Неделен хороскоп за 14.- 21. август 2023 година - Канал 5

Неделен хороскоп за 14.- 21. август 2023 година

Неделен хороскоп за периодот од понеделник 14.-21. август 2023 година. 

Неделен хороскоп за 14.- 21. август 2023 година

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако сте во подолга врска , ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата сакана личност тоа нема многу да и се допадне , па обидете се да ја носите со вас или да и ја објасните вашата потреба за друштво.Самците лесно ќе наоѓаат друштво од спротивниот пол.

Кариера

Наредните денови се повеќе ќе се цени вашето знаење. Бидете свесни за својата стручност и слободно презентирајте ги своите способности. Можно е повеќе луѓе да ве прашуцваат за совет или пак ќе ви биде понудена работа со потесна специјалност.

Здравје и совет

Ако треба да се борите, изборете се и не се плашите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Сега веќе знаете како да попуштите и да прифаќате компромиси. Од таму и вашата врска ќе се развива кон добро. Ќе бидете пријатно изненадени кога ќе попуштите. Ќе видите дека не треба секогаш да терате по свое. Многумина дури сегаќе покажат што навистина чувствуваат.

Кариера

Што помина , помина. Немојте тоа да го анализирате. Пуштете времето нека работи за вас , а вие концентрирајте се на она што сега почнува. Пред вас е нешто сосема ново и не сосема дефинирано. Бидете отворени кон тоа.

Здравје и совет

Не ги поместувајте границите по секоја цена .

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Повремено ќе ви се чини дека работите се одвиваат далеку пополека отколку што би сакале. Вашата страст деновиве е разбудена и бара повеќе љубовна акција.Сепак , ќе мора да се усогласите со другата страна.Ќе успеете со мало трпение.

Кариера

Се друго ќе ви биде поважно отколку знаењето и стручноста при работењето. Многумина ќе добијат можност да ги покажат своите специфични таленти , или нивната диплома ќе добие на тежина.Оние кои учат , ќе бидат успешни во полагањето на испитите. Некои ќе контактираат странци.

Здравје и совет

Не ги напуштајте новите идеи.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Во текот на неделата ќе се појават шанси за поквалитетен личен живот.Веројатно тоа ќе се покаже преку покани за забави или заеднички собирања , кои вие со задоволство ќе ги прифатите. Од таму ќе излезат и шанси за нови познанства. И на оние во врска ќе им биде подобро.

Кариера

Работите се интензивираат , а се што правите добива претприемнички карактер. Многумина деновиве повеќе ќе се поместат или ќе се бара од нив поголем ангажман на работното место. Иние кои бараат работа, исто така ќе бидат многу активни.

Здравје и совет

Не го потценувајте здравиот и мирен сон.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Повеќето ќе се држат до својот скриен свет и сништа. Оние кои се сами ќе сонуваат со отворени очи , а во реалноста нема многу да се ангажираат. Тие што се во врска ќе уживаат во друштво на саканата личност , како на пример во гледање љубовен филм.

Кариера

Силата и убедливоста со која ќе зрачите ќе ви овозможи да влијаете на другите.Ако треба да придобиете некого , многу е веројатно дека ќе успеете и тоа над очекувањата.Покажете што знаете и не запирајте се додека ја постигнете целта.

Здравје и совет

Некои сепак ќе бидат премногу сигурни во себе.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Богатството на излегувањето и широкиот круг луѓе , што уште се проширува , ќе ви ги направат овие денови многу динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами , а главно околу вас ќе има сакани лица. Ќе бидете исполнети , сакани , забавни и весели.

Кариера

На дневен ред доаѓаат недовршените работи од минатото. Некои од нив кај вас ќе предизвикаат емоции , па ќе ги сработувате со носталгија или со лутина. Ќе се чувствувате неодредено и нема да ви биде јасно на што сте.

Здравје и совет

Немојте да пиете студени напитоци.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Каде и да одите , забележувате дека луѓето пријателски ве гледаат. Ќе им бидете интересни и привлечни на другите , па овие се денови кога лесно ќе си најдете друштво. Ако се уште сте сами , нес едете дома. Оние во врска ќе бидат скромни во очекувањата , но затоа и задоволни.

Кариера

Повеќето наредни денови со најголемо задоволство ќе бидете мрзеливи. Некои дури и ќе земат дел од годишниот одмор.Оние кои ќе работат , ќе настојуваат што побргу да се изгубат од работното место. Надредените и нивната контрола тешко ќе имм паѓаат , но ќе издржат со помош на својата смисла за хумор.

Здравје и совет

Би сакале да истражувате непознати места .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Веројатно ќе организирате интерсни забави. Оние кои уште бараат сродна душа , таму би можеле да наудат на љубов , додека опние кои се во врска секој ден ќе откриваат колку се значајни малите задоволства. Сепак , не реагирајте на ретките критики од саканата личност.

Кариера

Ќе имате потреба да финиширате со некои работи , така што дистанцирајте се малку од напорната работа , иако новите задачи ќе ве престигнуваат.Дајте се од себе за да работите предано и квалитетно.

Здравје и совет

Човек на човека е лек.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Заедно со саканата личност ќе минете низ интересно искуство во кое и двете страни ќе откриете нешто ново.Ќе утврдите дека не само што се сакате , туку и споделувате многу заеднички работи. И осамените ќе бидат подготвени за нови искуства.

Кариера

Вработените во самостојни професии веројатно ќе мора да работат прекувремено. И другите напорно ќе работат , така што ќе немаат време за размислување , ниту за анализирање на сопствената позиција.

Здравје и совет

Не заборавајте на редовниот одмор и сон.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Многумина ќе му се предадат на брборењето и ќе уживаат во озборување.Нема да им падне на памет дека и тие се предмет на нечие озборување. Затоа , подобро е да зачистат во сопствениот двор , а дури потоа да го анализираат односот на другите. Размислете.

Кариера

Кога ќе ви се пристори дека не можете подобро, вие сте тие кој ги уверува сите дека тоа е возможно. Овие денови тоа ќе го покажете и докажете. Држете се до она што сте го замислиле и спроведете го во дело без измени. Вашите идеи се одлични.

Здравје и совет

Можете да поместувате планини.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Малку ќе се олабавите на опуштен начин ќе заведувате и ќе уживате. Саканата личност со задоволство ќе зборува со вас , а тоа уште повеќе ќе ве зближи.Оние кои се уште сами, лесно ќе наоѓаат друштво , иако ќе има и расправии.

Кариера

Пред вас сега се отвораат нови можности и само од вас зависи како ќе ги искористите. Гледајте позитивно , најдете во себе трпение и сила . Имате доволно голема самодоверба и се чини како целиот свет да е ваш.

Здравје и совет

Занимавајте се со јога и медитација.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ако и натаму барате сродна душа , обрнете внимание на личностите со кои соработувате. Некому веројатно се допаѓате и едвај чека тоа да го забележите. Ако сте во врска , вашиот однос ќе биде стабилен, но со одредени компромиси. Прифатете ги.

Кариера

Повремено ќе ви снемува сила и мотивираност за да го спроведете она што го сакате. Затоа потсетете се што самите вие можете. Можно е малку да ви помогнат и луѓе кои се влијателни , но само за нивна рекреација.

Здравје и совет

Никаде не брзајте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На 106 години почина најстариот американски морнар- го преживеал нападот на Перл Харбор

Најстариот преживеан член на вооружените сили на САД почина на 106-годишна возраст во Масачусетс, соопшти неговото семејство.

На 106 години почина најстариот американски морнар- го преживеал нападот на Перл Харбор

Фримен Џонсон, еден од преостанатите војници кои го преживеаа нападот во 1941 година, почина во саботата во својот дом во Сентервил, објави Дејли Меил.

Неговата ќерка, Дајан Џонсон, ја потврди веста, велејќи дека нејзиниот татко е „таму горе“ и повторно се сретнал со нејзината мајка.

„Овој Ден на благодарноста ќе биде навистина тежок“, изјави 72-годишната Дајан за Асошиејтед Прес.

„Тој ќе биде таму со сите свои пријатели, неговото семејство и мојата мајка“, додаде таа.

Џонсон беше еден од околу 87.000 американски морнари на островот Оаху кога се случи нападот на 7 декември. Имаше 21 година кога стана дел од историскиот настан што ја одбележа историјата на светот.

Ветеранот од американската морнарица во тоа време работел како машинист, изјави тој за Бостон Глоуб во претходно интервју. Џонсон живеел со својата ќерка во времето на неговата смрт.

„Тој беше толку добар човек“, изјави Дајана за „Бостон Глоуб“. „Тој беше навистина едноставен, љубезен човек кој ја сакаше класичната музика, своето семејство и своите пријатели“.

Зборувајќи за нападот, ветеранот од морнарицата изјави за „Асошиејтед Прес“ во мај 2026 година дека работел на котларницата на лесниот крстосувач „УСС Сент Луис“ кога се случил ненадејниот напад. Бродот бил закотвен на Хаваи за одржување, а Џонсон штотуку завршил со појадок.

Потсетувајќи се на настанот, тој рече дека ниту го слушнал ниту го видел јапонскиот напад врз Перл Харбор.

Тврдеше дека дури и не ги слушнал своите колеги морнари како пукаат со противвоздушни оружја кон авионите што напаѓаат американски војници.

„Додека целата таа врева се случуваше на палубата, јас бев во барабанот со пареа. Не можев да видам ништо, воопшто ништо“, рече Џонсон.

Бродот успеа да ги избегне малите јапонски подморници и безбедно да се оддалечи од нападот, во кој загинаа повеќе од 2.400 Американци, додека Џонсон, рече тој, сè уште бил внатре.

„Бевме далеку на отворено море, навистина далеку. Не можеше да се види копно. Се што можеше да се види беше океанот“, рече тој.

„Бев само војник, војник на брод, не бев офицер. Не ти кажуваат ништо освен ако не треба да знаеш. И не ми требаше да знам. Значи, не ми кажаа ништо.“

Иако Џонсон можеби не бил сведок на нападот врз Перл Харбор од прва рака, тој се сети дека бил вмешан во друг историски настан за време на Втората светска војна.

Ветеранот ја завршил својата служба во морнарицата како инженерски офицер од прва класа и продолжил да служи на бродот „УСС Ајова“.

Тој помогна во пуштањето во употреба на борбениот брод и работеше на подготовките на борбениот брод пред да го однесе претседателот Франклин Д. Рузвелт на Техеранската конференција со британскиот премиер Винстон Черчил и советскиот лидер Јосиф Сталин во ноември 1943 година.

Тој, исто така, го виде крајот на војната кога присуствуваше на церемонијата на предавање во Токискиот залив на бродот „УСС Мисури“ на 2 септември 1945 година.

„Можев да ги видам бродовите како доаѓаат со маринци како ги придружуваат Јапонците на бродот и седат околу масата“, рече тој.

„Сè беше завршено. Тоа беше крајот на војната. Се собравме многумина. Војната заврши. Се враќавме дома.“

По враќањето дома, Џонсон работеше на бензинска пумпа некое време, а потоа се вработи во машинска работилница, каде што работеше 40 години.

Џонсон се ожени со Рут Хилс во 1950 година и одгледа три ќерки. Тој исто така стана згрижувачки родител. По него останаа Дајан и неговите други две ќерки, Едит Мекграт и Синтија Ландри.

Со заминувањето на Џонсон, списокот на преживеани американски ветерани од нападот врз Перл Харбор се намали на помалку од десетина имиња.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп тргна кон Кина на средба со Си и Путин- авионот итно му е пренасочен кон Аљаска

Претседателскиот авион „Ер Форс Уан“, кој Катар му го подари на американскиот претседател Доналд Трамп, беше пренасочен кон друга локација за полнење гориво во Аљаска, а Белата куќа соопшти дека причината е лошото време!

Трамп тргна кон Кина на средба со Си и Путин- авионот итно му е пренасочен кон Аљаска

Претседателот патува за Манила на Филипините, а потоа во Шенжен во Кина, каде што ќе присуствува на конференциите на АСЕАН и АПЕК, каде што е предвидено да се сретне со претседателите на Кина и Русија, Си Џинпинг и Владимир Путин, објави Дејли Меил.

Новиот авион „Ер Форс Уан“ слета на Меѓународниот аеродром Фербенкс.

„Поради екстремните временски услови во Анкориџ, Ер Форс Уан слета во Фербенкс за да се наполни со гориво во поповолни временски услови“, изјави функционер на Белата куќа.

Преку пистата од подарокот од Катар, на пистата беше и постар Боинг 747, кој се користи како резервен Ер Форс Уан.

Не беше веднаш јасно зошто постариот авион беше таму, иако други владини авиони често го придружуваат претседателот во поддршка на неговите патувања.

Репортерите што го придружуваа претседателот на ова патување не го видоа Трамп како го напушта авионот за време на станицата за полнење гориво во Фербенкс.

Белата куќа не одговори на барањето за коментар дали претседателот ќе го користи постариот авион во кој било момент за време на патувањето.

Во јули, Белата куќа ги наведе новинарите да веруваат дека Трамп бил во постар Боинг 747 за време на летот помеѓу Анкара, Турција и РАФ Милденхол, Обединето Кралство, додека го напуштал самитот на НАТО во екот на војната со Иран.

Во август, Вашингтон пост објави дека Трамп, како одговор на заканата по иранскиот атентат, користел количка за храна за да се симне од постар авион на Ер Форс Уан, а потоа отпатувал во Обединетото Кралство со помал воен авион Ц-32А со неколку членови на неговиот персонал.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска сончево време со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, соопштуваат од УХМР. 

Денеска сончево време со мала до умерена облачност и температура до 20 степени

МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (во 0С)

1 Берово, 3 Попова Шапка, 4 Маврови Анови, 5 Крива Паланка, Штип, 6 Тетово, Виница, Крушево, Лазарополе, 7 Битола, Прилеп, Кавадарци, Струмица, 8 Претор, Демир Капија, 9 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Гевгелија, 10 Охрид, Велес.

КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2)

20 Пожаране, 18 Лазарополе, 16 Попова Шапка, 13 Тетово, 10 Претор, 9 Крива Паланка, Крушево, 8 Охрид, 7 Скопје-Петровец, 6 Скопје-Зајчев Рид, Виница, Велес, 4 Битола, Прилеп, 3 Штип, Берово, 2 Кавадарци, 1 Демир Капија, Струмица.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА

Сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 20 степени.

Во Скопје, сончево со умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на слаба магла. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер