете ја секоја можност. Треба да научите штос е крие зад можностите. Кариера На работа главно ќе ви оди добро. Уште повеќе ќе ги засилите контактите и ќе ја подобрите соработката со младите колеги. Некои ќе отворат врата за нови колеги или самите ќе бидат повикани на некое ново место на работа. Предизвиците ќе бидат секојдневни. Здравје и совет Ќе имате доволно сила и издржливост. Бик 21.4- 20.5. Љубов Повремено ќе почувствувате понекоја лична фрустрација или пречка за љубов. Издржете , најмногу зашто со трпеливост ќе увидите колку всушност имате сила и колку може да сакате. На тој начин се ќе се стопи самото од себе, а ќе останат само добрите работи. Кариера Изгледа како да се разведрува , но никакот тоа да го дочекате. Веќе станувате нетрпеливи за да докажете што знаете и за што сте способни. Уште опваа недела ќе треба за нешто да се подготвите или да довршите некоја заостаната работа.Затоа , работете го тоа полека и сигурно. Здравје и совет Игнорирајте ги критичарите. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Добра атмосфера , вашата отвореност и подготвеноста да изразите она што чувствувате , како и наклонетоста на другата страна , ќе ви ги направат овие денови многу пријатни. Оние кои уште се во потрага по сродна душа, лесно ќе се приближуваат кон секоја личност од спротивниот пол. Ќе биде интересно. Кариера Својот деловен интерес полека ќе го префрлувате на проширување на сопствените знаења и стручната способност. Некои ќе одат на доедукација. Сега ќе се исполнат некои законски услови за да може да направите нешто во таа насока. Некои поради тоа ќе отпатуваат. Здравје и совет Прво согледајте со што располагате, па потоа делувајте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако до сега имаше празнина во љубовта, овие денови ќе дочекате подобри шанси. Токму така вашиот приватен живот полека ќе почне да се подобрува , а потоа и насмевка ќе се врати на вашето лице. Немојте ништо да форсирате и се ќе биде добро. Кариера Новата енергија што интензивно ја чувствувате , ќе ве поттикне и на нови деловни потфати. Ќе бидете вешти , конструктивни , отворени , жедни за предизвици. Лесно ќе се поврзувате со другите , а особено со лицата со кои сте заедно во работниот простор. Здравје и совет Уживајте во животот. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби понекогаш ќе ви се чинидека љубовта е далеку од вас. Сепак , таа е поблиску отколку што мислите , само што моментално не се покажува. Бидете мирни , трпеливи и упорни. Ако сте во врска , не форсирајте со изразување на емоции по секоја цена. Кариера Многумина ќе играат на сигурно , зашто неодамнешните искуства и искушенија ги упатија кон тоа. Сепак , може малку и да рискирате. Не е се толку тешко како што вие го гледате. Повторно ќе се појави поддршка од други , на кои воопшто не сте се надевале. Здравје и совет Не се заморувајте со ситници. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вие полека доаѓате во убав период. Ова време е добро за засилување бнадовербата во врските , но и за поотворени разговори. На некои , сепак , повеќе ќе им одговара самотија исполнета со филозофирање.Повеќето ќе се чувствуваат добор. Кариера Ќе бидете помалку заморени од работата. Некои колеги , згора наас е и ќе ве задеваат. Не реагирајте. Она што мора да го сработите , направете го професионално. Така на сите ќе им ги затворите устите. Шанса за напредување не е неможна , но засега не ви изгледа атрактивно. Здравје и совет Размислувајте долгорочно. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ваши љубовни очекувања ќе бидат исполнети и покрај понекоја пречка или фрустрација. Сепак , понатаму треба да бидете внимателни и на мирен начин да го одржувате она што до сега сте го оствариле. Другата страна ќе го препознае и цени вашиот труд . Кариера Понекогаш ќе ви се чини како премногу да ве истакнуваат и да го фалат вашиот труд .Скромноста и еден вид срамнежливост , која ја ширите околу себе, ќе биде пример за другите. Ќе работите вредно и без многу прашања. Здравје и совет Добро е да се биде искрен.Маските паѓаат. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе се чувствувате осамено , освен ако осаменоста не епо ваша желба. Оние во врска ќе поминуваат низ еден интересен период , низ кој ќе треба доста тртезвеност за да се помине. Кариера Не претерувајте со вашите идеи , зашто и покрај тоа што некои врати малку ви се отворија , се уште не е време да се експонирате. Работете во тишина и според правилата на игра. Трпеливо дочекајте ги вашите пет минути. Ќе дојдат . Ако ви е тешко , побарајте ведри луѓе. Здравје и совет Не правете ништо со сила. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Преодниот несклад во личните односи и уште повеќе во вашите љубовни очекувања , ќе направат да се чувствувате фрустрирано или осамено. Би било добро да ја прифатите состојбата каква што е и без поголеми амбиции да очекувате подобри денови. Ќе дојдат. Кариера Најдете во себе сила за да поставите подобри криутериуми во работењето и да ја завршите работата што мора да биде завршена. Сега не си ги поставувајте барањата премногу високо , зашто сте во фаза кога се соочувате со бројни предизвици , а енергијата ви е на минимум. Планирајте во мислите. Здравје и совет Редовно опуштајте се и обидете се добро да се наспиете. Јарец 22.12.-20.1. Љубов вашата потреба за друѓтво и натаму ќе биде изразена , па многу често ќе излегувате. Ќе бидат тоа неформални дружби со блиски луѓе до вас и со пријатели. Нема да имате големи очекувања , но токму таа опуштеност би можелад а ви донесе нова љубов. Кариера Ги решивте последните поголеми недоумици и сега храбро одите напред. Малку по малку , почнувате да градите нови услови за работење или нови проекти. Во себе ја носите онаа свертлост што ќе разбуди многумина околу вас. Само треба да ви веруваат , па затоа отворете се. Здравје и совет Не се сомневајте во сопствените способности. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата енергичност и активност во љубовниот живот понекогаш ќе се граничи со лудост. Не се исклучени ниту мали љубомори , но и такви со поголем интензитет. Но како дошло , така и ќе помине. Потребна ви е малку поголема самоконтрола за да бидете посреќни. Кариера Ќе дејствувате на различни фронтови , но нема да има ништо толку силно за да ви го задржи целото внимание. Ќе функционирате добро со внимателно организирани паузи. Ќе ви бидат потребни зашто имате помалку енергија од вообичаеното. Здравје и совет Ќе размислувате за смислата на животот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Деновиве многумина од вас ќе претеруваат во страста или пак во друга крајност , во студенило. Или секо момент ќе сакате да бидете со саканата личност или ќе барате целосна самотија.Сетете се на правилата на златна средина и обидете се да најдете рамнотежа. Кариера Можно е овие денови да воспоставите или да обновите деловни контакти со луѓе кои работат на друг континент. Тоа секако ќе ви донесе поволни резултати и ќе ви ги рашири хоризонтите. Колку и да изгледа далеку , ќе биде добро. Здравје и совет Бидете посмирени во однесувањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00Народна банка: Пензионерите кои сакаат нова банка, мора прво да се одјават од АЛТА банка 10:27Муцунски: Нема назадување во ниту една област во извештајот на ЕК08:28АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00Започна исплатата на средствата на клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола14:05
АЛТА банка Битола ги отвори вратите за клиентите без платежни картички, можат да подигнат 20 илјади денари15:00
БизарноНеверојатна глетка во Кина: Удари на силен ветер создадоа замрзнати бранови на езерото Хулун (ВИДЕО)Со постепеното опаѓање на температурата, езерото Хулун во Внатрешна Монголија, во северна Кина, полека влегува во фаза на замрзнување.Меѓутоа, наместо мирна, рамна површина, се појавува прекрасна сцена. Силни налети на ветер се движат и натрупуваат слоеви мраз, кои се преклопуваат еден со друг и формираат необични „ледени бранови“. Тие се протегаат во неправилни редови на огромна површина, создавајќи впечаток дека замрзнатата вода се претворила во брановидно море, објавува „la Repubblica“. Спектакуларните снимки го покажуваат овој необичен феномен, карактеристичен за северните езера на почетокот на зимата, додека ледените плочи се судираат, се движат и се натрупуваат под влијание на ветерот. Ваквите форми се формираат додека мразот е сè уште тенок и кршлив - ветерот ги поместува скршените плочи, туркајќи ги еден врз друг и натрупувајќи ги, а ниските температури потоа повторно ги поврзуваат во нерамна ледена површина. View this post on Instagram A post shared by La Stampa (@la_stampa) Хулун е петтото најголемо езеро во Кина и најголемото во Внатрешна Монголија. Долго е околу 93 километри, а во текот на зимата е претежно покриено со мраз - од ноември до март.Тагови: бранови езеро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПочна судењето на Гркинката која уби три бебиња- донесена е во судот под силно обезбедување (ВИДЕО)Судењето на Ирина Мурцук, која се соочува со многу сериозни обвиненија за смртта на три бебиња, како и за обид за убиство, започна пред судот во Патра со силно полициско присуство.Од раните утрински часови, силни полициски сили се распоредени и во и околу судот во Патра. Преземени се зголемени безбедносни мерки за да се обезбеди непречено одвивање на судските постапки и да се спречат какви било инциденти. Присуството на полицијата е особено изразено бидејќи за време на претходните транспорти на 26-годишната до судот во Патра, собраните граѓани гласно протестираа, и при нејзиното пристигнување и при заминување, пишува Прототема. Пред судот, граѓаните дури и истакнаа транспарент посветен на бебињата кои, како што изјавија, неправедно ги загубија своите животи. Обвинетата е во притворската единица во Патра од четврток, 5 ноември, откако беше префрлена од затворот Елеонас во Тива, каде што беше притворена. 🚨 Ξεκινά σήμερα Παρασκευή (6/11) στο Μικτό Ορκωτό Δικαστήριο Πάτρας η πολύκροτη δίκη της 26χρονης Ειρήνης Μουρτζούκου. 🚔 Η κατηγορούμενη μεταφέρθηκε στο δικαστικό μέγαρο υπό δρακόντεια μέτρα ασφαλείας της ΕΛ.ΑΣ., αντιμετωπίζοντας τις βαρύτατες κατηγορίες της ανθρωποκτονίας από πρόθεση κατά συρροή σε ήρεμη ψυχική κατάσταση, καθώς και της απόπειρας ανθρωποκτονίας. 👶 ⚡️ Οι κατηγορίες αφορούν την αφαίρεση της ζωής των δύο δικών της βρεφών, καθώς και ενός ακόμη βρέφους. 📌 Σημειώνεται ότι η υπόθεση του μικρού Παναγιώτη παραμένει σε ξεχωριστή δικαστική διερεύνηση. 🎥 Orange Press Agency #parapolitikagr #ΕιρήνηΜουρτζούκου #Δίκη — Parapolitika (@parapolitika) November 6, 2026 Обвинение Според обвинението, 26-годишната жена е обвинета за повеќекратни обвиненија за убиство со умисла извршено додека била во состојба на мир, како и за обид за убиство. Првиот случај се однесува на инцидент за кој се сомнева дека се случил на Божиќ 2020 година, кога, според обвиненијата, таа се обидела да го одземе животот на својот тогашен партнер. Потоа, во обвинението се наведува смртта на шестмесечно бебе на 4 февруари 2021 година, кое било дете на нејзина пријателка. Две обвиненија поврзани со нејзините деца се особено сериозни. Имено, на 19 јуни 2022 година починала нејзината прва ќерка, на возраст од само 19 дена, додека на 17 октомври 2023 година починала и нејзината втора ќерка, на возраст од два месеци. Στο εδώλιο η Ειρήνη Μουρτζούκου – Δικάζεται στην Πάτρα για τον θάνατο τριών βρεφών https://t.co/4EFemLHVTz https://t.co/pRfftL2c0Z — npress.gr (@Npressgr) November 6, 2026 Се изјасни за виновна Според судските записи, Ирина Мурцук се изјасни за виновна во врска со овие случаи, додека судот треба да ги разгледа извештаите од вештачења, форензичките наоди и изјавите на сведоците, според Newsbeast. Во исто време, кривичната истрага за смртта на малиот Панајотис во Амалијада е сè уште во полн ек како посебен судски случај и не е вклучена во денешното судење. Силни полициски сили беа распоредени за да ја придружуваат обвинетата до и од судницата, како во судницата, така и во околните улици.Тагови: бебиња судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: Камениот мост повторно блесна - гордоста на Скопје во полн сјај!Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост.Вечерва, заедно со градоначалникот на Општина Есенлер, Турција, мојот колега Мехмет Тевфик Гоксу, го пуштивме во употреба новото декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, во присуство на амбасадорот на Турција, Н.Е. Алпер Акташ, извршниот директор на Халк Банка, Фатих Шахбаз и почесниот конзул, Ајдован Адемоски. Постојат места на кои секогаш им се враќаме, затоа што во нив препознаваме дел од себе. За скопјани, такво место е Камениот мост. Во неговиот камен се врежани векови историја. На него се среќавале генерации, започнувале пријателства и се создавале спомени што траат цел живот. Над Вардар, меѓу двата брега, стои нашата заедничка гордост. Вечерва, таа гордост повторно блеска! Новото осветлување ја истакнува убавината на неговите сводови и му дава посебна величественост во срцето на градот. Уште една причина да застанеме, да погледнеме и да си кажеме, колку убаво Скопје имаме! Токму таа убавина сме должни да ја чуваме. Со посветеност, со одговорност и со конкретни дела. Секое обновено обележје е почит кон оние што ни го оставиле и влог за оние што доаѓаат по нас. Овој проект произлезе од Протоколот за пријателство и соработка меѓу Град Скопје и Општина Есенлер. Од договорена соработка до светлина што вечерва ја гледаме сите - така се гради пријателство што остава трага. Од срце им благодарам на Општина Есенлер и на Мехмет Тевфик Гоксу, на Халк Банка и Фатих Шахбаз, како и на Ајдован Адемоски, за поддршката и придонесот. Заедно испишуваме уште една убава страница во пријателството меѓу Македонија и Турција. Камениот мост опстојувал со векови. Нашата задача е да се погрижиме и генерациите по нас да го гледаат со истата љубов и гордост. За Скопје што го носиме во срцето. За Скопје што им го оставаме на нашите деца. Работиме, обновуваме и оставаме дела! Скопје се сака со дела! , објави на ФБ градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter