Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
1Николоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад Аденауер
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопНеделен хороскоп за 13. до 20. март 2023 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 13.- 20 . март 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Главно, ќе имате добар поттик кога станува збор за љубовта, но и тогаш ќе правите грешки во чекори. Од вас и од вашата способност да се контролирате себеси ќе зависи успехот во вашиот личен живот. Потрудете се и дајте се од себе . Ќе успеете. Кариера Се повеќе ќе бидете заинтересирани за финансии или за нови системи кои можат да ги подобрат приходите во она што го правите. Ќе направите нови планови во овој поглед. Ќе се борите за поддршка од другите за да ги спроведете во дело или барем да ги започнете. Нешто ќе се придвижи. Здравје и совет Вежбајте гимнастика секој ден. Овен 21.3-20.4. Љубов Поголем дел од оваа недела ќе владее опуштеност меѓу вас и вашата сакана личност. Ништо друго нема да биде изнасилено, а деновите спонтано ќе ви донесат можности за љубов. Вашата лична непријатност ќе потекнува од други области на животот, затоа игнорирајте ги. Кариера Вашите достигнувања во работата веројатно ќе бидат мерени. Бидете подготвени на тоа. Некои луѓе ќе ве бараат некоја стара маана или грешка што мислевте дека е заборавена. Не им придавајте важност, затоа што има многу повеќе добро отколку лошо. Вистината ќе излезе на виделина. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе бидете подготвени за многу љубовни авантури. Оние кои веќе се во подолги врски ќе излезат на некои привлечни места. Вашето време заедно ќе лета и покрај тоа што ќе поминете преку вербални недоразбирања, па сè ќе се одвива добро. Кариера Ако ви се чини дека пред вас има долг пат, прифатите го тоа со радост, затоа што е добро. Она што е активирано, ќе продолжи да се развива . Од вас зависи дали ќе се прилагодите и ќе се вклопите во целата ситуација колку што можете најдобро. Здравје и совет Прочитајте квалитетна книга. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Деновиве ќе ве следат квалитетни љубовни можности. Користете го тоа за да уживате или да искажете љубов некому. Некои повремено ќе чувствуваат недостаток на привлечност, па со задоволство ќе размислуваат за настани што немаат вистинска основа. Ако ви е досадно, помогнете му на некого. Кариера Најверојатно, ќе бидат иницирани работи поврзани со млади или забава. Некои ќе имаат решенија за кои се мислело одамна дека се невозможни. Ќе бидете задоволни од вашите материјални достигнувања, но светот на славните сепак ќе биде предизвик на кој не можете да му одолеете. Здравје и совет Следете ја вашата интуиција. Рак 22.6-22.7. Љубов Деновите што следат повремено ќе ви овозможат да ги подобрите односите со луѓето околу вас. Сепак, вашата оддалеченост понекогаш ќе го спречи можното зближување. Со поголема отвореност, сè ќе испадне подобро. Од вас зависи дали ќе дадете се од себе. Кариера Се чувствувате нервозни кога треба да работите со други. Претежно затоа што од нивна страна, не ви изгледа се дека е професионално. Разберете дека не секој е истраен како вас и дека понекогаш треба некому да прогледате низ прсти. Никој на светот не е совршен. Здравје и совет Намалете ги вашите барања. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас се денови со добри, но не толку значајни љубовни можности. Користете ги за да градите доверба помеѓу вас и вашиот партнер. Самоконтролата исто така треба да се примени затоа што повремено ќе реагирате како што не треба. Размислете за сè. Кариера На работното место, често ќе покажувате борбен став , така што нема да ви биде пријатно со колегите. Обидете се да ги погледнете сите смирено и не скокајте на секој предизвик што ви го поставиле. Вашиот напор и упорност може да се применат и на подискретен начин. Здравје и совет Гледајте нагоре, не надолу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Нема да има значителна промена во вашите приватни односи во наредните денови. Сепак, ќе имате доволно енергија, особено за комуникација, така што многумина со зборови ќе го надоместат она што им недостасува емотивно. Ќе успеат во тоа. Кариера Сакате да работите со луѓе, но сега ги цените пред сè и работните места што се сигурни. Стабилноста е тема за која со задоволство ќе разговарате со колегите. Ќе ги насочите вашите деловни интереси според тој критериум. Станете пореални. Здравје и совет Кој може, нека оди на пливање. Вага 24.9.-23.10. Љубов Добрите друштвени околности и интересните настани ќе ве придружуваат во најголем дел од неделата. Затоа, направете се од себе за да обезбедите квалитетен однос со лицето за кое се грижите. Ќе има малку нервоза и недоразбирање, но тие се занемарливи во споредба со добрите влијанија. Кариера Ќе бидете во можност да управувате со повеќе предизвикувачки и значајни теми. Некои ќе бидат промовирани или им бидат поставени поголеми задачи. Во финансиски поглед, треба да постигнете добри резултати. Некои ќе потрошат повеќе од планираното. Здравје и совет Движете се повеќе на свеж воздух и на сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Притисокот што доаѓа од другите области на животот повремено ќе продолжи да ги нарушува вашите инаку цврсти лични врски. Ако се обидете да објасните нешто, нема да дадете се од себе. Затоа, бидете тивки и едноставно зрачете со љубов. Кариера Уметници, спортисти, сите што настапуваат во јавност , како и оние кои работат со млади, ќе добијат одлична можност во својата работа. Некои ќе се сопнуваат и ќе почнат да градат кули во воздух. Можноста е тука, но треба да се остане на земјата и да се биде реален. Славата е секогаш минлива. Здравје и совет Вежбајте ги зглобовите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно сеуште нема да го достигнете она што го сакате , но барем не борете се со нешто што нема смисла. Откријте кој е кој, но не реагирајте по секоја цена. Дури подоцна ќе имате причина да покажете што чувствувате и можност да го направите тоа правилно. Кариера Слушајте ги другите повеќе од себеси. Во овој момент е така. Луѓето околу вас и оние со кои работите, во моментот гледаат подалеку од вас или имаат поголемо влијание врз работите. Затоа, поврзете се и не прашувајте премногу. Здравје и совет Одете со самодоверба каде што се чувствувате добро. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Деновите што следат се богати со љубовни искуства што ќе ви бидат пријатни. Оние кои сеуште се сами сигурно треба да се дотераат и да излегуваат меѓу луѓе затоа што навистина се зголемуваат шансите да најдат и доживеат љубов. Оние што се во врска, ќе бидат прилично задоволни. Кариера Ќе ги преземете работите во свои раце, ќе дадете се од себе за да направите голем чекор напред. Оние кои работат со вас ќе го ценат вашиот напор. Некои можеби веќе го добија заслуженото признание или барем пофалби за постигнатото. Само продолжете. Здравје и совет Вашата самодоверба ќе се зголеми. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Сега ви се чини дека љубовта е далеку, но другите содржина во животот ви даваат сила за да ја издржите осаменоста или оддалеченоста во личните врски. Така ќе биде целата оваа недела. Ако сè уште сте сами, пронајдете љубовен филм или фантазирајте. Оние во врските треба да бидат толерантни. Кариера Некои ќе бидат изненадени од важноста на работата што им претстои. Може дури и да се исплашат. Сепак, некои знаат дека се дораснати на рпедизвиците. Оваа можност ретко се добива и жално е да ја промашите. Немојте премногу да анализирате. Здравје и совет Несоница или немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаНиколоски: Економскиот напредок на Македонија во фокусот на соработката со Фондацијата Конрад АденауерБи сакал да се заблагодарам на Фондацијата "Конрад Аденауер", за овој прекрасен настан којшто го имаме овие три дена со извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ , членовите на Владата, министрите и замениците министри кои што се предложени од ВМРО-ДПМНЕ. Ефективната комуникација е најзначајна за едно добро владеење, она што се наши политики да можеме добро да ги презентираме пред граѓаните, но истовремено да имаме една добра синергија и една добра комуникација помеѓу нас, помеѓу различните структури во партијата, Извршниот комитет, општинските комитети, Унијата на млади сили, Унијата на жени, и секако пратеничката група и Владата, како би можеле заеднички да ги креираме овие политики. Би сакал да се заблагодарам на Кристијан Серак, којшто специјално дојде за овој настан, и за тоа што прави една прекрасна обука за сите нас, има доста да се научи и доста работи кои се иновативни. Ова е начин на којшто ВМРО-ДПМНЕ се обидува да остане во една добра форма, во кондиција, ова покажува дека и тоа што сега сме на власт, ја водиме државата, не не одлепува од партијата, напротив посветуваме доста време и енергија на организација на партијата и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период, а со цел економски напредок на Македонија, ефективно владеење на правото и повеќе успеси за државата.- објави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветЗеленски е подготвен да се сретне со Путин на самит во МајамиУкраинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин на самитот на Г20 во Мајами, доколку биде поканет.„Да, секако. мораме да дојдеме. Мораме да се сретнеме, да разговараме и да донесеме одлука“, рече Зеленски во интервју за „Дојче Веле“ во канадската воена база во Норт Беј. Според украинскиот лидер, она што ќе му го каже на рускиот претседател нема да биде најважната работа. Во меѓувреме, најмалку 23-ца луѓе се повредени, а меѓу нив има и петмесечно бебе, кога руски ракети утрово погодиле станбена зграда во украинскиот град одес, соопшти претседателот на одеската обласна воена администрација Олексиј Кипер. Шестмина од повредените, меѓу кои е и бебето, се во болница. „Како резултат на нападот, горните катови на повеќекатна станбена зграда се целосно разрушени. Експлозивниот бран оштети и соседни станбени згради и гасовод со низок притисок“, се вели во соопштението на гувернерот. На уште три станбени згради им е нанесена штета, а оштетен е гасоводниот систем.Тагови: Володимир Зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДвајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00Неколку дуќани изгореа откако изби голем пожар во Шуто Оризари (ВИДЕО)10:14Газдата на „Пулс“ Дејан Јованов- Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08
Нема образложение од Врховен за укинувањето на пресудите за случајот „Ласкарци“ и за Стевчо Јакимовски15:00
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ со свои претставници на шведските избориПратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, викендов е во дводневна посета на Стокхолм како меѓународен гостин на шведскиот изборен процес.Петрушевски во Шведска е на покана на Moderaterna и Jarl Hjalmarson Foundation, со кои ВМРО-ДПМНЕ има долгогодишна соработка и партнерски односи како дел од европското семејство на сестрински и партнерски партии. Во рамки на работната посета, Петрушевски учествува во програмата посветена на шведскиот изборен процес, на средби и брифинзи со претставници на шведската политика, како и со гости и претставници на политички партии од повеќе европски земји. ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на градењето силни партнерства со европските сестрински партии и на размената на позитивни искуства и практики кои можат да придонесат за унапредување на демократските процеси и политичкото делување во Македонија. Од ВМРО-ДПМНЕ изразуваме благодарност до Jarl Hjalmarson Foundation за поканата и поддршката на престојот на Петрушевски во Стокхолм.Тагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook